Небесни прозорци

Небесни прозорци Lesson 18

Јаков никогаш не се почувствувал толку скуден и осамен - а сетоа тоа само затоа што бил измамлив и алчен. Најпрво Јаков го поткупил Исава, неговиот постар близнак, да му го земе неговото првенство. Потоа, со помош на својата мајка, го измамил неговиот слеп татко, Исак, примајќи го од него татковиот благослов што со право му припаѓал на Исав.

Сега Јаков бил приморан да бега од дома, меѓу другото да ги избегне и смртните закани од неговиот разлутен брат. Ја наведнал својата глава и заплакал кога помислил како сите негови алчни планови му се вратиле на негова глава. Сам во пустината, имајќи само камен за јастук и стап за заштита, Јаков се обидел да се одмори. Се прашувал дали воопшто некогаш повторно ќе може да ги види своите родители - и дали Бог ќе му прости. Исцрпен, се занел и заспал. Наскоро се нашол во сјајна светлина на еден живописен сон. Видел блескава светлина како паѓа од отвореното небо, и прекрасни скалила како се извиваат одозгора од славата па се до долу до земјата. Безбројни светли ангели се симнувале и качувале по скалилата.

Потоа Јаков го слушнал гласот Господов како говори од небото и му ветува дека ќе го благослови во неговото патување. Господ исто така со Јакова го потврдил истиот завет што го направил со Аврам и Исак.

Кога се разбудил, Јаков паднал на своите колена и се заветувал дека ќе ги напушти своите алчни патишта. Неговото ветување било: „А од сè што ќе ми даваш, за Тебе ќе одвојувам десеток.“ Битие 28:22.

Господ го прифатил ова заветување и ги отворил небесните прозорци така што кога Јаков се враќа дома после цели 20 години, тој станува многу успешен и благороден човек.
1. Од каде му е на Јакова идејата да му врати десеток на Господа?

1. Од каде му е на Јакова идејата да му врати десеток на Господа?


Битие 14:18, 20. А Малхиседек, ..... Му беше свештеник на Сèвишниот Бог. .... И му даде Аврам _______ ____ од сè.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Десетокот е една десетина од примањата на едно лице. Всушност зборот „десеток“ едноставно значи „десетина“. Јакововиот дедо Аврам, оставил пример многу години порано давајќи му десеток на Божјиот свештеник, Мелхиседек.

2. Колкав дел од нашите примања му припаѓа на Бога?

2. Колкав дел од нашите примања му припаѓа на Бога?


Левит 27:30. Секоја ________ од земјата ..... Му припаѓа на Господа; тоа е Господова светина.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Технички, 100 проценти од сè што имаме му припаѓа на Бога.

Псалм 24:1 Господова е земјата и сè што е на неа, светот и сите кои живеат во него.

Но Бог бара од нас да признаеме дека веруваме оти сè му припаѓа Нему со тоа што ќе му дадеме десеток, односно десет проценти од нашите примања.

3. Што прави Господ со нашите десетоци?

3. Што прави Господ со нашите десетоци?


Броеви 18:21, 24. Еве, на _________ синови им ги давам во наследство сите десетоци во Израел за нивната служба - за службата што ја вршат .... Бидејќи десетокот на Израелевите синови, ..... им го давам во дел на левитите.

1 Коринтјаните 9:13, 14 Не знаете ли дека се хранат од храмот оние, кои исполнуваат света служба, и дека служителите на жртвеникот добиваат дел од жртвеникот? Така, Господ им нареди на оние, кои го проповедаат Евангелието, да живеат од Евангелието.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Во Стариот завет, Господ наредил десетокот да се користи како издршка за Левитите, кои биле Негови свештеници. Во 1 Коринтјаните 9:13, Бог вели исто како што свештениците порано биле платени од десетокот во храмот, така и денешните проповедници треба да бидат платени од десетокот кој се дава во црквата.

