Skip Main Navigation
Amazing Facts - God's Message Is Our Mission!
   |  
Amazing Facts - God's Message Is Our Mission!

Случајот затворен!

Print Friendly
Случајот затворен!Lesson 19

Поротата е присутна, пресудата се чита...случајот е затворен! Многу сериозно нешто. Денот брзо наближува кога животот на секоја личност која некогаш живеела ќе биде прегледан пред сèзнајните Божји очи (2. Коринтјаните 5:10). Но ова нека не те алармира! Милиони веќе имаат откриено дека пораката за судот во оваа лекција е многу добра вест! Во четири случаи кога книгата на Откровението го споменува големиот суд, таа возгласува фала и благодарност! Меѓутоа дали знаеш дека Библијата го користи зборот суд повеќе од илјада пати? Скоро секој Библиски писател посочува кон него, така што неговата важност не може да биде пренагласена. Во следните неколку минути, ќе ти се отворат очите за овој занемарен предмет.

Прва фаза на финалниот суд
1. Ангелот Гаврил му го дал на Даниел пророштвото за небесниот суд кој започнал во 1844 година. Оваа прва фаза на судот е наречен предадвентен суд затоа што се случува пред Христовото второ доаѓање. Која група на луѓе ќе биде разгледана во првата фаза на судот? Кога завршува тој?

"Судот мора да почне од Божјиот дом." 1. Петрово 4:17. "Оној Кој врши неправда, нека врши уште неправда и кој е осквернет, нека се осквернува уште и кој е праведен нека врши уште праведност и кој е свет, нека станува уште посвет!" Откровение 22:11,12. (Види исто 1. Тимотеј 3:15.)

Одговор:   Тој завршува пред второто Христово доаѓање. Ќе бидат разгледани животите на оние (живите и мртвите) кои тврделе дека се христијани (Божјиот дом). (Во 18 лекција, 1844 година е потврдена како почетна дата на овој суд)

Исус стои заедно со Своите верни во судот и им ветува позитивен исход од судењето.
Исус стои заедно со Своите верни во судот и им ветува позитивен исход од судењето.

2. Кој претседава со судот? Кој е адвокатот бранител? Кој е судијата? Кои се обвинетите? Кои се сведоците?

"Се поставија престоли и седна Старецот...престолот Негов личеше на огнен пламен.” “Судот заседна и книгите се отворија." Даниел 7:9,10. "Имаме Застапник пред Таткото - Исус Христос, Праведникот." 1. Јованово 2:1. "Таткото не суди никого, туку целиот суд Му го отстапи на Синот." Јован 5:22. "Ѓаволот, ... обвинителот на нашите браќа, кој ги обвинува пред нашиот Бог, дење и ноќе." Откровение 12:9,10. "Ова го зборува Амин, верниот и вистинитиот Сведок, Почетокот на Божјото создание." Откровение 3:14. (Види исто Колосјаните 1:12-15.)

Одговор:   Бог Таткото, Старецот, претседава со судот. Тој тебе многу те сака (Јован 16:27). Сатаната е твојот единствен обвинител. Во небесниот суд, Исус, кој те љуби – твојот најдобар пријател - ќе биде твојот бранител, судија и сведок. И тој ветува дека судот ќе биде “даден во полза на светиите.” Даниел 7:22.

Евиденцијата во судот доаѓаат од небесните книги.
Евиденцијата во судот доаѓаат од небесните книги.

3. Кој е изворот на евиденција користен во предадвентиот суд? Според кое нешто ние ќе бидеме судени? Заради тоа што Бог знае сè за една личност, тогаш зошто има потреба од суд?

"Судот заседна и книгите се отворија.." Даниел 7:10. "А на мртвите им беше судено според она што е запишано во свитоците, според нивните дела." Откровение 20:12. "Што ќе бидат судени според законот на слободата." Јаков 2:12. "Ние станавме призор на светот, на ангелите и на луѓето" 1. Коринтјаните 4:9.

