Дали има нешто преостанато во кое можеш да веруваш?

1,783 Reads  |   Print Friendly
Previous:
Дали има нешто преостанато во кое можеш да веруваш?
Lesson #1
Во овие денови на неморалност - кога милиони денари се украдени преку нечесност, кога големите водачи на народот се покажаа недоверливи; кога сигурните места за инвестиции се ретки; кога лагата речиси изгледа нормална во политиката; кога највисоките функционери не можат да ги решат националните проблеми; кога порнографијата е заштитена со закон; кога нема правда во судството; кога оние на кои што најмногу им веруваш, најчесто најмногу те повредуваат - има ли нешто преостанато на кое што можеш да му веруваш? Да, навистина, можеш потполно да му веруваш на Божјиот пишан збор - Библијата. Зошто? Да ги погледнеме доказите.
Библијата не е колекција на човечки идеи.  Нејзините писатели биле водени од Светиот Дух.
Библијата не е колекција на човечки идеи. Нејзините писатели биле водени од Светиот Дух.

1. Што Библијата тврди за себеси?

Библијата вели: "Целото Писмо е од Бога вдахновено" 2. Тимотеј 3:16. "Оти никогаш според човечка волја не е изречено пророштво, туку светите Божји луѓе зборувале поттикнати од Светиот Дух" 2. Петрово 1:21. "Писмото не може да се урне" Јован 10:35.

Одговор:   Таа тврди дека е вдахновена. Напишана е од луѓе кои биле водени од Светиот Дух. Не може да се урне или да се покаже неточна.

Исус ја цитирал Библијата и изјавувал дека таа е вистинита.
Исус ја цитирал Библијата и изјавувал дека таа е вистинита.

2. Како Исус ја покажа Својата доверба и вера во Светото Писмо?

Исус кажа: "Напишано е: ‘Човек не живее само од леб.’" "Напишано е исто така: ‘Не искушувај го Господ твојот Бог.’" "Зашто е напишано: ‘На Господа, твојот Бог, да Му се поклонуваш и само Нему да Му служиш’" Матеј 4:4, 7, 10. "Твоето слово е вистина" Јован 17:17.

Одговор:   Исус го цитираше Писмото кога се соочуваше со искушенијата на сатаната. Тој исто така потврди дека Библијата е вистинита (Јован 17:17). Често пати Исус го цитираше Писмото како авторитет за вистината која Тој ја поучуваше.

Пред да се роди Кир, еден Божји библиски пророк го именувал него како генералот кој ќе го собори Вавилон.
Пред да се роди Кир, еден Божји библиски пророк го именувал него како генералот кој ќе го собори Вавилон.

3. Дали библиските пророштва ја потврдуваат нејзината вдахновеност?

Библијата вели: "Јас сум Господ... нови нешта објавувам: пред тоа да стане, Јас ве известувам" Исаија 42:8, 9. "Јас сум Господ... Јас го навестувам во почетокот она што ќе биде на крајот, од старо време она што уште не станало" Исаија 46:9, 10.

Одговор:   Библиските претскажувања за нештата што ќе се случат во иднина ја потврдуваат вдахновеноста на Писмото кога тие ќе се случат. Забележи ги следниве примери на исполнети библиски пророштва:

A. Ќе се подигнат четири светски империи: Вавилон, Медо-Персија, Грција и Рим (Даниел 2, 7 и 8 глава).

Б. Кир ќе биде војувачот што ќе го освои Вавилон (Исаија 45:1-3).

В. По пропаста на Вавилон, тој никогаш повеќе нема да биде населен (Исаија 13:19, 20 Еремија 51:37).

Г. Египет никогаш повеќе нема да има владеачко место помеѓу нациите (Езекиел 29:14, 15 30:12, 13).

Д. Ќе има земјотреси и страв во последното време од оваа земја (Лука 21:25, 26).

Ѓ. Ќе дојде до морална дегенерација и опаѓање на духовноста во последните денови (2. Тимотеј 3:1- 5).


4. Можеме ли да очекуваме научните тврдења во Библијата да бидат точни?

