Skip Main Navigation
Amazing Facts - God's Message Is Our Mission!
   |  

Дали ѓаволот има власт над пеколот?

Print Friendly
Дали ѓаволот има власт над пеколот?Lesson 11

Дали Бог навистина го вработил ѓаволот – дали тој е главен за пеколот мереќи ја казната на загубените? Скоро целиот свет верува во овој небиблиски концепт за пеколот, и ти треба да знаеш што навистина Библијата вели за тоа. Немој да бидеш излажан, затоа што какво што е твоето верување за пеколот ќе влијае врз тоа какво ќе биде твоето мислење за Божјиот карактер! Помини неколку моменти за да ги дознаеш восхитувачките факти кои треба да ги знаеш.
Злите нема да бидат казнети се до после судот.
Злите нема да бидат казнети се до после судот.

1. Колку загубени души денес се казнуваат во пеколот?

"Господ знае како да ги избави побожните од искушенија, и неправедните да ги чува до денот на судот." 2. Петрово 2:9.

Одговор:   Во пеколот денес не се наоѓа ниту една душа. Библијата вели дека Бог ги има зачувано злите сè до денот на судот за тогаш да бидат казнети.

Грешниците ќе бидат фрлени во пеколниот оган на крајот на светот – не кога ќе умрат.
Грешниците ќе бидат фрлени во пеколниот оган на крајот на светот – не кога ќе умрат.

2. Кога грешниците ќе бидат фрлени во пеколот?

“Така ќе биде и при крајот на времето. Синот Човечки ќе ги испрати Своите ангели. Тие ќе го соберат од Неговото царство сето она што наведува на грев и оние кои вршат беззаконие и ќе ги фрлат во огнената печка; таму ќе има лелек и чкртање со заби." Матеј 13:40-42. "Словото, што го изговорив, тоа ќе му суди во последниот ден." Јован 12:48.

Одговор:   Грешниците ќе бидат фрлени во пеколниот оган во големиот ден на судот на крајот на светот – не кога тие ќе умрат. Бог нема да казни ниту една личност сè додека нејзиниот случај не биде испитан и одлучен во судот на крајот на светот. Ниту пак Бог ќе гори еден убиец којшто умрел пред 5000 години, 5000 години подолго отколку некој кој што умира денес и заслужува казна за истиот грев.

Сите што умреле, добри и лоши, се наоѓаат во своите гробови и го чекаат воскресението.
Сите што умреле, добри и лоши, се наоѓаат во своите гробови и го чекаат воскресението.

3. Каде се наоѓаат грешниците (кои умреле) сега?

"Доаѓа часот во кој сите што се во гробовите ќе го чујат Неговиот глас и ќе излезат од нив оние што правеле добро, ќе воскреснат за живот, а оние што правеле зло, ќе воскреснат за осудување." Јован 5:28, 29. "Злите се запазени за денот на погибелта." "Тој ќе биде донесен при гробот, и ќе остане во гробницата." Јов 21:30,32.

Одговор:   Библијата е специфична. И праведните и злите кои умреле се наоѓаат во своите гробови “спиејќи” сè до денот на воскресението.

Исус умре за да нè спаси од нашите гревови. Оние што не го прифаќаат Неговиот дар на спасение ќе примат смрт.
Исус умре за да нè спаси од нашите гревови. Оние што не го прифаќаат Неговиот дар на спасение ќе примат смрт.

4. Каков е крајниот резултат на гревот?

"Зашто платата за гревот е смрт, но бесплатниот дар од Бога е вечен живот во Христос Исус, нашиот Господ" Римјаните 6:23. "А извршениот грев раѓа смрт" Јаков 1:15. "Бог...Го даде Својот Единороден Син, та секој кој верува во Него да не загине, туку да има вечен живот" Јован 3:16.

Одговор:   Платата (или казната) за гревот е смрт а не вечен живот во пеколниот оган. Злите ќе “угинат” или примат “смрт.” Праведните ќе примат “вечен живот.”

