Жигот на Каин

Жигот на Каин Lesson 14

Првите два сина на Адам и Ева во многу се разликувале како личности и според однесувањето. Каин тежнеел да биде фармер и градител, а Авел уживал да скита по ридиштата и ливадите со своите стада.

Откако гревот навлегол на релативно младата земја заради непослушноста на Адам и Ева, Бог воспоставил жртвен систем и им објаснил дека без пролевање на крв не е можно да има прошка за гревовите (Евреите 9:22). Им кажал дека овие жртви укажуваат нанапред на времето кога Исус ќе стане човек и ќе умре како Јагне Божјо за гревовите на светот. Авел послушно донел младо јагне како жртва за неговите гревови, но Каин си мислел дека не е неопходно да ја послуша Божјата заповед во целост. Тој сметал дека жртвениот систем е премногу неуреден и си мислел дека сè додека носи дар и му служу на Бога, деталите не се битни. Така тој донел свој сопствен дар, нешто од она што самиот го произвел. Каин набљудувал со љубомора и гнев кога видел како оган слегол од небото и ја спалил Авеловата жртва додека неговата останала недопрена. Господ со внимание го убедувал Каина да се понизи и послуша, но Каин тврдоглаво продолжил да се бунтува. Исто така и Авел се обидел со внимание да разговара со својот постар брат, но Каин збеснал. Кога дошол на себе, крвавото тело на брат му Авел сеуште лежело покрај неговите нозе. Господ го проколнал Каина, а кога овој се пожалил на тоа, Господ му ставил знак за да не се случи следните генерации да се одмаздат за ова прво убиство.

Во книгата Откровение се вели дека, во последните денови, повторно ќе се одвива битка помеѓу христијаните околу начинот и времето на богослужение. Наскоро секој ќе добие свој идентитет, или печат Божји или жиг на ѕверот.
1. Кој ќе биде заштитен за време на последните седум зла?

1. Кој ќе биде заштитен за време на последните седум зла?


Откровение 7:3. Велејќи: Не пакостете и на земјата, ни на морето, ниту на дрвјата, додека не ги ____________ челата на слугите на нашиот Бог!

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Оние кои ќе го примат Божјиот печат на своите чела ќе бидат заштитени за време на злата (Псалм 91:7-11).

2. Што е „печатот“ што ќе го добијат праведните на своите чела?

2. Што е „печатот“ што ќе го добијат праведните на своите чела?


Исаија 8:16. Запази го ова сведоштво, запечати го ова ___________ меѓу Моите ученици.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Божјиот печат се наоѓа во Неговиот Закон (во многу други преводи на Библијата наместо „откровение“ во Исаија 8:16 стои зборот „закон“.). Кога на еден документ ќе се стави печат тој станува официјален, а печатот вообичаено содржи три карактеристики: Име, положба и територија. Еве еден пример: „Персискиот цар Кир“ Езра 1:1.

3. Која од заповедите ги содржи сите елементи на печатот?

3. Која од заповедите ги содржи сите елементи на печатот?


Излез 20:11. Зашто во шест денови ______ ги __________ небото и земјата, морето и __ што е во нив.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Четвртата заповед е единствената која ги содржи сите три елементи на печатот: (1) „Господ“ - Неговото име, (2) „направи“ - Неговата должност како Создател, (3) „небото и земјата, морето и сè што е во нив.“ - Неговата територија.

4. Што дал Бог како посебен знак на Неговата моќ?

4. Што дал Бог како посебен знак на Неговата моќ?


Езекиел 20:12. Им ги дадов и своите _______, како знак меѓу Себе и нив, нека знаат дека Јас Сум Господ Кој ги осветува.

Езекиел 20:20 И празнувајте ги Моите саботи, тие нека бидат знак меѓу Мене и вас за да се знае дека Јас Сум Господ, ваш Бог!

Излез 31:13 Моите саботи треба да ги пазите, зашто саботата е знак меѓу Мене и вас од поколение до поколение, за да бидете свесни дека Јас, Господ, ве посветувам.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Господ јасно вели дека ја дал саботата како знак на Неговата моќ да создава и осветува. Таа е Негов печат, односно знак за авторитет. Зборовите „знак“ или „печат“ наизменично се користат во Библијата (спореди Битие 17:11 со Римјаните 4:11 и Откровение 7:3 со Езекиел 9:4).

