Skip Main Navigation
Amazing Facts - God's Message Is Our Mission!
   |  

Жигот на Ѕверот

Print Friendly
Жигот на ЅверотLesson 20

Истетовиран број, компјутерски чип под кожата, или нешто уште потаинствено? Ова е едно од најпогрешно разбраните пророштва во целата Библија, а сепак толку важно, правилно да се разбере. Во проучувањето на оваа тема за жигот на ѕверот, мораме да потенцираме некои доста чувствителни точки, да споменеме имиња и да бидеме конкретни. Да се разговара на оваа тема денес воопшто не е популарно, но мораме да бидеме цврсти бидејќи Бог ги љуби своите и сака тие да бидат запознаени со вистината. Оваа порака не е наша туку Христова, и би било големо зло да не Му помогнеме да им ја пренесе на луѓето, знаејќи дека оние што ќе го добијат жигот на ѕверот ќе се соочат со последиците на вечната смрт. Оваа лекција би требало да ја започнеме упатувајќи ви предупредување кое гласи: "ЃАВОЛОТ НЕ САКА ДА ЈА ПРОЧИТАТЕ И ЗАВРШИТЕ ОВАА ЛЕКЦИЈА." Ве молиме прочитајте ги стиховите во Откровение 13:1-8, 14:9-12, и 16-18, и молете се Светиот Дух да ви подари искрено и разумно срце пред да се задлабочите во оваа лекција.

Итен потсетник
Од лекцијата број 2 научивме дека страшниот конфликт помеѓу Бога и ѓаволот забележува неверојатен прогрес. Овој конфликт беснее сè од времето кога Луцифер, најмоќниот небесен ангел, се побунил против Бога. Со ангелите кои му се придружиле, тој се обидел да го надвладее Бога и да ја придобие контролата над целата вселена. Бог со Своите верни ангели, немал друг избор освен да го исфрли Луцифер со неговите ангели од небесата. Луцифер, кој станал познат како ѓавол и сатана, збеснал. Неговата решителност да го надвладее Бога и да ја придобие контролата над вселената расте, со секоја година. Неверојатно, но вистинито, тој успеал да ја придобие поддршката на мнозинството луѓе од оваа планета. Бог исто така ја бара поддршката од луѓето, но Тој остава секому слободно да избере. Многу скоро, сите жители на земјата ќе мораат да се поврзат или со сатаната, или со Бога. Завршната битка помеѓу сатаната и Бог само што не започнала, а опишана е во Откровението. Во оваа книга се вели дека Бог има свој амблем, или знак со којшто ќе го идентификува Својот народ. Сатаната исто така има свој амблем, или знак, со којшто ќе бидат идентификувани оние што ќе застанат во негова одбрана. Како и вообичаено, сатаната ќе работи преку световните сили (во Откровението претставени како ѕверови), за да го стави својот жиг (знак). Оваа лекција ќе ви го открие жигот на ѕверот, кој во последното време ќе го добие секој оној што нема да биде спасен. Доколку не знаете што е овој жиг, тогаш како ќе можете да го избегнете да го примите?
Откровение 13 глава ни нуди 11 идентификациони карактеристики на ѕверот.
Откровение 13 глава ни нуди 11 идентификациони карактеристики на ѕверот.

1. За да дознаеме што е жигот, најнапред ќе го идентификуваме ѕверот. Како Библијата го опишува ѕверот?

Одговор:   Откровение 13:1-8, 16-18 ни нуди дури 11 идентификациони карактеристики. Тоа се следните:

A. Излегува од морето (стих 1).

Б. Составен е од четирите ѕверови од Даниел 7. глава (стих 2).

В. Змевот му ја дава својата сила и власт (стих 2).

Г. Добива смртна рана (стих 3).

Д. Смртната рана му се исцелува (стих 3).

Ѓ. Претставува моќна политичка сила (стихови 3,7).