"Вистината е основа на Твоите слова" Псалм 119:160. "Духот на вистината... ќе ве упати во секоја вистина" Јован 16:13.

Одговор:   Да, Библијата е вистинита. Светиот Дух, кој ги водеше писателите на Библијата, секогаш говори вистина. Еве неколку библиски тврдења што науката ги потврдува:

A. "Тој... ја закачил земјата на ништо" Јoв 26:7. Овој научен факт е од книгата за Јов, најстарата книга во Библијата.

Б. "Тој е Оној, Кој седи над кругот на земјата" Исаија 40:22. Библијата кажа дека земјата е тркалезна векови пред човекот да го открие тоа.

В. "Кога Тој му даваше на ветерот мерка" Joв 28:25. Долго време пред научниците да дознаат, Бог кажа дека ветерот има тежина.

Г. "И сè преку Него се држи" Колосјаните 1:17. Зборот "држи" тука буквално значи "држи заедно" или "припоено." Многу преводи на Библијата велат "држи заедно." Ова е одговорот на физичарите во врска со чудните прашања за атомот. Вистинската тајна за атомот не е во неговата вчудовидувачка нуклеарна сила, туку: "Зошто атомот не се распрснува?'' Научното знаење вели треба, но не е така. Некои научници се прашуваат која е таа збунувачка сила, сосема непозната за нив, што го држи заедно. Библијата ни кажува дека таа мистериозна сила е Создателот, самиот Бог.

Ужасниот помор на СИДА немаше да постои доколку старите Божји правила за моралноста беа почитувани.
Ужасниот помор на СИДА немаше да постои доколку старите Божји правила за моралноста беа почитувани.

5. Дали Библиските здравствени принципи се во хармонија со умот на дваесет и првиот век?

Одговор:   A. Покриј го изметот со земја (Второзаконие 23:12, 13.

Одредбата дадена на Мојсеј дека изметот треба да биде закопан во земја, дадена пред 3500 години, спасила многу илјадници еврејски животи. Многу проблеми и денес се јавуваат кога санитаријата не е правилно решена.

Б. "Ниту, пак да блудствуваме" 1. Коринтјаните 10:8.

Зборот "блудствување" означува секаков вид на неморално сексуално однесување. Немаше да постои таква епидемија на СИДА доколку се почитуваше овој совет на Библијата, ниту пак абортусот ќе беше светски скандал како што е тоа сега.

В. Остави ги алкохолните пијалоци настрана. (Изреки 23:29-32).

Доколку овие ефикасни решенија на Библијата беа имплементирани, само замисли што би значело тоа:

1. Милиони алкохоличари би станале трезвени граѓани.

2. Милиони семејства би биле соединети.

3. Милиони преполовени домови би се обединиле.

4. Илјадници животи би се спасиле со трезвено возење.

5. Илјадници политичари, економисти и водачи би донесувале правилни одлуки.

6. Милиони парични средства би се искористиле за хуманитарна цел.

Забелешка: Бог не само што ни кажува како да бидеме радосни помеѓу денешниве тешки проблеми, туку исто така Тој ни дава извонредна сила да ги надминеме (1. Коринтјаните 15:57 Филипјаните 4:13 Римјаните 1:16). Библиските здравствени принципи се важни и очигледно потребни, но малкумина ги слушаат. (За повеќе за здравјето, види лекција 13.)

Античките пронајдоци од археолозите постојано ја потврдуваат прецизноста и веродостојноста на Библијата.
Античките пронајдоци од археолозите постојано ја потврдуваат прецизноста и веродостојноста на Библијата.

6. Дали историските тврдења на Библијата се точни?

Библијата вели: "Јас сум Господ, Кој што изрекува правда, Кој што ја открива вистината" Исаија 45:19.

Одговор:   Античките пронајдоци од археолозите постојано ја потврдуваат прецизноста и веродостојноста на Библијата.