4. Дали системот на давање десеток е дел од стариот Мојсеев закон, кој беше прикован на крстот?

4. Дали системот на давање десеток е дел од стариот Мојсеев закон, кој беше прикован на крстот?


Битие 28:20, 22. Тогаш направи завет: .... од сè што ќе ми даваш, за Тебе ќе _________ десеток.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Не! И Аврам и Јаков Му дале десеток од своите примања на Господа уште пред да биде даден Мојсеевиот закон. Бидејќи ова се случува пред Синај, знаеме дека не е дел од церемонијалниот закон кој беше укинат на крстот. Законот за десеток е дел од Божјиот план за подршка на Божјето дело, и важи и ден денес.

5. Но зарем Исус не го осудил давањето десеток?

5. Но зарем Исус не го осудил давањето десеток?


Матеј 23:23. Горко вам, книжници и фарисеи, лицемери, кои давате десеток од нане, копра и кимин, а го оставивте поважното во Законот: правдата, милоста и верата. Ова _______ да се прави, а она да не се остава!

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Не. Исус видел дека скржавите фарисеи броеле ливчиња и ситни семчиња за десеток наместо да го однесат во храмот со бушели (мерка за количина). Затоа ги укорил за нивната точност во десетокот а за сметка на тоа потфрлиле во правдата, милоста и верата. Тој не ги осудил затоа што давале десеток, туку затоа што ги игнорирале останатите големи христијански принципи. Затоа Исус рекол: „Ова требаше да се прави (мислејќи на десетокот), а она да не се остава!“

6. Какво прекрасно ветување дава Господ во врска со десетокот?

6. Какво прекрасно ветување дава Господ во врска со десетокот?


Малахија 3:10. Донесете ги сите десетоци во ризницата, .... Тогаш ________ Ме - зборува Господ над Војските - не ќе ли ви ги отворам небесните брани и не ќе ли излеам врз вас благослов со полна мерка.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Господ вели: „Ако се сомневате, пробајте да дадете десеток. Испробајте Ме, и видете дали нема да ве благословам пребогато.“ Илјадници илјади кои даваат десеток ќе ви потврдат дека тоа е вистина. Не можете да дадете повеќе од она што Бог може вам да ви го даде.

7. Господ на целиот Свој народ му вели да го донесе десетокот во ризницата. Што значи тоа?

7. Господ на целиот Свој народ му вели да го донесе десетокот во ризницата. Што значи тоа?


Неемија 13:12. Тогаш сета Јудеја донесуваше во __________ десеток од житото, виното и маслото.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Ризницата е во суштина благајната на Божјата црква. Во Малахија 3:10, Господ ја именува ризницата како „Мој Дом“, што значи Негова црква, или храм. Други текстови каде што ризницата е означена како храм, или храмска благајна, се 1 Летописи 9:26 и Неемија 10:37, 38. Очигледно е дека ризницата е благајната на Божјата црква.

8. Кога даваме десеток, кој всушност ги прима нашите пари?

8. Кога даваме десеток, кој всушност ги прима нашите пари?


Колосјаните 3:23. Што и да правите, правете го од душата како за _______, а не за луѓе.

Евреите 7:8 И така, тука смртни луѓе земаат десеток, а таму Оној (Исус), за Кого се сведочи дека живее.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Секогаш треба да имаме на ум дека нашите десетоци не им ги даваме на луѓе, туку на Бога. Тие му припаѓаат Нему. Не треба да се грижиме за тоа како се користи десетокот доколку му го даваме на Господа. Тој е доволно голем да се погрижи за Своите пари и исправно да се справи со секој оној кој би бил неодговорен во раководењето со Неговите фондови.

9. Како надополнување на мојот десеток, кој му припаѓа на Бога, што друго бара Тој од Својот народ?

9. Како надополнување на мојот десеток, кој му припаѓа на Бога, што друго бара Тој од Својот народ?


Псалм 96:8. Принесете ______ и влезете во Неговите дворови.

