Skip Main Navigation
Amazing Facts - God's Message Is Our Mission!
   |  

Дали послушноста претставува легализам?

Print Friendly
Дали послушноста претставува легализам?Lesson 14

Луѓето можеби мислат дека можат да не бидат фатени прекршувајќи ги сообраќајните закони или мамејќи во плаќањето на својот данок, меѓутоа Бог и Неговите закони функционираат многу поинаку. Бог го гледа сето она што ние го правиме, го слуша сето она што го зборуваме, и Тој навистина е заинтересиран за тоа како ние се однесуваме. Додека Господ нуди простување за нашите гревови, сепак сé уште постојат опасни последици од прекршување на Божјиот закон. Запрепастувачки е тоа, што некои христијани мислат дека секој обид да се биде послушен на Божјиот закон претставува легализам. Но сепак Исус рекол дека доколку навистина го сакаме Бога, ние ќе го вршиме она што Тој го бара. Така, дали послушноста претставува легализам? Одвој малку време за внимателно да ја проучиш оваа лекција. Вечни последици се во прашање!
Бог те познава тебе лично и се грижи за тебе.
Бог те познава тебе лично и се грижи за тебе.

1. Дали Бог навистина ме гледа и ме забележува мене лично?

“Ти Боже ме гледаш.” Битие 16:13. “Господи, Ти си ме испитал и ме знаеш. Ти знаеш кога седнувам и кога станувам; Ти оддалеку ги разбираш мислите мои. Ти ...си запознаен со сите патишта мои. Зошто уште зборови не ми дошле до јазикот мој, Ти, Господи, веќе ги знаеш.” Псалм 139:1-4. “А вам ви се изброени и сите влакна на главата.” Лука 12:7.

Одговор:   Да, Бог нè познава секој еден од нас (секоја личност на земјата) подобро отколку што ние се познаваме себеси. Тој лично се интересира за секое човечко битие и внимателно го набљудува сето она што ние го правиме. Ниту еден збор, мисла или дело не е сокриено од Него.

Истражувај ја Библијата за да ја откриеш волјата Божја. Таа е единствената твоја сигурност.
Истражувај ја Библијата за да ја откриеш волјата Божја. Таа е единствената твоја сигурност.

2. Дали јас можам да бидам спасен во Неговото царство без да бидам послушен на Неговата Реч, како што е откриена во Светото Писмо?

“Секој што Ми вели: 'Господи, Господи!' нема да влезе во небесното царство, туку оној кој ја врши волјата на Мојот Татко Кој е на небесата.” Матеј 7:21. “Ако сакаш да влезеш во животот, држи ги заповедите. “ Матеј 19:17. “На сите кои Му се послушни им стана Извор на вечно спасение.” Евреите 5:9.

Одговор:   Не! Библијата е многу јасна за оваа точка. Спасението и царството небесно се за оние кои се послушни на Божјите заповеди. Бог не ветува вечен живот за оние кои само исповедаат вера или се членови на црква или се крстени, туку за оние коишто ја чинат Неговата волја, којашто е откриена во Светото Писмо. Се разбира, оваа послушност
е можна само преку Христа (Дела 4:12).

Само еден пат води кон небото. Библијата претставува мапа којашто ни го покажува патот.
Само еден пат води кон небото. Библијата претставува мапа којашто ни го покажува патот.

3. Зошто Бог бара послушност и зошто е таа неопходна?

“Додека тесна е портата и тесен е патот што водат во живот и малкумина се оние што го наоѓаат.” Матеј 7:14. “А кој греши против мене, нанесува штета на душата своја: сите што ме мразат мене, ја сакаат смртта.” Изреки 8:36. “И ни заповеда Господ да ги исполнуваме сите тие наредби, да се боиме од Господа, нашиот Бог, за да ни биде добро во сите денови, за да си го зачуваме животот свој.” Второзаконие 6:24.

