Skip Main Navigation
Amazing Facts - God's Message Is Our Mission!
   |  

Бог го зацрта планот

Print Friendly
Бог го зацрта планотLesson 17

Ние сите знаеме дека пред 3.500 години, при планината Синај, на големиот собир, Бог му ги дал на Мојсеј Десетте Заповеди. Меѓутоа, повеќето луѓе не знаат дека истовремено, Бог му дал на Мојсеј нацрт план за една од најтаинствената градба која некогаш е изградена – светилиштето. Таа сигурно морала да биде важна затоа што Израелците не можеле да влезат во Ветената Земја сè додека таа не била завршена. Овој уникатен подвижен храм го претставува Божјото живеалиште помеѓу Неговиот народ, а нејзините служби му покажувале на народот кој бил ослободен од ропство, тро-димензионална панорама на планот на спасението. Внимателен поглед во тајните на светилиштето ќе го кристализираат твоето разбирање за тоа како Исус ги спасува загубените и ги води кон црквата. Светилиштето исто така е клуч за разбирање на неколку пророштва. Оваа неверојатна лекција ќе те воведе во истражувањето на светилиштето и ќе ти открие затскриени значења. Те очекува возбудлива авантура!
Бог лично му дал нацрт план на Мојсеј за светилиштето.
Бог лично му дал нацрт план на Мојсеј за светилиштето.

1. Што побарал Бог од Мојсеј да изгради?

"И нека ми направат светилиште; за да можам да живеам меѓу нив." Излез 25:8.

Одговор:   Бог побарал од Мојсеј да подигне светилиште – посебно здание кое ќе служи како пребивалиште на големиот небесен Бог.

Краток опис на Светилиштето
Светилиштето било елегантна градба во вид на шатор (15 : 45 стапки) каде натприродното присуство на Бога пребивало и каде биле извршувани посебни служби. Ѕидовите биле направени од столбови од дрвото ситим, поставени во сребрени подножја, полеани со злато (Излез 26:15-19, 29). Кровот бил направен од четири слоја на покривала: ленено платно, козји влакна, кожи од овен и кожа од јазовец (Излез 26:1, 6-14). Тоа имало две простории: свето место и најсвето место. Дебел, тежок превез или завеса ги одделувало одделенијата. Дворот – пределот пред светилиштето – бил со димензија 75 : 150 стапки (Излез 27:18). Светилиштето било заградено со префинет лен поддржан од 60 столбови од бакар (Излез 27:9-16).

2. Што очекувал Бог луѓето да научат од светилиштето?

2. Што очекувал Бог луѓето да научат од светилиштето?

"Твојот пат, о Боже е во светилиштето: кој е толку голем колку нашиот Бог?" Псалм 77:13.

Одговор:   Божјиот пат или планот на спасението, е откриен во земното светилиште. Библијата учи дека секое едно нешто во светилиштето или сето она што е поврзано со тамошната служба било симбол на нешто што Исус би правел за да нè спаси нас. Тоа значи дека ние не можеме целосно да го разбереме планот на спасението сè додека не ги разбереме симболите поврзани со светилиштето. Така, важноста на оваа лекција тешко може да се искаже.

Светилиштето и неговата служба го
 демонстрираат планот на спасение
Светилиштето и неговата служба го демонстрираат планот на спасение

3. Од каде Мојсеј се здоби со нацрт планот за градење на светилиштето? На што било копија тоа здание?

"Главното од она што беше кажано, е ова: имаме таков Првосвештеник, Кој седна оддесно на престолот на Величеството на небесата како служител во Светилиштето и во вистинскиот Шатор, што го подигна Господ, а не човек." "Тие им служат на сликата и на сенката на небесните нешта, како што му беше речено на Мојсеј, кога требаше да го направи Шаторот: "Гледај", му рече Тој, "да направиш сè според образецот, што ти беше покажан на гората!" Евреите 8:1,2,5.

Одговор:   Нацртот за светилиштето и сите спецификации за неговата изградба му биле дадени на Мојсеја од Бога. Тие биле копија од светилиштето на небото, кое претставувало образец за светилиштето кое Мојсеј требало да го изгради.

4. Какви предмети имало во дворот на светилиштето?

4. Какви предмети имало во дворот на светилиштето?

