Skip Main Navigation
Amazing Facts - God's Message Is Our Mission!
   |  

Плитари без плева

Print Friendly
Плитари без плеваLesson 7

Пред Мојсеј да му пристапи на египетскиот цар и да побара слобода за израелскиот народ, тој заедно со својот брат, Арон, имале средба со угнетуваните израелски водачи. На оваа нивна средба, Мојсеј и Арон го охрабриле народот да му се посвети на Бога и им порачале на Израелците дека Бог многу скоро ќе ги избави од ропството со Својата моќна рака.

Израелците работеле седум дена седмично за да ја исполнат тешката норма што им била наметната од Египјаните. Но после оваа средба со Мојсеја, тие очигледно решиле одново да започнат да одмараат секој седми ден. Токму затоа бесниот Фараон подоцна ќе им рече на Мојсеј и Арон: „ Вие сакате да ги остават работите (да одморат)! (Израелскиот збор за „одмор“ што е употребен овде е „шабат“, што значи „придонесува да се држи саботата.“)

Гневниот цар знаел дека мора да стори нешто драстично за да ја задржи оваа нација на робови под своја контрола. Затоа решил да ги загуши со работа и да им ги истисне од мислите и Бога и службата. Тој рекол: „ Не набавувајте му на овој народ плева како досега. Нека одат сами да си ја собираат. А барајте од нив исто количество плитари, што го правеа и досега. Не намалувајте го!“ Излез 5:7, 8

Како и во деновите на Мојсеј, Господ наскоро ќе стори големи нешта за Својот народ. Наскоро ќе биде избавен од ропството и ќе се упати кон небесниот Ханан. Уште еднаш денес, Бог се обидува да му го сврти вниманието на Својот народ кон важноста на саботната почивка.
1. Дали саботната почивка Бог ја воспоставил само за Израелците?

1. Дали саботната почивка Бог ја воспоставил само за Израелците?



Марко 2:27. И им рече: Саботата е воспоставена заради ______, а не човекот заради саботата.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Кога Исус вели дека саботата е воспоставена за човекот, тој мисли на целото човештво - за сите луѓе, за сите времиња, на секое место.

2. Кога Бог ја воспоставил саботата?

2. Кога Бог ја воспоставил саботата?



Битие 2:1, 3. Така беа _________ небото и земјата со сето свое воинство. .... И Бог го благослови седмиот ден, и го освети, зашто во него се одмори од сите Свои дела, кои ги создаде Бог и ги направи.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Саботата била воспоставена на крајот од седмицата на создавање.

3. Кој ден во седмицата е сабота?

3. Кој ден во седмицата е сабота?



Битие 2:2, 3. И на ______ ___ Бог ги заврши Своите дела, што ги направи. И се одмори во ______ ___ И Бог го благослови _______ ___, и го освети.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Три пати во Битие 2 глава, Бог ни кажува дека саботата ја воспоставил на седмиот ден од седмицата на создавањето. Тој исто така и ја „посветил“, што пак значи дека ја „одделил како посебен ден за света употреба.“ Бог ја создал саботата како 24-часовен временски период, затоа што токму времето е потребно за да се развие вистинска врска на љубов со Исуса. Ѓаволот, исто како и Фараонот на Египет, сака да нè држи постојано зафатени со работа за да не мислиме на Бога. Знаејќи колку презафатени со работа ќе бидат луѓето од последното време, Бог одвоил посебни 24 часа седмично за да биде со Своите, и да може да се запознае со нив. Тој ја закажал таа седмична средба со тебе. Немој да пропуштиш да се сретнеш со Него!

4. Како Бог ја покажал важноста на Својата света сабота?

4. Како Бог ја покажал важноста на Својата света сабота?



Излез 20:8-11. Помни го саботниот ден, за да го осветуваш..... Господ го _________ и го освети саботниот ден.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Во Излез 20:8-11 е запишана четвртата заповед од Божјиот Закон. Вбројувајќи ја саботата како една од Неговите Десет заповеди, Тој ја покажал нејзината огромна важност. Во 10-тиот стих таа е наречена „сабота Господова, на твојот Бог.“ Само четвртата заповед започнува со зборот „помни“, укажувајќи на тоа дека Бог знаел дека луѓето ќе ја заборават. Кршењето на Божјиот Закон е грев (1 Јованово 3:4). Но Исус умре за да го спаси Својот народ од нивните гревови, односно од прекршокот на Законот (Матеј 1:21).

5. За кои две драгоцени нешта Господ вели дека саботата е знак?

5. За кои две драгоцени нешта Господ вели дека саботата е знак?



Езекиел 20:12. Им ги дадов и своите саботи, како знак меѓу Себе и нив, нека знаат дека Јас Сум Господ Кој ги ________.