Одговор:   Затоа што постои само еден тесен пат што води кон тоа да се биде сличен на Бога и според тоа да се оди во Неговото царство. Сите патишта не водат кон истото место, Библијата претставува мапа и прирачник полна со инструкции, предупредувања и информации за тоа како безбедно да стигнеме во тоа царство. Божјата вселена е вселена каде има закон и ред. Тука има природни, морални и духовни закони. Прекршување на еден од овие закони секогаш носи со себе одредени непроменливи последици. Доколку Библијата не била дадена, луѓето порано или подоцна (преку мака) ќе дознаат дека големите начела од Библијата постојат и се веродостојни. Овие библиски принципи се запишани во нашиот нервен систем, жлезди и умови. Кога се игнорирани, тоа резултира со нарушени нерви, болести и несреќност од секој вид. Така зборовите од Библијата не се само совет што можеме да го прифатиме или игнорираме без да се соочиме со последиците. Библијата ни кажува кои се тие последици и ни објаснува како да ги одбегнеме. Една личност не може да живее на начин како што таа сака и сè уште да стане слична на Бога како што и еден градител не може да ги игнорира нацртите за градба на една куќа без да се соочи со неволја. Тоа е причината зошто Бог бара од нас да го следиме планот на Светото Писмо. Не постои друг начин да се стане сличен на Него и така да биде подготвен за место во Неговото царство и не постои друг пат за вистинска среќа.

Гревот безбедно може да биде уништен од Бога откако сите луѓе ќе разберат и признаат дека Тој е праведен, Оној кој љуби и има милост.
Гревот безбедно може да биде уништен од Бога откако сите луѓе ќе разберат и признаат дека Тој е праведен, Оној кој љуби и има милост.

4. Зошто Бог дозволува непослушноста да продолжи? Зошто гревот и грешниците да не бидат уништени сега?

“Ете, Господ дојде со илјадници Свои светии, за да им суди на сите и за да ги изобличи сите безбожници за сите нивни безбожни дела што безбожно ги направиле, и за сите навредливи зборови што безбожните грешници ги изговориле против Него.” Јуда 14,15. “Како што сум жив Јас - вели Господ - пред Мене ќе клекне секое колено;
и секој јазик ќе Го признае Бога.” Римјаните 14:11.

Одговор:   Бог дозволува непослушноста и гревот да продолжат сé додека сите луѓе насекаде не се целосно убедени за Божјата правда, љубов и милост, сите на крајот ќе сфатат дека Бог, побарувајќи послушност, не се обидува да ја присилува Својата волја врз нас, туку дека се обидува да нè чува од повреда и од уништување на самите себеси. Проблемот со гревот не е решен сè додека најциничните и најтврдокорните грешници не се убедени за Божјата љубов и не признаат дека Тој е праведен. Можеби ќе треба да се случи голема катастрофа или нешто полошо за да го убедат некого, меѓутоа ужасните последици од грешниот начин на живот конечно ќе ги убедат сите дека Бог е праведен и правичен. Тогаш, и само тогаш, може на гревот и непослушноста безбедно да им биде ставен крај од
Господа.

Сите кои во знаење нема да се одлучат да го следат Христа ќе бидат уништени на крајот заедно со гревот којшто тие го сакаа.
Сите кои во знаење нема да се одлучат да го следат Христа ќе бидат уништени на крајот заедно со гревот којшто тие го сакаа.

5. Дали всушност Бог ќе ги уништи непослушните?

“Зашто ако Бог не ги поштеди ангелите кои згрешија, туку ги фрли во мрачните бездни и ги предаде да бидат чувани за суд.” 2. Петрово 2:4. “Сите зли ќе бидат уништени” Псалм 145:20. “Во пламенен оган, за да им се одмазди целосно на оние кои не Го познаваат Бог и кои не му се покоруваат на Евангелието на нашиот Господ Исус.” 2. Солунјаните 1:8.

Одговор:   Без сомнение. Непослушните, вклучувајќи го ѓаволот и неговите ангели кои згрешија, ќе бидат уништени. Знаејќи дека ова е точно, време е да се отрфли сета нејаснотија во поглед на тоа што е право или погрешно. Би било подобро за луѓето да престанат да дозволуваат своите каприци и егоистични поими да ги водат и да внимаваат на Божјата голема книга. И подобро тоа да го направат сега – не преостанува многу време.

Бог ветува дека ако ние го истражуваме Неговиот Збор за да ја најдеме вистината и искрено ја следиме, ние нема да завршиме во заблуда.
Бог ветува дека ако ние го истражуваме Неговиот Збор за да ја најдеме вистината и искрено ја следиме, ние нема да завршиме во заблуда.