Одговор:   A. Олтар за жртви сепаленици, каде што животните биле жртвувани бил поставен во дворот, во надворешниот ограден дел (Излез 27:1-8.) Овој олтар го претставувал Христовиот крст. Животното го претставувало Христа, најголемата жртва (Јован 1:29).

Б. Мијалник, поставен меѓу олтарот и влезот на светилиштето. Тоа бил голем мијалник направен од бакар. Тука свештениците ги миеле своите раце и нозе пред да приложат жртва или да влезат во светилиштето (Излез 30:17-21 38:8).

Водата претставува чистење од грев, или ново раѓање (Тит 3:5).

5. Какви предмети имало во светото место?

5. Какви предмети имало во светото место?

Одговор:   A. Трпеза за поставување на лебови (Излез 25:23-30) која го претставувала Христа, живиот леб (Јован 6:51).

Б. Седмокрак светилник (Излез 25:31-40) кој го преставувал Исуса, светлината на светот (Јован 9:5 1:9). Маслото го претставувало Светиот Дух (Захарија 4:1-6 Откровение 4:5).

В. Жртвеник за кадење (Излез 30:7, 8) кој ги претставувал молитвите на Божјиот народ (Откровение 5:8).

Седиштето на милоста го претставувало Божјиот престол, којшто исто така се наоѓа помеѓу два ангела.
Седиштето на милоста го претставувало Божјиот престол, којшто исто така се наоѓа помеѓу два ангела.

6. Кој предмет се наоѓал во најсветото место?

Одговор:   Ковчегот на заветот, единствениот предмет во најсветото место (Излез 25:10-12), била кутија или голем сандак направен од дрвото ситим позлатена со чисто злато. Одозгора над ковчегот стоеле два ангели направени од злато. Помеѓу тие ангели се наоѓало седиштето на милоста (Излез 25:17-22), каде пребивал видливо Бог. Ова го симболизирало Божјиот престол на небото, којшто исто така се наоѓа помеѓу два ангела (Псалм 80:1).

Десетте заповеди се наоѓале во ковчегот. Тие го претставуваат Божјиот карактер, што Тој го всадува кај Својот народ.
Десетте заповеди се наоѓале во ковчегот. Тие го претставуваат Божјиот карактер, што Тој го всадува кај Својот народ.

7. Што се наоѓало внатре во ковчегот?

Одговор:   Десетте заповеди, што Бог ги напиша на камени плочи со Својот прст, и кои луѓето секогаш ќе ги почитуваат (држат – Откровение 14:12), се наоѓаа во ковчегот (Второзаконие 10:4,5). Но седиштето на милоста се наоѓало над нив, коешто значело дека онолку долго колку што Божјиот народ го исповедал и оставил гревот (Изреки 28:13), милоста ќе им биде овозможена преку крвта којашто била попрскана на седиштето на милоста од свештеникот (Левит 16:15,16). Крвта на животното ја претставувала Христовата крв којашто беше пролеана за да ни донесе простување на гревот (Матеј 26:28; Евреите 9:22).

Жртвуваните животни го претставувале Христа, кој го жртвувал Својот живот за сите луѓе.
Жртвуваните животни го претставувале Христа, кој го жртвувал Својот живот за сите луѓе.

8. Зошто требало да бидат жртвувани животни во службите на светилиштето во Стариот Завет?

"И по Законот може да се каже дека речиси сè се чисти со крв, и без пролевање крв нема проштавање." Евреите 9:22. "Зашто ова е Мојата крв на Заветот, која се пролева за мнозина, за проштавање на гревовите." Матеј 26:28.

Одговор:   Жртвувањето на животните било неопходно за да им помогне на луѓето да разберат дека без пролевање на Христовата лрв, нивните гревови не можат да бидат простени. Одвратна и шокантна е вистината дека казната за гревот е вечна смрт (Римјаните 6:23). Заради тоа што сите ние имаме згрешено, сите ние треба да умреме. Кога Адам и Ева згрешија, тие ќе умреа тогаш веднаш, ако не беше Христос кој зачекори напред и понуди да го даде Својот совршен живот како жртва за да ја плати смртната казна за сите луѓе (Откровение 13:8). Откако згрешил, Бог барал од грешникот да донесе животинска жртва (Битие 4:3-7). Грешникот требало да го убие животното со својата рака (Левит 1:4,5). Тоа било крваво и непријатно за гледање и тоа впечатливо влијаело врз грешникот и му ја укажувала сериозната реалност за ужасните последици на гревот (вечна смрт) и очајната потреба за Спасител и замена. Без Спасител, никој никогаш не би имал надеж за спасение.

