Skip Main Navigation
Amazing Facts - God's Message Is Our Mission!
   |  

Најголемата жртва

Print Friendly
Најголемата жртваLesson 5

Небото беше сè уште темно кога стариот патријарх јасно ги слушнал Господовите зборови: „Аврааме! ..... Земи го својот син, својот единец Исак, кого го љубиш, и отиди во месноста Морија и принеси го таму како жртва паленица, на ридот што ќе ти го покажам.“ Битие 22:1, 2.

Аврам почнал да трепери кога помислил на застрашувачките последици од оваа заповед. Бог ветил дека преку Исака ќе произлезе голема нација. Сите Аврамови надежи и соништа биле сосредоточени на Исака кој им бил даден нему и на Сара кога тие биле во поодминати години, со што неговото раѓање претставувало вистинско чудо. Тој не можел да разбере зошто Бог бара од него да направи вакво чудно дело, но научил да му верува и да му биде послушен на својот небесен Татко – дури и кога бил збунет.

И така Аврам нежно го разбудил младиот Исак и двајца свои верни слуги, и оваа мала група го започнала своето тридневно патување до гората Морија. Додека се наближувале до гората на жртвување, Аврам ги посоветувал слугите да почекаат додека тој и Исак не се вратат. Потоа го натоварил Исака со дрва, и заедно започнале да се искачуваат по планината.

Чувствувајќи дека нешто не е во ред, Исак рекол: „Татко, имаме дрва и имаме сè што е потребно за да го запалиме огнот но каде е јагнето за жртвата паленица?“ Аврам одговорил: „Сине мој, Бог лично ќе се погрижи за жртвата паленица.“

Кога стигнале до врвот, Аврам со солзи во очите му ја објаснил причината за нивната мисија. Исак доброволно се потчинил на Божјата заповед. Откако за последен пат се прегрнале, таткото нежно го врзал својот син и го поставил врз камениот олтар. Аврам го испружил ножот, но одеднаш бил запрен од ангел и му било посочено наместо Исак да биде жртвуван овен кој бил сплеткан со роговите во грмушка.

Оваа трогателна случка не е единствената во која таткото морал да донесе болна одлука да го жртвува својот сакан син.
1. Кого претставува животното кое било жртвувано на местото на Исак?

1. Кого претставува животното кое било жртвувано на местото на Исак?



Јован 1:29. Утреден Јован Го виде __________ како доаѓа при него и рече: „Еве Го Божјето јагне, Кое ги зема гревовите на светот!“

Одговор:  ____________________

2. Зошто беше неопходно Исус да умре?

2. Зошто беше неопходно Исус да умре?



Римјаните 3:23. Зошто ______ згрешија.
Римјаните 6:23 Зашто плата за гревот е смрт.
Евреите 9:22 Без пролевање на крв нема проштавање.
1 Коринтјаните 15:3 Христос умре за нашите гревови.
1 Петрово 3:18 Зашто и Христос умре еднаш за гревовите, праведен за неправедните.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Библијата е бесценета бидејќи ни кажува како гревот навлегол во светот и како истиот ќе биде отстранет. Бог не може да ја толерира непријатната зараза на гревот. Казната за грев е смрт. А уште полошо е тоа што кога Адам и Ева згрешиле, оваа смртоносна болест преминала на целата човечка раса. Божјиот Закон и казната за неговото непочитување не може да се промени, затоа сите луѓе се осудени на пропаст. Но Бог не може да поднесе да биде разделен од Своите созданија. Затоа, како акт на Неговата неверојатна љубов, Тој избира да го испрати Својот Син на светот за да умре наместо мене и наместо тебе. Нашите гревови и нашата смртна казна беа ставена врз Него, а ние бевме ослободени.

3. Како е наречен овој голем план на спасение?

3. Како е наречен овој голем план на спасение?