6. Јас сакам да бидат послушен на сите Божји правила. Како можам да бидам сигурен дека нема да пропуштам некое?

“Посакајте и ќе ви се даде; побарајте и ќе најдете.” Матеј 7:7. “Проучувај за да се покажеш себеси одобрен пред Бога … кој правилно го образложува словото на вистината.” 2. Тимотеј 2:15. “Ако некој сака да ја исполнува Неговата волја, ќе знае дали е ова учење од Бог.” Јован 7:17. “Одете додека ја имате Светлината, за да не ве зафати темнината.” Јован 12:35. “Штом тие слушнаа за мене, тие ме послушаа.” Псалм 18:44.

Одговор:   Бог не остава простор за сомневање. Тој ветува дека ќе ме заштити од заблудата и ќе ме води безбедно низ сета вистина доколку јас: (1) се молам сериозно за водство, (2) искрено го проучувам Божјиот збор, и (3) ја следам вистината тогаш кога ќе ми биде покажана.

Некој да се однесува како ној во духовните нешта води до трагедија и уништување.
Некој да се однесува како ној во духовните нешта води до трагедија и уништување.

7. Дали Бог ме смета за виновен за непочитување на Библиската вистина којашто никогаш не ми била јасна?

“Да бевте слепи немаше да имате грев, ама сега велите: 'Гледаме' - затоа гревот ви останува.” Јован 9:41. “И така, кој знае да прави добро, а не го прави, чини грев.” Јаков 4:17. “Мојот народ гине заради недостиг на знаење; затоа што ти отфрли знаење, и Јас исто така ќе те отфрлам тебе.” Осија 4:6. “Барајте и ќе најдете.” Матеј 7:7.

Одговор:   Доколку јас не сум имал можност да научам одредена библиска вистина, Бог не ме смета за одговорен, Меѓутоа Библијата учи дека јас сум одговорен на Бога за сета светлина (знаење за она што е правично) што ја имам и што можам да ја имам! Многу луѓе кои одбиваат или занемаруваат да проучуват и слушаат ќе бидат уништени од Бога затоа што тие го “отфрлиле знаењето.” Некој да се однесува како ној во овие премногу важни нешта е фатално. Моја е одговорноста вредно да трагам за вистината.

Само двајца од илјадите Израелци од оние што го напуштија Египет и кои го следеа Бога целосно и беа во можност да влезат во ветената хананска земја.
Само двајца од илјадите Израелци од оние што го напуштија Египет и кои го следеа Бога целосно и беа во можност да влезат во ветената хананска земја.

8. Но Бог не е толку специфичен за послушност во секое нешто и во мали детали, нели?

“И тие луѓе, што излегоа од Египет... нема да ја видат земјата... зашто тие не Ме следеа целосно; освен Халев... и Исус, синот Навинов, зашто целосно го следеа Господа.” Броеви 32:11, 12. “Човекот не ќе живее само од леб, туку од секој збор што излегува од устата на Бог.” Матеј 4:4. “Вие сте Ми пријатели ако го вршите она што Јас го заповедам.” Јован 15:14.

Одговор:   Навистина, Тој е специфичен. Божјиот народ во Стариот Завет го научил тоа по мачен пат. Оние кои излегоа од Египет за да одат кон ветената Хананска земја беа околу 603.550 на број. Од оваа група само двајца (Халев и Исус Навин) целосно го следеа Бога и само тие влегоа во Ханан. Останатите 603.548 умреа во пустината. Исус вели дека ние треба да живееме од “секој збор” од Библијата. Не постои ниту еден збор повеќе или еден збор помалку. Тие сите се важни.

Доколку не ја следам светлината што ми е откриена, таа по одредено време ќе се претвори во темнина.
Доколку не ја следам светлината што ми е откриена, таа по одредено време ќе се претвори во темнина.

9. Кога јас ќе откријам нова вистина, ќе чекам сите пречки да бидат отстранети за да ја прифатам. Ова е најдобро, нели?

“Одете додека ја имате Светлината, за да нè ве зафати темнината.” Јован 12:35. “Побрзав и не се двоумам да ги држам Твоите заповеди.” Псалм 119:60. “Барајте го најпрвин Божјото царство и Неговата праведност, а сето друго ќе ви се додаде.” Матеј 6:33. “Штом тие слушнаа за мене, тие ме послушаа.” Псалм 18:44.