Системот на жртвување учел, преку крвта на погубените животни, дека Бог ќе го даде Својот Син да умре за нивните гревови (1. Коринтјаните 15:3). Исус ќе стане не само нивен Спасител, туку исто така и нивна замена (Евреите 9:28). Кога Јован Крстителот го сретнал Христа, тој рекол: “Еве го Јагнето Божје, кое ги зема гревовите на светот.” Јован 1:29. Во Стариот Завет, луѓето гледале во иднината кон крстот за спасение. Ние гледаме назад кон Голгота за спасение. Не постои друг извор на спасение (Дела 4:12).

Животинските жртви учеле една шокантна вистина за тоа дека гревот ќе биде причина за смртта на Исус.
Животинските жртви учеле една шокантна вистина за тоа дека гревот ќе биде причина за смртта на Исус.

9. Како биле жртвувани животните во службата на светилиштето и со какво значење?

"И нека ја положи својата рака врз главата на жртвата и ќе придобие милост за очистување." "Да се заколе на северната страна од жртвеникот пред Господа." Левит 1:4,11.

Одговор:   Кога некој грешник донел жртвено животно при вратата на дворот, свештеникот му дал нож и леген. Грешникот ги полагал своите раце врз главата на животното и ги исповедал своите гревови. Тоа симболизирало пренесување на гревот од грешникот на животното. Во тој момент, грешникот се сметал за невин, а животното виновно. Затоа што сега животното било симболично виновно, требало да ја плати казната за гревот – смртта. Погубувајќи го животното со своите раце, грешникот така графички бил поучуван дека гревот бил причина за смртта на невиното животно и дека неговиот грев ќе биде причина за смртта на невиниот Исус.


10. Кога едно жртвено животно било принесено за целиот народ, што правел свештеникот со крвта? Што симболизира тоа?

"А помазаниот свештеник нека внесе крв од телето во скинијата на сведоштвото. Потоа нека го натопи свештеникот прстот свој во крвта, и седумпати нека попрска пред светилиштето на Господа." Левит 4:16, 17.

Одговор:   Кога била принесувана жртва за гревовите на целиот народ, крвта била земана од свештеникот, кој го претставувал Христа (Евреите 3:1), во светилиштето, и била попрскувана пред завесата која ги одвојувала двете одделенија. Божјото присуство пребивало на другата страна од завесата. Така, гревовите на народот биле симболично префлени во светилиштето. Оваа служба со крвта која ја извршувал свештеникот фрлала сенка на денешната Христова служба на принесување на крв за нас на небото. Откако Исус умрел на крстот како наша жртва за гревот, Тој воскресна и отиде на небото како наш Свештеник за да ја принесе Својата крв во небесното светилиште (Евреите 9:11,12). Крвта која била принесувана од земниот свештеник била претстава за тоа како Христос ќе ја принесе Својата крв за нашите гревови во небесното светилиште, покажувајќи дека тие се простени кога нив ги исповедаме во Негово име (1. Јованово 1:9).

Како наша жртва, Исус ни донесува комплетно преобразен живот со сите гревови простени.
Како наша жртва, Исус ни донесува комплетно преобразен живот со сите гревови простени.

11. Врз основа на службите во светилиштето, на какви два начина Исус му служи на Својот народ? Каква фантастична полза имаме ние од Неговата служба поттикната од љубов?

"Христос нашата пасха се жртвуваше за нас." 1. Коринтјаните 5:7. "И така, бидејќи имаме Врховен свештеник, Кој помина низ небесата - Исус, Божјиот Син, да се држиме цврсто за верата која ја исповедаме! Зашто, немаме врховен свештеник кој не може да сочувствува со нашите слабости, туку таков Кој бил искушуван во сè, како нас, но без грев. И така да пристапуваме смело кон престолот на благодатта, за да примиме милост и за да најдеме благодат, која ќе ни помогне во време на нужда." Евреите 4:14-16.

