Skip Main Navigation
Amazing Facts - God's Message Is Our Mission!
   |  

Танцот на ќерката

Print Friendly
Танцот на ќеркатаLesson 19

Жената на царот Ирод, Иродијада, го мразела Јован Крстител. Пустинскиот пророк си дозволил да ја нарече прељубница затоа што го напуштила својот маж Филип за да се омажи со неговиот злобен но побогат брат. Злобната царица одлучила да го искористи своето влијание над Ирод за да се справи со Јован. Прво, го натерала својот маж да го уапси. Потоа, побарала Јован да биде егзекутиран, но Ирод одбил. Тој знаел дека Јован е вистински пророк и се плашел од силна реакција на народот.

Најпосле, Иродијада го осмислила целиот план. Таа организирала забава по повод роденденот на Ирод и ги поканила сите негови пријатели и благородниците од неговото царство, потоа се договорила со својата ќерка Салома да игра заводнички пред Ирод. Таа се надевала дека откако Ирод ќе испие неколку чаши вино, тој ќе ја праша Салома каква награда би сакала за својот омајувачки танц.

Нејзиниот злокобен план успеал. По танцот на Салома, Ирод дал помпезно ветување: „Што и да побараш од мене, ќе ти дадам - до половина на моето царство.“ Марко 6:23. Додека напиените гости и аплаудирале на царевата великодушност, девојката подготвено чекала да го изнесе своето барање. Потоа ги шокирала сите барајќи да и се донесе главата на Јован на послужавник! Ирод бил запрепастен од ужасното барање, а шокираните пријатели го исчекувале неговиот одговор. Плашејќи се да не изгледа слаб ако одбие, гордиот цар безволно дал заповед. Истиот ден големиот пророк Јован беше обезглавен во затворот.

Ова не беше единствен пат кога мајка и ќерка се послужиле со силата на власта да го прогонуваат Божјиот народ.
1. Кој друг тим на мајка и ќерка учествувале во прогонство на Божјиот народ во Стариот завет.

1. Кој друг тим на мајка и ќерка учествувале во прогонство на Божјиот народ во Стариот завет.



1 Цареви 18:13. ________ ги погуби Господовите пророци.

2 Цареви 11:1 Затоа Охозиевата мајка Готолија, откако виде дека и загина синот, стана и го погуби сиот царски род.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Во Стариот завет, Језавела и нејзината ќерка Готолија биле познати по своето насилничко владење во Израел и Јуда (северното и јужното царство), и по присилно воведување на паганство кај Божјиот народ.

2. Која е втората ангелска вест во Откровение 14-та глава?

2. Која е втората ангелска вест во Откровение 14-та глава?



Откровение 14:8. И друг, втор, ангел дојде по него, велејќи: Падна, падна големиот ________, кој ги напои сите народи со страсното вино на своето блудство.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Откровение 14 содржи итна тројна порака која мора да допре до сите краишта на светот пред Исус да дојде по втор пат. Во оваа лекција ќе ја разгледаме втората порака. Господ соопштува обвинение против Вавилон од причина што тој ги опил сите народи со своето опојно вино. Во оваа лекција ќе бидат споменати некои многу директни и можеби вознемирувачки пораки како за католичкиот и протестанскиот така и за православниот свет. Запомнете дека втората ангелска вест доаѓа од Исуса, Оној кого сите ние го сакаме. Отворете го своето срце кон Неговата вистина, затоа што единствената Негова цел е да ве спаси и благослови.

3. Како Библијата го опишува Вавилон во Откровение 17-та глава?

3. Како Библијата го опишува Вавилон во Откровение 17-та глава?



Откровение 17:18. А ______, која ја виде, е големиот град, кој царува над земните цареви.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Во библиските пророштва, жената ја симболизира црквата. Чистата жена ја претставува вистинската Божја црква онака како што е опишана во Откровение 12. Неверната жена претставува црква која се оддалечила од Библијата. Можеме со сигурност да кажеме која е оваа отпадната жена, бидејќи Откровение 17:18 ни вели дека таа владеела во времето кога самата книга Откровение била пишувана. Историјата ни кажува дека таа жена го претставува паганскиот Рим (Лука 2:1) кој потоа својата власт, главен град и сила ќе му ги даде на папскиот Рим.

4. Кој друг доказ од Откровение 17 докажува дека Вавилон се однесува на папскиот Рим?

4. Кој друг доказ од Откровение 17 докажува дека Вавилон се однесува на папскиот Рим?



Откровение 17:3. ....и видов жена како седи на црвен ѕвер, кој беше полн со __________ имиња.