Одговор:   Евиденцијата во судот доаѓа од книгите во кои се запишани деталите од животот на секој човек.
За верните, записот за молитва, покајание и простување на гревовите ќе биде присутен за секој еден да го види. Записот ќе докаже дека Божјата сила им дава сила на христијаните да живеат променети животи. На Бога му е угодено од Неговите светии и Тој ќе најде задоволство споделувајќи ја евиденцијата од нивните животи. Судот ќе потврди дека “нема никакво осудување за оние кои се во Исуса Христа и живеат не по телото туку по духот.” Римјаните 8:1.

Законот на десетте заповеди е Божјиот стандард на судот (Јаков 2:10-12). Кршењето на Неговиот закон претставува грев (1. Јованово 3:4). Праведноста на законот ќе биде исполнета од Христа во сите од Неговите светии (Римјаните 8:3,4). Да се тврди дека тоа не е возможно е да се сомнева во Божјиот збор и во Неговата сила.

Судот не постои за Бог да биде информиран. Тој е веќе целосно информиран (2.Тимотеј 2:19). Меѓутоа, како и да е, откупените доаѓаат на небото од еден свет кој бил целосно деградиран од гревот. Ангелите и жителите на другите светови кои не згрешиле, на извесен начин нема да се чувствуваат угодно за тоа ако некој биде донесен во Божјото небесно царство кој би можел да го започне гревот одново. Така, судот ќе им го прикаже ним секој детал и ќе им даде одговор на секое прашање. Сатанската вистинска цел била секогаш да го омаловажи Бога како нефер, груб, без љубов и невистинит. Ова прави да биде уште поважно за сите битија во вселената од прва рака да видат како Бог бил крајно трпелив со грешниците. Оправдувањето на Божјиот карактер е главната цел на судот (Откровение 11:16-1915:2-416:5, 719:1,2 Даниел 4:36,37). Забележи дека фала и слава му се дадени на Бога за начинот на кој Тој го изведува судот.

Секој детал од животот на една личност ќе биде прегледана на судот.
Секој детал од животот на една личност ќе биде прегледана на судот.

4. Кој дел од животот на една личност е разгледана во предадвентиот суд? Што ќе биде потврдено? Како ќе бидат одредени наградите?

"Бог ќе го изнесе декое дело на судот, секое тајно нешто, дали е тоа добро или зло." Проповедник 12:14. "Оставете ги (каколот и пченицата) нека растат двете заедно до жетвата." "Синот Човечки ќе ги испрати Своите ангели и тие ќе го соберат од Неговото царство сето она што наведува на грев и оние кои вршат беззаконие." Матеј 13:30,41. "Ете, доаѓам скоро, и наградата Моја е со Мене, за да му дадам секому според неговите дела." Откровение 22:12.

Одговор:   Секој детал од животот на една личност ќе биде испитан, вклучувајќи ги тајните мисли и дела. Заради оваа причина, првата фаза на судот исто така е наречен и истражен суд. Судот ќе потврди кои ќе бидат спасени од оние кои тврделе дека се христијани. Исто така без сомнеж ќе се потврдат како загубени оние чиишто имиња нема да бидат судени во предадвентниот суд. И покрај тоа што ние сме спасени преку благодатта, наградите ќе бидат дадени врз основа на делата или однесувањето – кои ја докажуваат вистинитоста на христијанската вера (Јаков 2:26).


Втора фаза на финалниот суд
5. Која група се суди во небесниот суд за време на милениумот од Откровение 20 глава? Која е целта на оваа втора фаза од судот?

"Или не знаете ли дека светиите ќе му судат на светот?...Не знаете ли дека ние ќе им судиме на ангелите?" 1. Коринтјаните 6:2,3. "И видов престоли, а на оние кои седеа на нив им беше дадено да судат." Откровение 20:4.

