Skip Main Navigation
Amazing Facts - God's Message Is Our Mission!
   |  

Приказна за двете жени

Print Friendly
Приказна за двете жениLesson 17

Завладеала тишина во царевата судска сала, и сите погледи биле вперени во цар Соломон. Неговите слуги се прашувале као младиот цар ќе го реши овој замрсен случај.

Две самохрани мајки живееле во иста соба, и двете скоро во исто време родиле машко дете. Во текот на ноќта една од нив случајно го налегнала своето дете и тоа се загушило. Кога се разбудила изутрината и забележала дека детето и е студено и неподвижно, збунетата жена го зела бебето на другата мајка а и го оставила своето мртво бебе. Подоцна кога другата жена се разбудила и го видела мртвото бебе, почнала да плаче и жали. Но откако добро го погледнала бебето, набргу сватила дека не е нејзиното. Своето бебе го видела од спротивната страна на собата во прегратките на својата цимерка.

Сега и двете жени се нашле пред царот, борејќи се за тоа кој ќе го има бебето. „Бебето е мое!“, викала едната.

„Не, мртвото бебе беше твое!“, и се спротивставила другата.

Како ќе утврди царот која е вистинската мајка? Соломон ја прекинал нивната расправија и му наредил на стражарот да земе меч и да го подели бебето на две. На почетокот војникот мислел дека царот се шегува, но Соломон со исчекување погледнал кон неодлучниот стражар. Стражарот полека го извадил својот остар, блескав меч и тргнал кон жената што го држела бебето во своите прегратки. Одеднаш вистинската мајка се фрлила пред нозете на царот и почнала да го моли! „Дајте и го детето, но ве молам немојте да го убиете!“ А другата жена рекла: „Поделете го, да не биде ниту мое ниту нејзино.“ На Соломон му било повеќе од јасно која е вистинската мајка.

Во пророштвата, жената е симбол за црквата (Еремија 6:2). Помеѓу толку многу цркви во овие последни денови, како можеме да препознаеме која е вистинската црква на последокот која го има живиот Син, наспроти многуте лажни? Како и Соломон, мораме да го употребиме мечот на Божјата реч (Евреите 4:12)!
1. Како Откровението ја опишува вистинската Божја црква?

1. Како Откровението ја опишува вистинската Божја црква?



Откровение 12:1, 2, 5. _______, облечена со сонцето и месечината под нејзините нозе, а на нејзината глава круна од дванаесет ѕвезди, и беше бремена и викаше од породилни болки и маки. .... И роди машко Дете, син, кој ќе им биде на сите народи Пастир со железно жезло. И нејзиното Дете беше однесено при Бога и при Неговиот престол.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Во библиските пророштва Божјата црква е претставена како чиста жена (Еремија 6:2). Во Откровение 12-та глава, оваа жена е облечена со сонце, месечина и ѕвезди - природните светила што ги создал Бог. Исус и рекол на црквата: „Вие сте светлината на светот.“ Матеј 5:14. Сонцето ја претставува Исусовата светлина (Псалм 84:11; Малахија 4:2). Месечината под нејзините нозе ги претставува сенките на старозаветниот жртвен систем. Како што месечината ја рефлектира сончевата светлина, така и жртвениот систем беше корисен затоа што ја рефлектираше светлината на идниот Месија (Колосјаните 2:16, 17; Евреите 10:1). Дванаесетте ѕвезди над нејзината глава го симболизираат водството на црквата - 12 племиња во Стариот завет и 12 апостоли во Новиот завет. Оној Кој што ќе владее над сите народи со железно жезло е Исус (Псалм 2:7-9); Откровение 19:13-16).

2. Кој е “големиот змев“, и што се обидува да стори?

2. Кој е “големиот змев“, и што се обидува да стори?



Откровение 12:9. И беше исфрлен големиот змев, старата змија, наречена ѓавол и ________.

Откровение 12:4 И змевот стоеше пред жената, која требаше да роди, за да и го проголта Детето кога ќе роди.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Змевот е сатаната, кој во времето кога се родил Исус делувал преку паганската Римска империја. Сатаната дејствувал преку Ирод, тогашниот владетел, во обидот да го убие детето Исус погубувајќи ги сите бебиња во Витлеем (Матеј 2:16).

3. Што се случува откако на сатаната му пропаѓа планот да го уништи Исуса?

3. Што се случува откако на сатаната му пропаѓа планот да го уништи Исуса?