Е. Претставува исто така и моќна религиозна сила (стихови 3,8).

Ж. Сноси вина за богохулство (стихови 1,5,6).

З. Војува со светите и ги победува (стих 7).

Ѕ. Владее 42 месеца (стих 5).

И. Поседува мистериозен број - 666 (стих 18).

Дали некои од овие точки ви се веќе познати? Секако! Разгледавме многу од нив порано, кога проучувавме за антихристот во Даниел 7 глава. "Ѕверот" од Откровение 13 глава е само едно друго име за "антихристот", за кого што проучувавме во Даниел 7 глава и заклучивме дека станува збор за папството.

Пророштвата од Даниел и Откровение честопати ги покриваат истите работи од претходните пророштва, но секој нареден пат се додаваат нови податоци, кои помагаат да поверуваме во нивната сигурност. Токму затоа за очекување е дека ќе научите многу нови нешта за антихристот од оваа лекција. А сега една по една да детално да ги разгледаме овие 11 идентификациони карактеристики на ѕверот.

A. Излегува од морето (Откровение 13:1).
Морето (или водата) во пророштвата ги претставува народите, или населено подрачје (Откровение 17:15). Значи ѕверот, или антихристот, ќе се појави помеѓу веќе постоечките држави на тогашниот познат свет. Како што сите знаеме папството се појавува во Западна Европа, значи ја исполнува оваа карактеристика.

Мало Објаснување
Во склад со Божјата заповед да се почитуваат сите луѓе (1 Петрово 2:17), ќе застанеме малку овде и ќе ги признаеме многуте добри дела и активности на папството. Неговите болници, сиропиталишта, грижата за сиромашните, грижата за бездомните мајки и грижата за старите, нашироко се признаени. Секоја чест за многу нешта. Но како и секоја друга организација, таа има сторено и многу грешки, Бог ни укажува на некои од тие грешки во книгата на Откроение. Бог, кој благословува и утешува, понекогаш и кара и поправа. Ве молиме побарајте мудрост од Неговиот Дух да ве води низ ова многу важно проучување.


Б. Составен е од четирите ѕверови од Даниел 7 глава (Откровение 13:2).

Проучете ја долунаведената споредба за да видите како сè, толку добро се поклопува:

Даниел 7 глава Откровение 13 глава
Вавилон Ѕвер налик на лав(ст. 4) "Уста на лав"(ст. 2)
Meдо-Персија Ѕвер налик на мечка (ст. 5) "Стапала на мечка" (ст. 2)
Грција Ѕвер налик на леопард (ст. 6) "Личи на леопрад" (ст. 2)
Римe Ѕвер со десет рогови (ст. 7) "Има десет рогови" (ст. 1)


Четирите ѕверови од Даниел 7 глава се претставени како дел од антихристот, или ѕверот, затоа што папството асимилирало пагански верувања и обичаи од сите четири империи. Тоа ги наметнало со духовен плашт и на тој начин ги раширило по светот како христијански учења. Еве еден од многуте историски цитати што го поддржуваат ова: "На одреден начин, тоа (папството) ја копирало својата организација од Римската Империја, ги задржало и усовршило филозофските идеи и претпоставки на Сократ, Платон и Аристотел, кои биле позајмени од Варварите и Византиската Римска Империја, а сепак останало она што е , целосно прифаќајќи ги сите елементи од надворешните извори." 1 Оваа карактеристика во целост одговара на папството.

В. Ѕверот мора да ја прими силата, престолот, и власта од змевот (Откровение 13:2).