Одговор: Да, Библиските историски тврдења се точни. Она што Бог го вели во Својата книга е вистина. Некогаш, привремено, не би можеле да најдеме извесни докази за некој историски факт од Библијата, но со време доказите излегуваат на површина. Забележи го следново:

A. Со години скептиците велеа дека на Библијата не може да се потпреме затоа што во неа се споменуваат Хетејците како нација (Второзаконие 7:1) и градови како Ниневија (Јона 1:1, 2) и како Содом (Битие 19:1), кои беа порекнувани дека некогаш постоеле. Но денес модерната археологија потврдува дека тие навистина постоеле.

Б. Критичарите исто така велеа дека царот Валтазар кој се споменува во Библијата (Даниел 5:1) и Саргон (Исаија 20:1) никогаш не постоеле. Уште еднаш, повторно, беше потврдено дека тие постоеле во историјата.

В. Критичарите исто така тврдеа дека сведоштвото на Мојсеј од Библијата е неосновано бидејќи се споменува пишување, (Битие 24:4) и кочии на тркала (Битие 14:25), за кои тие тврделе дека ниту едно не постоело во тоа време. Тие денес мислат поинаку за тоа.

Г. Едновремено, 39-те древни израелски цареви кои владееја за време на поделеното царство беа потврдени само од библискиот извештај, така да критичарите тврдеа дека тоа е фабрикувано. Но кога археолозите најдоа историски ракописи кои многу пати ги споменуваат овие 39 цареви, повторно Библијата се покажа за точна. Постојано се пакажува дека критичарите грешат кога новите откровенија ги потврдуваат библиските личности, места и настани. Така ќе биде секогаш.

7. Едно од најголемите чуда на Библијата е нејзиното единство. Ве молиме размислете за следниве восхитувачки факти:

7. Едно од најголемите чуда на Библијата е нејзиното единство. Ве молиме размислете за следниве восхитувачки факти:

Одговор:   

A. Сите 66 книги од Библијата беа напишани:

1. На три континенти.

2. На три јазика.

3. Од околу 40 различни луѓе (цареви, пастири, рибари, адвокати, генерал на армија, свештеници и еден доктор).

4. Во период од околу 1500 години.

5. На најконтроверзни теми.

6. Од луѓе кои, во најголем број случаи, никогаш не се сретнале.

7. Од писатели со различно образование и животна историја.


Б. Да, иако изгледа невозможно:

1. Сите 66 книги се во потполна хармонија помеѓу себе.

2. Често пати нови концепти на одредени теми се употребени, но овие термини не ја поткопуваат хармонијата на она што другите библиски писатели го кажале за истиот предмет.


В. Еве нешто восхитувачко!

Прашај некои луѓе што биле сведоци на еден ист настан да ти раскажат што се случило. Тие многу ќе се разликуваат и најчесто ќе бидат во контрадикција помеѓу себе на некој начин. Но сепак Библијата, пишувана од 40 различни писатели преку период од 1500 години, изгледа како да била напишана од еден ист ум. И, навистина, така беше: "Светите Божји луѓе зборувале поттикнати од Светиот Дух" 2. Петрово 1:21. Светиот Дух ги поттикнуваше сите нив. Тој е вистинскиот Автор на Библијата. Четирите евангелија понекогаш опишуваат еден ист настан на различен начин, но тие се секогаш единствени помеѓу себе.

Прифаќањето на Христа и послушноста кон Библијата ги менува пијаниците, неморалните, безбожните во трезвени и морално чисти христијани полни со љубов. Скептиците не можат да го објаснат овој факт.
Прифаќањето на Христа и послушноста кон Библијата ги менува пијаниците, неморалните, безбожните во трезвени и морално чисти христијани полни со љубов. Скептиците не можат да го објаснат овој факт.

8. Каков доказ за вдахновеноста на Библијата може да се најде во животот на луѓето?

Библијата вели: "И така, кој е во Христа, тој е ново создание, старото помина; ете, се стана ново" 2. Коринтјаните 5:17.

Христијаните поседуваат внатрешна радост и мир кои што другите ги немаат.
Христијаните поседуваат внатрешна радост и мир кои што другите ги немаат.
Одговор:   Променетиот живот на оние кои го следат Исус и се послушни на Светото Писмо е најсилен доказ за вдахновеноста на Библијата. Пијаницата станува трезвен неморалниот, морален зависните, слободни безбожниот, полн со почитување кон Бога страшливецот, храбар грубиот, љубезен.

