Skip Main Navigation
Amazing Facts - God's Message Is Our Mission!
   |  

Дали мртвите

Print Friendly
Дали мртвитеLesson 10

Смртта е можеби најпогрешно разбраната тема на денешницата. За мнозина таа е обвиткана во мистерија и предизвикува морничави чувства на страв, несигурност, па дури и безнадежност. Други пак веруваат дека веќе непостоечките ближни не се воопшто мртви, туку дека живеат со нив во некоја друга димензија! Други пак сe уште се збркани околу поимите како што се телото, духот и душата. Но дали воопшто е важно што и како верувате? Да .... апсолутно! Затоа што вашето верувања за мртвите ќе има огромно влијание на тоа што ќе се случува со вас во последните денови. Нема место за нагодување, токму затоа оваа лекција има за цел да ви одговори на прашањето што вели Бог на оваа тема. Подгответе се за вистинско откровение!
На почетокот Бог го создал Адам.
На почетокот Бог го создал Адам.

1. Како воопшто сме се нашле на овој свет?

"А го создаде Господ Бог човекот од прав земен и му дувна во лицето дух животен; и човекот стана жива душа" Битие 2:7.

Одговор:   Бог на почетокот нè создал од земниот прав.

Духот на секој човек, било да е праведник или не, се враќа назад кај Бога. Нивните тела повторно се враќаат во земниот прав.
Духот на секој човек, било да е праведник или не, се враќа назад кај Бога. Нивните тела повторно се враќаат во земниот прав.

2. Што се случува кога некој ќе умре?

"И ќе се врати правот во земјата, како што си бил; а духот ќе се врати кај Бога, Кој го дал" Проповедник 12:7.

Одговор:   Телото повторно се претвора во прав, а духот се враќа назад кај Бога, кој го дал. Духот на секој човек, било да е праведник или не, се враќа кај Бога при неговата смрт.

Нема ништо мистериозно околу духот кој при смртта му се враќа на Бога. Тоа е всушност животниот здив.
Нема ништо мистериозно околу духот кој при смртта му се враќа на Бога. Тоа е всушност животниот здив.

3. Што претставува "духот" кој се враќа кај Бога кога некој ќе умре?

"Зашто, како што телото без дух е мртво, така и верата без дела е мртва” Јаков 2:26. "Зашто, додека уште здивот мој е во мене и духот Божји во ноздрите мои" Јов 27:3.

Одговор:   Духот кој се враќа кај Бога при смртта е всушност животниот здив. Никаде во Библијата не се споменува дека духот самиот по себе има живот, мудрост, или некакви чувства откако човекот ќе умре. Тоа е всушност животниот здив и ништо повеќе.

Овие четири луѓе на сликава се четири души. 
"А го создаде Господ Бог човекот од прав земен и му дувна во лицето дух животен; и човекот стана жива душа" Битие 2:7.
Овие четири луѓе на сликава се четири души. "А го создаде Господ Бог човекот од прав земен и му дувна во лицето дух животен; и човекот стана жива душа" Битие 2:7.

4. Што е душата?

"А го создаде Господ Бог човекот од прав земен и му дувна во лицето дух животен; и човекот стана жива душа" Битие 2:7.

Одговор:   Душата е живо суштество. Таа секогаш е комбинација од две нешта: тело плус здив. Душата не може да постои доколку недостасува една од овие компоненти (тело или здив). Божјата Реч учи дека сите ние сме души.

5. Дали душите умираат?

5. Дали душите умираат?

"Душата, која згрешила, ќе умре" Езекиел 18:20. "Умре секоја жива душа во морето" Откровение 16:3.

Одговор:   Според Библијата, душите умираат! Ние сите сме души, и душите умираат. Човекот е смртник (Јов 4:17). Само Бог е бесмртен (1. Тимотеј 6:15, 16). Концептот за бесмртноста на душата е спротивен на Библијата, којашто учи дека душата е подложна на смрт.