За да го идентификуваме змевот, ќе одиме во Откровение 12 глава, каде што Божјата црква на остатокот е претставена како чиста жена. Во прроштвата чистата жена го претставува вистинскиот Божји народ или црква (Еремија 6:2 Исаија 51:16). (Во 23 лекција, ќе ви презентираме детално проучување за Божјата црква на остатокот од Откровение 12. Лекцијата бр. 22 ги објаснува Откровение 17 и 18, каде што паднатите цркви се претставени преку падната мајка и нејзините паднати ќерки.) Чистата жена е претставена дека е бремена и пред раѓање. Змевот и се доближува со надеж дека ќе успее да го проголта детето. Но кога детето се раѓа, Тоа го избегнува змевот, ја исполнува Својата мисија, а потоа се вознесува на небо. Очигледно дека детето е Исус, кого што Ирод се обидел да го убие, убивајќи ги сите новороденчиња во Витлеем (Матеј 2:16). Змевот го претставува паганскиот Рим, каде што Ирод бил цар. Силата позади Ирод, се разбира била силата на сатаната (Откровение 12:7-9). Сатаната делува преку разни власти за да си ја постигне својата цел - во овој случај преку паганскиот Рим.

Ќе цитираме само два историски факта, иако ги има мноштво: (1) "Римската црква.... застана на местото на Римската Империја, и претставува нејзино продолжување...Папата....е наследник на Цезарот."

2 (2) "Моќната Католичка Црква беше само малку повеќе од Римската Империја, крстена. Рим беше трансформиран како и обратен. Центарот на старата Империја станува центар на христијанската Империја. Титулата Понтифекс Максимус продолжила со Папата."

3 Оваа карактеристика исто така целосно се вклопува со папството. Тоа ја примило моќта и престолот од паганскиот Рим.

Г. Ќе прими смртна рана (Откровение 13:3).
Смртната рана му била зададена кога Наполеоновиот генерал. Александар Бертие, влегол во Рим и го заробил папата Пио VI во февруари 1798 година. Наполеон донел декрет, со кој по смртта на папата престанува делувањето на папството. Папата умрел во Франција во август 1799 година. "Половина Европа помислила .... дека без папата Папството е мртво."4

Оваа карактеристика исто така укажува на папството.

Д. Смртната рана ќе се зацели и целиот свет ќе му се поклони на ѕверот (Откровение 13:3).
Од зацелувањето на раната, моќта на папството постојано расте сè до денес, кога тоа е најмоќната религиозно-политичка организација со огромно влијание во целиот свет. Малахија Мартин, Ватикански језуит, во својот бестселер

Клучевите на оваа крв 5 (страниците се означени во заграда):

За папата:
Тој е толку одлучен да стане светски лидер, како што некогаш бил Константин (49). Него го штитат четири влади (120). Тој е најпознатата личност на 20 век (123). Тој е личен пријател со лидерите на 91 земја (490). Неговата посета на Америка ја покривале 16 000 новинари (490).

За папството:
Американскиот амбасадор вели дека Ватикан е неспоредлив (120). Ватикан уште во саботата знае што ќе се случува во понеделник насекаде по светот (439). Папската организација уште веднаш е подготвена за целосно владеење со светот (143).

Очигледно, раната е исцелена и очите на нациите се вперени кон Ватикан, па според ова оваа карактеристика исто така одговара на папството.



Ѓ. Ќе стане многу моќна религиозна организација (Откровение 13:3).
Погледнете ја горенаведената точка.

Е. Ќе стане многу моќна религиозна организација (Откровение 13:3).
Погледнете ја горенаведената точка Д.

Ж. Ќе сноси вина за богохулие (Откровение 13:5, 6).
Папството е виновно за богохулие, затоа што неговите свештеници тврдат дека можат да простуваат гревови, а неговите папи трвдат дека се Христови претставници.

З. Ќе војува против светите и ќе ги победува (Откровение 13:7).
Папството прогонувало и убило милиони светии за време на Мрачниот век.

Ѕ. Ќе владее 42 месеца (Откровение 13:50).
Папството владеело 42 пророчки месеци, кои се еднакви на 1260 години - од 538-1798 од н.е.

