Skip Main Navigation
Amazing Facts - God's Message Is Our Mission!
   |  

Река на животот

Print Friendly
Река на живототLesson 11

Нееман бил храбар, богат и познат командант на сириската армија кој добил лепра, најстрашната болест во библиско време. Лепрата значела изолација од своите сакани и бавна и страшна смрт. Слугинката од еврејско потекло која работела во куќата на Нееман рекла дека доколку нејзиниот господар само отиде кај Елисеј Израелецот, тој би го излечил од лепрата.

Спремен да се фати и за сламка во надеж дека ќе се исцели, Нееман тргнал на долгото патување до Израел. Со него биле и мала група на лични телохранители и царевата откупнина да плати за исцелувањето. Кога Нееман конечно се нашол пред едноставната куќа на пророкот, Елисеј не излегол. Наместо тоа, го испратил својот слуга со следниве едноставни упатства: „Оди и искапи се седумпати во Јордан, и телото ќе ти биде пак чисто.“ 2 Цареви 5:10.

Пророковата заповед за капење подразбирала дека Нееман е нечист! Било премногу за гордиот сириски генерал да се искапе седум пати во калливата река. Во својот бес Нееман го свртел коњот и се упатил назад. Но за да се врати назад во Дамаск морал да јава покрај реката Јордан. Така јавајќи, неговите слуги се обидувале да го наговорат да го послуша советот на пророкот. Така тој застанал, се симнал од коњот, и го симнал од себе оклопот кој ги покривал страшните докази за неговата болест. Нееман полека се спуштил во водите на Јордан. Шест пати се потопил во водата без никаков резултат, но кога излегол од водата седмиот пат, лепрата исчезнала! Неговата кожа била чиста и здрава како бебешка кожа.

Исто како што Нееман доживеал обнова, и вие можете да го доживеете искуството на новото раѓање.
1. Кој новозаветен пророк ја користел реката Јордан за крштевање, односно прочистување?

1. Кој новозаветен пророк ја користел реката Јордан за крштевање, односно прочистување?



Матеј 3:1, 5, 6. Во тие дни дојде ______ Крстител и проповедаше во пустината Јудејска. ..... Тогаш излегуваа кон него: Ерусалим, цела Јудеја и целата Јорданска околина, и тој ги крштаваше во реката Јордан.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Случките во Евангелијата започнуваат и завршуваат со крштевање. Очигледно ова е многу важно Исусово учење (матеј 28:18, 19).

2. Кој славен библиски обред го симболизира „очистувањето“ од лепрата на гревот?

2. Кој славен библиски обред го симболизира „очистувањето“ од лепрата на гревот?



Дела 22:16. Стани, ______ ___ и измиј се од своите гревови, повикувајќи го името на Господа.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Библискиот обред на крштевање го симболизира очистувањето на гревот од животот на грешникот, а исто така симболизира и ново раѓање.

3. Колку видови на крштевање се прифатливи според Библијата?

3. Колку видови на крштевање се прифатливи според Библијата?



Ефесјаните 4:5. Еден Господ, една вера и ____ крштавање.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Најмалку 15 различни обреди денес се нарекуваат крштевање, но според Библијата, постои само едно вистинско крштевање.

4. Што значи зборот „крштевање“?

4. Што значи зборот „крштевање“?



Колосјаните 2:12. Откако бевте _______ со Него во крштение, во кое и воскреснавте со Него преку верата во дејството на Бога, Кој Го воскресна од мртвите.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Грчкиот збор “баптизо“ значи „потопување“ или “нурнување“. Личноста не е крстена сè додека целосно не биде потопена, односно погребана во водата. Зборот „баптизо“ во Библијата секогаш се користи во врска со светиот обред на крштевање. Грчките зборови за “попрскување“ или „полевање“ никогаш не се користат во Библијата.

5. Исус е наш пример. Како Тој беше крштеван?

5. Исус е наш пример. Како Тој беше крштеван?