Божјите светии од сите векови ќе учествуваат во втората фаза на судот.
Божјите светии од сите векови ќе учествуваат во втората фаза на судот.
Одговор:   “Светиите,” или праведните луѓе од сите векови што Исус ќе ги земе на небо со облаците при Своето второ доаѓање, ќе земат дел во втората фаза на судот.

Да речеме дека едно семејство открие дека нивниот возљубен син кој бил убиен не е на небото. Но убиецот се наоѓа таму. Оваа втора фаза на судот ќе ги одговори сите прашања на светиите. Животот на секоја загубена личност (вклучувајќи го сатаната и неговите ангели) ќе биде внимателно разгледан од праведните, кои тогаш целосно ќе се согласат со Исусовата одлука во поглед на наградата на секој еден од нив. Ќе стане јасно дека сиот суд не е самоволна работа. Наместо тоа, тој едноставно ја потврдува одлуката што луѓето ја направиле да му служат на Христа или на друг господар (Откровение 22:11,12). (За преглед на милениумот, види лекција 12.)



Трета фаза на финалниот суд
6. Кога и каде третата фаза на небесниот суд ќе се одвива? Која нова група ќе биде присутна во оваа фаза на судот?

"Во оној ден, Неговите нозе ќе стојат на Маслиновата Гора, што е спроти Ерусалим." "Тогаш ќе дојде Господ мојот Бог и сите светии со Него." "Сета земја ќе се претвори во рамница од Гаваја до Римон." Захарија 14:4, 5, 10. "Тогаш го видов Светиот Град, Новиот Ерусалим, како слегува од небото, од Бога." Откровение 21:2. "А кога ќе се навршат илјадата години, сатаната ќе...излезе да ги мами народите по четирите краишта на земјата...за да ги собере за војна, чиј број е како морскиот песок." Откровение 20:7, 8.

Злите ќе се обидат да го нападнат светиот град.
Злите ќе се обидат да го нападнат светиот град.
Одговор:   Третата фаза на судот ќе се случува на земјата на крајот на милениумот (илјадата години) од Откровение 20 глава – откако Исус ќе се врати на земјата со светиот град. Сите зли кои некогаш живееле, вклучувајќи го и ѓаволот и неговите ангели, ќе бидат присутни. На крајот на милениумот, злите од сите векови ќе бидат воскреснати (Откровение 20:5). Сатаната веднаш започнува со моќна пропаганда за да ги измами. Неверојатно, тој успева да ги измами народите на земјата дека тие можат да го освојат светиот град.


7. Што се случува следно?

"И излегоа на земната ширина и го опкружија логорот на светиите и омилениот град; и падна оган од небото и ги проголта." Откровение 20:9.

Одговор:   Злите го опколуваат градот и се подготвуваат за напад.

Третата фаза на судот ќе го попречи планот на злите да го нападнат градот.
Третата фаза на судот ќе го попречи планот на злите да го нападнат градот.

8. Што го попречува нивниот воен план и со какви последици?

"Ги видов мртвите, големи и мали, како стојат пред престолот, и се отворија свитоци; и друг свиток се отвори - книгата на животот, а на мртвите им беше судено според она што е запишано во свитоците, според нивните дела." Откровение 20:12. "Зашто сите ние треба да се појавиме пред Христовиот суд, и секој да си го добие она што го правел во телото, било добро или лошо." 2. Коринтјаните 5:10. "’Како што Сум жив Јас - вели Господ - пред Мене ќе клекне секое колено; и секој јазик ќе Го признае Бога.’И така, секој од нас за себе ќе одговара пред Бог." Римјаните 14:11, 12.

Одговор:   Неочекувано, без предупредување, Бог се појавува во Својата блескава слава над градот (Откровение 19:11-21). Времето на вистината пристигна. Секоја загубена душа од почетокот на светот, вклучувајќи го сатаната и неговите ангели, сега се соочува со Бога во судот. Секое око гледа кон Царот на царевите (Откровение 20:12).

