Skip Main Navigation
Amazing Facts - God's Message Is Our Mission!
   |  

Пеплосани градови

Print Friendly
Пеплосани градовиLesson 10

Aврам знаел дека неговиот внук прави голема грешка кога Лот одлучил со своето семејство да се пресели во Содом. Градовите во Јорданската долина биле убави и раскошни, но исто така и многу расипани. „А жителите на Содом беа многу зли и грешни пред Господа.“ Битие 13:13. Конечно, Господ одлучил да ги уништи овие грешни градови заради нивните ужаси, но најнапред пратил два ангели во Содом за да го спасат Лот и неговото семејство.

Пред да влезат во Содом, овие ангели зеле облик на двајца патници. Лот ги забележал овие двајца симпатични странци веднаш откако тие влегле преку градските порти, и знаејќи дека улиците на злобниот град биле далеку од безбедни посебно ноќе, тој ги натерал да најдат засолниште во неговиот дом. Но злобните луѓе набљудувале, и таа вечер се собрале покрај вратата на Лотовата куќа и инсистирале да ги изнесе надвор гостите за да ги злоставуваат. Лот залудно се обидел да преговара со перверзната толпа насобрана пред неговата врата. Нивната демонска опседнатост уште повеќе се интензивирала, така што почнале да му се закануваат и на самиот Лот! Во овој момент, ангелите не можеле повеќе да го кријат својот вистински идентитет. Го повлекле Лот внатре на сигурно и ја удриле толпата луѓе со слепило.

Рано изутрината, ангелите им рекле на Лот и на неговото семејство: „Бегај, за да го спасиш животот! Не се обѕрнувај, ниту запирај некаде во рамницата, за да не загинеш!” Битие 19:17 „Господ истури сулфурен оган од небото на Содом и Гомор.“ Битие 19:24. Биле поштедени само Лот и неговите немажени ќерки, зашто неговата жена копнежливо го свртела погледот наназад кон Содом и се претворила во столб од сол. Божјата реч ни кажува дека во последните денови, состојбата во светот ќе наликува на онаа во Содом - а исто така и казната!
1. Кои два града се дадени како пример за уништувањето на злите?

1. Кои два града се дадени како пример за уништувањето на злите?



2 Петрово 2:6. Ги осуди на пропаст градовите _______ и Гомор и ги претвори во пепел, и ги постави за пример на идните безбожници.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Господ ги уништил тие два града со вечен оган - истиот оган со кој ќе ги уништи злите во пеколот.

2. Кога злите ќе бидат уништени во пеколниот оган?

2. Кога злите ќе бидат уништени во пеколниот оган?



Јован 12:48. Словото - што го изговорив - тоа ќе му суди во _______ ___.

2 Петрово 2:9 Господ знае како ...... неправедните да ги запази за казнување до денот на судот.

Матеј 13:40-42 Така ќе биде и на свршетокот на векот. Синот Човечки ќе ги испрати Своите ангели, кои ќе ги соберат ..... оние, кои вршат беззаконие, и ќе ги фрлат во огнена печка.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Во горенаведените текстови, Библијата јасно кажува дека злите ќе бидат фрлени во оган на денот на судот на крајот од овој свет - a не тогаш кога умираат.Ова очигледно значи дека сега сè уште никој не се наоѓа во пеколот. Единствено фер судење е доколку никој не биде казнет сè додека за неговиот случај не биде решено на судот. Луѓето се наградуваат или казнуваат при второто Христово доаѓање, никако порано (Откровение 22:12).

3. Ако злите кои умреле сеуште не се во пеколот, тогаш каде се?

3. Ако злите кои умреле сеуште не се во пеколот, тогаш каде се?



Јован 5:28, 29. Доаѓа час во кој сите, кои се во _________, ќе го чујат Неговиот глас и ќе излезат од нив, ....... кои правеле зло, ќе воскреснат за осудување.

Јов 21:30, 32 Нечесниот е поштеден во денот на гибелта ...... А кога на крај ќе го однесат на гробишта, поставуваат стража на неговата гробница.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Библијата со сигурност ни вели дека мртвите зли се чуваат во гробовите сè до денот на воскресението, до самиот крај на светот. Тогаш ќе го слушнат Христовиот глас и ќе излезат од гробовите, а не од пеколот.

4. Која е наградата, односно казната за грев?