Одговор:   Но, тогаш кога тебе ти е јасно за одредена библиска вистина, никогаш не е најдобро да се чека. Како факт, одложувањето е најопасна стапица на ѓаволот. Изгледа неопасно да се чека, меѓутоа Библијата учи дека се додека една личност не реагира веднаш на светлината, таа брзо се претвора во темнина. Пречките за послушноста не се отстранети додека ние стоиме и чекаме; наместо тоа тие вообичаено се зголемуваат по големина. Човекот му вели на Бога: “Отвори го патот и јас ќе одам напред.” Но Божјиот метод е токму спротивниот. Тој вели: “Ти тргни, и јас ќе го отворам патот.”

Сатаната ја има измислено лагата дека послушноста е невозможна.
Сатаната ја има измислено лагата дека послушноста е невозможна.

10. Но нели целосната послушност е невозможна за едно човечко битие?

“За Бога сè е возможно.” Матеј 19:26. “Сè можам преку Христос, Кој ми дава сила.” Филипјаните 4:13. “Но, фала Му на Бога, Кој секогаш нè води во победа во Христос.” 2. Коринтјаните 2:14. “Кој пребива во Мене и Јас во него, тој дава многу плод; зашто без Мене не можете да сторите ништо.” Јован 15:5. “Ако Го барате и послушате, ќе ги јадете добрата земни.” Исаија 1:19.

Одговор:   Никој од нас не може да биде послушен преку својата сила, меѓутоа преку Христа ние можеме и мораме. Сатаната, со цел да направи Божјите барања да изгледаат неразумни, ја измислил лагата дека послушноста е невозможна.

Доколку јас ги игнорирам Божјите предупредувања полни со љубов јас ќе погинам.
Доколку јас ги игнорирам Божјите предупредувања полни со љубов јас ќе погинам.

11. Што ќе се случи со една личност која своеволно и во знаење продолжува во непослушност?

“Зашто, ако продолжиме да грешиме свесно, откако го примивме познавањето на вистината, нема веќе жртва за гревови, туку само страшно очекување на судот и жестината на огнот, што ќе ги проголта противниците.” Евреите 10:26,27. “Одете додека ја имате Светлината, за да нé ве зафати темнината. Зашто кој оди во темнина, не знае каде оди.” Јован 12:35.

Одговор:   Библијата не остава простор за сомнеж. Одговорот е трезвен и шокaнтен, но вистинит. Кога една личност ја отфрла вистината во знаење и продолжува во непослушност, светлината по некое време се гасне и тој е оставен во целосна темнина. Личноста која што ја отфрла вистината прима “силна измама” за да верува дека лагата е вистина (2. Солунјаните 2:11). Кога тоа се случува, тој е загубен од тој момент.

Ниту едно дете целосно нема да ги почитува своите родители доколку не ги сака.
Ниту едно дете целосно нема да ги почитува своите родители доколку не ги сака.

12. Јас мислев дека љубовта е поважна од послушноста. Дали е тоа така?

“Исус во одговор му рече: “Ако некој Ме љуби, ќе го пази Моето Слово...Кој не Ме љуби, не ги држи Моите зборови.” Јован 14:23,24. “Ова е Божјата љубов: да ги извршуваме Неговите заповеди, а Неговите заповеди не се мачни.” 1. Јованово 5:3.

Одговор:   Не, не воопшто! Како факт, Библијата учи дека вистинската љубов кон Бога не може да постои без послушност. Ниту пак една личност може да биде целосно послушна без љубов. Ниту едно дете нема целосно да им биде послушно на своите родители без љубов. Вистинската љубов и послушност се како Сијамски близнаци. Ако се одвојат, тие умираат.

Само граѓанинот кој го почитува законот поседува слобода. На ист начин вистинска христијанска слобода значи слобода од непослушноста.
Само граѓанинот кој го почитува законот поседува слобода. На ист начин вистинска христијанска слобода значи слобода од непослушноста.

13. Но јас секогаш мислев дека вистинската слобода во Христа ме има ослободено од послушноста. Дали е тоа така?

