Skip Main Navigation
Amazing Facts - God's Message Is Our Mission!
   |  

Поклонување на Вавилон

Print Friendly
Поклонување на ВавилонLesson 13

Царот Навохудоносор дава сигнал, се засилува музиката од илјадници инструменти, паѓа завесата, и на дневното сонце се открива заслепувачки, 27 метарски кип од злато. Тогаш според царевата заповед, сите официјални лица кои се собрани во долината Дура паѓаат ничкум на земја со длабока почит. Сите се поклонуваат освен три млади Евреи, кои се слуги на великиот Цар.

Навохудоносор зрачел со гордост и задоволство - сè додека не се слушнало дека Седрах, Мисах и Авденаго одбиле да му се поклонат и да му служат на неговиот кип. Вчудоневиден дека некој воопшто можел да си дозволи да покаже непослушност, Навохудоносор си помислил дека овие млади советници мора да не го разбрале неговиот декрет. Така тој им овозможил уште една шанса да се поклонат, но тие одбиле! Сега царевиот израз се претворил во бес. Им заповедал на своите војници да ја загреат печката седум пати повеќе од вообичаеното. Било доставено гориво на огнот а момчињата биле цврсто врзани. Врелината од печката била толку силна што ги спржила војниците кои ги фрлиле момчињата во распламтениот пеколен оган.

Како што царот се зазјапал во распламтената печка, неговата уста се отворила широко. Со треперлив глас запрашал: „Не ги фрливме ли оние тројца мажи врзани во огнот?“ Неговите советници одговориле потврдно. Тогаш царот рекол: „Еве јас гледам четири души, како одат неврзани среде огнот и ништо не им се случува и подобието на четвртиот е слично на синот Божји.” Даниел 3:25.

Господ ги избавил овие храбри млади момчиња од огнената печка затоа што тие цврсто застанале за Неговата вистина. Во последните денови, Божјиот народ ќе мора да се соочи со слична проба.
1. Како е поврзана нашата случка од Даниел 3-та глава со Откровение?

1. Како е поврзана нашата случка од Даниел 3-та глава со Откровение?



Откровение 13:15. Да направи да бидат убиени оние, кои нема да се ________ на ликот на Ѕверот.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Во последните денови, Божјиот народ ќе биде присилен да служи спротивно на совеста, инаку секој кој нема да го стори тоа ќе биде погубен. Божјите избраници ќе мораат да одлучат дали ќе го почитуваат Божјиот Закон или ќе почитуваат човечки закони.

2. Кои се трите ангелски пораки од Откровение 14-та глава?

2. Кои се трите ангелски пораки од Откровение 14-та глава?



Откровение 14:7. Бојте се од Бога и подајте Му слава, зашто дојде часот на Неговиот ___, и поклонете Му се на Оној, Кој го создал небото и земјата, морето и водните извори.

Откровение 14:8 И друг, втор, ангел дојде по него, велејќи: Падна, падна големиот Вавилон, кој ги напои сите народи со страсното вино на своето блудство.

Откровение 14:9, 10 Ако некој му се поклони на Ѕверот, и на неговиот лик, и прими ознака на своето чело или на својата рака, и самиот ќе пие од виното на Божјиот гнев.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Библијата во Откровение 14:6-14 ни кажува дека во последните денови, оваа страотна тројна порака на надеж и предупредување ќе му биде објавена на целиот свет за да ги подготви Божјите следбеници за Христовото враќање. Една од овие пораки предупредува против поклонувањето на Ѕверот и примањето на неговиот жиг. Во оваа лекција ќе извршиме идентификација на Ѕверот. Во следната лекција (бр.14), ќе го идентификуваме жигот. Може да биде во прашање вашиот вечен живот, затоа молете му се искрено на Бога за водство и разбирање додека проучувате.

3. Што претставува ѕверот во Библиските пророштва?

3. Што претставува ѕверот во Библиските пророштва?



Даниел 7:23. Четвртиот ѕвер ќе биде четврто ______ на земјата.

Даниел 7:17 Оние четири големи ѕвера се четири цара.