Одговор:   Исус служи како жртва за нашите гревови и како наш небесен Свештеник. Исусовата смрт како наше жртвено јагне и замена и Неговата постојана моќна служба како наш небесен свештеник, за нас извршуваат две неверојатни чуда:

A. Комплетно променет живот наречен ново раѓање, со сите минати гревови простени (Јован 3:3-6 Римјаните 3:25).

Б. Сила да живееме праведно во сегашноста и вистината (Тит 2:14 Филипјаните 2:13).

Овие две чуда прават една личност да биде праведна – кое значи дека постои правилна врска помеѓу таа личност и Бог. Не постои шанса една личност да биде праведна преку дела, затоа што праведноста побарува чуда коишто само Исус може да ги изврши (Дела 4:12). Една личност станува праведна имајќи доверба во Христа, за него да направи тоа што самиот не може да го направи за себе.

Ова е значењето на библискиот поим “праведност преку вера.” Јас го замолувам Христа да биде господар на мојот живот и му се доверувам за мене да ги изврши потребните чуда, соработувајќи целосно со Него. Праведноста, којашто чудесно се извршува за мене и во мене од Христа, е единствената праведност којашто постои. Секоја друга праведност е лажна.

Исус, преку Своите чуда, ќе направи ние радосно да ги извршуваме оние нешта кои му се на Бога угодни.
Исус, преку Своите чуда, ќе направи ние радосно да ги извршуваме оние нешта кои му се на Бога угодни.

12. Кои шест возвишени ветувања ни ги дава Библијата за праведноста која ни е понудена преку Христа?

Одговор:   A. Тој ќе ги покрие нашите минати гревови и ќе нè смета за невини (Исаија 44:22 Јован 1:9).

Б. Ние бевме создадени според Божјиот лик во почетокот (Битие 1:26, 27). Исус ветува дека во нас ќе го обнови Божјиот лик (Римјаните 8:29).

В. Исус нам ни дава желба да живееме праведно а потоа ни ја дава Својата сила да го извршуваме тоа (Филипјаните 2:13).

Г. Исус, преку Своите чуда, ќе направи ние радосно да ги извршуваме оние нешта кои му се на Бога угодни (Евреите 13:20,21 Јован 15:11).

Д. Тој од нас ја отстранува смртната казна засметувајќи ни го Својот безгрешен живот и помирителна смрт (2. Коринтјаните 5:21).

Ѓ. Исус ја презема на себе одговорноста да нè чува да бидеме верни, сè додека Тој не се врати за да нè земе на небо (Филипјаните 1:6 Јуда 1:24).

Исус е подготвен да ги исполни сите овие славни ветувања во твојот живот. Дали си подготвен? Клекни на колена сега и замоли го да ја преземе контролата над твојот живот. Тој нема да те разочара.

Нашата улога во спасението е со љубов и со волја да го следиме Христа таму каде што Тој би нè водел.
Нашата улога во спасението е со љубов и со волја да го следиме Христа таму каде што Тој би нè водел.

13. Дали една личност има свој дел да одигра во процесот на станување праведен преку вера?

"Секој што Ми вели: 'Господи, Господи!' нема да влезе во небесното царство, туку оној кој ја врши волјата на Мојот Отец Кој е на небесата." Матеј 7:21.

Одговор:   Да, Исус вели дека ние мораме да ја вршиме волјата на Неговиот Отец. Во Стариот Завет, една личност која навистина била обратена, донесувала јагниња за жртва, покажувајќи ја својата жал за гревот и неговата сесрдна желба да му дозволи на Бога целосно да го води неговиот живот.

Денес, и покрај тоа што ние не можеме да ги чиниме чудата кои се потребни за да станеме праведни, ние мораме секој ден одново да се посветуваме на Христа (1. Коринтјаните 15:31), поканувајќи го Него да управува со нашите животи како тие чуда би можеле да се случат. Ние мораме да имаме желба да бидеме послушни и да го следиме Христа таму каде што Тој би нè водел (Јован 12:26 Исаија 1:18-20).