Секоја личност го прегледува својот живот
Потоа секоја загубена личност се потсетува на својот живот: Божјите постојани, топли, молбени повици за покајание тој додворувачки, тивок, малечок глас чудесното убедување под кои тој се наоѓал повторените одбивања да се одговори. Сето тоа е тука. Точноста е неоспорлива. Фактите се несоборливи. Бог сака злите да целосно сфатат. Тој ќе ги обезбеди деталите што можеби се потребни за нештата да станат јасни. Книгите и записите се достапни.

Ништо не е покриено
Бог не се занимава со покривање. Тој нема уништено никакви докази, нема избришено лента. Нема ништо што да се скрие. Сите нешта се отворени и секоја личност која некогаш живеела плус сите добри и лоши ангели ќе ја гледаат драмата над сите драми.

Загубените паѓаат на своите колена
Оддеднаш постои раздвижување. Една загубена душа паѓа на своите колена и ја признава својат вина и отворено признава дека Бог бил повеќе од фер со него. Неговата тврдоглава гордост го држела да не одговори. И на сите страни, луѓето и злите ангели исто така паѓаат на колена. Тогаш скоро истовремено сите останати луѓе и зли ангели, вклучувајќи го сатаната, паѓаат наземи пред Бога (Римјаните 14:11). Тие отворено од Божјото име ги оттргнуваат сите лажни обвинувања и даваат сведоштво за Неговата милостивост, фер третман кон нив, кој бил полн со љубов.

Сите признаваат дека пресудата е фер
Сите признаваат дека смртната пресуда врз нив е ферединствениот безбеден начин да се соочи со гревот. За секоја загубена душа може да се каже: “Ти се имаш уништено себеси.” Осија 13:9. Бог сега е оправдан пред вселената. Обвинувањата и тврдењата на санатата се изложени и недвосмислено ословени како перверзни лаги на еден затврднат грешник.

Оган од небото ќе го уништи гревот и грешниците за сета вечност.
Оган од небото ќе го уништи гревот и грешниците за сета вечност.

9. Кои завршни чекори ќе ја исчистат вселената од гревот и ќе обезбедат безбеден дом и иднина за праведните?

"И излегоа на земната ширина и го опкружија логорот на светиите и омилениот град; и падна оган од небото и ги проголта. А ѓаволот, кој ги заблудуваше, беше фрлен во езерото од оган." Откровение 20:9,10. "Затоа што тие (злите) ќе бидат пепел под вашите нозе." Малахија 4:3. "Ете, Јас создавам нови небеса и нова земја." Исаија 65:17. "А ние, според Неговото ветување, очекуваме нови небеса и нова земја, каде суштествува праведноста." 2. Петрово 3:13. "Еве го Божјиот Шатор меѓу луѓето и Тој ќе живее со нив; и тие ќе бидат Негов народ, а Самиот Бог ќе биде со нив." Откровение 21:3.

Одговор:   Оган од небото паѓа врз злите. Огнот целосно ќе ја исчисти вселената засекогаш од гревот и грешниците. (Види лекција 11 за повеќе детали за пеколниот оган). Ова ќе биде време на длабока жалост и траума за Божјиот народ. Секоја личност ќе има некој од своите сакани или пријатели во огнот. Ангелите чувари веројатно ќе пуштат солзи за луѓето кои тие ги штителе и сакале со години. Дури и Христос, без сомнеж, ќе плаче над оние кои Тој ги љубел и за кои се застапувал толку долго. Во тој ужасен момент, Божјото душевното страдање на нашиот Татко небесен, над ужасната цена на гревот ќе биде далеку над тоа што може да се опише.

Нови небеса и земја
Тогаш Господ ќе ги избрише сите солзи од Својот откупен народ (Откровение 21:4) и ќе создаде нови небеса и нова земја – преубава за да се опише – за Своите светии. Но најубаво од сите нешта, Тој ќе живее со Својот народ низ сета вечност. Ниту една разумна личност не би сакала да го пропушти тоа.