Излез 31:17 Таа нека е знак, засекогаш, меѓу Мене и Израелците. Па Господ за шест дни ги создаде небото и земјата.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Бог вели дека саботата е знак за Неговата моќ како Создател и Откупител. Во Откровение 14:6-14, Бог дава три важни пораки кои треба да бидат објавени „на жителите на земјата: и на секоја народност и на секое племе и јазик и народ.“ стих 6-ти. Првата порака е запишана во 7-иот стих: „Бојте се од Бога и подајте Му слава, зашто дојде часот на Неговиот суд, и поклонете Му се на Оној, Кој го создал небото и земјата, морето и водните извори.“ Овој апел за враќање на вистинското служење е извлечен токму од четвртата заповед: „Зашто во шест денови Господ ги направи небото и земјата, морето и сè што е во нив, а во седмиот ден се одмори.“ Излез 20:11.

6. Кој ден го празнувал Исус?

6. Кој ден го празнувал Исус?



Лука 4:16. И дојде во Назарет, каде што беше пораснал; влезе во саботен ден во синагогата, според Својот ______, и стана да чита.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Исус е наш пример (1 Петрово 2:21) во сè, вклучувајќи го и празнувањето на саботата, што всушност било Негов обичај. „Обичај“ е редовна навика. Христијаните треба да одат како што одеше Тој (1 Јованово 2:6).

7. Каков обичај имал Павле кога е во прашање саботата?

7. Каков обичај имал Павле кога е во прашање саботата?



Дела 18:4. А ________ ________ расправаше во синагогата и ги убедуваше Јудејците и Грците.

Дела 17:2 И по својот обичај Павле влезе при нив и, три саботи редум, расправаше со нив од Писмото.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   И Павле исто така имал обичај да ја празнува саботата.

8. Дали апостолите во саботен ден се среќавале и со незнабошците?

8. Дали апостолите во саботен ден се среќавале и со незнабошците?



Дела 13:42. А кога (Евреите) излегуваа, (незнабошците) ги молеа да им ги проповедаат овие зборови и во идната _______.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Во една друга прилика, апостолите во саботен ден покрај реката имале средба со група на незнабожечки жени, затоа што во градот немало синагога (Дела 16:13).

9. Дали Исус имал намера Неговиот народ да ја слави саботата и по Неговата смрт на крстот?

9. Дали Исус имал намера Неговиот народ да ја слави саботата и по Неговата смрт на крстот?



Матеј 24:20. Молете се вашето бегство да не биде во зима или во _______.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Исус го претскажал падот на Ерусалим, за кого што знаел дека ќе се случи во 70-та година од нашата ера (околу 40 години подоцна). Но Тој ги советувал да се молат за да не мора да бегаат од освојувачите во саботен ден. Јасно е дека Исус очекувал од Своите да ја празнуваат саботата долго после Неговата смрт.

10. Дали Библијата учи дека Божјиот народ во последното време исто така ќе ја празнува Неговата сабота?

10. Дали Библијата учи дека Божјиот народ во последното време исто така ќе ја празнува Неговата сабота?



Откровение 12:17. И змевот (ѓаволот) се разгневи на жената (црквата) и отиде да војува против другите (остатокот) од нејзиното семе (потомство), против оние, кои ги пазат Божјите __________ .

Откровение 14:12 Тука е трпението на светите, кои ги пазат Божјите заповеди.

Откровение 22:14 Блажени се оние, што ги исполнуваат заповедите Негови, за да бидат достојни за дрвото на животот и да влезат во градот низ портите.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Горе наведените стихови очигледно се однесуваат на Божјата црква на последокот, и секој стих поединечно јасно укажува на тоа дека Божјата црква на последокот ги држи Неговите заповеди, каде што секако е вклучена и четвртата заповед, саботата.

11. Дали сите спасени на небото ќе ја празнуваат саботата?

11. Дали сите спасени на небото ќе ја празнуваат саботата?



Исаија 66:22, 23. Зашто, како што новата небеса и новата земја, што ќе ги создадам, ќе траат пред Мене - слово е Господово - така ќе ви траат името и потомството..... Од сабота до сабота, _____ тело ќе доаѓа за да се поклони пред Моето лице - говори Господ.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Библијата вели дека сите спасени од сите векови заеднички ќе ја празнуваат саботата на небо и на новата земја.

12. Дали можеме да бидеме сигурни дека денешниот седми ден во седмицата (сабота) е истата онаа сабота што и Исус ја празнувал?

12. Дали можеме да бидеме сигурни дека денешниот седми ден во седмицата (сабота) е истата онаа сабота што и Исус ја празнувал?



Лука 23:54-24:1. А беше ден на подготовката (петок), и саботата настапуваше. .... Потоа се вратија и приготвија мириси и миро; а во саботата, _______, според заповедта. А во првиот ден на седмицата, ..... дојдоа на гробот.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Исус беше распнат во петокот (денот на подготовка), денот пред саботата (Марко 15:42). Исус почивал во гробот во саботата според заповедта (Лука 23:56), потоа воскреснал на првиот ден - денот после саботата (Марко 16:1-6). Христијаните ширум светот сеуште го слават тој ден како ден на воскресение (Велигден). Библијата јасно покажува дека саботата е денот после петок а пред недела. Лесно е да го лоцираме тој ден на било кој календар. (Види го додатокот со наслов „Што вели речникот„ и Зарем календарот не е променет?“)

13. Дали Бог дозволува некој да го промени Неговиот свет ден?