Гревот причинува да ние сакаме да одиме по свој пат (Исаија 53:6) и така, да се побуниме против Бога како што тоа го направил сатаната на почетокот (Исаија 14:12-14). Да му дозволиме на Христа да владее со нашите животи, понекогаш е толку тешко како да ни се чини дека некој сака да ни извади око или откорне рака (Матеј 5:29,30), затоа што гревот е зависност и може да биде победен само преку Божјата чудесна сила (Марко 10:27).

Многумина веруваат дека Исус ќе ги земе на небото сите кои исповедаат спасение, без оглед на нивниот живот. Меѓутоа тоа не е така. Тоа е фабрикувано од сатаната. Еден христијанин мора да го следи животниот стил на Христа (1. Петрово 2:21). Христовата крв може сето тоа да го изврши за нас (Евреите 13:12), но доколку ние на Христа му дадеме целосна контрола над нашите животи и радосно го следиме таму каде што Тој нè води – и покрај тоа што патот некогаш може да биде каменлив, трнлив и рапав..

Божјиот јарец го претставувал Христа, кој ќе требало да умре за нашите гревови.
Божјиот јарец го претставувал Христа, кој ќе требало да умре за нашите гревови.

14. Дали можете да ми помогнете да го разберам денот на помирувањето?

Јарецот за отпуштање го претставувал сатаната, врз кого Бог ќе ја положи целосната одговорност за гревот.
Јарецот за отпуштање го претставувал сатаната, врз кого Бог ќе ја положи целосната одговорност за гревот.
Одговор:   A. Еднаш секоја година, на денот на помирувањето, свечен ден на суд се случувал во Израел (Левит 23:27). Сите требале да го исповедаат секој грев. Оние коишто го одбиле тоа, тој ден требало засекогаш да бидат отсечени од Израелскиот собор (Левит 23:29).

Б. Биле одбрани два јарца: еден, бил Господовиот јарец другиот, за отпуштање, кој го претставувал сатаната (Левит 16:8). Јарецот за Господа бил погубен и приложен како жртва за гревовите на народот (Левит 16:9). Меѓутоа во тој ден крвта била внесувана во најсветото место и со неа било попрскувано врз и пред седиштето на милоста (Левит 16:14). Само во тој посебен ден на суд првосвештеникот влегувал во најсветото место да се сретне со Бога при седиштето на милоста.

Крвта, со која се попрскувало (претставувајќи ја Христовата жртва) била прифатена од Бога, и исповеданите гревови на народот биле префрлени од светилиштето на првосвештеникот. Тој тогаш ги префрлил тие исповедани гревови на јарецот за отпуштање, којшто требало да биде одведен во пустината (Левит 16:16, 20-22). На ист начин, светилиштето било очистувано од гревовите на народот, кои што биле префрлени таму преку крвта која била попрскана пред завесата и којашто била акумулирана за една година.

Денот на помирувањето во Израел било симбол на крајниот суд, кој засекогаш ќе го реши проблемот со гревот низ целата вселена.
Денот на помирувањето во Израел било симбол на крајниот суд, кој засекогаш ќе го реши проблемот со гревот низ целата вселена.

15. Дали денот на помирувањето симболизира или е сенка на одреден дел од Божјиот голем план на спасение, како што и другите аспекти од земното светилиште и неговите служби симболизирале нешто?

"И така, неопходно беше симболите на небесните нешта да се исчистат со овие нешта, а самите небесни нешта со жртви подобри од овие." Евреите 9:23.

Одговор:   Да. Службата во тој ден посочувала кон искоренувањето на гревот од страна на вистинскиот Првосвештеник во небесното светилиште. Преку Неговата пролеана крв која е уважена за оние коишто се запишани во книгата на животот, Христос ќе ја потврди одлуката на Неговиот народ да му служат Нему вечно. Овој посебен ден на суд, како тој во Израел кој се нарекувал Јом Кипур, фрлал сенка на крајното помирување извршено за планетата Земја. Од годишните симболи на некогашниот ден на помирувањето, сето човештво е уверено дека нашиот верен Првосвештеник, Исус, сè уште посредува на небото за Неговиот народ и стои подготвен да ги искорени гревовите на сите кои ќе пројават вера во Неговата пролеана крв. Крајното помирување води кон краен суд, кој го решава прашањето со гревот во животот на секоја личност, завршувајќи или со живот или со смрт.