Откровение 12:5. И нејзиното Дете беше _________ при Бога и при Неговиот престол.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   По Неговото воскресение, Исус се вознел на небото кај Божјиот престол (Дела 1:9-11), каде што бил далеку од дофатот на сатаната.

4. Што и правел сатаната на црквата, откако Исус се вознел на небото?

4. Што и правел сатаната на црквата, откако Исус се вознел на небото?



Откровение 12:13. И кога змевот виде дека е фрлен на земјата, почна да ја _____ жената, која го родила машкото.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Кога сатаната немал повеќе можност да ја искажува својата омраза спрема Исуса, решил да го повреди Исуса свртувајќи го својот бес кон црквата.

5. Каде избегала црквата за време на овој страшен период на прогонства? Колку долго траело тоа?

5. Каде избегала црквата за време на овој страшен период на прогонства? Колку долго траело тоа?



Откровение 12:6. А жената избега во _________, каде имаше место, што Бог и го приготви, за да ја хранат таму илјада и двеста и шеесет денови.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Жената (Божјата црква) избегала во пустината (оддалечени и пусти места на земјата) за да се сокрие од своите непријатели. Многу добро познат историски факт е дека за време на Мрачниот Среден Век, Божјиот народ се криел по пештерите и пустите места на земјата, вклучувајќи ги и американските брегови, во потрага по религиска слобода и заштита од папското прогонство. 1260-те дена (исто така опишани во Библијата како 42 месеца или три и пол години) се однесуваат на страшниот период од 1260 години прогонство за чие време милиони ги положиле своите животи за својата вера. За време на овој временски период, Божјата црква била жива но не била препознатлива како официјална, видлива организација. (Погледни го додатокот со наслов „Години на прогонство“.)

6. Кои се другите два знаци на препознавање на вистинската Божја црква?

6. Кои се другите два знаци на препознавање на вистинската Божја црква?



Откровение 12:17. И змевот се разгневи на жената и отиде да војува против другите од нејзиното семе, против оние, кои ги пазат Божјите ________ и го имаат Исусовото сведоштво.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Божјата црква на остатокот, во која што Тој ги повикува сите, ќе ги држи сите десет Божји заповеди (вклучувајќи ја и саботата). Исто така ќе го има и Исусовото сведоштво, кое што е духот, односно дарот на пророштвото (Откровение 19:10). Господ ја нарекува Својата црква на последокот „остатокот“, затоа што е идентична во доктрините и карактеристиките со апостолската црква. „Остатокот“ е последното останато парче од еден топ платно. Тоа е потполно исто како и првото парче од истиот топ платно.

7. Според Исуса како ја демонстрираме нашата љубов кон Него?

7. Според Исуса како ја демонстрираме нашата љубов кон Него?



Јован 14:15. Ако Ме љубите, ќе ги _______ Моите заповеди.

1 Јованово 5:3 Зашто ова е љубовта Божја: да ги исполнуваме Неговите заповеди.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Во нашата воведна сторија, Соломон бил во можност да ја идентификува вистинската мајка по нејзиниот вистински израз на љубов. На истиот начин, вистинската Божја црква ќе може да се препознае по нејзината пожртвувана љубов и желбата да ги исполнува Неговите заповеди.

8. Кои три пораки ќе ги проповеда Божјата црква на остатокот ?

8. Кои три пораки ќе ги проповеда Божјата црква на остатокот ?



Откровение 14:7. Бојте се од Бога и подајте Му слава, зашто дојде часот на Неговиот ____, и поклонете Му се на Оној, Кој го создал небото и земјата, морето и водните извори.

Откровение 14:8 И друг, втор, ангел дојде по него, велејќи: „Падна, падна големиот Вавилон, кој ги напои сите народи со страсното вино на своето блудство.

Откровение 14:9, 10 И друг, трет, ангел дојде по него, велејќи со силен глас: „Ако некој му се поклони на Ѕверот, и на неговиот лик, и прими ознака на своето чело или на својата рака, и самиот ќе пие од виното на Божјиот гнев, што е налеано чисто во чашата на Неговиот гнев.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Овие три ангелски цитати претставуваат три итни пораки што Божјата црква ќе ги проповеда пред самото Исусово доаѓање.

9. Кому ќе му ги проповеда Божјата црква овие пораки?

9. Кому ќе му ги проповеда Божјата црква овие пораки?



Откровение 14:6. Имајќи вечно Евангелие, за да им го проповеда на жителите на земјата: и на ______ народност и на секое племе и јазик и народ,

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Божјата црква на остатокот оваа тро-ангелска вест ќе им ја проповеда на секоја нација на земјата.