4. Која е наградата, односно казната за грев?



Римјаните 6:23. Зашто ______ е плата за грев, но благодатниот Божји дар е - вечен живот во Христа Исуса, нашиот Господ.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Казната за грев не е вечен живот во пеколот, туку сосема спротивното - смрт. Сите ние умираме со првата смрт (Евреите 9:27), но Библијата вели дека смртта со која ќе умрат злите во пеколот е втората смрт (Откровение 21:8). Од првата смрт, сите ќе воскреснат за да примат казна или награда; меѓутоа од втората смрт нема воскресение. Таа е крај. Доколку казната за грев е вечно мачење во пеколот, тогаш Исус не ја платил казната.

5. Кои се единствените две опции за секој човек?

5. Кои се единствените две опции за секој човек?



Јован 3:16. Та секој, кој верува во Него, да не _______, туку да има вечен живот.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Концептите за пекол и чистилиште не можат да се најдат во Библијата. Библијата учи за две опции - вечен живот или вечна смрт (Второзаконие 30:15).

6. Што ќе се случи со злите во пеколот?

6. Што ќе се случи со злите во пеколот?



Псалм 37:10, 20. Уште малку и ќе го снема безбожникот ..... А безбожниците ќе пропаднат, ..... ќе _________ како дим.

Малахија 4:1, 3 Доаѓа ден вжарен како печка .... оние, кои постапуваат нечесно, ќе бидат како слама, и ќе ги изгори денот оние што иде .... и ќе ги газите нечестивите, оти тие ќе бидат прав под стапалата на нозете ваши.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Злите во пеколот ќе се претворат во чад. Од нив ќе остане само пепел.

7. Каде ќе биде лоциран пеколот?

7. Каде ќе биде лоциран пеколот?



Откровение 20:9. И излегоа на _______ ширина, и го опкружија логорот на светите и возљубениот град; и слезе оган од небото, од Бога, и ги проголта.

2 Петрово 3:10 Вжарените стихии ќе се распаднат и земјата ќе изгори со сите дела што се во неа.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Пеколот ќе биде овде на Земјата, токму Земјата ќе биде таа што ќе изгори.

8. Дали ѓаволот ќе биде оној кој ќе биде одговорен за пеколот?

8. Дали ѓаволот ќе биде оној кој ќе биде одговорен за пеколот?



Откровение 20:10. А ѓаволот, кој ги заблудуваше, беше _______ во огненото и сулфурното езеро.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Не! Далеку од тоа, и тој самиот ќе биде фрлен во огнот. Тој конечно ќе биде претворен „во пепел на земјата“, а Господ вели за сатаната: „Те снема засекогаш!“ Езекиел 28:18, 19.

9. Дали пеколниот оган некогаш ќе згасне?

9. Дали пеколниот оган некогаш ќе згасне?



Исаија 47:14. Не ќе остане ни ______, за да се огрее некој, ни огниште, да поседи покрај него!

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Откако гревот, грешниците и сè што е на Земјата ќе биде уништено, огнот ќе згасне. Нема вечно да гори. Со вечното мачење во пеколниот оган нема да биде можно воопшто некогаш да се ослободиме од гревот. Божји план е гревот да се изолира и уништи, а не да се овековечува. Во Откровение 21:5 се вели: „Ете, правам сè ново.“

10. Дали и душата и телото ќе бидат уништени во пеколот?

10. Дали и душата и телото ќе бидат уништени во пеколот?



Матеј 10:28. И не бојте се од оние кои го убиваат телото, а душата не можат да ја убијат. Туку бојте се повеќе од Оној, Кој може да ги погуби и ______ и ______ во пеколот.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Мнозина веруваат дека душата никогаш не умира, но Бог два пати вели: „Која душа греши, таа ќе умре.“ Езекиел 18:4, 20. Значи според Библијата, злите ќе бидат уништени во пеколот - и душата и телото.

11. За кого е приготвен пеколниот оган?

11. За кого е приготвен пеколниот оган?



Матеј 25:41. Одете си од Мене, проклети, во вечниот оган, приготвен за ________ и за неговите ангели!

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Целта на огнот е да биде уништен сатаната, неговите зли ангели и гревот. Ако одбијам да се оттргнам од злото на гревот, ќе морам да бидам уништен заедно со него, затоа што ако гревот не биде уништен, повторно ќе ја загади вселената.