6. Дали праведниците одат на небо кога ќе умрат?

6. Дали праведниците одат на небо кога ќе умрат?

"Сите што се во гробовите ќе го чујат Неговиот глас и ќе излезат од нив." Јован 5:28,29. "Давид.... умре и беше погребан, и неговиот гроб е меѓу нас до ден денешен." "Зашто Давид не се вознесе на небесата." Дела 2:29,34. "А мојата надеж е да појдам во гроб и таму во темнина да ја постелам постелата своја." Јов 17:13.

Одговор:   Не, луѓето кога умираат не одат ниту на небо ниту во пеколот. Тие во своите гробови го чекаат денот на воскресението.


7. Дали мртвиот разбира и знае?

"Живите знаат, дека ќе умрат, а мртвите ништо не знаат, и веќе за нив нема награда, зашто и споменот за нив е предаден на заборавот; и љубовта нивна, и омразата нивна и љубомората нивна веќе исчезнале, и ќе немаат дел довека во ништо, што станува под сонцето." "Во гробот, каде што ќе појдеш, нема ни работа, ни размислување, ни знаење, ни мудрост." Проповедник 9:5,6,10. "Не мртвите не ќе Те слават, Господи." Псалм 115:17.

Одговор:   Бог вели дека мртвите не знаат ништо!

Иако милиони луѓе мислат дека е можно, мртвите не можат да контактираат со живите.
Иако милиони луѓе мислат дека е можно, мртвите не можат да контактираат со живите.

8. Но дали мртвите можат да комуницираат со живите, и зарем тие не се свесни за она што се случува под небесата?

"Така човекот ќе легне и нема да стане; до свршетокот на небото нема да се разбуди и нема да се разбуди од својот сон." "На почит ли се децата негови - тој не знае; унижени ли се - тој не забележува." Јов 14:12, 21. "И љубовта нивна, и омразата нивна и љубомората нивна веќе исчезнале, и ќе немаат дел довека во ништо, што станува под сонцето." Проповедник 9:6.

Одговор:   Не, мртвите не можат да контактираат со живите, ниту пак знаат што се случува со нив. Тие се мртви. Пропаѓаат сите нивни мисли. (Псалм 146:4).

Исус смртта  ја нарекува "спиење." Тоа е состојба на целосна безсвесност.
Исус смртта ја нарекува "спиење." Тоа е состојба на целосна безсвесност.

9. Исус бесвесната состојба на мртвите ја нарекува "спиење" во Јован 11:11-14. Колку долго тие ќе спијат?

"Така човекот ќе легне и нема да стане; до свршетокот на небото нема да се разбуди и нема да се разбуди од својот сон." Јов 14:12. "А Господовиот ден ќе дојде .... во тој ден небесата ќе поминат."
2. Петрово 3:10.

Одговор:   Мртвите ќе спијат сè до големиот и страшен Господов ден, до крајот на светот. Мртвите се целосно несвесни, без било каква активност или знаење за нешто.

Праведниците при второто Христово доаѓање ќе воскреснат и ќе им бидат дадени бесмртни тела.
Праведниците при второто Христово доаѓање ќе воскреснат и ќе им бидат дадени бесмртни тела.

10. Што се случува со мртвите праведници при второто Христово доаѓање?

"Ете, доаѓам скоро, и наградата Моја е со Мене, за да му дадам секому според неговите дела!" Откровение 22:12. "Зашто Самиот Господ ќе слезе од небото, на заповед, со глас на архангел и со Божја труба, и мртвите во Христа ќе воскреснат ....и така засекогаш ќе бидеме со Господ." 1. Солунјаните 4:16,17. "Сите ќе се измениме, во еден момент, за миг на окото,.....и мртвите ќе воскреснат нераспадливи,.....зашто треба ова распадливото да се облече во нераспадливо и ова смртното да се облече во бесмртност." 1. Коринтјаните 15:51-53.