Марко 1:9, 10. Исус дојде ...... и Јован Го крсти во Јордан. И веднаш, додека излегуваше ___ водата, виде: како се отворија небесата и Духот како слегува над Него како гулаб.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Јован го крштева Исуса со потопување во истата онаа река каде што Нееман беше очистен од својата лепра. Внимавајте на фактот дека тие биле „во“ Јордан (а не на неговиот брег) и дека Исус “излегол од“ водата. Токму заради ова Јован крштевал „во Енон, близу Салим, зашто таму имаше многу вода“ Јован 3:23. Христијаните треба да го следат Исусовиот пример (1 Петрово 2:21), Кој беше крштеван со потопување “да ја исполни сета правда.“ Матеј 3:15.

6. Како Филип го крштевал ризничарот од Етиопија?

6. Како Филип го крштевал ризничарот од Етиопија?



Дела 8:38, 39. И двајцата - Филип и Етиопјанецот -слегоа во водата. И го крсти. А кога _______ од водата, Господовиот Дух го зеде Филипа.

Одговор:  ____________________

7. Кои други вистини се прикажани преку крштевањето?

7. Кои други вистини се прикажани преку крштевањето?



Римјаните 6:4. И така, преку крштавањето во смртта, погребани сме заедно со Него, - та како што Христос ________ од мртвите преку славата на Таткото, - така и ние да одиме во нов живот.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Крштевањето ги симболизира Христовата смрт, погребение и воскресение. Најнапред имаме умирање за гревот, потоа погребение на стариот грешен живот во водата, и конечно воскресение од водата во нов живот. Крштевањето со потопување целосно се поклопува со симболиката. Умира грешниот живот, потоа следи мала задршка на здивот додека лицето кое се крштева се спушта со телото наназад во водата се додека целосно не биде потопено, односно погребано, во водата. Потоа лицето се подига надвор од водата, земајќи свеж здив како новородено бебе, во комплетно нов живот, симболизирајќи го воскресението. Ниедна поинаква форма на крштевање не одговара на библиската симболика. Некои велат дека ја празнуваат неделата во чест на воскресението, но овој обичај никогаш не се спомнува во Библијата.

8. Колку е важно крштевањето?

8. Колку е важно крштевањето?



Марко16:16. Кој ќе поверува и се крсти, ќе биде ______; а кој не поверува, ќе биде осуден.

Јован 3:5 Ако некој не се роди од вода и Дух, тој не може да влезе во Божјото Царство.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Крштевањето во Библијата е јасно наложено како неопходно. Меѓутоа, кога крштевањето е невозможно, како во случајот на разбојникот на крстот, Исус своето крштевање му го припишува како да било Негово (Матеј 3:15).

9. Кој благословен обред може да се спореди со крштевањето?

9. Кој благословен обред може да се спореди со крштевањето?



Галатјаните 3:27. Зашто сите, кои се крстивте во Христа, се __________ со Христа.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Крштевањето е како обредот на венчавање. Библијата вели: „Зашто сопруг ти е твојот Творец, името Му е Господ над Воинствата.“ Исаија 54:5. Како што жената го прима презимето на својот маж кога се венча, така и христијаните го примаат Христовото име - и од тогаш па понатаму се нарекуваат христијани. Обата обреда мораат да бидат засновани на љубов и преданост за да имаат смисла. Крштевањето е толку неопходно во животот на еден христијанин како што венчавањето е неопходно за еден брак.

10. Каков налог им дал Исус на Своите ученици непосредно пред Неговото вознесение?

10. Каков налог им дал Исус на Своите ученици непосредно пред Неговото вознесение?



Матеј 28:19. Така одејќи, направете ги сите народи Мои ученици, ________ ги во името на Таткото и Синот и Светиот Дух!

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Петар го послушал ваквиот налог кога на денот на Педесетницата им порачал на покајниците: „Покајте се! И секој од вас нека се крсти во името на Исуса Христа.“ Дела 2:38.

11. Кои библиски квалификации мораат да му претходат на крштевањето?

11. Кои библиски квалификации мораат да му претходат на крштевањето?