Еден американски скептик посетил еден остров каде што домородците биле човекојадци. Кога здогледал еден стар човек како чита Библија, почнал да го исмејува затоа што чита книга "полна со митови кои што се покажале неточни." Домородецот му се насмевнал и му рекол: "Пријателе, биди благодарен што веруваме во оваа книга. Да не беше така, ќе те служевме за ручек." Библијата навистина ги променува луѓето, и овој восхитувачки факт ја потврдува вдахновеноста на Библијата.


9. Какви докази за вдахновеноста на Библијата се покажуваат кога ќе ги споредиме пророштвата на Стариот Завет за доаѓањето на Месијата и случувањата во Новиот Завет во животот на Исус Христос?

Библијата вели: "Па, кога почна од Мојсеја и од сите пророци, им зборуваше што е кажано за Него во целото Писмо" Лука 24:27. "Бидејќи (Аполос) ги изобличуваше Јудејците пред целиот народ, докажувајќи преку Писмото дека Исус е Христос" Дела 18:28.

Одговор:   Предвидувањата на Стариот Завет за Месијата што требаше да дојде беа толку конкретни и толку јасно исполнети од Исус Христос што двајцата Исус и Аполос ги користеа истите пророштва за да им докажат на Евреите дека Исус беше вистинскиот Месија. Постојат над 125 од овие пророштва. Да погледнеме само 12:

Пророштво Стариот завет Исполнување во Новиот завет
1. Роден во Витлеем Михеј 5:2 Maтеј 2:1
2. Роден од девица Исаија 7:14 Maтеј 1:18-23
3. Од лозата на Давид Еремија 23:5 Откровение 22:16
4. Обид за убиство од Ирод Еремија 31:15 Maтеј 2:16-18
5. Предаден од пријател Псалм 41:9 Joван 13:18, 19, 26
6. Продаден за 30 сребреници Захарија 11:12 Maтеј 26:14-16
7. Распнат Захарија 12:10 Joван 19:16-18, 37
8. Фрлена жрепка за Неговата облека Псалм 22:18 Maтеј 27:35
9. Без прекршена коска Псалм 34:20 Излез 12:46 Joван 19:31-36
10. Погребан во гроб на богат човек Исаија 53:9 Maтеј 27:57-60
11. Година и ден на Неговата смрт Даниел 9:26, 27 Излез 12:6 Maтеј 27:45-50
12. Воскреснат на третиот ден Осија 6:2 Дела 10:38-40


Др. Петар Стонер, поранешен претседател на одделенијата за математика, астрономија и инженерство на колеџот Пасадена во Калифорнија, работел неколку години со 600 студенти употребувајќи го “принципот на веројатност” на пророштвата за доаѓањето на Месијата. Тие избраа само осум од многуте и пресметаа дека веројатноста на тие осум да бидат исполнети во животот на еден човек е еден од 1.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000. Колкави ли ќе бидат шансите за тоа да се случи за повеќе од 125 пророштва во животот на Месијата? Тоа едноставно не можело да се случи.

Библијата учи дека земјата била создадена за шест буквални денови.
Библијата учи дека земјата била создадена за шест буквални денови.

10. Каква голема предност има оној кој што ја прифаќа Библијата како вдахновена реч Божја?

Библијата вели: "Поумен станав од старците, зашто ги држам Твоите заповеди." Псалм 119:100. "Ти ме направи помудар од непријателите мои." Псалм 119:98. "Затоа што како што небото е повозвишено од земјата, така... моите мисли се повозвишени од вашите мисли." Исаија 55:9.

Одговор:   Личноста која што ја прифаќа речта Божја ќе ги дознае одговорите на многу комплицирани предизвици кои што световните учени не можат да ги добијат. На пример, Библијата учи:

A. Бог ја создаде земјата и сите живи организми за шест буквални дена. Излез 20:11 Псалм 33:6, 9.
Б. Глобален потоп го уништи секое живо битие освен морскиот живот и сето она што беше во ковчегот на Ное. Битие 6, 7 и 8 глава.
В. Различните јазици во светот започнале кај вавилонската кула. Битие 11:1-9.