Одговор:   Тие ќе бидат наградени. Ќе воскреснат, ќе им бидат дадени бесмртни тела и ќе бидат земени на облаците за да се сретнат со Господа. Нема никаква смисла во воскресението доколку претходно, уште при самата смрт луѓето одат на небо.

Првата лага што ѓаволот и ја упатил на Ева била: "Не, вие нема да умрете" - изјава што е целосно спротивна на целата Библија.
Првата лага што ѓаволот и ја упатил на Ева била: "Не, вие нема да умрете" - изјава што е целосно спротивна на целата Библија.

11. Која била првата лага на ѓаволот?

"Тогаш змијата и рече на жената: "Не, вие нема да умрете!" Битие 3:4. "Така големиот змев, старата змија, наречен ѓавол и сатана." Откровение 12:9.

Одговор:   Сатаната и рекол на Ева дека гревот нема да предизвика смрт. "Не, вие нема да умрете!" рекол тој.

Оние коишто веруваат дека мртвите живеат, стануваат лесна мета  за измамите на ѓаволот.
Оние коишто веруваат дека мртвите живеат, стануваат лесна мета за измамите на ѓаволот.

12. Зошто сатаната ја излажал Ева во врска со смртта? Дали можеби ова прашање има многу поголема важност отколку што мнозина мислат?

Одговор:   Ова е еден од темелите на царството на ѓаволот. Со години тој правел големи чуда преку луѓе коишто тврдат дека својата моќ ја добиваат од духовите на умрените. (Примери: Волшебниците во Египет - Излез 7:11 Жената од Ендор – 1. Самоилова 28:3-25 Волшебниците - Даниел 2:2 Девојката - Дела 16:16-18.)

Сериозно предупредување
Во последното време сатаната повторно ќе се користи преку волшебници - како и во времето на пророкот Даниел - за да го мами светот (Откровение 18:23). Волшебништвото е натприродна сила која тврди дека својата моќ и мудрост ја добива од духовите на мртвите.

Се претставуваат во ликот на Исусовите ученици
Претставувајќи се како ближните кои починале, светите свештеници кои се мртви, библиските пророци, или дури и како Христовите ученици (2. Коринтјаните 11:13), сатаната и неговите ангели ќе успеат да измамат милијарди луѓе. Оние кои веруваат дека мртвите живеат, во било каква форма, најверојатно ќе бидат измамени.

Сите чуда не се од Бога, затоа што демоните исто така прават чуда.
Сите чуда не се од Бога, затоа што демоните исто така прават чуда.

13. Дали демоните навистина прават чуда?

"Имено, тоа се демонски духови, кои прават чуда." Откровение 16:14. "Зашто ќе се појават лажни христоси и лажни пророци, и ќе прават големи знаци и чуда, за да ги заведат, ако е можно, и избраните." Матеј 24:24.

Одговор:   Да, секако! Демоните можат да прават неверојатно силни чуда (Откровение 13:13,14). Сатаната и неговите ангели се прикажуваат како ангели на светлината (2. Коринтјаните 11:14) и дури како самиот Христос (неверојатно но вистинито) (Матеј 24:23,24). Општ впечаток ќе биде дека Христос и Неговите ангели предводат големо духовно пробудување. Целокупната сцена ќе изгледа толку духовна и толку натприродна што само Божјите избраници нема да бидат измамени.

Избраните нема да бидат измамени, затоа што цврсто ќе отфрлат сe што е во спротивност со Библијата.
Избраните нема да бидат измамени, затоа што цврсто ќе отфрлат сe што е во спротивност со Библијата.

14. Зошто Божјиот народ нема да биде измамен?

"Зашто го примија Словото сосем подготвено, и секој ден го проучуваа Писмото дали е така." Дела 17:11. "Ако не зборуваат според Словото, нема светлина во нив." Исаија 8:20.