Овие неколку горенаведени карактеристики (Ѓ-Ѕ) исто така одговараат на папството. Ги споменавме само накратко, затоа што ни беа предмет на проучување во лекцијата бр. 15, прашање бр. 8, точки Д, Е и Ж.

И. Ќе поседува мистериозен број - 666 (Откровение 13:18).
Овој стих вели дека станува збор за "број на човек", а Откровение 15:2 вели дека тоа е "број на неговото име". На кој човек помислувате кога мислите на папството? Вообичаено, помислуваме на папата. Кој е неговиот официјален назив? Имаме еден цитат од католички извор: Титулата на Римскиот папа е "Vicarious Filii Dei" (Или на македонски тоа би значело Намесник на Божјиот Син).6 Малахија Мартин, во Клучевите на оваа крв, на стр. 114 и 122 ја користи истата титула за папата. Забелешката во Doyas (католичка верзија на Библијата) вели: "Нумеричката ведност од буквите на неговото име го даваат овој број." Погледнете го графиконот десно, каде што е покажано што се добива кога ќе се соберат нумеричките вредности на римските букви од неговото име - титула.

Повторно гледаме како папството совршено се вклопува и во оваа карактеристика. Ѕверот со ознаката е папството. Ниту една друга сила од историјата не може да ги исполни сите овие карактеристики. Сега, кога веќе знаеме кој е ѕверот, можеме да го откриеме и неговиот жиг, или симболот на неговата власт. Но најнапред да погледнеме кој е Божјиот печат.

1Andre Retif, The Catholic Spirit, trans. by Dom Aldhelm Dean, Vol. 88 of The Twentieth Century Encyclopedia of Catholicism (New York, Hawthorne Books, 1959), p. 85.

2Adolf Harnack, What is Christianity? trans. by Thomas Bailey Saunders (New York: Putnam, 2nd ed., rev., 1901), p. 270.

3Alexander Clarence Flick, The Rise of the Mediaeval Church (reprint: New York, Burt Franklin, 1959), pp. 148, 149.

4Joseph Rickaby, "The Modern Papacy," Lectures on the History of Religion, Lecture 24, (London: Catholic Truth Society, 1910), p. 1.

5(New York, Simon & Schuster, 1990)

6"Answers to Readers' Questions," Our Sunday Visitor, Nov. 15, 1914.

Саботата е печат, или знак на Божја моќ.
Саботата е печат, или знак на Божја моќ.

2. Што е Божји печат, или симбол на Неговиот авторитет?

"Им ги дадов исто така и Моите саботи, за да бидат знак меѓу Мене и нив, па да знаат, дека Јас сум Господ што ги осветува." Езекиел 20:12. Тоа е знак меѓу Мене и синовите Израилеви довека; зашто во шест дена ги создаде Господ небото и земјата, а во седмиот ден си отпочина и се одмори." Излез 31:17.

Одговор:   Во горенаведените стихови Бог вели дека ни ги дал Неговите саботи како знак на неговата моќ да создава и Неговата моќ да нè посвети (обрати и спаси). Во Библијата, зборовите печат, знак или жиг се користат наизменично.7 Божјиот знак, саботата, ја претставува Неговата света моќ да владее како Создател и Спасител. Во Откровение 7:1-3 се вели дека овој знак ќе биде запишан на челата (во умот - Евреите 10:16) на Неговиот народ. Тоа ќе означува дека тие се Негова сопственост и го имаат неговиот карактер. Евреите 4:4-10 го потврдува ова, велејќи дека кога влегуваме во Неговата починка (кога ќе го наследиме спасението), треба да го славиме Неговиот седми ден - саботата, како знак или симбол на спасението. Вистинското празнување на саботата значи дека личноста му го предала својот живот на Исуса Христа и е подготвена да го следи Него во сите аспекти од својот живот.