Дела 2:38. А Петар им рече: _______ __! И секој од вас нека се крсти во името на Исуса Христа за проштавање на вашите гревови; и ќе примите дар од Светиот Дух.

А. Разбери ги Исусовите учења (Матеј 28:19, 20)
Б. Верувај во сите Исусови учења (Марко 16:16)
В. Покај се за изминатите гревови (Дела 2:38)
Г. Верувај со сето срце (Дела 8:37)
Д. Сложи се дека ќе го оставиш гревот (Лука 3:7, 8; Римјаните 6:5, 6)
Ѓ. Прифати го Христа како твој личен Спасител и доживеј го новото раѓање (2 Коринтјаните 5:17; Јован 3:3, 5)

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Бидејќи едно доенче не може да исполни ниту еден од горенаведените чекори, очигледно е дека не е библиски да се крштева дете сè додека тоа не порасне доволно за да може да го сфати Евангелието.

12. Од каде потекнуваат сите лажни начини на крштевање?

12. Од каде потекнуваат сите лажни начини на крштевање?



Марко 7:8. Вие ја оставате Божјата заповед, а го држите човечкото _________.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Крштевањето со потопување е единствениот начин на крштевање кој се практикувал во библиско време и со столетија после Голгота. Но потоа, заблудени луѓе вовеле нови начини на крштевање кои им биле прикладни. Така, Божјиот свет обред на крштевање бил изопачен а неговото богато симболичко значење замрачено.

13. Што вели Библијата за оние што човечките науки ги ставаат пред Божјата вистина?

13. Што вели Библијата за оние што човечките науки ги ставаат пред Божјата вистина?



Матеј 15:9. Но ______ Ми се поклонуваат, учејќи науки, што се човечки заповеди.

Галатјаните 1:8 Но ако и ние, или ангел од небото, ви проповеда друго евангелие, различно од она што ви го проповедавме, да биде проклет!

Одговор:  ____________________

14. Но зарем крштевањето со Дух Свети не е замена за крштевањето со потопување?

14. Но зарем крштевањето со Дух Свети не е замена за крштевањето со потопување?



Дела 2:38. А Петар им рече: Покајте се! И секој од вас нека се _____ во името на Исуса Христа за проштавање на вашите гревови; и ќе примите дар од Светиот Дух.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Не! Забележете дека додека Петар проповедал (Дела 10:44-48), Светиот Дух слегол врз сите кои слушале, од кои мнозина не биле крстени. Но иако тие веќе го примиле крштевањето со Светиот Дух, Петар инсистирал истите да бидат крстени исто така и со вода.

15. Дали воопшто некогаш повторното крштевање е правилно?

15. Дали воопшто некогаш повторното крштевање е правилно?



Дела 19:2-5. Му одговорија: Не сме ни чуле дека дошол Светиот Дух. Уште им рече: А во што се крстивте? А тие рекоа: Во Јовановото крштавање. А Павле рече: Јован крштаваше покајно крштавање, велејќи му на народот да верува во Оној, Кој ќе дојде по него, односно во Исуса. Кога го _____ тоа, се крстија во името на Господа Исуса.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Еднаш кога Павле проповедал во Ефес, се сретнал со 12 луѓе кои биле крстени со Јовановото крштевање, но кои никогаш и не слушнале за Светиот Дух. Така примајќи нова суштинска светлина, тие биле повторно крстени. На ист начин, доколку лицето целосно го изгубило своето христијанско искуство, тоа треба да биде повторно крстено штом ќе се врати кај Господа. Повторното крштевање е исто така погодно доколку лицето не било крстено со библиско крштевање.

16. Дали крштевањето е поврзано со приклучување на црква?

16. Дали крштевањето е поврзано со приклучување на црква?



Дела 2:41. И така, се крстија оние, кои го прифатија неговото слово. И во тој ден се __________ околу три илјади души.

Дела 2:47 Фалејќи Го Бога беа омилени кај сиот народ. А секој ден, Господ ги додаваше оние, кои се спасуваа.

Колосјаните 3:15 Сте и повикани во едно тело.

Колосјаните 1:18 Тој е и Глава на Телото, на Црквата....