Откровение 14:6. Имајќи го вечното ____________ за да им го проповеда на жителите на земјата.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Божјиот план на спасение се нарекува „евангелие“, што во превод значи „радосна вест“. И навистина тоа е најпрекрасната вест која било кога му била соопштена на човештвото. Нашата смртна казна ја превзел Исус, а нашата вина е отстранета.

4. Зошто Бог направил таква неверојатна жртва за нас?

4. Зошто Бог направил таква неверојатна жртва за нас?



Јован 3:16. Зошто Бог толку го __________ светот, што го даде Својот единороден Син.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Најсилната земска врска е љубовта на родителот кон детето. Кога небесниот Татко му дозволил на Својот Син, Исус, да пострада и да умре на наше место, Тој со најсилен речник демонстрирал колку силно нè сака сите нас.

5. Што треба да сторам за да имам полза од Исусовата жртва?

5. Што треба да сторам за да имам полза од Исусовата жртва?



Дела 16:31. ______________ во Господа Исуса и ќе се спасиш.

Joван 1:12 А на сите кои Го примија, им даде власт да станат Божји синови.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Исус го нуди спасението како дар (Римјаните 6:23). Мое е да верувам дека тоа навистина е така и да го примам дарот со вера.

6. Како, во тој случај ми е простено и како станувам чист?

6. Како, во тој случај ми е простено и како станувам чист?



Дела 3:19. ____________ се и обратете се, за да ви бидат избришани гревовите.

1 Joваново 1:9 Ако ги исповедаме своите гревови, Тој е верен и праведен: да ни ги прости гревовите и да нè очисти од секоја неправда.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Исповедањето е вербалната страна на покајанието. Вистинското покајание вклучува жал за сторениот грев и оставање на истиот (Изреки 28:13).

7. Како се нарекува ова прекрасно искуство на обратување?

7. Како се нарекува ова прекрасно искуство на обратување?



Јован 3:7. Треба да се ________ повторно.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Ова славно искуство е познато како ново раѓање бидејќи, тоа е навистина ново. Започнуваме целосно нов живот, токму како едно мало бебе. Тоа е едно прекрасно искуство да се започне нов живот без ниту една дамка или било каква вина во нашето досие.

8. Кој влегува во срцето на секој нановороден христијанин?

8. Кој влегува во срцето на секој нановороден христијанин?



Јован 14:17. ____________ на Вистината, ... Вие Го познавате, зашто Тој престојува при вас и ќе биде во вас.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Всушност Исус пребива во срцето на христијанинот преку Неговиот Свети Дух.

9. Кога Исус живее во моето срце преку Светиот Дух, што ќе сакам да правам во тој случај?

9. Кога Исус живее во моето срце преку Светиот Дух, што ќе сакам да правам во тој случај?



Филипјаните 2:13. Кој дејствува во вас да сакате и да ____ според Неговата волја.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Ќе сакам да ја творам Неговата волја, а Тој ми ја дава силата за да можам да го правам тоа.

10. Зошто треба да бидам сигурен дека моето искуство на ново раѓање ќе биде успешно?

10. Зошто треба да бидам сигурен дека моето искуство на ново раѓање ќе биде успешно?



Филипјаните 1:6. Оној, Кој го __________ доброто дело во вас, ќе го доврши до денот на Христа Исуса.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Јас сум сигурен затоа што Исус ветил дека ќе го доврши за мене со Својата голема сила. Спасението се темели на Неговите можности, а не на моите.

11. Зошто некои  луѓе не успеваат во нивното христијанско искуство?

11. Зошто некои луѓе не успеваат во нивното христијанско искуство?



Исаија 53:6. Сите скитавме како овци, и секој одеше по свој ______.

2 Петрово 3:2 За да си спомните за зборовите... и за заповедите од нас апостолите на нашиот Господ и Спасител:

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Луѓето често доживуваат неуспех во својот христијански живот затоа што го прифаќаат Исуса како свој Спасител но не и како Господ, или „владетел“ во нивните животи. Повеќето од нас сакаат да живеат на свој начин и самите да ги водат своите животи. Кога го прифаќаме Исуса како Господ, тогаш своите животи му ги даваме Нему, Тој да ги води. Треба нашите раце да ги држиме подалеку од воланот на нашите животи и да побараме Тој да ги управува.