12. Како Библијата го нарекува Божјото уништување на злите?

12. Како Библијата го нарекува Божјото уништување на злите?



Исаија 28:21. Господ ..... ќе се разгневи, ...... за да го изврши делото Свое, необично дело, и да ја заврши работата Своја, Своја ______ работа.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Господ не може да си замисли да ги уништи оние што толку ги сака. „Господ не ..... сака некој да пропадне, туку сите да дојдат до покајание.“ 2 Петрово 3:9. Тој постојано повторува: „И така, обратете се од својот лош пат! Зошто да умрете.“ Езекиел 33:11. Уништувањето на луѓе му е толку страно на Бога што пеколниот оган е наречен „необично дело“. Господ превзема сè што може во Својата желба да спаси. Пред уништувањето, секој од злите ќе признае дека Бог е фер (Римјаните 14:11).

13. Дали библискиот израз „неизгорлив оган“ упатува на тоа дека огнот никогаш нема да згасне?

13. Дали библискиот израз „неизгорлив оган“ упатува на тоа дека огнот никогаш нема да згасне?



Матеј 3:12. Лопатата е во Неговата рака, и ќе го очисти Своето гумно, и ќе го собере Своето жито во житницата; а плевата ќе ја _______ со неизгорлив оган.”

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Не! Неизгорлив оган не може да се угасне . Но и покрај тоа, откако сè ќе изгори, огнот самиот згаснува. Како на пример, во Еремија 17:27 можеме да прочитаме предупредување во кое Господ го предупредува Својот народ доколку е неверен, Тој ќе потпали оган во Ерусалим кој „не ќе угасне“. Библијата тврди дека ова пророштво е веќе исполнето. „Го изгореа Божјиот Дом и го соборија ерусалимскиот ѕид, и ги уништија сите негови скапоцености. .... За да се исполни словото што Господ го рече преку Еремиевата уста.“ 2 Летописи 36:19, 21. Таквиот оган не можел да се угасне сè додека не изгори сè; за да потоа згасне. Денес таквиот оган не гори, иако Библијата го нарекува „неизгорлив“.

14. Зарем изразот „вечен оган“ не значи „бескраен“?

14. Зарем изразот „вечен оган“ не значи „бескраен“?



Јуда 1:7. Како што Содом и Гомор ....... стојат како пример, трпејќи ја казната на _______ оган.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Мораме да и дозволиме на Библијата самата да се објасни. Во овој стих можеме да видиме дека Содом и Гомор биле уништени со вечен оган како пример за пеколниот оган, но во тие градови денес не гори никаков оган. Тие биле претворени во пепел (2 Петрово 2:6), а тоа е резултатот на вечниот оган. Тој е вечен по своите последици. (Погледни го додатокот со наслов „Богатиот човек и Лазар.“)

15. Кога во Откровение 20:10 се цитира дека злите ќе бидат мачени „во век и веков“, зарем тоа не укажува на вечни времиња?

15. Кога во Откровение 20:10 се цитира дека злите ќе бидат мачени „во век и веков“, зарем тоа не укажува на вечни времиња?



Јона 2:6. Околу мене беа _________ земните лостови.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Не. Јона бил во утробата на големата риба три дена и три ноќи (Јона 1:17), па сепак рекол „засекогаш“. Сигурен сум дека му се чинело како цела вечност! Грчкиот збор што се користи во Откровение 20:10 е „аион“, од каде што го добиваме зборот „еон“. Тој често пати претставува неодреден период на време, ограничено или неограничено. Во еден случај, со зборот „засекогаш“ се опишува животот на верниот роб (Излез 21:6), а во еден друг случај значи време од десет генерации (Второзаконие 23:3). За еден човек изразот „засекогаш“ значи „сè додека е жив“ (1 Самуил 1:22, 28).

16. Откако гревот и грешниците ќе бидат уништени, што ќе стори Исус за Својот народ?

16. Откако гревот и грешниците ќе бидат уништени, што ќе стори Исус за Својот народ?



2 Петрово 3:13. А ние, според Неговото ветување, очекуваме нови небеса и нова _____, во кои пребива правдата.