Бог, кој што секогаш постоел и знае сè, споделува со нас вистини кои што ние самите никогаш нема да може да ги откриеме. Еволуционистите никогаш нема да ја знаат староста на земјата затоа што земјата беше создадена со одредена старост, како што беа Адам и Ева. Двојката беше стара само еден ден но тие беа веќе возрасни! Човечките инструменти не можат да го земат тој факт во предвид и затоа ним не може да им се верува. Верувај во Библијата и ти секогаш ќе имаш предност пред шпекулациите на световните учени и мудреци.

Кога коминизмот пропадна, беше погледнато кон Библијата<br> како на единствена надеж за луѓето.
Кога коминизмот пропадна, беше погледнато кон Библијата
како на единствена надеж за луѓето.

11. Какво клучно светско случување ја има донесено силата на Библијата во остар фокус?

Одговор:   Поразот и колапсот на комунизмот, и ослабнувањето и непостојаноста на теоријата на еволуцијата ја имаат посочено Библијата.

Еволуцијата, како и комунизмот ја губи својата сила и веродостојност. Ние мораме да запаметиме дека таа не е ништо друго освен една недокажана, несигурна теорија. Ние ќе ги споменеме само следните три нешта:

1. Книгата на Роберт Џентри “Малечката мистерија на создавањето” има вознемирено многу еволуционисти со своите очевидни и чисти докази за моментното создавање.

2. Демонстрацијата на скорешната молекуларна биологија покажала дека тоа што една клетка е многусложен комплекс, чини да случајното потекло на животот во една клетка е математички апсурд.

3. Различната старост која што сега им се припишува на слоевите на Големиот Кањон од скорешни научни мерења, како спротивни на претходно одредените, чини еволуционистите и нивните мерења да изгледаат непромислени и неодговорни. Атеистичката теорија дека луѓето и мајмуните потекнуваат од заеднички предок го исмејува концептот дека луѓето беа создадени според Божјиот лик. Таа го отфрла постоењето на Бог, целосно го порекнува Христа како Спасител, ја негира Библијата и ја исмејува вистината за вечниот дом во рајот. Сатаната ја сака теоријата на еволуцијата затоа што таа ја уништува вредноста на спасението.

Библијата има таков универзален апел затоа што таа дава одговори на најзагадочните животни прашања:
Библијата има таков универзален апел затоа што таа дава одговори на најзагадочните животни прашања:

12. Зошто Библијата има таков универзален апел?

Библијата вели: "Твојот збор е светлина на мојата патека" Псалм 119:105. "Ви ги кажав овие нешта за да вашата радост биде целосна" Јован 15:11. "Во обличје Божји ги создаде Тој" Битие 1:27. "Нека вашата светлина свети пред луѓето, за да тие ги видат вашите добри дела, и да го прослават вашиот Татко кој е на небесата" Матеј 5:16. "Јас ќе дојдам повторно да ве примам при Себеси; за да таму каде што сум Јас, бидете и вие" Јован 14:3.

Одговор:   Затоа што таа ги одговара најзагадочните прашања:

Нема претпоставки во поглед на иднината. Исус ќе дојде многу скоро за да го земе Својот народ во прекрасниот дом кој што Тој го приготвил за нив на небесата. Таму, со најголема радост и среќа, луѓето ќе живеат засекогаш (Јован 14:1-3 Откровение 21:3, 4).


13. Јас сум благодарен на Бог затоа што ми дал позитивни одговори на најзагадочните прашања во животот?

Одговор:   


Твоите Прашања Одговорени

1. Зачуден сум за тоа дека Библијата дава таков графички опис за гревовите во животите на некои библиски личности. Дали е тоа навистина неопходно?
Да. Тоа е еден од најголемите факти кои што и даваат веродостојност на Библијата. Повеќето биографии најчесто го изоставуваат или омекнуваат лошото и го преувеличуваат доброто. Кажувајќи им ја на луѓето ситуацијата таква каква што е, чини да тие имаат доверба во Библијата. Понатаму, сатанска стратегија е да ги убеди луѓето дека тие се толку големи грешници кои што Бог не може или нема да ги спаси. Каква само радост ги опфаќа таквите луѓе кога ќе им се покажат библиските случаеви на луѓе како нив (а и полоши) кои што Бог ги избавил од гревот и ги оправдал (Римјаните 15:4).