“Ако продолжите да го следите Моето слово… ќе ја знаете вистината, и вистината ќе ве ослободи.” “Секој што прави грев, роб му е на гревот.” Јован 8:31,32, 34. “Но Му благодарам на Бога, зашто вие, иако му бевте робови на гревот, му станавте послушни од сé срце на учењето на кое му се предадовте, и откако бевте ослободени од гревот, и станавте робови на праведноста.” Римјаните 6:17,18. “Ќе го пазам Твојот закон постојано и довека.” Псалм 119:44, 45.

Одговор:   Не. Вистинската слобода доаѓа само од послушноста. Таа значи слобода “од гревот” (Римјаните 6:18), или непослушноста, која е кршење на Божјиот закон (1. Јованово 3:4). Граѓаните кои му се послушни на законот имаат слобода. Непослушните се фатени и ја губат својата слобода. Слободата без послушност е како лажна слобода на балон кој лета или автомобил во движење без возач. Тоа води кон збрка и анархија. Вистинската христијанска слобода значи слобода од непослушноста. Непослушноста секогаш ја повредува личноста и води кон сурово робување на ѓаволот.

Милите деца ги слушаат своите родители и покрај тоа што тие секогаш нема да го разберат нивното барање. Истото е вистина и за децата Божји.
Милите деца ги слушаат своите родители и покрај тоа што тие секогаш нема да го разберат нивното барање. Истото е вистина и за децата Божји.

14. Кога јас верувам дека Бог побарува одредено нешто, дали треба да бидам послушен на тоа дури и ако не разбирам зошто Тој го бара тоа?

“Послушај го те молам Господовиот глас и твојата душа ќе живее.” Еремија 38:20. “Оној кој се потпира на своето срце е неразумен.” Изреки 28:26. “Подобро е да се има доверба во Бога отколку да се надева на човек .” Псалм 118:8. “Но, како што е небото повисоко од земјата, така се и Моите патишта повисоки од вашите патишта, и мислите Мои повисоки од вашите мисли.” Исаија 55:9. “О, длабочино на богатства и на мудрост, и на Божјото знаење! Колку се недостапни Неговите судови и неиспитливи патиштата Негови! Зашто и кој ја запознал Господовата мисла?” Римјаните 11:33,34. “Јас ќе ги поведам по пат што тие не го знаат.” Исаија 42:16. “Ти ќе ми го покажеш патот на животот.” Псалм 16:11.

Одговор:   Најнесомнено! Ние мораме на Бога да му оддадеме слава, затоа што во Неговата мудрост од нас бара некои нешта кои ние не ги разбираме. Добрите деца ги слушаат своите родители дури и кога причината за нивните заповеди не се јасни. Едноставна вера и доверба во Бога ќе причини ние да веруваме дека Тој знае што е најдобро за нас и дека никогаш нема да нé води на некоја погрешна патека. Неразумно е за нас, во нашето незнање, да го прашуваме Божјото водство, дури и кога можеби целосно не ги разбираме сите Негови причини.

Ѓаволот сака ти да не бидеш послушен на Бога, затоа што тој те мрази и сака да бидеш загубен.
Ѓаволот сака ти да не бидеш послушен на Бога, затоа што тој те мрази и сака да бидеш загубен.

15. Кој стои зад целата непослушност и зошто?

“Кој чини грев, од ѓаволот е, зашто ѓаволот греши од почетокот.” “По ова се препознаваат Божјите чеда и ѓаволските чеда: секој што не чини праведност не е од Бога, ниту пак оној што не го љуби својот брат.” 1. Јованово 3:8, 10. Сатаната ... го мами целиот свет.” Откровение 12:9.

Одговор:   Ѓаволот е одговорен. Тој знае дека сета непослушнот е грев и дека гревот донесува несреќа, трагедија и одвојување од Бога и на крајот уништување. Со огорчена омраза тој очајно се труди да ја води секоја личност кон непослушност. И ти си вовлечен во тоа. Ти мораш да се соочиш со фактите и да направиш одлука. Биди непослушен и биди загубен или прифати го Христа, биди послушен и биди спасен. Твојата одлука во врска со послушноста е одлука во поглед на Христа. Ти не можеш да го одвоиш Него од вистината, затоа што Тој вели: “Јас сум...вистината.” Јован 14:6. “Одберете овој ден кому ќе му служите.” Исус Навин 24:15.