Важни настани
Ти ќе откриеш во наредните две лекции како симболизмот на земното светилиште а посебно денот на помирување фрлал сенка на значајните настани од последното време, што ќе се случат во небесното светилиште.

Денот на судот
Во следната лекција, ние ќе испитаме едно важно библиско пророштво во коешто Бог одредува датум кога небесниот суд ќе започне. Навистина возбудливо!


16. Јас се одлучувам да ја прифатам Христовата праведност, која што вклучува простување, чистење од гревот и сила да се живее праведно во сегашноста и иднината.

Одговор:   


Квиз прашања

1. Кои предмети се наоѓале во дворот на светилиштето? (2)


_____   Седиштето на милоста.
_____   Мијалникот.
_____   Столици.
_____   Олтар за жртви сепаленици.

2. Божјото присуство пребивало кај седиштето на милоста. (1)


_____   Да.
_____   Не.

3. Седмокракиот светилник го претставувало (1)


_____   Христа, светлината на светот.
_____   Второто Христово доаѓање.
_____   Светлите ѕидини на Новиот Ерусалим

4. Целта на светилиштето и службите кои таму се одвивале е (1)


_____   Да им помогне на луѓето да ги разберат ангелите.
_____   Да обезбеди месна храна за луѓето.
_____   Да го симболизира планот на спасение.

5. Кој ги зацрта плановите за градба на светилиштето? (1)


_____   Ное
_____   Еден ангел.
_____   Арон.
_____   Бог.

6. Десетте заповеди се наоѓале внатре во ковчегот на заветот. (1)


_____   Да.
_____   Не.

7. Погубените жртвени животни го претставувале (1)


_____   Светиот Дух.
_____   Војување.
_____   Исуса Христа.

8. Врз основа на службите во светилиштето, на какви два начина Исус му служи на Својот народ? (2)


_____   Цар.
_____   Жртва.
_____   Првосвештеник.
_____   Владетел на вселената.

9. Кои од следните нешта се вистина за земното светилиште? (2)


_____   Имало три простории.
_____   Било градба во вид на шатор.
_____   Нејзината големина беше 500 : 1000 стапки.
_____   Дворот бил направен од бронзени столбови и ленен.
_____   Кровот бил направен од египетски ќерамиди.
_____   Мијалникот бил поставен во најсветото место.

10. Праведноста преку вера е единствената вистинска праведност. (1)


_____   Да.
_____   Не.

11. Праведноста преку вера доаѓа од (1)


_____   Човечките дела.
_____   Тоа да се биде крстен.
_____   Вера во Исуса Христа.

12. Кој го убивал жртвеното животно што грешникот го принесувал? (1)


_____   Бог.
_____   Свештеникот.
_____   Грешникот.

13. Кои од следните изјави се точни за праведноста која Христос ја нуди? (3)


_____   Таа ќе нè обнови нас според Божјиот лик.
_____   Не е извршена на чуден начин.
_____   Нашите добри дела се голем дел од неа.
_____   Ги покрива нашите минати гревови.
_____   Ни дава желба да живееме праведно.

14. Кои од следните нешта се точни во врска со денот на помирувањето? (4)


_____   Се случувало еднаш месечно.
_____   Тоа било ден на суд.
_____   Тоа бил ден на игри и добра забава.
_____   Го симболизирал завршниот суд.
_____   Јарецот за отпуштање го претставувал сатаната.
_____   Крвта била внесена во најсветото место.

15. Праведноста значи правилна врска со Бога. (1)


_____   Да.
_____   Не.

16. Погубувањето на животното им помагало на луѓето да сфатат дека гревот донесува смртна казна врз сите луѓе.


_____   Да.
_____   Не.
Complete Study Guide Sets (Bulk) by Bill May
Complete Study Guide Sets (Bulk) by Bill May

Other Languages


Contact Us

Name:


Email:


Prayer Request:


Share a Prayer Request
Name:


Email:


Bible Question:


Ask a Bible Question

Related Video

Related Audio

Related Print

God's Promises




(916) 434-3880 | AF iTools | Employment | Site Map | Privacy Statement | Terms of Use     Copyright 2015 by Amazing Facts Inc.

Back To Top