2. Дали целата Библија е вдахновена? Многумина веруваат дека само одредени делови се вдахновени.
Библијата има одговор: "Целото Писмо е од Бога вдахновено, и полезно е за поука, изобличување, поправање и поучување во праведноста" 2. Тимотеј 3:16. Библијата не го содржи зборот Божји туку таа е Реч Божја. Библијата е информативно упатство за раководење во животот на човекот. Нејзиното занемарување ќе предизвика непотребни потешкотии и проблеми.

3. Библијата е старовремска книга со ахраични зборови и концепти. Дали е сигурно да се потпираме на нешто кое што е толку далеку од нашата просветлена денешница?
Не. Нејзината старост оди во нејзина полза. Како факт, тоа е еден од доказите за нејзината вдахновеност. Библијата вели: "Божјиот збор останува довека" 1. Петрово 1:25. Библијата стои како една карпа. Таа е Божја книга, Негов Збор. Таа не може да биде уништена. Луѓе и цели нации се обиделе да ја изгорат, забранат или уништат Библијата. Нив ги нема и нивните забрани на Библијата се заборавени. Но сепак Библијата останува како најдобро продавана книга во постојано побарување. Милиони би умреле за неа доколку е тоа потребно. Нејзината порака е од Бога и 100% одговара за денешницата. Пред да ја проучуваш помоли се и побарај од Бога да го отвори твоето срце додека ја читаш.

4. Некои од најбрилијантните луѓе во светот, кои што грижливо ја проучувале Библијата, веруваат дека никој не може да ја разбере. Доколку Библијата е навистина реч Божја, дали секој би требало да ја разбере?
Бистрите луѓе кои што можат да разберат и објаснат виртуално сè, најчесто застануваат кога ја читаат Библијата. Причина е тоа што духовните нешта “се расудуваат духовно” 1. Коринтјаните 2:13, 14. Длабоките нешта на Речта никогаш нема да бидат разбрани од световниот ум, без оглед на тоа колку тој е интелигентен. Се додека личноста искрено не бара искуство со Бога, таа нема да може да ги разбере Божјите нешта. Светиот Дух кој што ја објаснува Библијата (Јован 16:13; 14:26) не е разбран од телесниот, световен ум. Од друга страна, понизниот, дури и необразуван христијанин кој што ја проучува Библијата прима восхитувачко разбирање од Светиот Дух (Матеј 11:25; 1. Коринтјаните 2:9, 10).

5. Библијата е полна со грешки. Како можам да верувам дека е вдахновена?
Поголемиот број на таканаречените грешки во Библијата се едноставно грешки на судот или недостатокот на разбирање на оние кои што се поплакуваат на тоа. Тие не се грешки воопшто, туку вистина која што е погрешно разбрана. Библијата:

1. Секогаш ќе ти ја каже вистината.

2. Никогаш нема да те заведе.

3. Може целосно да и се верува

4. Може да се потпреме на неа и таа има авторитет, не само за духовните нешта туку и за другите нешта за кои пишува, вклучувајќи ја историјата и науката.

Сатаната секогаш бара некаква божемна грешка во Библијата, кое што не е за изненадување. Тој му најде мана дури и на Бога и небесата. Оние кои што копирале можеби направиле грешка во одредени случаеви, меѓутоа таква наводна грешка нема никакво влијание врз вистинитоста Божјиот Збор. Учењето не се гради на еден библиски текст туку на вкупниот број на Божјите коментари на одреден предмет.


Квиз прашања

1. Кое од исполнетите пророштва ја потврдуваат вдахновеноста на Библијата? (4)
_____   Кир ќе го заземе Вавилон.
_____   Џорџ Буш ќе биде претседател на Соединетите Американски Држави.
_____   Египет никогаш повторно нема да биде силна, водечка нација.
_____   Моралот ќе се дегенерира во последните денови.
_____   Германија ќе има дваесет годишна суша.
_____   Вавилон, откако ќе биде уништен, никогаш повеќе нема да биде населен.