Злите не се бесмртни. Библијата вели тие ќе “угинат,” “изгорат” и “бидат уништени”.
Злите не се бесмртни. Библијата вели тие ќе “угинат,” “изгорат” и “бидат уништени”.

5. Што ќе се случи со злите во пеколниот оган?

"А на страшливците и на неверните, и на гнасните и на убијците, и на блудниците и на гатачите, на идолопоклониците и на сите лажливци, делот им е во езерото што гори со оган и сулфур; тоа е втората смрт" Откровение 21:8.

Одговор:   Злите ќе ја вкусат втората смрт во пеколниот оган. Доколку злите живеат засекогаш и бидат мачени во пеколот, тоа би значело дека тие се бесмртни. Меѓутоа тоа е невозможно затоа што Библијата вели дека само Бог “поседува бесмртност.” 1. Тимотеј 6:16. Кога Адам и Ева беа истерани од Едемската градина, еден ангел беше поставен да го чува дрвото на животот како грешниците не би вкусиле и “живеат за секогаш.” Битие 3:22-24. Учењето дека грешниците се бесмртни во пеколот потекнува од сатаната и целосно е неточно. Бог го има спречено тоа кога гревот влегол во светот чувајќи го пристапот кон дрвото на животот.

Библијата јаснаЗлите уништени
Библијата вели дека злите добиваат "смрт" (Римјаните 6:23), ќе претрпат "уништување" (Јов 21:30), "ќе угинат" (Псалм 37:20), ќе"изгорат" (Малахија 4:1), "ќе бидат уништени заедно" (Псалм 37:38), ќе "бидат проголтани" (Псалм 37:20), "ќе бидат сотрени" (Псалм 37:9), "ќе бидат погубени" (Псалм 62:3). Бог ќе ги "уништи" нив (Псалм 145:20),и "и огнот ќе ги голтне" (Псалм 21:9). Забележи дека сите овие стихови чинат да биде јасно дека злите ќе умрат и ќе бидат уништени. Тие нема да живеат засекогаш во состојба на мизерија.

На крајот на светот, оган ќе падне од небото на злите и ќе ги проголта.
На крајот на светот, оган ќе падне од небото на злите и ќе ги проголта.

6. Кога и како пеколниот оган ќе биде запален?

"Така ќе биде и при крајот на светот. Синот Човечки… ќе ги фрли во огнената печка; таму ќе има лелек и чкртање со заби." Матеј 13:40-42. "И излегоа на земната ширина и го опкружија логорот на светиите и омилениот град; и падна оган од небото и ги проголта" Откровение 20:9. "На праведните ќе им биде платено на земјата: колку повеќе на нечесниот и грешниот" Изреки 11:31.

Одговор:   На крајот на светот, Бог самиот ќе го запали пеколниот оган. Кога светиот град ќе се спушти на земјата од небото (Откровение 21:2), злите ќе се обидат да го заземат. Во тоа време, Бог ќе заврне оган од небото на земјата, и тој ќе ги уништи злите. Овој оган е библискиот пеколен оган.

Пеколниот оган ќе биде голем колку оваа земја затоа што самата земја ќе биде во оган. Овој оган ќе биде толку жежок така што ќе ја стопи земјата и ќе ги изгори “сите нејзини дела.” Атмосферското небо ќе експлодира и ќе “исчезне со голем звук.”
Пеколниот оган ќе биде голем колку оваа земја затоа што самата земја ќе биде во оган. Овој оган ќе биде толку жежок така што ќе ја стопи земјата и ќе ги изгори “сите нејзини дела.” Атмосферското небо ќе експлодира и ќе “исчезне со голем звук.”

7. Колку голем и колку жежок ќе биде пеколниот оган?

"А Господовиот ден ќе дојде како крадец. Во тој ден небесата ќе поминат со голема бучава, а состојките ќе бидат уништени и земјата ќе изгори со сите нејзини дела" 2. Петрово 3:10.

Одговор:   Пеколот ќе биде низ целиот свет. Ќе се протега 40.000 км во обем – неговата топлина толку голема така што сите нешта на земјата ќе бидат “изгорени.”