Даниел 8:21 Влакневиот јарец е царот на Грција.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Во библиските пророштва, ѕверот претставува влада, царство или политичка сила. Господ ги користи ѕверовите да ги претстави владите, како што тоа го правиме и ние денес - орел (САД), мечка (Русија), итн. Во Библијата, изразот „ѕвер“ не е неучтив израз. Не претпоставува ѕверски карактеристики. Ѕверот што го има жигот е прикажан во Откровение 13:1-10, 15-18. Ве молиме задржете се повеќе во читањето на овие стихови пред да преминете на следното прашање.

4. Како Библијата го идентификува Ѕверот?

4. Како Библијата го идентификува Ѕверот?



Откровение 13:1. А јас застанав на песокта од морскиот брег. И видов _____, како излегува од морето, кој имаше десет рогови и седум глави, а на неговите рогови десет круни и на неговите глави богохулни имиња.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Во Откровение 13:1-10, 15-18, Господ дава десет клуча за да ни помогне да го идентификуваме Ѕверот. Тој ни дава долга листа на карактеристики за да можеме апсолутно да бидеме сигурни за идентитетот на Ѕверот.



1) Излегува од морето (стих 1)

2) Ја прима силата, престолот и власта од змевот (стих 2)

3) Станува светска сила (стихови 3, 7)

4) Виновен за богохулење (стихови 1, 5,

5) Владее за време од 42 пророчки месеца (стих 5)

6) Задобива смртна рана која се зацелува (стих 3)

7) Претставува религиозна сила на која и се поклонуваат (стихови 4, 8)

8) Ги прогонува Божјите светии (стих 7)

9) Го има мистериозниот број 666 (стих 18)

10) Раководи еден врховен лидер (стих 18)


Само една сила ги исполнува сите десет знаци на идентификација - а тоа е папството. Но за да бидеме целосно сигурни, внимателно ќе ги разгледаме еден по еден, почнувајќи во наредното прашање.

5. Овој ѕвер излегува од морето. Што симболизира морето, односно водата?

5. Овој ѕвер излегува од морето. Што симболизира морето, односно водата?



Откровение 17:15. Водите што ги виде, ...... тоа се ________ и множествата, народите и јазиците.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Во пророштвата, водата ги претставува големите множества народ или густо населените предели. Пророштвото претскажало дека ѕверот ќе излезе среде веќе добро востановени нации од тогашниот познат свет. Папството се појавува во западна Европа, со што потполно го исполнува првиот идентификувачки знак (бр.1). Но што е со останатите девет идентификувачки знаци?

6. Кој му ги дава силата и престолот на ѕверот?

6. Кој му ги дава силата и престолот на ѕверот?



Откровение 13:2. И _______ му ја даде својата сила, и својот престол, и голема власт.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Ѕверот, кој има жиг што ние треба да го избегнеме, силата и престолот и својот главен град ги добива од змевот. Според Откровение 12:3-5, змевот е силата која се обидувала да го уништи детето Исус во времето на Неговото раѓање. Сатаната го поттикнал Ирод, царот под паганската Римска империја, да ги погуби сите машки бебиња во Витлеем (Матеј 2:13, 16). Кому паганскиот Рим му ги дал својата власт и главен град? Историјата јасно потврдува дека паганскиот Рим својата сила и главен град и ги предал на црквата во Рим. Следниов историски цитат е карактеристичен: „Римската црква ..... се протуркала себеси на местото на Светската Римска империја, чиј што продолжеток претставува таа..... Папата, кој себеси се нарекува „Цар“ и „Понтифекс Максимус“ е всушност наследник на Цезарот.“* Значи и оваа карактеристика потполно одговара на папството.


*Адолф Харнак, Што е христијанството? (New York: Putnam, second edition, revised, 1901), p. 270.

7. Колкаво е влијанието на ѕверот?

7. Колкаво е влијанието на ѕверот?



Откровение 13:3. И се зачуди сета ______ и тргна по Ѕверот.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Никој не би се сомневал дека папаството за време на мрачниот среден век било светска сила. Всушност, зборот „католик“ значи „универзален“. Гледаме дека папството го исполнува и третиот знак на идентификација.

8. Што излегува од устата на ѕверот?

8. Што излегува од устата на ѕверот?