Жртвуваните животни ја претставувале Христовата жртва на крстот.
Жртвуваните животни ја претставувале Христовата жртва на крстот.

10. Како “денот на помирувањето” во Стариот Завет го симболизира судот и Божјиот план да ја очисти вселената од гревот и истата да ја обнови во совршена хармонија?

Службата на свештеникот кој служел пред седиштето на милоста ја претставувала Христовата служба за нас на небесата.
Службата на свештеникот кој служел пред седиштето на милоста ја претставувала Христовата служба за нас на небесата.
Одговор:   Во втората лекција, ние дознавме како сатаната лажно го обвинувал и предизвикувал Бога и ја донел злобноста на гревот во вселената. Денот на помирувањето во древниот Израел учел преку симболи, како Бог ќе се справи со гревот и како ќе ја поврати хармонијата во вселената преку помирувањето. Во земното светилиште, тие симболи биле:

A. Божјиот јарец погубен за да ги покрие гревовите на луѓето.

Б. Свештениците ја принесувале крвта при седиштето на милоста.

В. Судот се случувал по следниот ред: (1) праведните потврдени, (2) непокајаните отсечени и (3) записот за гревот отстранет од светилиштето.

Г. Записот на гревот поставен на јарецот за отпуштање.

Д. Јарецот за отпуштање пратен во пустина.

Ѓ. Луѓето очистени од нивните гревови.

Е. Сите започнуваат една нова година со чист запис.

Овие пет симболи претставуваат буквални настани на помирување кои се поставени од небесното светилиште – Божјата небесна влада на вселената. Првата точка погоре е симбол на буквалното помирување од првата точка подолу втората точка погоре е симбол на втората точка долу итн. Забележете колку јасно Бог ги симболизирал овие големи настани на помирување:

A. Исусовата смрт како замена за човекот (1. Коринтјаните 15:3 5:7).

Б. Исус како наш Првосвештеник ги обновува луѓето во Божјиот лик (Еврети 4:14-16 Римјаните 8:29).

В. Судот дава запис за да ги потврди животите – добри и лоши – и тогаш го отстранува записот на гревот од небесното светилиште (Откровение 20:12 Дела 3:19-21).

Г. Одговорноста за зачнувањето на гревот и за причинувањето луѓето да згрешат е поставена на сатаната (1. Јованово 3:8 Откровение 22:12).

Д. Сатаната истеран во пустината (1000 години од Откровение 20 глава).

Ѓ. Сатаната, гревот и грешниците искоренати засекогаш (Откровение 20:10 21:8 Псалм 37:10,20 Наум 1:9).

Е. Нова земја создадена за Божјиот народ. Сето она што е загубено заради гревот сега е обновено на Божјите светии (2. Петрово 3:13 Дела 3:20,21).

Помирувањето не е завршено сè додека вселената и сите нешта во неа не се обновени во состојбата која постоела пред појавата на гревот – со уверувањето дека гревот нема да се појави никогаш повторно.

По судот, гревот ќе исчезне засекогаш. Праведните ќе бидат безбедни за сета вечност.
По судот, гревот ќе исчезне засекогаш. Праведните ќе бидат безбедни за сета вечност.

11. Кои се добрите вести за судот коишто се откриени во оваа лекција?

Одговор:   

A. Бог и Неговиот начин на справување со гревот ќе биде славно оправдан пред целата вселена. Ова е централна цел на судот.

Б. Судот ќе одлучи во полза на Божјиот народ.

В. Праведните ќе бидат безбедни од гревот засекогаш.

Г. Гревот ќе биде целосно исчистен и никогаш нема повторно да се јави.

Д. Сето она што Адам и Ева го загубија заради гревот ќе им биде обновено на откупените.

Ѓ. Во судот, Исус е нашиот судија, бранител и сведок.

Е. И Таткото и Синот нè љубат. Ѓаволот е оној кој што нè обвинува.