Исус ќе им додели праведна казна на злите. Нивниот степен на казна ќе биде фер и според нивните дела, како што има ветено.
Исус ќе им додели праведна казна на злите. Нивниот степен на казна ќе биде фер и според нивните дела, како што има ветено.

8. Колку долго злите ќе страдаат во огнот?

"Ете, доаѓам скоро, и наградата Моја е со Мене, за да му дадам секому според неговите дела!" Откровение 22:12. "Зашто Синот Човечки ќе дојде во славата на Својот Татко, со Своите ангели и тогаш секому ќе му возврати според неговите дела" Матеј 16:27. "А оној слуга, кој ја знаел волјата на својот господар, а не приготвил и не постапил според неговата волја, ќе биде многу биен. А оној кој не знаел, а направил нешто што заслужува камшикување, ќе биде малку тепан. Од секој, кому му е дадено многу, многу ќе се бара, а кому му е доверено многу, од него ќе се бара уште повеќе" Лука 12:47, 48.

Одговор:   Библијата не ни кажува колку долго злите ќе бидат казнувани пред да примат смрт во оганот. Бог специфично изјавува сепак дека секој ќе биде казнет според своите дела. Тоа значи дека некои ќе примат поголема казна од други, врз основа на нивните дела.

Бог ќе создаде нова земја каде нема да има ниту трага од поранешните зла.
Бог ќе создаде нова земја каде нема да има ниту трага од поранешните зла.

9. Дали по одредено време огнот ќе се изгасне?

"Ете, тие ќе бидат како плева, оган ќе ги изгори. Ни самите себе не ќе се избават од силата на пламенот. Не ќе остане ни жарче, за да се огрее некој, ни огниште, да се поседи покрај него" Исаија 47:14. "И видов ново небо и нова земја." " и ќе ја избрише секоја солза од нивните очи, и смрт нема да има веќе, ни тага, ни плач, ниту болка, зашто првото помина" Откровение 21:1, 4.

Одговор:   Да, навистина, Библијата учи дека пеколниот оган ќе изгасне и нема да остане ниту “јаглен да се затоплиш, ниту оган да седиш пред него.” Библијата исто така учи дека во Божјото ново царство сите “поранешни нешта” ќе поминат. Пеколот, како едно од поранешните нешта е вклучено во тоа, така што ние имаме Божјо ветување дека тој ќе престане да постои.

Дали Бог е мачител?
Доколку Бог би ги измачувал Своите непријатели во огнен хорор низ целата вечност тој и би бил повеќе одмаздлив и без срце отколку најлошите воени ѕверства. Вечниот пекол на мачење би бил пекол за Бога исто така, Кој што го сака и најзлиот грешник.

Огнот ќе гори сè додека не остане само пепелта. Дури и коските целосно ќе ги нема.
Огнот ќе гори сè додека не остане само пепелта. Дури и коските целосно ќе ги нема.

10. Што ќе преостане кога оганот конечно ќе изгасне?

"Зашто, ете, ќе настапи ден, кој гори како печка; тогаш сите горди и оние, кои постапуваат нечесно, ќе бидат како слама, и ќе ги изгори денот што иде, вели Господ Саваот; и така, нема да остане од нив ни корен, ниту гранчиња.” “и ќе ги газите нечестивите, оти тие ќе бидат прав под стапалата на нозете ваши во тој ден, што јас ќе го приготвам, вели Господ Саваот” Малахија 4:1, 3.

Одговор:   Забележете дека стихот не вели дека злите ќе горат како азбест, како што многумина веруваат, туку попрво како слама, којашто ќе биде изгорена. Самиот збор изгори укажува на комплетност. Ништо друго освен пепел нема да остане кога огнот ќе изгасне. Во Псалмот 37:10, 20, Библијата вели дека злите ќе се воздигнат во чад и дека ќе бидат уништени целосно.

Оган од небото ќе падне врз злите и ќе ги уништи, заедно со телото и душата.
Оган од небото ќе падне врз злите и ќе ги уништи, заедно со телото и душата.

11. Дали злите ќе горат во пеколот во телесна форма каде ќе биде уништена и душата и телото?