Откровение 21:4 И ќе ја избрише секоја солза од нивните очи, и смрт нема да има веќе, ни тага, ни плач, ниту болка, зашто првото помина.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Врз пепелта на овој прочистен свет, Господ ќе создаде нови небеса и нова земја. Тој ветува радост, мир и неопишлива среќа за сите живи суштества низ целата вечност.

17. Дали проблемот на гревот некогаш повторно ќе се појави?

17. Дали проблемот на гревот некогаш повторно ќе се појави?



Наум 1:9. Неволјата нема да се __________ двапати.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Не! Ветувањето е прецизно. Гревот никогаш повторно нема да се појави.

Исаија 65:17 Зашто, еве, Јас создавам нова небеса и нова земја. Поранешните веќе не ќе се спомнуваат, ниту ќе ви доаѓаат на ум.

18. Какво остроумно прашање поставил Јов?

18. Какво остроумно прашање поставил Јов?



Јов 4:17. Зар некој смртник е ____________ од Бога?

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Ако вашиот син стане закоравен убиец, дали би чувствувале дека треба да биде казнет? Веројатно да. Но дали би сакале еден ден да гори жив во оган, во страшна агонија, и тоа засекогаш? Се разбира не. Вие не би можеле да поднесете такво нешто. Ниту нашиот Господ полн со љубов не би можел да поднесе да гледа како Неговите чеда се мачат. Тоа би било полошо од најлошите воени злостори. Зарем Бог е таков? Не, никако! Вечниот пекол на измачување би бил неподнослив за Господа и дијаметрално спротивен на Неговиот карактер на љубов и правда.

19. Повеќе од сè, Исус сака вие да бидете во Неговото ново славно царство. Копнее по тоа и вие да ги населите живеалиштата што ги има подготвено за вас. Дали денес ќе одлучите да ја прифатите Неговата понуда?

19. Повеќе од сè, Исус сака вие да бидете во Неговото ново славно царство. Копнее по тоа и вие да ги населите живеалиштата што ги има подготвено за вас. Дали денес ќе одлучите да ја прифатите Неговата понуда?





Одговор:  ____________________


Дополнителен материјал за проучување

Богатиот човек и Лазар
Мнозина ја користат параболата за богатиот човек и Лазар во обид да докажат дека луѓето одат веднаш во рајот или во пеколот при својата смрт. Користејќи ја оваа сторија, Исус никогаш немал таква намера. Зборот кој Исус го користел за "пекол" е "Хадес," место на мачење во Грчката митологија.

Сите Евреи кои ја слушале оваа сторија би разбрале дека Исус користеше добро познат мит за да илустрира одредена точка. Ако поблиску погледнеме во Лука 16:19-31, брзо ќе видиме дека оваа парабола е полна со симболи кои Исус никогаш не сакал ние да ги разбереме буквално.

На пример, дали сите спасени одат во пазувите на Авраам? Не.

Дали луѓето во рајот и пеколот ќе можат да зборуваат еден со друг? Не.

Дали една капка вода може да го олади јазикот на една личност која гори во пеколот? Не.

Дали Авраам одлучува кој ќе биде спасен а кој загубен? Не.

На ист начин, оваа парабола не може да се користи за да се поучува дека луѓето кои умираат пред големиот суден ден на крајот на светот одат директно во рајот или пеколот при својата смрт. Joван 12:48 објавува: "Словото што го кажав, тоа ќе го осуди во последниот ден."

Но што значи оваа парабола? Богатиот човек бил симбол на еврејската нација, која се гоштевала на Библијата додека питачот при портите – незнабошците – гладуваа за Речта. Исус ја завршил параболата со забележувањето дека "Штом Мојсеј и пророците не ги слушаат, тогаш и да воскресне некој од мртвите, тие нема да му поверуваат." Лука 16:31. Навистина, Исус подоцна подигна од мртвите еден човек кој се викал Лазар, и повеќето од еврејските водачи сепак не верувале (Joван 12:9-11).

Storacles Lesson Set by Doug Batchelor

Storacles Lesson Set by Doug Batchelor

Other Languages


Contact Us

Name:


Email:


Prayer Request:


Share a Prayer Request
Name:


Email:


Bible Question:


Ask a Bible Question

Related Video

Related Audio

Related Print

God's Promises




(916) 434-3880 | AF iTools | Employment | Site Map | Privacy Statement | Terms of Use     Copyright 2015 by Amazing Facts Inc.

Back To Top