Штом симболот, или ознаката на Божјиот авторитет и сила е Неговата света сабота, се чини дека симболот, или ознаката на Божјиот опонент - ѕверот - би можело исто така да вклучува некаков празник (свет ден). Да видиме дали е навистина така. 7(Споредете Битие 17:11 со Римјаните 4:11 и Откровение 7:3 со Езекиел 9:4.)

Неделата како празник е жиг на ѕверот, или симбол на неговата власт.
Неделата како празник е жиг на ѕверот, или симбол на неговата власт.

3. Што вели папството за својот симбол, или знак за неговиот авторитет?

Одговор:   Забележете го следниов дел од католичкиот катехизам:

"Прашање> Дали постои некаков друг начин да се докаже дека Црквата има моќ и власт да воспоставува празници и обичаи?"

"Одговор: Доколку не би имала таква власт, таа не би го направила она со кое се сложуваат сите модерни црковни лидериимено таа не би го заменила празнувањето на саботата како седми ден во седмицата со неделата како прв ден во седмицата, промена за којашто не постои никаков библиски доказ."8

Папството овде вели дека ја извршило промената на саботата во недела и дека практично сите цркви го прифатиле нововоспоставениот свет ден (празник).Според ова, папството изјавува дека неделата како свет ден е знак или симбол за неговата моќ и авторитет.

8Stephen Keenan, A Doctrinal Catechism [FRS No. 7.], (3rd American ed., rev.: New York, Edward Dunigan & Bro., 1876), p. 174.

Промената на сабота во недела значи променување на Божјиот закон - многу сериозна работа.
Промената на сабота во недела значи променување на Божјиот закон - многу сериозна работа.

4. Дали Бог предвидел таква промена во Светото Писмо?

Одговор:   Да! Опишувајќи го антихристот во Даниел 7:25, Бог кажал дека "ќе си помисли да ги измени времињата нивни и закони."

A. На каков начин се обидело папството да ги промени Божјите закони? На три начина: Во својот катехизам (1) ја има испуштено втората заповед која забранува служење на идоли, и (2) ја има скратено четвртата заповед (заповедта за саботата) од 94 на само 8 збора. Четвртата заповед (Излез 20:8-11) јасно укажува на фактот дека саботата е седми ден во седмицата. Променета од страна на папството оваа заповед гласи: "Помни си да го пазиш саботниот ден." Вака напишана, заповедта може да се оденсува на било кој ден. И конечно тоа (3) ја поделило десетата заповед на две заповеди.

Б. На кој начин се обидело папството да ги промени Божјите времиња? На два начина: (1) Го променило времето на саботата (денот за одмор) од седмиот ден на првиот ден. (2) Исто така го променило сметањето на времето на саботата. Наместо тоа да се смета од зајдисонце во петок до зајдисонце во сабота, како што Бог воспоставил (Левит 23:32), таа го прифатила паганскиот римски обичај на сметање на денот од полноќ до полноќ. Бог предвидел дека ваквите промени ќе ги направи ѕверот, антихристот.

Обрнете внимание на следниот дел од католичкиот катехизам:

"Прашање: Кој ден е ден за одмор?

Одговор: Сабота е ден за одмор.

Прашање: Зошто тогаш ја празнуваме неделата наместо саботата?

Одговор: Ние ја празнуваме неделата наместо саботата, затоа што Католичката црква ја променила светоста на саботата во недела." 9

Еве уште еден католички цитат: "Црквата е над Библијата и оваа промена на денот за одмор од сабота во недела е доказ дека тоа е така." 10

Со овие цитати папството вели дека неговата успешно извршена промена на саботата во недела како ден за одмор е доказ дека неговиот авторитет е поголем од авторитетот на Библијата.

9Peter Geiermann, The Convert's Catechism of Catholic Doctrine (St. Louis, B. Herder Book Co., 1957 ed.), p. 50.

10The Catholic Record (London, Ontario, Canada, Sept. 1, 1923).