"Зашто подобро е да загине еден дел од телото, отколку целото тело да ти отиде во пеколот" Матеј 5:30. "И не плашете се од оние што го убиваат телото, а душата не можат да ја убијат. Туку плашете се повеќе од Оној Кој може да ги погуби и душата и телото во пеколот" Матеј 10:28. "Душата која згреши ќе умре" Езекиел 18:20.

Одговор:   Да. Вистински, живи луѓе ќе влезат во пеколот во телесна форма каде ќе бидат уништени и телото и душата. Оган од Бога од небото ќе падне врз вистинските луѓе и ќе ги искорени од постоење.

Ѓаволот ќе биде целосно уништен во огнот.
Ѓаволот ќе биде целосно уништен во огнот.

12. Дали ѓаволот ќе има власт над пеколот?

"А ѓаволот, кој ги заблудуваше, беше фрлен во езерото" Откровение 20:10. "Ќе те претворам во пепел на земјата пред очите на оние кои те набљудуваат...И тебе ќе те снема засекогаш" Езекиел 28:18,19.

Одговор:   Апсолутно не! Ѓаволот ќе биде фрлен во огнот, и тој ќе го претвори во пепел.


13. Дали зборот “пекол” како што е употребен во Библијата секогаш посочува кон место на казнување?

Огнот тлеел постојано во “Долината Хиномска.
Огнот тлеел постојано во “Долината Хиномска.
Одговор:   Не, зборот "пекол" е употребен 54 пати во Библијата, но само во 12 случаи посочува како на "место на горење."

Зборот "пекол" е преведен од неколку различни зборови со различно значење, како што е прикажано подолу:

ВО СТАРИОТ ЗАВЕТ
31 пати од "Шеол," кое значи "гробот."

ВО НОВИОТ ЗАВЕТ
10 пати од "Хадес," кое значи "гробот."
12 пати од "Гехена," кое значи "место на горење."
1 пат од "Тартарус," кое значи "место на темнина."
54 пати вкупно


Забелешка: Грчкиот збор “Гехена” (споменат погоре) е грчко пишување на еврејскиот збор “Ге-Хином,” кој значи “Долина Хиномска.” Оваа долина, која лежи јужно и западно од Ерусалим, било место каде биле фрлани мртви животни, ѓубре и друг отпад. Оганот горел постојано, како што гори и во денешните депонии. Библијата го користи зборот “Гехена” или “Долина Хиномска” како симбол на огнот што ќе ги уништи загубените на крајот на времето. Огнот во Гехената не беше без крај. Во спротивно сè уште би горел денес југозападно од Ерусалим. Ниту пак пеколниот оган би бил без крај.

Уништувањето на гревот, грешниците и сатаната е единствен начин вселената да биде сигурна за вечноста.
Уништувањето на гревот, грешниците и сатаната е единствен начин вселената да биде сигурна за вечноста.

14. Која е Божјата вистинска цел на пеколниот оган?

"Одете си од Мене, проклети, во вечниот оган, подготвен за ѓаволот и за неговите ангели." Матеј 25:41. "И кој не беше запишан во книгата на животот, беше фрлен во огненото езеро." "Непријателите Господови ... ќе бидат проголтани; во чад тие ќе бидат согорени." Псалм 37:10, 20.

Одговор:   Божјата цел е пеколот да го уништи ѓаволот, сето зло и сите грешници и од светот да направи безбедно место за сета вечност. Еден грешник, доколку биде оставен на оваа планета, би бил смртоносен вирус заканувајќи и се засекогаш на вселената. Божји план е да го изолира гревот и да го искорени од постоење засекогаш.

Вечниот пекол би го овековечил гревот
Вечниот пекол на мачење би го овековечил гревот и би направил неговото истребување да биде невозможно. Вечниот пеколен оган на мачење не е дел од големиот Божји план воопшто. Таквата ужасна теорија претставува клевета против Светото име на милиот Бог. Ѓаволот ужива да види како нашиот милозлив Создател е прикажан како такво чудовиште и тиранин, и само тој може да ползува од таквото учење.