12. Како можам да знам дека Исус ме прифаќа и дека сум Негово дете?

12. Како можам да знам дека Исус ме прифаќа и дека сум Негово дете?



Тит 1:2. Бог, кој не може да лаже, _________.

Maтеј 7:7 Барајте и ќе ви се даде.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Знаеме дека Исус нè прима штом ќе го побараме тоа од Него, затоа што Тој не може да лаже. Тој ветил дека ќе нè прими, и нè прима – не затоа што поинаку се чувствуваме, туку затоа што ветил.

13. Како вистинското обраќање го менува животот?

13. Како вистинското обраќање го менува животот?



Јован 13:35. По тоа сите ќе познаат дека сте Мои ученици - ако имате ________ помеѓу себе.

2 Коринтјаните 5:17 ако е некој во Христа, тој е ново создание.

1 Joваново 3:22 Ги пазиме Неговите заповеди и правиме што е благоугодно пред Него.

Римјаните 12:2 Немојте да се прилагодувате кон овој свет: туку преобразувајте се преку обновувањето на вашиот ум, за да можете да ја дознаете која е добрата, угодна, и совршена Божја волја.

Дела 1:8 И ќе Ми бидете сведоци.

Eфесјаните 6:18 Молете се секогаш со секаква просба и молитва во Духот.

Одговор:  ____________________

14. Какви прекрасни ветувања се поврзани со христијанското живеење?

14. Какви прекрасни ветувања се поврзани со христијанското живеење?



Филипјаните 4:13. Ги можам сите ____________ преку Христа, Кој ми дава сила.

Филипјаните 4:19 Бог ќе ја исполни секоја ваша потреба.

Maрко 10:27 За Бога сè е можно.

Joван 15:11 За вашата радост да биде полна.

John 10:10 За да имаат живот и да го имаат изобилно.

Евреите 13:5 Никогаш нема да те напуштам тебе, ниту пак ќе те оставам.

Евреите 13:6 Јас нема да се плашам што може да ми направи човек.

Joван 14:27 Мојот мир ви го давам.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Бог им ги дава на луѓето следниве осум драгоцени ветувања:

-Можеме сè да постигнеме преку Исуса.

-Сите наши потреби ќе бидат задоволени.

-Ништо нема да ни биде невозможно.

-Нашата радост ќе биде полна.

-Ние ќе живееме поизобилен живот.

-Бог никогаш не би нè оставил ниту напуштил.

-Никогаш не треба да ни биде страв од тоа што можат луѓето да ни направат.

-Бог ќе ни го даде Својот совршен мир.

Слава на Бога! Што би можело да биде подобро од ова?

15. Дали ќе одлучиш да го прифатиш Исусовиот план за твоето спасение?

15. Дали ќе одлучиш да го прифатиш Исусовиот план за твоето спасение?





Одговор:  ____________________


Дополнителен материјал за проучување

Еднаш спасен, секогаш спасен?
Дали една личност може да биде загубена откако еднаш ќе го прифати Христа за свој Спасител?

Само во Божјата Реч ние можеме да најдеме одговор на ова прашање. Библијата зборува за себеси: "И да го држиме цврсто исповедањето на нашата вера, зашто верен е оној Кој ветил. И да бидеме внимателни еден кон друг за да се поттикнување кон љубов и добри дела... Зашто, ако, откако ја познавме вистината, своеволно продолжуваме да грешиме, тогаш нема веќе жртва за гревови." Евреите 10:23, 24, 26.