Одговор:   Божјиот народ искрено проучувајќи ја Библијата ќе знае дека мртвите се мртви, и дека не живеат. Духови на мртвите не постојат. Затоа Божјиот народ ќе ги отфрли сите чудотворци и учители кои тврдат дека примаат посебна светлина или дека прават чуда контактирајќи со духови на мртвите. Божјиот народ исто така ќе ги отфрли како опасни и погрешни сите учења според кои мртвите живеат во било каква форма и каде било.

Во времето на Мојсеј, оние коишто тврделе дека имаат моќ да контактираат со мртвите биле каменувани на смрт.
Во времето на Мојсеј, оние коишто тврделе дека имаат моќ да контактираат со мртвите биле каменувани на смрт.

15. Што заповедал Бог да се прави со оние кои учеле дека мртвите се живи во времето на Мојсеј?

"Маж или жена, ако извикува духови на мртви, да бидат убиени; со камења да ги убиете, виновни се." Левит 20:27.

Одговор:   Бог инсистирал волшебниците и останатите слични на нив (коишто тврдат дека можат да контактираат со мртвите) да бидат каменувани на смрт. Ова покажува како Бог гледа на лажното учење за состојбата на мртвите.

Никој во новото Божјо царство нема никогаш да умре. Смртта ќе престане со уништувањето на сатаната.
Никој во новото Божјо царство нема никогаш да умре. Смртта ќе престане со уништувањето на сатаната.

16. Дали праведниците кои ќе воскреснат на денот на воскресението ќе умрат повторно некогаш?

"А оние кои ќе бидат достојни да го придобијат оној век и воскресението од мртвите,.... не ќе можат веќе ни да умрат." Лука 20:35,36. "И ќе ја избрише секоја солза од нивните очи, и смрт нема да има веќе, ни тага, ни плач, ниту болка, зашто првото помина." Откровение 21:4.

Одговор:   Не! Смрт, тага, плач и трагедии нема повеќе да има во обновеното Божјо царство.

Реинкарнацијата е невозможна, бидејќи Бог вели дека сите кои  починале, било добри било зли, се во своите гробови.
Реинкарнацијата е невозможна, бидејќи Бог вели дека сите кои починале, било добри било зли, се во своите гробови.

17. Верувањето во реинкарнација доживува голема експанзија во наше време. Дали ова учење е библиско?

"Живите знаат, дека ќе умрат, а мртвите ништо не знаат,..... и ќе немаат дел довека во ништо, што станува под сонцето. Проповедник 9:5,6.

Одговор:   Скоро половина од населението на земјата верува во реинкарнација - учење според кое душата никогаш не умира и наместо тоа постојано во континуитет повторно се раѓа во различни форми на тела со секоја успешна генерација. Како и да е, ова учење е спротивно на Библијата.

Библијата вели
После смртта човекот: се враќа во земниот прав (Псалм 104:29), не знае ништо (Проповедник 9:5), не поседува никакви ментални сили (Псалм 146:4), нема никаква врска со сè што се случува на земјата (Проповедник 9:6), не живее (2. Цареви 20:1), чека во гробот (Јов 17:13), и е кусовечен (Јов 14:1,2).

Сатанска измислица
Од 11 и 12 точка научивме дека сатаната го измислил учењето дека мртвите живеат. Реинкарнацијата, општењето со духови, служењето на духови и бесмртноста на душата се измислици на сатаната, со една единствена цел - да ги убеди луѓето дека кога човекот умира, во суштина не е мртов. Кога луѓето веруваат дека човекот всушност не умира, "демонските духови кои прават чуда" (Откровение 16:14) и се прикажуваат како да се духови на мртвите, ќе бидат во можност да ги заблудуваат и да ги водат на погрешен пат практично во секое време (Матеј 24:24).


18. Благодарен сум за Библијата, која ни ја кажува вистината за оваа чувствителна тема.