Малахија 3:8 Може ли човек да краде од Бога? Но вие крадете од Мене. Ќе речете: 'што крадеме од Тебе? - од десетокот и од приносите.'

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Господ бара да му дадеме доброволни дарови како израз на нашата љубов кон Него и нашата благодарност за Неговите благослови.

10. Колкава сума треба да дадеме како дар?

10. Колкава сума треба да дадеме како дар?


2 Коринтјаните 9:7. Секој нека даде како што одлучил во ______, а не со жал и не од принуда, зашто Бог го љуби радосниот дарител.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Библијата не поставува некаква си одредена сума. Секој поединечно решава колку да даде како доброволен дар, онолку колку што ќе го поттикне Бог.

11. Кој е испитот на кој што Адам и Ева паднале а ние треба да го положиме доколку сакаме да го наследиме Божјото царство?

11. Кој е испитот на кој што Адам и Ева паднале а ние треба да го положиме доколку сакаме да го наследиме Божјото царство?


Битие 3:3. Само за плодот на ______ што е среде градината Бог рече: ‘Не јадете од него! И не допирајте го, за да не умрете!

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Господ им рекол на Адам и Ева да јадат од плодовите на сите дрвја во градината освен од едно - дрвото на спознавањето на доброто и злото. Тие не требало да јадат од тоа дрво, затоа што ќе умрат. Господ не ставил електрична ограда околу дрвото, туку го поставил онаму каде што можеле да го досегнат и да вкуста од неговиот плод. Тоа тие и го сториле, затоа што не му поверувале на Бога. Господ денес не става на истиот испит. Тој вели: „Можеш да ги задржиш сите пари што ќе ги заработиш, освен една десетина. Тој дел е Мој. Не земај го за себе.“ Но и покрај тоа, тој тие пари ги остава на наш дофат, каде што можеме да ги земеме ако тоа го сакаме. Но кога правиме такво нешто, го повторуваме гревот на Адам и Ева.
На Господа не му бил потребен плодот од тоа посебно дрво. Тоа било само испит за нивната послушност. Нему не му е потребен ниту нашиот десеток. Тој поседува сè! Тоа е испит за нашата љубов, послушност и вера.

12. Која заповед ја кршиме кога одбиваме да му дадеме десеток или приноси на Господа?

12. Која заповед ја кршиме кога одбиваме да му дадеме десеток или приноси на Господа?


Излез 20:15. Не _____!

Малахија 3:8 Може ли човек да краде од Бога? Но вие крадете од Мене. Ќе речете: 'што крадеме од Тебе? - од десетокот и од приносите.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Господ таквите кои свесно не даваат десеток и дарови ги нарекува крадци. Доволно е лошо кога луѓето крадат едни од други, но страшна е само и помислата кога воопшто се обидуваат да крадат од Бога! Тешко е исто така да се поверува дека луѓето би паднале толку ниско да крадат пари што Бог ги наменил за ширење на Евангелието.

13. Што вели Бог дека ќе им се случи на оние кои свесно Го крадат од десетокот и приносите?

13. Што вели Бог дека ќе им се случи на оние кои свесно Го крадат од десетокот и приносите?


Малахија 3:9. Со проклетство сте ___________, зашто Ме одбирате - вие и сиот народ.

1 Коринтјаните 6:10 Ни крадците, ни лакомците, ни пијаниците, ни клеветниците, ни разбојниците, нема да го наследат Божјото Царство.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Таквите кои не се верни во давањето десеток и дарови се проколнати, и доколку не се променат, нема да влезат во Божјото царство оти се означени како крадци.

14. Зошто алчноста е толку опасна?

14. Зошто алчноста е толку опасна?