10. Кои спецификации ни ги дал Бог во Својата реч за да ни помогне да ја идентификуваме Неговата црква на остатокот?

10. Кои спецификации ни ги дал Бог во Својата реч за да ни помогне да ја идентификуваме Неговата црква на остатокот?



Откровение 12:17. И змевот се разгневи на жената и отиде да војува против _________ од нејзиното семе, против оние, кои ги пазат Божјите заповеди и го имаат Исусовото сведоштво.

1. Ќе се појави и ќе ја врши својата видлива работа откако ќе излезе од пустината во 1798 година (Откровение 12:6, 13-17).

2. Ќе ги учи истите вистини што ги учеле и апостолите, и сите тие ќе бидат во согласност со Библијата (Откровение 12:17).

3. Ќе ги исполнува десетте заповеди, вклучувајќи ја и библиската сабота (Откровение 12:17).

4. Ќе го има духот на пророштвото во своите редови (Откровение 12:17; 19:10).

5. Ќе ја прокламира Божјата тро-ангелска порака со силен глас (Откровение 14:6-14).

6. Ќе биде светско движење (Откровение 14:6).

7. Ќе го проповеда вечното Евангелие, кое е спасение само преку Исуса Христа (Откровение 14:6).

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Многу прекрасни христијани се членови на цркви кои не ги исполнуваат седумте горенаведени спецификации. Меѓутоа, една таква црква не може да биде Божји остаток во кој што Тој ги повикува сите Свои искрени чеда, бидејќи Неговата црква на остатокот мора да ги исполнува сите седум спецификации.

11. Исус ги дава овие седум пророчки знаци на распознавање па потоа вели: „Оди и најди ја Мојата црква“ Што ти ветува додека бараш?

11. Исус ги дава овие седум пророчки знаци на распознавање па потоа вели: „Оди и најди ја Мојата црква“ Што ти ветува додека бараш?



Лука 11:9. Барајте, и ќе ________!

Одговор:  ____________________

12. Колку црковни организации во светот ги исполнуваат овие седум точки?

12. Колку црковни организации во светот ги исполнуваат овие седум точки?



Ефесјаните 4:5. Еден Господ, една _____ и едно крштавање.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Само една црква во целиот свет ги исполнува сите овие спецификации - Адвентистичката црква, црквата која ви ги презентира овие предавања. Таа токму во моментов ја проповеда големата тро-ангелска порака од Откровение 14:6-12 насекаде по светот. Има одзив од милиони ширум светот.

13. Многу деноминации се нарекуваат христијански. Дали тоа значи дека тие се Божјата вистинска црква?

13. Многу деноминации се нарекуваат христијански. Дали тоа значи дека тие се Божјата вистинска црква?



Исаија 4:1. И седум жени ќе се фатат за еден маж - во оној ден: „Ќе јадеме свој ____, ќе речат, и ќе се облекуваме во своја облека, дај ни само да го носиме твоето име, симни го од нас сиот наш срам.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Лебот е симбол за Божјата реч (Јован 6:35, 51, 52, 63), облеката е симбол за праведност (Откровение 19:8). Седумте жени во ова пророштво си имаат свој леб (концепт на вистина) и сакаат да си ја задржат сопствената облека (праведност). Тие не ја сакаат совршената облека на Христовата праведност. Сè што тие сакаат е да го носат името Христово, веројатно од причина што Библијата вели: „Нема спасение ниту во еден друг, ниту има друго име под небото, дадено на луѓето, преку кое мора да се спасиме.“ Дела 4:12.

14. Кога некој ќе ја пронајде вистинската Божја црква на остатокот, дали е неопходно да стане нејзин член?

14. Кога некој ќе ја пронајде вистинската Божја црква на остатокот, дали е неопходно да стане нејзин член?



Дела 2:47. А секој ден, Господ ги _________ оние, кои се спасуваа.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Да, да се биде член на Божјата црква на остатокот е императив. Погледнете колку јасно Бог одговара на ова прашање:



-Сите сме повикани во едно тело (Колосјаните 3:15).

-Тоа тело е црквата (Колосјаните 1:18).

-Стануваме дел од тоа тело со крштевањето (1 Коринтјаните 12:13).



Денес е императив да се биде член на Божјата црква, како што некогаш во времето на Ное било императив да се влезе во ковчегот. Господ вели: „Влезете: ти и сето твое семејство во бродот.“ Битие 7:1.

15. Колку начини на спас постоеле во времето на Ное?

15. Колку начини на спас постоеле во времето на Ное?