5. На што присилува вториот ѕвер од Откровение 13-та глава?

5. На што присилува вториот ѕвер од Откровение 13-та глава?


Откровение 13:16. И направи сите - мали и големи, богати и сиромашни, слободни и робови - да им се даде ________ на десната рака или на челото.

Одговор:  ____________________

6. Што е жигот на ѕверот?

6. Што е жигот на ѕверот?


Дела 5:29. А Петар и апостолите во одговор рекоа: Треба да Го ________ Бога повеќе, отколку ________.

Избирајќи да ги почитувате папските закони (неделата) наместо Бојжите закони (саботата) ќе го примите жигот на ѕверот.

Римјаните 6:16 Не знаете ли: ако некому му се предадете за робови во послушност - робови сте му на оној, кому му се покорувате: или на гревот - за смрт; или на послушноста - за праведност?

Што е грев?

1 Јованово 3:4 Секој кој врши грев, врши и беззаконие; и гревот е беззаконие.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Во 13-тата лекција го идентификувавме првиот ѕвер од Откровение 13. Која е неговата ознака на моќ и авторитет? Најдобриот начин да ја откриеме неговата ознака на авторитет е да го прашаме директно папството. Внимателно погледнето го следниов дел од католичкиот катехизам:



„Прашање: Кој ден е сабота (ден за одмор)?

„Одговор: Саботата е ден за одмор.

„Прашање: Зошто ја празнуваме неделата наместо саботата?

„Одговор: Неделата ја празнуваме наместо саботата затоа што Католичката црква ја префрлила светоста од саботата на неделата.“1


Еве уште еден цитат од катехизмот:

„Прашање: Имате ли некаков друг начин да докажете дека Црквата има моќ да востановува празници или правила?


„Одговор: Ако нема таква моќ, таа не би можела да го стори она со кое што сите модерни верски лидери се сложуваат - таа не би можела да изврши замена на празнување на саботата како седми ден со празнување на неделата како први ден во седмицата, замена за која не постои библиски авторитет.“2

Значи папството вели дека нивниот знак на моќ и авторитет е тоа што ја направиле неделата да биде света - промена која безмалку целиот христијански свет ја прифаќа. (Види го додатокот со наслов „Кои важни прашања Папството им ги поставува на протестантите?“)



1Peter Geiermann, The Convert's Catechism of Catholic Doctrine (St. Louis: B. Herder Book Co., 1957 edition), p 50.

2Stephen Keenan, A Doctrinal Catechism (New York: P.J. Kenedy & Sons, third American edition, revised, n.d.), p. 174.

7. Дали жигот на ѕверот и Божјиот печат се видливи?

7. Дали жигот на ѕверот и Божјиот печат се видливи?


Евреите 10:16. Вели Господ, ќе ги положам Своите закони на нивните срца и ќе ги напишам на нивниот __.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Ниту жигот на ѕверот, ниту Божјиот печат не се надворешно видливи. Челото го претставува умот, а раката е симбол за работа. „На раката“ и „помеѓу очите“ се симболи кои постојано се користат во Библијата за да укажат на мислите и делата кај една личност (Излез 13:16; Второзаконие 6:8; 11:18).



Едно лице ќе го прими жигот на ѕверот на своето чело со тоа што ќе избере да верува дека неделата е света наспроти библиската вистина. Лицето би било одбележано на својата десна рака со тоа што ќе работи на Божјиот свет ден или со тоа што надворешно ќе ги држи неделните закони од соодветни причини - како што се работа, фамилија итн. Иако жигот е невидлив за човекот, Бог ќе знае кој каков знак добил (2 Тимотеј 2:19). Во извесна смисла секој сам ќе биде одбележан. Доколку ја почитувам и ценам Божјата света сабота, Тој ќе ме означи како свој. Доколку пак ја почитувам лажната сабота на ѕверот, Тој ќе ме означи дека му припаѓам на ѕверот.

8. На кој начин Исус одредува дали сме Негови слуги?

8. На кој начин Исус одредува дали сме Негови слуги?


Римјаните 6:16. Не знаете ли: ако некому му се предадете за робови во послушност - робови сте му на оној, кому му се _________.

Јован 14:15 Ако Ме љубите, ќе ги пазите Моите заповеди.

Одговор:  ____________________

9. Дали некој го има жигот на ѕверот денес?