Вечниот пекол – теорија направена од човекот
Теоријата за “вечниот пеколен оган на мачење” не потекнува од Библијата туку од заблудени луѓе кои беа (можеби во незнаење) водени од ѓаволот. И, како и да е, никој нема да биде во рајот заради тоа што се плашел од пеколот. Луѓето се спасени затоа што тие го сакаат Христа и му се Нему послушни.

Исус ќе биде длабоко ожалостен кога ќе мора да ги уништи оние за кои умрел да ги спаси.
Исус ќе биде длабоко ожалостен кога ќе мора да ги уништи оние за кои умрел да ги спаси.

15. Дали делото на уништување на грешници е страно на Божјата природа?

"Животот Ми Мој – вели Господ Бог – Мене не Ми е до смртта на безбожникот, туку да се одврати од својот лош пат и да живее! И така обратете се од својот лош пат, зошто да умрете?" Езекиел 33:11. "Зашто Синот Човеков не дојде да погубува човечки души, туку да ги спаси" Лука 9:56. "Зашто Господ ќе стане ... за да го изврши Своето дело, чудно дело, за да го исполни Својот наум, чудесен наум" Исаија 28:21.

Одговор:   Да, делото Божјо отсекогаш било попрво да спаси отколку да уништи. Делото на уништување на злите во пеколниот оган е толку страно за Божјата природа така што Библијата го нарекува Неговото “чудно дело.” Божјото големо срце ќе биде во болка при уништувањето на злите. Ох, колку вредно Тој работеше да ја спаси секоја душа! Но доколку некој ја отфрли Неговата љубов и се држи до гревот, Бог нема да има друг избор освен да го уништи грешникот заедно со неговиот грев кога тој ќе ја чисти вселената од тој ужасен, канцероген израсток наречен “грев” во огнот на последниот ден.

Откако грешниците ќе бидат уништени, Бог ќе создаде една фантастична нова земја за Својот народ, каде што тие ќе живеат во мир, радост и љубов засекогаш. Гревот никогаш повторно нема да се појави.
Откако грешниците ќе бидат уништени, Бог ќе создаде една фантастична нова земја за Својот народ, каде што тие ќе живеат во мир, радост и љубов засекогаш. Гревот никогаш повторно нема да се појави.

16. Какви се Божјите планови за земјата по пеколниот оган?

"Тој уништува до крај; неволјата нема да се подигне по втор пат" Наум 1:9. "Зошто ете, Јас создавам ново небо и нова земја. Поранешните нешта веќе нема да се споменуваат, ниту доаѓаат на ум" Исаија 65:17. "Еве го Божјиот шатор меѓу луѓето и Тој ќе живее со нив; и тие ќе бидат Негов народ, а Самиот Бог ќе биде со нив, и ќе ја избрише секоја солза од нивните очи, и смрт нема да има веќе, ни тага, ни плач, ниту болка, зашто првото помина" Откровение 21:3, 4.

Одговор:   Откако пеколниот оган ќе изгасне, Бог ќе создаде нова земја и ќе ја обнови за Својот народ – со сета своја убавина и слава Едемска пред гревот да се појавил во светот. Стравотиите на гревот и минатото ќе бидат заборавени. Болка, смрт, трагедија, несреќа, солзи, болест, разочарување, тага, и сето зло ќе биде отстрането засекогаш.

Гревот никогаш повторно нема да се појави
Бог ветува дека гревот никогаш повторно нема да се појави. Неговиот народ ќе биде исполнет со совршен мир, љубов, радост и задоволство. Нивните животи во целосна среќа ќе бидат далеку пославни и повозбудливи отколку што зборовите можат тоа да го опишат. Вистинската трагедија на пеколот е пропуштањето на небото. Една личност која ќе пропушти да влезе во тоа величествено царство има направено најтажен избор во својот живот.


17. Јас сум благодарен да знам дека Бог не ги казнува злите низ целата вечност во пеколниот оган.

Одговор:   


Твоите Прашања Одговорени

1. Дали Библијата зборува за “вечно мачење”?


Не, фразата “вечно мачење” не постои во Библијата.