2. Исус ја покажа Својата вера во вдахновението на Библијата преку: (1)
_____   Зборување гласно на одреден предмет.
_____   Цитирајќи од неа додека поучувал.
_____   Повикувајќи оган од небото врз оние кои што се сомневале.
_____   Огласувајќи го тоа од скалилата на храмот.

3. Кои научни факти од следната листа подоле ги споменува Библијата? (3)
_____   Земјата е тркалезна.
_____   Воздухот има тежина.
_____   Господ го држи атомот да не се распадне.
_____   Формулата за вода е 'H2O'.
_____   Морската вода е солена.

4. Кои од следните здравствени начела се јавуваат во Библијата? (2)
_____   Пиј два литра вода секој ден.
_____   Не се фаќај за алкохолните пијалоци.
_____   Трчај секое утро и вечер.
_____   Воздружувај се од неморално сексуално однесување.

5. Кои од следните нешта се точни за Библијата? (3)
_____   Ја пишувале околу 40 луѓе.
_____   Била пишувана во период од 10.000 години.
_____   Само одредени делови од Библијата се вдахновени.
_____   Вистинскиот автор на Библијата е Светиот Дух.
_____   Библијата е најпродавана книга.

6. Кои од следните библиски пророштва се потврдуваат во животот на Месијата? (3)
_____   Ќе се роди во Назарет.
_____   Ќе лета често до небото.
_____   Ќе биде продаден за 30 сребреници.
_____   Ирод ќе се обиде да го убие.
_____   Ќе биде распнат.
_____   Ќе воскресне по седум дена.

7. Кое библиско правило, доколку се следи, најдобро ќе ја спречи сидата? (1)
_____   Да не се биде сексуално неморален.
_____   Да не им се служи на идоли.
_____   Да се јаде редовно.

8. Кои од изјавите подолу се точни за еволуцијата? (3)
_____   Таа е недокажана теорија.
_____   Таа го поткопува христијанството.
_____   Таа е докажан факт.
_____   Докажува дека луѓето и мајмуните имаат исти предци.
_____   Таа е силен адут на комунизмот.

9. Кои од следните изјави ја докажуваат вдахновеноста на Библијата? (5)
_____   Нејзините биографии го вклучуваат и доброто и лошото.
_____   Таа ги менува животите на нејзините следбеници.
_____   Пророштвата на Стариот Завет беа исполнети од Христа.
_____   Таа прорече подигање на четири светски царства.
_____   Нејзината единственост.
_____   Таа го кажува денот и часот на Христовото доаѓање.

10. Бог ја создаде земјата за шест буквални 24 часовни дена. (1)
_____   Точно
_____   Неточно

11. Во деновите на Ное, потопот го уништи сиот животински свет освен морскиот живот и оние кои што се наоѓаа во ковчегот. (1)
_____   Точно
_____   Неточно

12. Различните јазици потекнуваат од кај вавилонската кула. (1)
_____   Точно
_____   Неточно

 
Name:  
Email:  
Bible Question:


Name:  
Email:  
Prayer Request:


Other Languages

God's promises to you!

Back To Top










           

About Us
Our Story
We Believe
About Pastor Doug
Our Other Websites
Contact Us
Employment
Volunteer Opportunities
News and Features
News
From Pastor Doug
Inside Report
Bible Prophecy Seminars
Changed Lives
Email Newsletter
Broadcast
Media Library
Station Locator
AFTV

Bible Study
Enroll Online
Bible Study Guides
Storacle Lessons
Free Online Book Library

Training
AFCOE
AFCOE To Go
Empowered Church

AFBookstore
New Releases
Sign up for Email Specials

DONATE NOW
Donate Now
Donate by Program
Donate by Project
Latest Opportunity
Estate Gift
My Account
(916) 434-3880   |    Site Map   |    AF iTools   |    Privacy Statement   |    Terms of Use
Copyright 2012 by Amazing Facts Inc.   |           Amazing Facts