Ж. Небесните книги ќе бидат од помош за праведните, затоа што тие ќе покажат како силата на евангелието ги променила нивните животи.

З. Нема осудување за оние кои се во Исуса Христа. Судот само ќе ги покаже доказите од таа вистина.

Ѕ. Ниту една душа (човек или ангел) нема да се пожали на тоа дека Бог не е фер. Нема да биде нејасно дека Бог е полн со љубов, фер, милостив и љубезен во однесување со сите луѓе.


12. Бог ветува дека ќе те ослободи од вината во небесниот суд доколку го поканиш Христа да влезе во твојот живот и да му дозволиш да остане во контрола. Дали ќе го поканиш Него да влезе во твоето срце денес?

Одговор:   


Твоите Прашања Одговорени

1. Која е разликата помеѓу тоа Христос да се прифати како мој Спасител и тоа Тој да се прифати како мој Господ?


Разликата е темелна. Кога Јас го прифаќам него како Спасител, Тој ме спасува од вината и казната за грев и ми дава ново раѓање. Тој ме менува од грешник во свет човек. Оваа преобразба е големо чудо и е неопходно за спасение. Никој не може да биде спасен без тоа. Како и да е, Исус нема завршено со мене тогаш. Јас сум се родил, меѓутоа Неговиот план е јас да пораснам и да станам како Него (Ефесјаните 4:13). Кога јас го прифаќам Него секој ден како владетел, или Господ на мојот живот, Тој, преку Своите чуда, прави јас да растам во благодатта и христијанското однесување сè додека не станам созреан во Христа (2. Петрово 3:18).

Проблемот – Сакам да чинам како мене ми е угодно
Проблемот е тоа дека јас сакам да владеам над мојот живот – да чинам како ми е угодно. Библијата го нарекува ова “беззаконие,” или грев (Исаија 53:6). Од Христа да сторам мој Господ е толку важно нешто што Новиот Завет го споменува него како “Господ” 766 пати. Во книгата Делата на Апостолите, кон Него е посочено како “Господ” 110 пати и како “Спасител” само два пати. Ова покажува колку е важно да го познаваме Него како Господ и Владетел на нашите животи.

Занемарен императив – Тој да биде Господ во нашите животи.

Занемарен императив – Тој да биде Господ во нашите животи
Исус постојано го нагласувал Неговото Господарство, затоа што Тој знаел дека Неговото зацарување во животите на луѓето ќе биде заборавена и занемарена заповед (2. Коринтјаните 4:5). Сè додека јас Него не го направам Господар на мојот живот, не постои шанса некогаш да станам целосно созреан христијанин, облечен во Христовата праведност. Наместо тоа, јас ќе станам “беден, несреќен, сиромав, слеп и гол,” а дури и полошо, чувствувајќи дека немам “потреба од ништо”. Откровение 3:17.

2. Заради тоа што гревовите на Божјиот народ на денот на помирувањето биле префрлени на јарецот за отпуштање, дали тоа од него не прави и понесител на нашите гревови? Јас мислев дека само Исус ги понесува нашите гревови.


Јарецот за отпуштање, кој го претставува сатаната, на никој начин не ги понесува ниту плаќа за нашите гревови. Божјиот јарец, кој бил жртвуван на денот на помирувањето, го претставувал Христа, кој ги презел и платил за нашите гревови на Голгота. Само Исус “ги зема гревовите на светот.” Јован 1:29. Сатаната ќе биде казнет (како и другите грешници – Откровение 20:12-15) за неговите гревови, во кои ќе биде вклучена и одговорноста за (1) постоењето на гревот, (2) неговите зли активности, и (3) за тоа што влијаел врз секоја личност на земјата да згреши. Бог јасно ќе го смета него одговорен за злото. Ова е причина зошто симболизмот на префрлување на гревот на јарецот за отпуштање (сатаната) на денот на помирувањето значело да се пренесува.