По чудото на наново  раѓање, Бог продолжува да чини чуда за да растеме во Христа.
По чудото на наново раѓање, Бог продолжува да чини чуда за да растеме во Христа.

16. Какво славно ветување во врска со едно супер чудо Библијата им дава на Божјите деца?

“Оној Кој го започна доброто дело во вас, ќе го доврши до Денот на Христос Исус.” Филипјаните 1:6.

Одговор:   Фала на Бога! Тој ветува дека како што сторил чудо за да нè доведе до ново раѓање, Тој исто така ќе продолжи да ги врши потребните чуда во нашите животи (како што радосно го следиме Него) сé додека сме безбедни во Неговото царство.


17. Ми донесува радост да знам дека Исус не само што им дава ново раѓање на оние кои го прифаќаат и го следат Него, но Тој исто така продолжува да ги работи потребните чуда во нивните животи сè додека тие не се безбедни во Неговото царство. Сакам во љубов да почнам да му бидам послушен на Христа и целосно да го следам од овој момент.

Одговор:   


Твоите Прашања Одговорени

1. Дали некои од оние што навистина мислат дека се спасени ќе бидат загубени?


Да! Во Матеј 7:21-23 е јасно дека многумина што пророкуваат, изгонуваат демони и чинат многу чудни дела во Христовото име ќе бидат загубени и покрај тоа што тие ќе мислат дека се спасени. Христос кажа дека тие се загубени, затоа што не ја вршеа “волјата на Мојот Отец кој е на небесата.” Оние што одбиваат да му бидат послушни на Бога ќе завршат верувајќи во лага (2. Солунјаните 2:11,12) и така ќе мислат дека се спасени кога тие всушност се загубени.

2. Затоа што постои само еден правилен пат, што ќе се случи со искрените луѓе кои навистина мислат дека се во право, кога не се?


Исус вели дека Тој ќе ги повика кон Неговиот вистински пат, и Неговите вистински овци ќе го слушнат и следат (Јован 10:16,27).

3. Зар не се доволни искреноста и ревноста?


Не! Ние исто така мора да бидеме и правични! Апостолот Павле бил искрен и ревен кога ги прогонувал христијаните пред неговото обратување; меѓутоа тој исто така не бил во право за тоа (Дела 22:3, 4; 26:9-11).

4. Дали е научно невозможно Бог да го гледа секого во исто време?


Истото се случи и во случајот на Потопот (никогаш претходно не заврнало – Битие 2:5, 6), меѓутоа се случило како и да е. Земањето во предвид на “научните” докази за непослушноста е омилена разонода на класата спомената во Римјаните 1:22, кои “наречувајќи се себеси мудри, станаа безумни.”

5. Што ќе се случи со оние луѓе кои немаат примено светлина?


Библијата вели дека сите имаат примено некаков вид на светлина. “Тоа беше вистинската Светлина, која го осветлува секој човек кој доаѓа во светот.” Јован 1:9. Секоја личност ќе биде судена според тоа како ја следела светлината што и стоела на располагање. Дури и незнабошците имаат некој вид на светлина и го следат законот, според Римјаните 2:14, 15.

6. Јас побарав од Бога да ми да даде знак доколку Тој бара од мене да бидам послушен. Ова е безбедно, нели?


Не! Исус рекол: “Злото и прељубничкото поколение бара знак.” Матеј 12:39. Сите учења треба да бидат проверени со Библијата, и доколку се во хармонија со Божјиот Збор, треба да бидат прифатени и да се следат (Исаија 8:20; 2. Тимотеј 2:15). Луѓето што нема да ги прифатат јасните учења на Библијата, нема да бидат убедени ниту од знак. Како што рекол Исус: “'Ако не ги слушаат Мојсеј и пророците, нема да му веруваат ни на оној кој воскреснал од мртвите.” Лука 16:31.

7. Стиховите од Евреите 10:26, 27 изгледа како да индицираат дека доколку една личност своеволно изврши еден грев во знаење, дека е загубена. Дали е тоа точно?