2. Тогаш зошто Библијата пишува дека злите ќе бидат уништени со неизгаслив оган?


Неизгаслив оган е оган што не може да биде изгасен, но кој се гаси кога сите нешта ги има претворено во пепел. Еремија 17:27 вели дека Ерусалим требаше да биде уништен со неизгаслив оган, и во 2. Летописи 36:19-21 Библијата вели дека овој оган го изгорел градот “за да се исполни речта Божја искажана од устата на Еремија” и го остави пуст. Но сепак ние знаеме дека тој оган згаснал, затоа што Ерусалим не гори денес.

3. А нели Матеј 25:46 вели дека злите ќе примат “вечна казна”?


Забележи дека се вели казна, а не казнување. Казнувањето би било континуирано, додека казната претставува еден акт. Казната за злите е смрт, и таа смрт е вечна.

4. Дали можете да го објасните тоа што Матеј 10:28 го вели: “Не се плашете од оние кои можат да го убијат телото, а кои не можат да ја убијат душата”?


Зборот “душа” има три значења во Библијата: (1) живо битие – Битие 2:7, (2) ум– Псалм 139:14, и (3) живот – 1. Самоил 18:1, каде што тука посочува кон вечен живот кој Бог им го гарантира на сите оние кои ќе стигнат во Неговото царство. Никој не може да го одземе тоа. Последниот дел од Матеј 10:28 вели дека и телото и душата ќе бидат уништени во пеколот.

5. Матеј 25:41 зборува за “вечен оган” одреден за злите. Дали тој некогаш ќе згасне?


Да, според Библијата тој ќе згасне. Ние мораме да дозволиме Библијата сама себеси да се објасни. Содом и Гомор беа уништени со вечен оган (Јуда 7) и дека тој оган ги има претворено “во пепел” како предупредување за “оние кои што после тоа ќе живеат безбожно.” 2. Петрово 2:6. Овие градови не горат денес. Огнот згасна откако изгори сè. Исто така, вечниот оган ќе изгасне откако ќе ги претвори злите во пепел (Малахија 4:3). Последиците од огнот се вечни, но не и самото горење.

6. Зар приказната за богатиот човек и Лазар во Лука 16:19-31 не учи за вечно мачење во пеколот?


Не, навистина! Тоа е едноставно парабола употребена да се нагласи одредена суштина. Многу факти прават јасно дека тоа е парабола. Погледнете ги следните:

A. Прегратките на Авраам не е рајот (Евреите 11:8-10, 16).

Б. Луѓето во пеколот не можат да зборуваат со оние во рајот (Исаија 65:17).

В. Мртвите се наоѓаат во своите гробови (Јов 17:13; Јован 5:28, 29). Богатиот човек беше во тело со очи, јазик итн, но сепак ние знаеме дека телото не оди ниту во пеколот при смртта. Многу е очигледно дека телото останува во гробот, како што вели Библијата.

Г. Луѓето се наградени при Христовото второ доаѓање, а не при смртта (Откровение 22:11, 12).

Д. Загубените ќе бидат казнети во пеколот при крајот на светот, а не кога ќе умрат (Матеј 13:40-42). Суштината на приказната се наоѓа во 31 стих на Лука 16. Параболите не можат да бидат сфатени буквално. Доколку ги земеме буквално, тогаш мора да веруваме дека дрвата зборуваат! (Види Судии 9:8-15.)

7. Библијата зборува дека злите ќе бидат казнети “засекогаш,” нели?


Терминот “засекогаш,” како што е употребен во Библијата, едноставно значи период на време, ограничено или неограничено. Тој е употребен 56 пати во Библијата во поврзаност со нештата кои веќе имаат завршено. Тоа е како зборот “високо,” што значи нешто поинакво во опишување на луѓе, дрвја или планини. Во Јона 2:6, “засекогаш“ значи “три дена и ноќи.” (Види исто Јона 1:17) Во Второзаконие 23:3, тоа знаи “10 генерации.” Во случајот на човекот тоа значи “онолку долго колку што тој живее” или “до смртта.” (Види 1. Самоил 1:22, 28; Излез 21:6; Псалм 48:14). Така злите ќе горат во огнот онолку долго колку што ќе живеат, или до смртта. Оваа огнена казна за гревот ќе варира според степенот на гревовите на секоја личност, но по казната, огнот ќе изгасне. Учењето за вечното мачење има причинето повеќе да ги доведе луѓето во атеизам и лудило повеќе од кој друг изум на ѓаволот. Тоа фрла клевета врз милиот карактер на нежниот, милостив небесен Отец и има причинета неискажлива штета на делото на христијанството.