3. Библијата е јасна дека Бог ги простува сите гревови коишто се исповедани (1. Јованово 1:9). Исто така е јасно дека и покрај тоа што се простени, записот на тие гревови останува во небесните книги сè до крајот на времето (Дела 3:19-21). Зошто гревовите не се избришани тогаш кога се простени?


Постои една многу добра причина. Небесниот суд не е комплетен сè додека судот на злите не се случи – веднаш пред нивното уништување на крајот на светот. Доколку Бог ги уништил записите пред финалната фаза на судот, Тој би бил обвинет за големо криење на докази. Сиот запис за однесувањето останува отворен за разгледување сè додека судот не е завршен.

4. Некои велат дека судот завршил на крстот. Други пак велат дека се случува при смртта. Дали можеме да бидеме сигурни дека времето на судот прикажано во оваа лекција е веродостојно?


Да. За да биде можно за нас да бидеме извесни во поглед на времето на судот, Бог јасно го специфицирал тоа три пати во седмата глава од Даниел. Забележи како Бог е специфичен во поглед на времето. Бог не оставил простор за неизвесност и тоа е искажано три пати (стихови 8-14, 20-22, 24-27) во само една глава:

A. Малиот рог – владеел од 538-1798. (Види лекција 15)

Б. Судот – почнува по 1798 (во 1844) и продолжува сè до второто Христово доаѓање.

В. Божјото ново царство – воспоставено на крајот на судот.

Така Бог прави да биде јасно дека судот не се одвива при смртта или на крстот, меѓутоа помеѓу 1798 и Христовото второ доаѓање.

Имај на ум дека исто така дел од првата ангелска вест гласи: “Дојде часот на Неговиот суд”. Откровение 14:6,7. Божјиот народ на последното време мора да му кажува на светот дека финалниот Божји суд се одвива во сегашно време!

5. Кои важни нешта можеме да ги научиме од нашето проучување на судот?


Забележи ги следните пет точки:

A. Можеби изгледа дека Бог зема долго време пред да делува, но Неговото време е во ред. Ниту една загубена личност никогаш нема да може да каже: “јас не разбирав” или “јас не знаев”.

Б. Бог ќе се справи со сатаната и злото од секој вид, на судот. Заради тоа што судот е Божјо дело и Тој ги има сите факти, ние треба да престанеме да ги судиме другите и да дозволиме тоа да го стори Бог. Сериозна работа е некој на себеси да го превзеде Божјото дело на судење. Тоа е узурпирање на Неговата власт.

В. Бог нè остава сите да одлучиме каква врска ќе имаме со Него и кому ќе му служиме. Како и да е, ние мораме да бидеме подготвени за сериозните последици ако се одлучиме спротивно од Неговиот Збор.

Г. Бог нас нè љуби толку многу, така што Тој ни ги дал книгите на Даниел и Откровение за да ги направи јасни прашањата од голема важност за последното време. Нашата единствена сигурност почива во тоа да го слушаме Него и да го следиме Неговиот совет од тие големи пророчки книги.

Д. Сатаната е одлучен да го уништи секој еден од нас. Неговите стратегии за измамување се толку ефективни и толку убедителни така што сите освен малкумина ќе бидат фатени во стапица. Без силата на секојдневното Христово воскресение во нашите животи да нè заштити од примките на ѓаволот, ние ќе бидеме опустошени од сатаната.


Квиз прашања

1. Колку фази постојат на судот? (1)


_____   Шест.
_____   Една.
_____   Три.

2. Кои нешта се точни во врска со првата фаза на судот. (7)


_____   Тоа е предадвентен суд.
_____   Тој започна во 1844.
_____   Тој се одвива во овој момент.
_____   Сатаната е обвинителот.
_____   Ангелот Гаврил е судијата.
_____   Бог претседава.
_____   Пророкот Јона го прорече судот.
_____   Божјиот закон е мерилото.
_____   Ќе ги земе во предвид животите на оние кои тврделе дека се христијани.