Не! На секого што ќе го исповеда таквиот грев ќе му биде простено. Библијата тука не зборува за еден поединечен акт или грев, туку за дрско продолжување во гревот и одбивање една личност да се предаде на Христа откако веќе знае подобро. Таквите акти го жалостат Светиот Дух (Ефесјаните 4:30) и го затврднува срцето на истата личност сè додека таа не е “дојдена до бесчувство” (Ефесјаните 4:19) и е загубена. Библијата вели: “Запази го твојот слуга од дрски гревови; нека тие немаат власт над мене. Тогаш ќе бидам непорочен, јас ќе бидам невин од големо беззаконие.” Псалм 19:13.

8. Дали една личност треба да биде образувана за да ја разбере Библијата?


Не! Дури и наједноставните можат да ја разберат, доколку му се предадат на Бога (Псалм 19:7; 119:130; Матеј 11:25).


Квиз прашања

1. Ќе бидат спасени луѓето кои (1)


_____   Изгонуваат ѓаволи во Христово име.
_____   Тврдат дека го сакаат Христа.
_____   Го прифатат Бога и нему му бидат послушни.

2. Кои три од следните нешта ме прават сигурен за примање на целосната вистина (3)


_____   Прашам својот психијатар.
_____   Да се молам за светлина.
_____   Да чинам како што мојот проповедник (свештеник) вели.
_____   Давам многу дарови во црквата.
_____   Казнувам себеси.
_____   Примам подобро образование.
_____   Да барам знак од Бога.
_____   Проучувам Библијата.
_____   Ја следам вистината која сега ја разбирам.

3. Бог ме смета одговорен за (1)


_____   Она што мојот проповедник вели да го чинам.
_____   Следењето на моите родители по нивните стапки.
_____   Вистината која ја имам и можам да ја имам.

4. Кога ќе примам нова светлина, Јас треба да (1)


_____   Ја игнорирам.
_____   Чекам додека се чувствувам импресиониран да ја прифатам.
_____   Ја прифатам и и бидам веднаш послушен.

5. Целосната послушност кон Божјите заповеди е (1)


_____   Невозможно под сите околности.
_____   Легализам и потекнува од ѓаволот.
_____   Можна само преку Христа.

6. Намерната непослушност (1)


_____   Води кон темнина и вечно уништување.
_____   Е во ред за ревните црквени работници.
_____   Е прогледана од Бога доколку јас сум тврдоглав.

7. Вистинска љубов за Бога (1)


_____   Е подобра од послушноста.
_____   Чини послушноста да не биде неопходна.
_____   Причинува јас во среќа да сум му Нему послушен.

8. Вистинска христијанска слобода значи (1)


_____   Право да чинам како што јас сакам во сите нешта.
_____   Право да се биде непослушен на Бога.
_____   Слобода од непослушноста и ропството на ѓаволот.

9. Кога одредена точка од вистината ми стане јасна но јас не сфаќам зошто Бог го бара тоа од мене, јас треба да (1)


_____   Чекам додека причината стане јасна.
_____   Ја отфрлам таа точка на вистината.
_____   Ја прифатам и бидам послушен на Божјиот збор.

10. Кој е одговорен за сета непослушност? (1)


_____   Владата.
_____   Моите родители кои ме воспитале погрешно.
_____   Ѓаволот.

11. Зошто послушноста е неопходна? (1)


_____   Затоа што Бог е поголем од мене и јас се плашам од Него.
_____   За Бог да не се разгневи.
_____   Затоа што јас го љубам Бога и сакам да ги следам Неговите правила за христијанското одн�

12. Зошто Бог не ги уништи грешниците токму сега? (1)


_____   Тој се плаши да го стори тоа.
_____   Тој ужива да гледа како злото се наголемува.
_____   Тој чека додека сите се целосно убедени за Неговата љубов и праведност.
Complete Study Guide Sets (Bulk) by Bill May
Complete Study Guide Sets (Bulk) by Bill May

Other Languages


Contact Us

Name:


Email:


Prayer Request:


Share a Prayer Request
Name:


Email:


Bible Question:


Ask a Bible Question

Related Video

Related Audio

Related Print

God's Promises




(916) 434-3880 | AF iTools | Employment | Site Map | Privacy Statement | Terms of Use     Copyright 2015 by Amazing Facts Inc.

Back To Top