Евреите 11:7. Преку вера Ное ..... приготви ________ за спасение на својот дом.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Исус вели дека времето непосредно пред Неговото второ доаѓање ќе биде како Ноевото време (Лука 17:26). Ќе постои само еден начин на спас, исто како што во времето на Ное постоел само еден ковчег.

16. Бидејќи и во другите цркви има многу верни христијани и со оглед на тоа што Господ има само еден вистински остаток, што ќе се случи со овие искрени христијани?

16. Бидејќи и во другите цркви има многу верни христијани и со оглед на тоа што Господ има само еден вистински остаток, што ќе се случи со овие искрени христијани?



Јован 10:16. И други овци имам, што не се од овој овчарник; и нив треба да ги доведам, па ќе го _______ Мојот глас и ќе биде едно стадо и еден Пастир.

Откровение 18:2, 4 Падна, падна големиот Вавилон, .... Излезете од неа, народе Мој, за да не бидете соучесници во нејзините гревови и да не ги примите нејзините зла.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Исус ќе си ги повика сите верни, искрени следбеници да излезат од Вавилон. Тие ќе го слушнат Неговиот глас, ќе се одзвијат и ќе влезат во Неговата единствена црква на остатокот.

17. Исус денес ве повикува и вас да влезете во сигурноста на Неговата црква на остатокот. Вие сте Му многу драгоцени. Дали ќе се одзвиете на Неговиот повик?

17. Исус денес ве повикува и вас да влезете во сигурноста на Неговата црква на остатокот. Вие сте Му многу драгоцени. Дали ќе се одзвиете на Неговиот повик?





Одговор:  ____________________


Дополнителен материјал за проучување

Години на прогонство
1260-те години на неволји повеќе пати се повторува во Библијата, бидејќи историски беше најлошо време за Божјиот народ (Maтеј 24:21). Кон тоа време се посочува како на 1260 денови, 42 месеци и три и пол времиња или години (Откровение 12:6, 14 13:5 Даниел 7:25). Користејќи се со еврејскиот календар, кој има 360 дена во годината, сите тие времиња сочинуваат една иста количина на време – 1260 години. Еден пророчки ден е еднакво на една буквална година (Eзекиел 4:6 Броеви 14:34).

Историјата јасно покажува дека папството беше силата која прогонуваше за 1260 години. Тој период започнал во 538 год.п.н.е. кога папската сила се здоби со врховна власт во христијанството според декретот на римскиот император Јустинијан. Во тој, тој го признал рисмкиот бишоп за глава на сите цркви. Ова писмо стана дел од кодот на Јустинијан, фундаменталниот закон на империјата. Тој период завршил во 1798-та година кога генералот на Наполеон, Александер Бертиер, го пленил папата. Најмалку 50 милиони христијани умреле за својата вера за време на овој период на прогонство.

Три критички точки
Три факти од најголема важност за Божјиот народ се посочени во Откровение 12:10-12. Овие факти се:

1. Исус го поразил сатаната, обвинителот на браќата, на крстот.
2. Сите ние можеме да го победиме него преку Исусовата крв и споделувањето на на нашите сведоштва.
3. Ѓаволот е разгневен затоа што знае дека неговото време е кратко. Не можеме да очекуваме тој да се однесува како џентлмен. Тој е нашиот најогорчен непријател.

Порака е дека Исус, кој го победил сатаната, ни ја нуди Неговата неспоредлива сила како бесплатен подарок. Со Исусовата сила во нашите животи, ние не можеме да промашиме. Гневот на сатаната не треба да нè погоди. Тој е поразен непријател. Тој бил поразен во војната не небото и е исфрлен. Тој бил поразен од Христа на крстот и ја има загубено својата власт. Тој ќе биде легално поразен во својот случај на судот, и тој повторно ќе биде поразен кога ќе го нападне Божјиот свет град. Конечно, тој ќе биде очистен од лицето на земјата во огненото езеро. И, најпрекрасно од сè, Исус ветува дека тој ќе биде поразен во својата огорчена битка да те уништи тебе и мене. Каква извонредна порака на надеж од Христа!

Storacles Lesson Set by Doug Batchelor

Storacles Lesson Set by Doug Batchelor

Other Languages


Contact Us

Name:


Email:


Prayer Request:


Share a Prayer Request
Name:


Email:


Bible Question:


Ask a Bible Question

Related Video

Related Audio

Related Print

God's Promises




(916) 434-3880 | AF iTools | Employment | Site Map | Privacy Statement | Terms of Use     Copyright 2015 by Amazing Facts Inc.

Back To Top