Одговор:   


Твоите Прашања Одговорени

1. Дали разбојникот на крстот заминал во рајот со Христа кога Тој умре?


Не. Всушност, утрото во неделата Исус и рекол на Марија "Остави Ме, зашто сè уште не сум појден горе кај Мојот Татко." Јован 20:17. Ова покажува дека Исус не заминал на небо во денот кога умрел. Исто така треба да земеме во обзир дека интерпункциските знаци во Библијата не се вдахновени, туку се додадени од човек. Запирката во Лука 23:43 треба да биде поставена по зборот "денес", а не пред него, така што стихот тогаш би изгледал вака: "Вистина ти велам денес, ќе бидеш со Мене во рајот." Или со други зборови: "Денес ти велам - кога изгледа дека не можам да спасам никого, кога и Јас самиот сум распнат како разбојник - денес со сигурност ти велам дека ќе бидеш со Мене во рајот." Христовото царство ќе се воспостави при Неговото второ доаѓање (Матеј 25:31), и тогаш во него ќе влезат праведниците од сите векови (1. Солунјаните 4:15-17), а не кога ќе умрат.

2. Зар Библијата не зборува за бесмртната душа која не може да умре?


Не, такво нешто не се споменува во Библијата. Зборот "бесмртен" се среќава само еднаш во Светото Писмо, и се однесува на Господа (1. Тимотеј 1:17).

3. Кога човекот умира телото се враќа во земниот прав, а духот (здивот) се враќа назад кај Бога. Но каде оди душата?


Не оди никаде. Едноставно престанува да постои. За да добиеме душа потребна е комбинација на две нешта: тело и здив. Кога здивот го напушта телото, душата престанува да постои затоа што таа е комбинација од двете. Кога ќе го изгаснете светлото, каде оди светлината? Не оди никаде. Едноставно престанува да постои. Мора да има комбинација на две нешта за да добиете светлина: сијалица и електрична енергија.. Без една ваква комбинација, не е возможно да добиете светлина. Истото тоа се случува и со душата; доколку нема комбинација на тело и здив, нема ни постоење на душа. Не постои такво нешто како бестелесна душа.

4. Дали зборот "душа" некогаш има и некакво поинакво значење од живо суштество?


Да, може исто така да значи и (1) живот, или (2) ум, или интелект. Без оглед на тоа на кое значење не упатува, душата е се уште комбинација од две нешта (тело и здив), и престанува да постои кога настапува смрт.

5. 5. Дали можете да го објасните стихот во Јован 11:26, кој вели: "И секој, кој живее и верува во Мене, нема да умре довека."?


Ова не се однесува на првата смрт, со којашто умираат сите луѓе (Евреите 9:27), туку на втората смрт, со којашто умираат само злите и по којашто нема воскресение (Откровение 2:11; 2:8).

6. Матеј 10:28 вели: "И не плашете се од оние што го убиваат телото, а душата не можат да ја убијат. Туку плашете се повеќе од Оној Кој може да ги погуби и душата и телото во пеколот." Зар ова не докажува дека душата е бесмртна?


Не, туку го докажува токму спротивното. Последната половина од истиот стих докажува дека душата е смртна. Стихот вели: "Туку плашете се повеќе од Оној Кој може да ги погуби и душата и телото во пеколот." Зборот "душа" овде значи живот и се однесува на вечниот живот, којшто е дар (Римјаните 6:23) кој ќе им биде даден на праведните во последниот ден (Јован 6:54). Никој не може да го одземе вечниот живот што го дава Бог. (Види исто Лука 12:4, 5)

7. Зар стихот во 1. Петрово 4:6 не вели дека евангелието им било проповедано на мртвите?


Не, стихот вели дека евангелието им "било" проповедано на оние кои "се" мртви. Тие се мртви сега, но евангелието им "било" проповедано додека биле сè уште живи.