А. Таа е виновна за богохулење (стих 3).
Б. Таа е облечена во пурпурно и црвено (стих 4).
В. Се нарекува Мајка (стих 5).
Г. Има блудни ќерки кои исто така се отпаднати (стих 5).
Д. Таа ги прогонувала и убивала светите (стих 6).
Ѓ. Седи на „седум гори“ (стих 9).
Е. Владеела над „земните цареви“ (стих 18).

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Папскиот Рим ги исполнува сите описи. Неговото седиште е во Рим - „град на седум гори“. Црвената боја е боја на облеката на кардиналите, а папата често во некои свечени моменти носи пурпурна облека. Римо-католичката црква јасно признава дека за време на Средниот Век, таа ги прогонувала светите и владеела над земните цареви. (Како доказ дека папството е виновно и за богохулење погледнете ја лекција бр. 13). Божјата симболика совршено се вклопува - отпадната мајка црква чии што отпаднати ќерки протестирале и така станале познати како Протестанти. Обратете внимание на следниот цитат од Отец Џејмс А. О Брајан: „Празнувањето (на неделата место на саботата) останува како потсетник на Мајката Црква од која што беа отцепени не-католичките секти.“1

1The Faith of Millions (Huntington, IN: Our Sunday Visitor, Inc., 1974), p. 401.

5. Какви се во споредба ѕверовите од Откровение 13 и 17?

5. Какви се во споредба ѕверовите од Откровение 13 и 17?



Откровение 13:1. А јас застанав на песокта од морскиот брег. И видов Ѕвер, како излегува од морето, кој имаше десет _______ и седум глави, ...... и на неговите глави богохулни имиња.

Откровение 17:3 И видов жена како седи на црвен ѕвер, кој беше полн со богохулни имиња и имаше седум глави и десет рогови.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Ѕверот од Откровение 13:1-10 и ѕверот од Откровение 17 се очигледно едно те исто. И двата ѕвера ја симболизираат Римската моќ. Во Откровение 17 се укажува на коалицијата црква-држава, каде што црквата (блудницата) го јава (ѕверот), односно ја контролира државата. Во Откровение 13 исто така се опишани два ѕвера кои се инволвирани во присилување на другите кому ќе му служат. Првиот ѕвер е истата сила како „мајката на блудниците“ опишана во Откровение 17. Оваа лекција наскоро ќе го открие идентитетот и на вториот ѕвер.

6. Кое е значењето на зборот „Вавилон“ и од каде потекнува?

6. Кое е значењето на зборот „Вавилон“ и од каде потекнува?



Битие 11:4, 6, 7, 9. Сега да соѕидаме град и кула, висока до небото; .... И Господ рече: .... Ајде да слеземе и да им го _______ јазикот нивни за да не се разбираат еден со друг што зборуваат! .... Затоа тој се нарече Вавилон, зашто таму го збрка Господ јазикот на целата земја.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Термините “Бабел“ и „Вавилон“ означуваат збрка. Името потекнува од Вавилонската кула, што ја граделе дрските пагани после потопот. Тие се надевале дека ќе изградат толку висока кула што никаков следен потоп нема да ја потопи. Но Господ им ги побркал јазиците, што предизвикало таков хаос што дошло до пропаѓање на проектот. Подоцна Вавилон ќе стане светско идолопоклоничко царство што ќе го прогонува Божјиот народ. Во книгата Откровение, терминот „Вавилон“ означува лажен религиски систем кој е непријател на Божјиот духовен Израел.

7. Како Господ го опишува Вавилон, и зошто го тера Својот народ да излезе од таму?

7. Како Господ го опишува Вавилон, и зошто го тера Својот народ да излезе од таму?



Откровение 18:2-4. И извика со силен глас, велејќи: _______, падна големиот Вавилон, и стана демонско живеалиште и засолниште на сите нечисти духови, .... Излезете од неа, народе Мој, за да не бидете соучесници во нејзините гревови и да не ги примите нејзините зла.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Господ вели дека Вавилон паднал и станал демонско живеалиште и засолниште на нечисти духови. Тој предупредува дека неговите гревови се толку навредливи што мора да биде уништен. Божјиот народ мора бргу да излезе од таму, во спротива ќе биде уништен со злата што ќе се истурат врз Вавилон.

8. Исус постојано го обвинува Вавилон што го напојува светот со своето вино. Што претставува тоа вино?

8. Исус постојано го обвинува Вавилон што го напојува светот со своето вино. Што претставува тоа вино?



Откровение 17:4. Држејќи во својата рака златна чаша, полна со ________.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Неговата чаша со вино е полна со лаги (Пословици 12:22), односно лажни учења што духовно ги опиваат луѓето. Еве една делумна листа на неговите опасни лаги:

А. Десетте заповеди не се важечки (види лекција бр.6).