9. Дали некој го има жигот на ѕверот денес?


Откровение 13:17. И никој да не може ниту да _____ ниту да продаде, освен оној, кој има ознака: името на Ѕверот или бројот на неговото име.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Никој сеуште го нема примено жигот на ѕверот. Тогаш кога тоа ќе стане присилна мерка, само оние кои ќе го примат жигот на ѕверот ќе можат да купуваат и продаваат. Во тоа време, оние кои ја пазат Божјата света сабота ќе го прават тоа ризикувајќи ги своите животи (Откровение 13:15), а оние кои ќе одлучат да го осквернат Неговиот свет ден и официјално да го дадат својот глас со тоа што човечките закони ќе ги постават над Божјиот Закон ќе бидат означени дека му припаѓаат на Атихристот. Сите кои му се лојални на Исус и на Неговиот свет ден ќе го примат Исусовиот славен печат, и со тоа засекогаш ќе станат Негови. Оние кои ќе се обидуваат да останат неутрални ќе се сметаат за антихристи (Матеј 12:30).

10. Кои две работи се обидува да ги измени Антихристот?

10. Кои две работи се обидува да ги измени Антихристот?


Даниел 7:25. Тој ќе ...... помислува да ги измени времињата и ________.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Во Даниел 7-ма глава ни се открива старозаветен опис на силата на Антихристот. Јасно се претскажува дека ѕверот ќе се обиде да ги измени Божјиот Закон и времињата. Папството се обидело да го измени Божјиот Закон со: (1) изоставување на втората заповед која забранува почитување на кипови, (2) скратување на четвртата заповед од 94 зборови на само 8 со цел да избегне да спомне кој ден е сабота, и (3) поделување на десетата заповед на две. Папството се обидело да ги измени Божјите времиња со: (1) учење на луѓето да го препознаваат првиот ден во седмицата како сабота наместо седмиот, и (2) прифаќање на практиката од паганскиот Рим денот да се започнува на полноќ наместо со зајдисонце. Господовото сметање на саботата е од зајдисонце во петок до зајдисонце во сабота (Левит 23:32). Ниту еден смртник не смее да се осмели да си игра со Божјиот свет Закон и време (Матеј 5:18).

11. Какви биле Божјите критики кон Неговите дамнешни свештеници, односно пастори?

11. Какви биле Божјите критики кон Неговите дамнешни свештеници, односно пастори?


Малахија 2:8, 9. Направивте мнозина да се сопнуваат од Законот .... зашто не се држевте за Моите патишта, туку бевте ____________ применувајќи го Законот.

Осија 4:6 Мојот народ гине: нема знаење; зашто ти го отфрли знаењето, и Јас те отфрлам тебе од Моето свештенство; зашто го заборави Законот на Својот Бог, и Јас ќе ги заборавам твоите синови.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Бога сè уште го боли кога Неговите пастори се пристрасни кон осум или девет заповеди и така придонесуваат мнозина да се сопнат од Неговата заповед за празнување на саботата. Практично сите цркви признаваат во своите официјални статии дека не постои библиска потврда за празнување на неделата. Но трагично е тоа што и протестантите и католиците стојат виновни пред Божјиот суд заради отфрлање на Библиската сабота! Самиот Господ ја дал саботата како знак, или печат, на Својата моќ да создава и на Својата моќ да посветува и спасува (Излез 31:17; Езекиел 20:12). Никој не смее да се осмели да си поигрува со Неговиот свет знак, кој го претставува големиот Небесен Бог и сето она за кое Тој стои.

12. Каква почит имале Божјите древни лидери кон Неговиот Закон?

12. Каква почит имале Божјите древни лидери кон Неговиот Закон?


Осија 8:12. Да му напишам и илјади Свои закони тие ќе ги сметаат за _____.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Времињата се немаат променето. Господ ја поставил саботата, Неговиот голем печат, во средината од Неговиот Закон и ја започнал таа заповед со зборот „помни“. Па сепак многу луѓе денес чувствуваат дека држењето на Неговиот седми ден - саботата е чудно.

13. Каков посебен, сериозен укор им упатил Господ на религиозните лидери во врска со Неговата света сабота?

13. Каков посебен, сериозен укор им упатил Господ на религиозните лидери во врска со Неговата света сабота?