8. А што е со душите кои викаат под жртвеникот во Откровение 6:9, 10? Дали овој стих покажува дека душите не умираат?


Не. Ова викање е симболично, како и викањето на Авеловата крв (Битие 4:10). Зборот "души" овде значи луѓе (живи суштества) кои биле погубени заради својата вера. Сигурно дека никој не верува за душите што умреле дека буквално лежат под жртвеникот, ниту пак дека праведниците го молат Бога да ја одмазди нивната крв. Попрво тие би го молеле Бога за милост за нивните непријатели, како што тоа Исус го направил на крстот (Лука 23:34).

9. Зар Библијата не вели дека Христос отишол да им проповеда на загубените души во пеколот во периодот помеѓу Неговото распетие и воскресение?


Не. Проповедањето било изведено од страна на "Духот" (стих 18) во деновите на Ное - на луѓе кои тогаш биле живи (стихови 19,20). Изразот "духовите во темница" се однесува на луѓето кои со своите животи биле робови на сатаната. (Види Псалм 142:7; Исаија 42:6,7; 61:1 и Лука 4:18.)


Квиз прашања

1. Библијата за смртта зборува како за (1)


_____   Спиење.
_____   Премин во поинаква форма на живот.
_____   Необјаснива мистерија.

2. Духот којшто при смртта се враќа кај Бога е (1)


_____   Внатрешното јас на човекот.
_____   Душата.
_____   Животниот здив.

3. Оној којшто ќе умре оди (1)


_____   Во рај или во пекол.
_____   Во гроб.
_____   Во чистилиште.

4. Душата е (1)


_____   Духовната природа на човекот.
_____   Делот од човекот што не умира.
_____   Живо суштество.

5. Дали душите умираат? (1)


_____   Да.
_____   Не.

6. Кога ќе ја примат својата награда праведните? (1)


_____   Во овој живот.
_____   При смртта.
_____   При второто Христово доаѓање.

7. Зошто сатаната се обидува да ги заведе луѓето велејќи им дека мртвите всушност не се мртви. (1)


_____   За да поверуваат во неговите чуда, да бидат заведени и загубени.
_____   Бидејќи му е жал за нив.
_____   Бидејќи е злобен.

8. Оние кои "комуницираат" со мртвите всушност зборуваат со (1)


_____   Бесмртните души.
_____   Светите ангели.
_____   Злите духови кои ги земаат ликовите на починатите.

9. Во времето на Мојсеј Бог заповедал сите оние кои верувале дека мртвите живеат да (1)


_____   Станат свештеници.
_____   Да бидат почитувани заради нивната мудрост.
_____   Да бидат убиени.

10. Како можеш да бидеш сигурен дека си на вистински пат? (1)


_____   Прашај го Бога за посебен знак од небото.
_____   Прави го она што ти го вели пасторот (свештеникот).
_____   Проучувај ја Библијата внимателно со молитва и следи ги нејзините учења.

11. Кога некој ќе умре (1)


_____   Неговиот дух, или душа, продолжуваат да живеат.
_____   Тој е во состојба да ги гледа живите и да стапи во контакт со нив.
_____   Тој е мртов во секој поглед - телото умира, душата престанува да постои, и никаков контак

12. Дали чудата се доказ дека нешто е од Бога? (1)


_____   Да. Само Бог може да прави чуда.
_____   Не. Ѓаволот исто така прави големи чуда.
Complete Study Guide Sets (Bulk) by Bill May
Complete Study Guide Sets (Bulk) by Bill May

Other Languages


Contact Us

Name:


Email:


Prayer Request:


Share a Prayer Request
Name:


Email:


Bible Question:


Ask a Bible Question

Related Video

Related Audio

Related Print

God's Promises




(916) 434-3880 | AF iTools | Employment | Site Map | Privacy Statement | Terms of Use     Copyright 2015 by Amazing Facts Inc.

Back To Top