Б. Светоста на неделата (види лекција бр.14).

В. Тајно вознесение (види лекција бр.3).

Г. Бесмртност на душата (види лекција бр.9).

Д. Вечно мачење во пеколот (види лекција бр.10).

Ѓ. Исповедање пред свештеник (види лекција бр.13).

Е. Лажно крштевање (види лекција бр.11).

Ж. Збрка од јазици (види лекција бр.23).

Тажно е тоа што, штом ќе се прифатат пораките на Вавилон, личноста духовно се опијанува и практично не е способна да разбере што Библијата навистина вели, бидејќи овие лажни доктрини ги затапуваат личните способности за разбирање на вистината.

9. Која сила ќе го подржува ѕверот во последното време?

9. Која сила ќе го подржува ѕверот во последното време?



Откровение 13:11, 12. И видов ____ ѕвер, како излегува од земјата, и имаше два рога, како кај јагне, а зборуваше како змев. И тој ја вршеше власта на првиот Ѕвер, пред него, и направи земјата и нејзините жители да му се поклонуваат на првиот Ѕвер, чија смртоносна рана беше залечена.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Внимавајте! Вториот ѕвер од Откровение 13 ги симболизира САД. Погледнете ги доказите:

А. Времето во кое се појавува.
Господ ја опишува оваа сила како се подига отприлика во истото време кога првиот ѕвер бива заробен и добива смртна рана (Откровение 1310, 11). САД се појавуваат во времето кога папската моќ била скршена, кон крајот на 1260-те години, а тоа е 1798 година.

Америка ја прогласува својата независност во 1776, го изгласува уставот во 1787, ја усвојува Повелбата на слободата во 1791 година, и била јасно призната како светска сила во 1798 година.


Б. Излегува од земјата.
Како што проучивме порано, водите од кои повеќето царства (ѕверови) излегуваат, претставуваат густо населени региони (Откровение 17:15). Земјата претставува спротивност. САД совршено го исполнуваат ова бидејќи беа основани на слабо населен континент.


В. Има два рога како на јагне.
Во пророштвата, јагнето го претставува Исуса а рогот претставува сила. Двата рога ги претставуваат протестантските принципи на кои беше основана Америка - цивилна и верска слобода. Основачите пребегнале од Европа за да избегаат од верското и политичко прогонство. Тие основале општество засновано на принципите на цивилна и верска слобода - „влада без цар и религија без папа“.

10. Кои драстични промени ќе се случат во Америка според она што го кажува пророштвото?

10. Кои драстични промени ќе се случат во Америка според она што го кажува пророштвото?



Откровение 13:11. А ________ како змев.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   „Зборуваше како змев“ значи дека САД, под влијание на сатаната, ќе ги променат своите првобитни протестантски принципи на разделеност на црквата од државата. Ќе наметнат религиски закони со што ќе ги присилат луѓето да служат спротивно на својата совест или во спотивно да бидат казнети со економски санкции (стихови 16, 17) а на крај и со смрт (стих 15).

11. Кои три сили ќе се обединат против Божјиот народ во последното време?

11. Кои три сили ќе се обединат против Божјиот народ во последното време?



Откровение 16:13. И видов како од устата на змевот и од устата на ѕверот и од устата на лажниот ______ излегуваат три нечисти духа како жаби.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Змевот е сатаната (Откровение 12:9), кој дејствува преку паганските религии. Ѕверот од Откровение 13:1-10 е папството. Лажниот пророк во Откровение 16 е отпаднатиот протестантизам во Америка, кој е всушност истата сила како и ѕверот во Откровение 13:11-17 што има два рога како на јагне но ќе проговори како змев. Ова е силата која „правеше големи чуда“ и „ги заведуваше жителите на земјата со чудата, што му беа дадени да ги прави пред Ѕверот.“ Откровение 13:13, 14. (Направи споредба со описот за лажниот пророк даден во Откровение 19:20).

12. Дали овие најразлични организации ќе се обединат некогаш?

12. Дали овие најразлични организации ќе се обединат некогаш?



Откровение 16:14. Имено, тоа се демонски духови, кои прават чуда и одат при ________ на целиот свет, за да ги соберат за војна во великиот ден на Бога Сèмоќниот.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Да, Господ вели дека ќе се обединат. Забележете дека тие се обединуваат во својот обид да шират измами и во градењето конфедерација против Божјиот народ. „Војната во великиот ден на Бога Сèмоќниот“ е истиот настан со војната на змевот против семето на жената (Откровение 12:17).