Никаде Библијата не учи дека нашата одговорност завршува тогаш кога ќе станеме христијани. Божјата Реч е јасна: "Зошто, ако ги избегнале световните скверности преку познанието на Господ и Спасителот наш Исус Христос, и пак се сплеткаат во нив и бидуваат победени, тогаш за такви последното ќе биде полошо од првото. За нив би било подобро да не го беа познале патот на правдата отколку, откако го познаа, да отстапат од светата заповед која им е предадена. Ним им се случува според вистинската поговорка: ‘Песот се враќа на својата блујовица’ и ‘Искапената свиња – во калта.’" 2 Петрово 2:20-22.

Христијанството е повеќе од една одлука. Исус рече дека нашето спасение се заснова на условот да продолжиме да пребиваме во Него (Joван 15:4). И апостолот Павле рече: "Јас умирам секојдневно." 1 Коринтјаните 15:31. Тоа значи дека тој одлучувал секојдневно да се одрекне од себеси и да го следи Христа. Самиот Господ рекол: "Ако некој сака да оди по Мене, нека се одрече од себе самиот, нека го земе крстот свој и секој ден нека Ме следи." Лука 9:23.

Библијата не нè учи дека можеме да ги свртиме своите грбови на вистината и пак да бидеме спасени. Eзекиел 18:24 вели: "И праведникот ако отстапи од својата правда и постапува неправедно, ако ги врши сите оние гадотии, што ги врши грешникот ќе биде ли жив? Сите негови добри дела што ги правел нема да бидат споменати: поради беззаконието што го вршел и поради гревовите свои, со кои грешел, тој ќе умре ." Павле исто така нè потсетува: "Затоа, кој мисли дека стои, нека гледа да не падне." 1 Коринтјаните 10:12.

Некои луѓе мислам дека тие можат "да зборуваат теорија" без да "практикуваат праксата." Но Исус рече: "Не секој што Ми вели ‘Господи, Господи,’ ќе влезе во царството небесно, туку оној што ја исполнува волјата на Мојот Татко небесен. Мнозина ќе ми речат во оној ден, ‘Господи, Господи, нели во Твое име пророкувавме? И зар во Твое име демони не изгонувавме? И нели во Твое име многу чуда правевме? И тогаш Јас ќе им кажам, Никогаш не сум ве познавал бегајте од Мене вие што правите незаконски дела.’" Maтеј 7:21-23.

Павле опишува постојана борба на вистинскиот Христијанин кој рекол: "Не знаете ли дека оние што се натпреваруваат, трчаат сите но само еден добива награда? Па така трчајте и вие за да добиете. Секој натпреварувач кој сака да биде врвен се воздржува во сите нешта... Но јас го истоштувам и го потчинувам своето тело, за проповедајќи им на другите да не бидам и самиот отфрлен." 1 Коринтјаните 9:24, 25, 27.

Да се верува дека ако еднаш сме биле спасени дека не можеме да бидеме загубени е исто како да се верува дека Бог нам ни ја одзема нашата најголема слобода – слободата на изборот. Од друга страна, Бог сака ние да имаме уверување дека Тој ќе го доврши делото кое Тој го започнал во нашите животи. "Уверен во тоа дека Оној, Кој го започна во вас доброто дело, ќе го доврши сè до денот на Исус Христос." Филипјаните 1:6.

Можеме да бидеме сигурни дека ако продолжиме да го следиме, Тој ќе продолжи да нè води и никогаш нема да ја отпушти раката која своеволно сме ја ставиле во Неговата. "Оној кој ќе издржи до крајот ќе биде спасен." Maтеј 24:13.

Storacles Lesson Set by Doug Batchelor

Storacles Lesson Set by Doug Batchelor

Other Languages


Contact Us

Name:


Email:


Prayer Request:


Share a Prayer Request
Name:


Email:


Bible Question:


Ask a Bible Question

Related Video

Related Audio

Related Print

God's Promises




(916) 434-3880 | AF iTools | Employment | Site Map | Privacy Statement | Terms of Use     Copyright 2015 by Amazing Facts Inc.

Back To Top