Откровение 13:6. И ја отвори својата уста да ______ против Бога, да го похули Неговото име.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   За Библијата хула е кога човек тврди дека може да простува гревови (Лука 5:21) и кој тврди дека е Бог (Јован 10:33). Папството гордо тврди дека има моќ да простува гревови. Заблежете го следниов пасус од католичкиот катехизам: „Дали Свештеникот навистина ги простува гревовите, или пак само тврди дека се отплатени? Свештеникот вистински ги простува гревовите заради силата што му е дадена од Христа.“1

Папствотот исто така тврди дека папата е еднаков на Бога. Папата Лео XIII рекол: „Ние (папите) на земјата го завземаме местото на Бога Севишниот.“2 Еве уште еден изненадувачки цитат за папата: „Ти си уште еден Бог на земјата.“3 Според сето ова папството исто така го исполнува и четвртиот знак на распознавање.



1Joseph Deharbe, S.J., A Complete Catechism of the Catholic Religion (New York: Schwartz, Kirwin & Fauss, 1924), p. 279.

2Christopher Marcellus, Oration in the Fifth Lateran Council, Session IV (1512), manuscript SC, Vol. 32, col. 761 (Latin).

3Pope Leo XIII, Encyclical Letter "The Reunion of Christendom," dated June 20, 1894, trans. in The Great Encyclical letters of Pope Leo XIII (New York: Benziger, 1903), p. 304.

9. Колку долго ќе владее првиот ѕвер?

9. Колку долго ќе владее првиот ѕвер?



Откровение 13:5. И му се даде власт да прави така _________ __ ____ месеца.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Имајте на ум дека во пророштвата, еден прорчки ден е еднаков на една буквална година (Езекиел 4:6). Овој временски период во пророштвото постојано се претставува како три ипол години, 42 месеци или 1260 дена. Врз база на 30-дневниот еврејски календар, сите три временски периода се однесуваат на истите 1260 пророчки дена, или 1260 буквални години. Светската моќ на папскиот Рим се официјализира во 538 година, кога декретот на императорот Јустинијан со кој папството станува врховно, не бил повеќе оспоруван. Папството ќе доживее така-наречена смртна рана во 1798 година кога папата ќе биде заробен од Наполеоновиот генерал, Александар Бертие. Можете да забележите дека временскиот период од 538 па сè до 1798 година е точно 1260 години. Според ова паството го исполнува и петтиот знак на идентификација.

10. Што се случува со ѕверот после 42-та месеца?

10. Што се случува со ѕверот после 42-та месеца?



Откровение 13:3. И видов една од неговите глави, како да е смртно ранета, но неговата смртоносна _____ беше исцелена. И се зачуди сета земја и тргна по Ѕверот,

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Како што веќе беше спомнато, папството добило така наречена смртна рана во 1798 година кога Генералот Бертие го заробува папата и го носи во Франција, каде што тој подоцна ќе умре во егзил.1 Половина Европа сметала дека овој настан претставува крај на папството, но Бог вели дека раната ќе се исцели и дека папската моќ и влијание ќе се возобноват се додека целиот свет не тргне по него. Малахи Мартин, беспрекорен ватикански инсајдер, во неговата книга Клучевите на оваа крв го открива следното: „Папата е најпознатиот човек на дваесеттиот век (стр.123), има воспоставено личен однос со лидерите на 91 земја (стр.490), и сега е подготвен за светско владеење“ (стр.143).2 Дури и почетник може да препознае дека денес папството на многу начини е највлијателната сила на светот. Со секое ново патување, неговата сила и влијание растат. Милиони ширум светот на папството гледаат како на единствена надеж за светско единство, мир и пристојност - токму како што Бог прорекол. Папството совршено го исполнува и шестиот знак.



1Joseph Rickaby, "The Modern Papacy," Lectures on the History of Religion, (London: Catholic Truth Society, 1910), Vol. 3, Lecture 24, p. 1.

2Malachi Martin, The Keys of This Blood (New York: Simon & Schuster, 1990).

11. Дали ѕверот претставува религиозна сила?

11. Дали ѕверот претставува религиозна сила?



Откровение 13:15. И да направи да бидат убиени оние, кои нема да се _________ на ликот на Ѕверот.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Очигледно е дека овој ентитет ќе биде вклучен во духовни работи. Зборот „поклони“ е употребен пет пати во Откровение 13-та глава и се оденесува токму на оваа сила. Секако дека никој не би можел да се сомнева дека папството го исполнува и седмиот знак на идентификација.