13. Какви ефективни методи ќе употреби оваа коалиција на последното време?

13. Какви ефективни методи ќе употреби оваа коалиција на последното време?



Откровение 16:14. Имено, тоа се демонски духови, кои прават _____.

Откровение 13:13, 14 И правеше големи чуда, така што и оган симнуваше од небото на земјата пред луѓето. Тој ги заведуваше жителите на земјата со чудата, што му беа дадени да ги прави.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Оваа коалиција ќе прави големи чуда со сатанска моќ, и скоро целиот свет ќе биде убеден (Откровение 13:3) и заведен. Во Откровение 18:23 се вели: „Зашто со твоите вражања беа измамени сите народи.“

14. Што ќе спречи Божјиот народ на остатокот да биде измамен?

14. Што ќе спречи Божјиот народ на остатокот да биде измамен?



Исаија 8:20. Допрашајте се до ________ и откровението! Ако некои речат дека не е така, тогаш за нив нема светлина.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

   Божјиот народ ќе треба сè да испитува со Библијата. Тој нема да биде измамен, затоа што ќе ги провери чудата и учењата за да утврди дали доаѓаат од сатанските духови или пак од Бога.

15. Денес Господ ги повикува Своите да излезат надвор од Вавилон и да влезат во сигурноста на Неговата црква на остатокот. Тој вели дека оние што ќе останат во Вавилон ќе имаат учество во нејзините гревови и ќе ги примат нејзините казни. Во времето на Ное, само осум души влегоа во бродот што Бог го обезбеди за нивно спасение. Сите останати настрадаа. Денес Тој ја обезбедил Својата црква на остатокот како брод на сигурноста во кој милиони влегуваат. Исус ве повикува и вас „Влезете: ти и сето твое семејство во бродот.“ Битие 7:1. Дали ќе кажете „Да“ на Неговата покана?

15. Денес Господ ги повикува Своите да излезат надвор од Вавилон и да влезат во сигурноста на Неговата црква на остатокот. Тој вели дека оние што ќе останат во Вавилон ќе имаат учество во нејзините гревови и ќе ги примат нејзините казни. Во времето на Ное, само осум души влегоа во бродот што Бог го обезбеди за нивно спасение. Сите останати настрадаа. Денес Тој ја обезбедил Својата црква на остатокот како брод на сигурноста во кој милиони влегуваат. Исус ве повикува и вас „Влезете: ти и сето твое семејство во бродот.“ Битие 7:1. Дали ќе кажете „Да“ на Неговата покана?





Одговор:  ____________________


Дополнителен материјал за проучување

Колку се моќни САД и Рим?
Откровение 13 поглавје укажува на тоа дека во времето на последокот, папството и САД ќе делуваат заеднички сакајќи да го подготват целиот свет да му служи на ѕверот. Дали овие две единки се доволно моќни за да го постигнат ова?

Папството е секако најсилната религиозно-политичка сила во светот. Скоро секоја водечка земја има официјален амбасадор или државен претставник во Ватикан. Папата е почитуван и добредојден практично во секоја земја. Поранешниот лидер на СССР, Михаил Горбачов рекол: „Сето она што се случуваше во Источна Европа во изминативе години би било невозможно без напорите на папата и без големата улога, вклучувајќи ја и политичката улога, која тој ја игра на светската сцена.“1 Папата има направено повеќе од 50 посети ширум целиот свет за да ја постигне својата цел за соединување на религиозниот свет и негово ставање под свое водство.

На Америка денес се гледа како на најголема воена моќ и земја со најголемо влијание. „ (Америка) е единствената планетарна суперсила.“2

„Силата на Америка ќе ги одреди сите поголеми глобални случувања"3 Библиските пророштва со потполна сигурност предвидуваат дека САД и папството ќе се здружат, а светските случувања јасно покажуваат дека таа коалиција е веќе во своето формирање.

1Toronto Star, March 9, 1992, p. A-1.

2"The UN Obsession," Time, May 9, 1994, p. 86.

3Jim Hoaglad, "Of Heroes ...," The Washington Post, August 21, 1991, p. A-23.

Storacles Lesson Set by Doug Batchelor

Storacles Lesson Set by Doug Batchelor

Other Languages


Contact Us

Name:


Email:


Prayer Request:


Share a Prayer Request
Name:


Email:


Bible Question:


Ask a Bible Question

Related Video

Related Audio

Related Print

God's Promises




(916) 434-3880 | AF iTools | Employment | Site Map | Privacy Statement | Terms of Use     Copyright 2015 by Amazing Facts Inc.

Back To Top