3. Кои од следните нешта се вистинити во врска со втората фаза на судот, која се одвива за време на милениумот? (3)


_____   Праведните од сите векови ќе бидат присутни.
_____   Сатаната постојано ќе го прекинува текот на судењето.
_____   Сите ќе се согласат со тоа дека пресудата над сатаната е праведна.
_____   Ангелите на сатаната ќе бидат оправдани.
_____   Злите ќе ги бараат своите права.
_____   Праведните ќе дознаат зошто некои од нивните пријатели се загубени.

4. Исус ќе служи во три погледи. Кои се тие? (3)


_____   Судија.
_____   Сведок.
_____   Судски чиновник.
_____   Судски службеник.
_____   Бранител.

5. Злите ќе бидат присутни лично на судот на крајот на милениумот откако ќе го опкружат светиот град. (1)


_____   Да.
_____   Не.

6. Бог ќе направи да и биде јасно на секоја личност или ангел зошто тој или таа е загубена. (1)


_____   Да.
_____   Не.

7. При една фаза на судот секоја личност (добра и лоша) која некогаш живеела, плус сите зли ангели и сатаната, ќе бидат лично присутни. Која е таа фаза? (1)


_____   Првата фаза – предадвентниот суд.
_____   Втората фаза – за време на милениумот.
_____   Третата фаза – на крајот на милениумот.

8. Зошто се потребни записни книги во небесниот суд? (1)


_____   Да го информира Бога за фактите.
_____   Да го потсети Бога за она што ние можеме да го заборавиме.
_____   За ангелите да имаат што да прават.
_____   За да им помогне на луѓето, ангелите и жителите на другите светови да разберат дека Бог �

9. “Помирување” значи “да се донесат сите нешта во целосна божествена хармонија.” Кои од следните нешта се дел од големото небесно помирување? (5)


_____   Исусовата смрт на крстот.
_____   Судот.
_____   Исусовата служба како наш Првосвештеник.
_____   Потопот од деновите на Ное.
_____   Даниел во лавовската пештера.
_____   Завршното уништување на гревот и грешниците.
_____   Создавање на ново небо и нова земја.

10. Кои нешта се добри вести од судот? (5)


_____   Судот ќе одлучи во полза на светиите.
_____   Ѓаволот гори засекогаш во пекол.
_____   Гревот никогаш повторно нема да се јави.
_____   Гревот може лесно да започне повторно во далечна иднина.
_____   Исус е нашиот судија, бранител и сведок.
_____   Божјиот метод на справувањето со гревот и спасението ќе биде целосно оправдано.
_____   Сето она што Адам и Ева го загубија ќе биде придобиено.

11. Што е вистина за сатаната кој претставува јарец за отпуштање во судот? (3)


_____   Тој ќе биде казнет за зачнување на гревот.
_____   Тој ќе биде казнет за тоа што ја навел секоја личност на грев.
_____   Тој не може да ја плати казната за нашите гревови.
_____   Сатаната ќе одбие да биде јарец за отпуштање и ќе избега.

12. Судот не е самоволен. Наместо тоа, тој само ги потврдува изборот што луѓето го направиле за тоа дали ќе му служат на Христа или ќе одберат друг господар. (1)


_____   Да.
_____   Не.

13. Главна цел на судот е да им биде јасно на луѓето, сатаната, добрите и лоши ангели и жителите на другите светови дека Бог се справил со трагедијата наречена грев, непристрасно и праведно уште од самиот почеток на злото. (1)


_____   Да.
_____   Не.
Complete Study Guide Sets (Bulk) by Bill May
Complete Study Guide Sets (Bulk) by Bill May

Other Languages


Contact Us

Name:


Email:


Prayer Request:


Share a Prayer Request
Name:


Email:


Bible Question:


Ask a Bible Question

Related Video

Related Audio

Related Print

God's Promises




(916) 434-3880 | AF iTools | Employment | Site Map | Privacy Statement | Terms of Use     Copyright 2015 by Amazing Facts Inc.

Back To Top