1 Коринтјаните 12:13 Зашто ние сите сме крстени преку еден Дух во едно тело.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Библијата е недвосмислена. Сите Божји чеда се повикани во едно тело, а тоа е црквата, а во него влегуваме преку крштевањето. После раѓањето, бебенцето мора да биде згрижено во семејство за да се прехрани, заштити и за да расте.

17. Ако го одбијам крштевањето, чиј совет одбивам?

17. Ако го одбијам крштевањето, чиј совет одбивам?



Лука 7:30. А фарисеите и закониците го отфрлија советот ______ за нив, и не се крстија од него.

Одговор:  ____________________

18. Што изговорил Отецот кога Исус се крштевал?

18. Што изговорил Отецот кога Исус се крштевал?



Марко 1:9, 11. А во оние дни дојде Исус од Назарет Галилејски и се крсти од Јована во Јордан. ... И се чу глас од небесата: Ти си Мојот возљубен Син, Кој е по Мојата _______.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Кога било кое од Божјите деца ќе се покае за своите гревови и ќе се крсти, тоа е по Негова волја.

19. Дали би сакал да започнеш со подготовки за светиот обред на крштевање за да Бог може и за тебе да каже: „Ти си Мојот возљубен син (или ќерка), Кој е по Мојата волја“?

19. Дали би сакал да започнеш со подготовки за светиот обред на крштевање за да Бог може и за тебе да каже: „Ти си Мојот возљубен син (или ќерка), Кој е по Мојата волја“?





Одговор:  ____________________


Дополнителен материјал за проучување

Пример за крштавањето
Исус не бил крстен бидејќи Тој имал потреба од очистување од грев, затоа што Тој бил безгрешен (1 Петрово 2:22). Тоа е причината зашто Јован Крстителот бил збунет кога Исус побарал да биде крстен од него. Јован рече: "Јас треба од Тебе да бидам крстен, а Ти кај мене ли доаѓаш?" Maтеј 3:14.

Тогаш зошто Исус бил крстен? Постојат три главни причини. Прво, Тој бил крстен во корист на оние кои не можат да бидат крстени. Некогаш некои луѓе кои го прифаќаат Господа во затвор или во болница, заради околностите не можат да бидат крстени. Исус го уважува Своето крштавање за нив. Крадецот на крстот е еден пример за тоа (Лука 23:43). Второ, Исус бил крстен како пример, за да ние ги следиме Неговите стапки (1 Петрово 2:21). И трето, Исус бил крстен за ние, преку проучување на Неговото искуство, да знаеме што да очекуваме преку вера.

За да го илустрираме тоа, да ги земеме следните стихови збор по збор и да видиме што можеме да очекуваме од нашето крштавање. Матеј 3:16 и 17 гласи: "И штом се крсти, Исус веднаш излезе од водата. Одеднаш Му се отворија небесата и Го виде Божјиот Дух како слегува како гулаб и се спушта над Него. И ете, глас од небесата говореше: Ова е Мојот возљубен Син, Кој е по Мојата волја."

"Небесата се отворија" = Ние добиваме пристап до Бога.

"Тој виде" = Нашите духовни очи сега се отворени, пружајќи ни ново разбирање и восприемање.

"Божјиот Дух" = Ние го согледуваме Неговото водство.

"Слегува како гулаб" = Мирот нежно влегува во нашите срца.

"Глас од небесата" = Ние ќе почнеме да го слушаме тој тивок, малечок глас.

"Мојот возљубен син" = Ние сме посвоени во Неговото царско семејство и стануваме жители на една поинаква земја.

"Кој е по Мојата волја" = Бог целосно нè прифаќа и ни простува.

Other Languages


Contact Us

Name:


Email:


Prayer Request:


Share a Prayer Request
Name:


Email:


Bible Question:


Ask a Bible Question

Related Video

Related Audio

Related Print

God's Promises




(916) 434-3880 | AF iTools | Employment | Site Map | Privacy Statement | Terms of Use     Copyright 2015 by Amazing Facts Inc.

Back To Top