Езекиел 22:8. Ги ________ Моите светини, ги обесветуваш саботите.

Езекиел 22:26 Нејзините свештеници не го почитуваат Мојот Закон и ги обесветуваат Моите светињи, не разликувајќи го светото од несветото, ...... Ги занемарија моите саботи, без чест Сум во нивната средина.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Господ директно ги укорува религиозните лидери кои велат дека саботата не е важна и кои велат „Така вели Господ“, кога тоа не е така.

14. За кој конкретен грев Господ им заповеда на Своите лидери да го остават?

14. За кој конкретен грев Господ им заповеда на Своите лидери да го остават?


Исаија 58:1, 13, 14. Викај од сето грло, не воздржувај се! Издигни го својот глас како рог. ______ му ги на Мојот народ неговите злостори. .... Ако заради саботата ја воздржиш ногата своја да ги исполнува желбите на твоето срце во светиот Мој ден, и ако ја нарекуваш саботата радост , свет ден Господов, .... тогаш ќе ја најдеш својата радост во Господа.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Господ им дава одговорност на духовните лидери да го нарекуваат кршењето на саботата - грев и да инсистираат Неговиот народ да ја слави саботата. Како и за апостолите тогаш, така и за нас денес наша единствена сигурност е повеќе да го слушаме Бога отколку луѓето (Дела 5:29).

15. Што се случува кога го прифаќате Исуса и одлучувате целосно да го следите?

15. Што се случува кога го прифаќате Исуса и одлучувате целосно да го следите?


Матеј 11:29. Земете го Мојот јарем на себе и научете се од Мене, зашто Јас сум кроток и понизен по срце; и ќе најдете _______ на своите души.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Со обратувањето во вашето срце навлегуваат величествен спокој и мир. Саботата, што значи „одмор“ е симбол на одморот и мирот што доаѓаат со новото раѓање (Евреите 4:1-10). Оние кои навистина се наново родени ќе ја празнуваат саботата како благословен знак за одмор (види стихови 4, 9, 10). Не постои радост како радоста на една ново обратена личност која ја празнува саботата.

16. Пред да можете да кажете „не“ на жигот на ѕверот, морате да кажете „да“ на печатот Божји. Исус чека крај вратата од вашето срце на одговор. Дали ќе одлучите да одите под знамето на Неговата славна сабота како доказ дека сте Го прифатиле како свој Создател и Спасител?

16. Пред да можете да кажете „не“ на жигот на ѕверот, морате да кажете „да“ на печатот Божји. Исус чека крај вратата од вашето срце на одговор. Дали ќе одлучите да одите под знамето на Неговата славна сабота како доказ дека сте Го прифатиле како свој Создател и Спасител?




Одговор:  ____________________


Дополнителен материјал за проучување

Кое важно прашање папството им го поставува на протестантите?
Протестантите повеќе пати го имаат прашанo папството: "Како можеш да се осмелиш да го промениш Божјиот закон?" Но прашањето поставено до протестантите од страна на католичката црква е дури попроникливо.

Еве како тоа звучи официјално: "Вие ни велите дека саботата беше еврејскиот ден за одмор, но дека христијанскиот ден за одмор бил променет во недела. Променет? Но од кого? Кој има авторитет да промени една јасна заповед на Семоќниот Бог? Кога Бог проговори и рече: Празнувај го седмиот ден, кој може да се дрзне и да каже: Не, ти можеш да вршиш секаква световна работа во седмиот ден и наместо тоа ќе го празнуваш првиот ден од седмицата?

Ова е најважно прашање, кое не знам како ќе го одговорите. Вие сте протестанти, и исповедате дека се држите до Библијата и само Библијата но сепак во една толку важна работа како што празнувањето како свет еден од седумте дена, вие сте против она што Библијата јасно го кажува и наместо оној ден кој Библијата го заповеди вие поставувате друг ден. Заповедта да се празнува саботата е една од десетте заповеди вие верувате дека остатанатите девет се сè уште важечки кој ви даде власт да чепкате по четвртата заповед? Ако сте доследни до своите начела, ако навистина ја следите Библијата и само Библијата, вие треба да покажете некој дел од Новиот Завет во кој четвртата заповед јасно е променета."1

1Библиотека на христијанската доктрина: Зашто не го празнуваш денот за одмор? (London: Burns and Oates, Ltd.), стр. 3, 4.