12. Што им прави ѕверот на светите?

12. Што им прави ѕверот на светите?



Откровение 13:7. И му се даде да завојува против светите и да ги _______.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Општо е познато дека папството ги прогонувало и погубувало совесните христијани, посебно за време на Средниот Век, кога го достигнало врвот на својата доминација. Мнозина историчари велат дека повеќе од 50 милиони луѓе умреле за својата вера за време на овој период на тешки прогонства. Очигледно црквата мислела дека му прави услуга на Бога со тоа што ја искоренува „ереста“. Папата побара да и биде простено на црквата за нејзините ѕверства, но останува фактот дека прогонувала и убивала. Папството го исполнува и осмиот знак на идентификација.

13. Кој е мистериозниот број што го идентификува ѕверот?

13. Кој е мистериозниот број што го идентификува ѕверот?



Откровение 13:18. Неговиот број е: шестотини шеесет и _____.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Во Откровение 13:18, Господ повикува да го пресметаме бројот на името на ѕверот и дека всушност тоа е број на човек. Кога мислиме на папството, всушност мислиме на папата. Кое е неговото име? Една од папините официјални титули е „Намесник на Синот Божји“, која на латински (официјалниот јазик на црквата) се запишува вака: „Vicarius Filii Dei“. Во статиите на весниците, кога тие се повикуваат на папата како на „Христов Намесник“, честопати зборовите се ставаат во наводници за да се покаже дека тоа е всушност превод на неговата титула односно име. Книгата на Откровение кажува дека Римската нумеричка вредност од буквите на неговото име е еднаква на 666. Ајде да видиме дали папството го исполнува и деветиот идентификационен знак:

VICARIUS FILII DEI
V = 5
I = 1
C = 100
A = 0
R = 0
I = 1
U = 5
S = 0
F = 0
I = 1
L = 50
I = 1
I = 1
D = 500
E = 0
I = 1
=====================
11253501
ВКУПНО 112 + 53 + 501 = 666


После сето ова не смее да остане никаков сомнеж. Покажавме дека сите 10 карактеристики опишани во Откровение 13:1-8, 15-18 одговараат на папството. А оваа сила поседува посебен жиг што ние не би сакале да го добиеме.

А сега ве молиме да обрнете внимание на тоа дека во Римо-Католичката црква има многу побожни христијани кои Бог ги смета за Свои чеда. Постоеле и многу добри и храбри папи кои го сакале Бога. Оваа лекција не претставува напад врз нашите пријатели католици, туку е напад врз ѓаволот, кој ги заведува црквите далеку од вистината. Но и покрај тоа лично Господ ни кажува дека оваа институција има жиг што не смееме да дозволиме да го примиме. Искрени Протестанти, Католици, Православни, Евреи и сите други нехристијани ќе сакаат да откријат што е овој жиг за да го избегнат неговото примање. Да му заблагодариме на Бога што во Неговата Реч ги разоткрил злобните планови на сатаната со кои сака да не уништи сите нас.

Во нашата следна лекција, јасно ќе го идентификуваме „жигот“ на ѕверот. Ако го примите жигот на ѕверот ќе бидете изгубени. Мнозина ќе откријат дека избегнувањето на овој жиг вклучува страшно многу напор. Но Господ може да ни ја даде верата на Седрах, Мисах и Авденаго, кои беа спремни и на смрт само за да ја зачуваат честа на својот Бог.

14. Дали сте спремни да го следите Христа каде и да ве води, па дури ако треба да ги изгубите и своите пријатели?

14. Дали сте спремни да го следите Христа каде и да ве води, па дури ако треба да ги изгубите и своите пријатели?





Одговор:  ____________________

Other Languages


Contact Us

Name:


Email:


Prayer Request:


Share a Prayer Request
Name:


Email:


Bible Question:


Ask a Bible Question

Related Video

Related Audio

Related Print

God's Promises




(916) 434-3880 | AF iTools | Employment | Site Map | Privacy Statement | Terms of Use     Copyright 2015 by Amazing Facts Inc.

Back To Top