Квиз прашања

1. Грешниците ќе бидат фрлени во пеколен оган (1)


_____   Кога тие умираат.
_____   На крајот на светот.
_____   Од ѓаволот.

2. Наградата што грешниците ќе ја примат во пеколниот оган претставува (1)


_____   Смрт.
_____   Вечно мачење.
_____   Тортура од страна на ѓаволот, кој има власт во пеколот.

3. Пеколниот оган (1)


_____   Ќе биде целиот свет запален со оган од Бога.
_____   Гори сега.
_____   Гори низ бескрајните векови на вечноста.

4. Грешниците кои умреле се наоѓаат во (1)


_____   Чистилиштето.
_____   Пеколниот оган.
_____   Нивните гробови.

5. Бројот на населението во пеколот денес (1)


_____   Е еднакво на нула.
_____   Брои многу милиони.
_____   Не може да биде одредено.

6. Пеколниот оган (1)


_____   Ќе ги уништи само телата на злите.
_____   Ќе ги мачи душите на злите низ целата вечност.
_____   Ќе ги уништи грешниците – душата и телото – претворајќи ги во пепел, а потоа ќе изгасне.

7. Вечниот пеколен оган на мачење(1)


_____   Е многу важен дел од Божјиот голем план.
_____   Е ѓаволска доктрина и го клевети светото, мило Божјо име, кој што се одвратува од тоа да �
_____   Му дава на ѓаволот работа низ целата вечност.

8. “Пеколот” во Библијата (1)


_____   Секогаш посочува кон место на горење.
_____   Има неколку значења од кои едно значи “гроб.”
_____   Посочува кон сатанските подземни одаи на мачење.

9. Целта на пеколот е да (1)


_____   Им плати и ги мачи Божјите непријатели.
_____   Ги заплашува луѓето да бидат добри.
_____   Целосно го искорени гревот и злото од вселената и на праведните им пружи безбедност низ

10. Уништувањето на луѓето во пеколот (1)


_____   Ќе биде задоволство за небесниот Бог.
_____   Е наречен Божји “чуден акт,” затоа што тоа е толку туѓо за Неговиот мил план за спасува�
_____   Ќе биде ѓаволска работа во соработка со Бога.

11. Откако пеколниот оган ќе згасне (1)


_____   Бог ќе го истера сатаната до најкрајниот дел на вселената.
_____   Бог ќе создаде нова совршена земја, каде гревот никогаш повторно нема да се јави, и ќе му
_____   Праведните ќе живеат во страв гревот повторно да не се јави.

12. Приказната за богатиот човек и Лазар (1)


_____   Е парабола и не треба буквално да биде разбрана.
_____   Претставува библиски доказ за доктрината за вечно мачење.
_____   Докажува дека душите во пеколот можат да разговараат со душите во рајот.

13. Поимот “засекогаш“ употребен во Библијата во поглед на човечкиот живот (1)


_____   Значи “време без крај.”
_____   Е мистериозен поим и не може да биде објаснет.
_____   Вообичаено значи “животен век на човекот,” или “додека тој не умре.”
Complete Study Guide Sets (Bulk) by Bill May
Complete Study Guide Sets (Bulk) by Bill May

Other Languages


Contact Us

Name:


Email:


Prayer Request:


Share a Prayer Request
Name:


Email:


Bible Question:


Ask a Bible Question

Related Video

Related Audio

Related Print

God's Promises




(916) 434-3880 | AF iTools | Employment | Site Map | Privacy Statement | Terms of Use     Copyright 2015 by Amazing Facts Inc.

Back To Top