Лука 12:34. Зашто каде е вашето __________, таму ќе биде и вашето срце.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Алчноста е фатална затоа што нашите срца ги следат нашите вложувања. Доколку сум фокусиран на акумулирање на се повеќе пари, моето срце станува алчно, скржаво и гордо. Но доколку сум фокусиран на напредокот на Божјото дело, моето срце ќе стане грижливо, милно, слободно и понизно. Нашите срца неминовно го следат нашето богатство. Никогаш не смееме да заборавиме дека алчноста и љубовта кон парите беа клучни што придонесоа Јуда да го издаде Исуса за 30 сребреника (Матеј 26:14-16).

15. Како се чувствува Исус кога го крадеме во десетокот и приносите?

15. Како се чувствува Исус кога го крадеме во десетокот и приносите?


Евреите 3:10. Затоа се _______ на тоа поколение и реков: секогаш скитаат во срцето, не ги познаа Моите патишта.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Исус веројатно се чувствува како родителот чие дете краде пари од неговиот паричник. Загубата на парите и не е голема работа. Но, недостатокот на интегритет, љубов и доверба кај детето е длабоко разочарувачки. Секако дека никој од нас не би сакал да го повредува срцето на нашиот Спасител.

16. Кои други библиски принципи ги кажува Господ во врска со давањето?

16. Кои други библиски принципи ги кажува Господ во врска со давањето?


2 Коринтјаните 8:5. Туку и самите ____ Му се предадоа прво на Господа.

Пословици 3:9 Почитувај Го Господа со својот имот и со првините на сиот свој приход.

Пословици 11:24, 25 Кој дели изобилно, сè повеќе има, а кој скржави сè е посиромашен. Благотворната душа наоѓа поткрепа, а кој ги напојува другите, сам ќе се напои.

Дела 20:35 Поблажено е да се дава, отколку да се прима.

Лука 12:21 Кој собира благо за себеси, ..... не се богати во Бога.

Лука 6:38 Давајте и ќе ви се даде: добра мерка - набиена, натресена, преполнета, ќе ви биде дадена во скутот.

1 Коринтјаните 16:2 Секој од вас, нека оддели и остави при себеси колку што може.

Второзаконие 16:17 Но секој нека принесе што може, според благословот што ти го додели Господ, твојот Бог.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Девет десетини од моите примања заедно со благословот од Бога се повеќе отколку десет десетини без благослов. Кога Бог ги отвора небесните прозори, Неговите благослови не се секогаш финансиски. Тие можат да значат добро здравје, спокој, одговорени молитви, заштита, блиско семејство и семејство полно со љубов, физичка сила, способност за носење мудри одлуки, поблиска заедница со Христа, успех во придобивањето на души, стар добар автомобил итн. Ако вистински го сакаме Исуса, пожртвуваното давање за Неговото дело нема никогаш да претставува проблем. Напротив, ќе биде вистинки благослов - прекрасна привилегија што ќе ја извршуваме со огромна радост и задоволство.

17. Што претставувале скалилата што Јаков ги видел во својот сон?

17. Што претставувале скалилата што Јаков ги видел во својот сон?


Јован 1:51. Отсега ќе го видите небото отворено и Божјите ангели како се искачуваат и слегуваат над Човечкиот ____.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Јаков видел скалила кои ги поврзувале небото и земјата, кои го симболизираат Синот Човечки. Во Малахија 3:10, Господ ветува дека доколку ги донесеме сите десетоци во ризницата, Тој ќе ги отвори за нас небесните прозорци и ќе излие благослови што тешко би можеле да ги примиме! Исус е тој благослов.


18. Кој е најголемиот дар што можеме да му го дадеме на Исуса?


Пословици 23:26. Сине мој, дај ми го своето _____ и нека твоите очи внимаваат на моите патишта. Марко 7:6 Овој народ Ме почитува со усните, а нивното срце е далеку од Мене.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Кога Исус ги има нашите срца, Тој има и сè друго.


19. Кога сме верни во давањето десеток и во приносите, Исус станува наш партнер во сè што превземаме во животот. Дали би сакале да го поканите да биде ваш партнер со тоа што ќе му го дадете својот десеток и приносите?




Одговор:  ____________________