13. Дали Бог дозволува некој да го промени Неговиот свет ден?



Пословици 30:5, 6. Секое Божјо слово е испитано, ..... Не _________ им ништо на Неговите зборови, за да не те изобличи и да не те смета лажлив.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Непосредно пред Бог да ги објави Десетте заповеди, онака како што се запишани во Второзаконие 5-та глава, Тоj свечено предупредил дека никој не смее да „додава“ ниту пак да „одзема“ од нив (Второзаконие 4:2). Напротив, заповедите требало да се почитуваат прецизно како што Бог ги дал. Бог ја благословил Својата сабота (Излез 20:11), а кога Тој благословува нешто, тоа е благословено засекогаш (1 Летописи 17:27). Господ вели: „Нема да го нарушам Мојот Завет и не ќе го одречам Моето ветување.“ Псалм 89:34. Заблудени луѓе признаваат дека ја промениле Божјата света сабота во недела. Но Бог нема да прифати човечки науки, Тој ни ја дал Библијата да биде наш водич.

14. Кога започнува и завршува саботата?

14. Кога започнува и завршува саботата?



Левит 23:32. Од вечер до _____ - празнувајте ја вашата сабота.

Марко 1:32 А приквечер, кога заоѓаше сонцето.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Саботата започнува со зајдисонце во петок а завршува со зајдисонце во сабота.

15. Кој ден е Господов ден во Откровение 1:10?

15. Кој ден е Господов ден во Откровение 1:10?



Излез 20:10. А седмиот ден е сабота _________, на твојот Бог.

Исаија 58:13 Ако заради саботата ја воздржиш ногата своја да ги исполнува желбите на твоето срце во светиот Мој ден.

Марко 2:28 Така, Човечкиот Син е Господар и на саботата.”

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   И во Стариот и во Новиот завет, Бог саботата ја нарекува Господов ден. Тој исто така им заповеда на луѓето и ги предупредува да не учинат грев со тоа што ќе ја прекршат саботата (Исаија 58:1, 13). Господ објавува дека Неговата света сабота е за сите (Исаија 56:2-7). Библијата никогаш неделата не ја ословува како Господов ден. Таа е едноставно еден од шесте работни дена од седмицата (Езекиел 46:1). Тоа било така од секогаш.

16. Каков благослов ни е ветен во четвртата заповед?

16. Каков благослов ни е ветен во четвртата заповед?



Матеј 11:28. Дојдете при Мене сите, кои се трудите и сте обременети, и Јас ќе ви дадам ______.

Излез 33:14 Јас лично ќе тргнам со тебе - одговори Господ - и ќе ти обезбедам одмор.

Евреите 4:5 Нема да влезат во Мојата починка.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Секоја од Десетте заповеди има свое духовно значење. Некои легалистички христијани се фокусираат на словото на Законот и го запоставуваат духот на Законот. Исус сака да ги имаме и двете за да одржуваме рамнотежа (Матеј 5:21, 22, 27, 28). Библијата често го користи терминот „одмор„ укажувајќи на спасението. Евреите 4:1, 4, 9, 10 ни вели дека оние кои вистински ќе влезат во „починката“ на обратувањето и кои пребиваат во Христа ќе ја празнуваат саботата како симбол на христијанска починка.

17. Бидејќи Исус ја дал саботата како знак за Неговата моќ да создава и посветува, дали би сакал да започнеш да ги примаш благословите од Неговиот свет ден славејќи го во Негова чест.

17. Бидејќи Исус ја дал саботата како знак за Неговата моќ да создава и посветува, дали би сакал да започнеш да ги примаш благословите од Неговиот свет ден славејќи го во Негова чест.





Одговор:  ____________________


Дополнителен материјал за проучување

Што кажува речникот
Погледни ги следните поими во било кој речник и забележи што ќе откриеш:

Сабота (именка) Седмиот и последниот ден од седмицата.

седмиот-ден (придавка) На седмиот ден (Сабота).

Недела (именка) Првиот ден од седмицата.

Првиот ден (именка) Недела.

Но дали календарот се променил?
Календарот еднаш бил променет во октомври 1582, но тоа не влијаеше на седмичниот циклус. Од календарот беа изоставени десет дати веднаш по 4 октомври, 1582. Она што требало да биде петок, 5 октомври, станало петок, 15 октомври. Дијаграмот подоле ќе ти помогне да ја воочиш промената. Ќе видиш дека тоа не го променило редоследот на деновите во седмицата.

OКТОМВРИ 1582

Нед.Пон.Вто.Сре.Четв.Пет.Саб.
12341516
17181920212223
24252627282930
31

Other Languages


Contact Us

Name:


Email:


Prayer Request:


Share a Prayer Request
Name:


Email:


Bible Question:


Ask a Bible Question

Related Video

Related Audio

Related Print

God's Promises




(916) 434-3880 | AF iTools | Employment | Site Map | Privacy Statement | Terms of Use     Copyright 2015 by Amazing Facts Inc.

Back To Top