Папството ја променило саботата во недела.
Папството ја променило саботата во недела.

5. Како може некој да се осмели да го промени Божјиот свет ден?

Одговор:   Го прашуваме папството: Дали навистина сте ја промениле саботата во недела?

Тоа одговара: Да. Тоа е нашиот симбол, знак на нашата власт и сила."

Прашуваме: Како воопшто можете да си дозволите такво нешто?"

Ова е сосема логично прашање. Но прашањето што официјално папството им го поставува на протестантите е дури уште пологично. Ве молиме прочитајте внимателно:

"Ќе ми речете дека саботата е еврејска, но дека христијанската сабота била променета во недела. Променета, но од кого? Кој има таков авторитет да промени јасна заповед на Севишниот Бог? Кога Бог рекол: "Ќе го празнуваш седмиот ден", кој има право да каже: "Не, можеш да работиш и да вршиш секаква работа на седмиот ден, но наместо тоа ќе го празнуваш првиот ден"? Ова е најважното прашање, кое не ми е јасно како би можеле да го одговорите. Вие сте протестанти, и кажувате дека Библијата е вашиот единствен водич па сепак за едно такво важно прашање што се однесува на тоа кој ден од седумте ќе го празнувате, вие се спротивставувате на јасната Божја реч, и земате друг ден на местото на оној, кој Бог го заповедал. Заповедта за празнување на седмиот ден е една од десетте заповеди вие верувате дека останатите девет се сè уште важечки кој ви дал власт да си играте со четвртата? Доколку сте им доследни на сопствените принципи, доколку навистина ја следите Библијата и само Библијата, тогаш би требало да укажете на некој дел од Новиот завет каде што оваа заповед била променета." 11

11Library of Christian Doctrine: Why Don't You Keep Holy the Sabbath-Day? (London: Burns and Oates, Ltd.), pp. 3, 4.

За жал, и католиците и протестантите се виновни пред небесниот суд за отфрлање на Божјата света сабота - Неговиот свет знак на препознавање.

Религозните водачи, кои ја игнорираат светата Господова сабота, ќе се соочат со Неговиот гнев.
Религозните водачи, кои ја игнорираат светата Господова сабота, ќе се соочат со Неговиот гнев.

6. Какви сериозни предупредувања дал Бог во врска со Неговиот закон и Неговиот знак, или печат?

Одговор:   A. Бог ги предупредува религиозните водачи против предизвикување на непослушност кај луѓето, тврдејќи дека некои од заповедите не се важни (Maлахија 2:7-9). Како на пример, некои проповедници учат дека не е важно кој ден се празнува.

Б. Бог ги предупредува луѓето кои сакаат од нивните проповедници да им проповедаат убави нешта, наместо да им ја проповедаат вистината за Неговиот закон (Исаија 30:9, 10).

В. Бог ги предупредува луѓето против стврднување на нивните срца кон вистината за Неговиот закон (Захарија 7:12).

Г. Бог ги предупредува и таквите кои велат дека држењето на Законот е туѓо (чудно)како на пример саботата (Осија 8:12).

Д. Бог изјавува дека злото, трагедиите, проблемите и казните на земјата доаѓаат токму поради тоа што луѓето одбиваат да го следат Божјиот закон - и кои дури се обиделе и да го променат (Исаија 24:4-6).

Ѓ. Бог ги предупредува религиозните водачи кои одбиваат да ги проповедаат пророштвата за последното време (Исаија 29:10, 11).

Е. Бог сериозно предупредува дека водачите кои учат дека не постои суштинска разлика помеѓу светото (како што е Божјата света сабота) и обичното (како што е неделата), ќе се соочат со Божјиот гнев (Eзекиел 22:26, 31).

Челото е симбол за умот. Луѓето ќе го примат жигот на своите чела одлучувајќи да ја празнуваат неделата.
Челото е симбол за умот. Луѓето ќе го примат жигот на своите чела одлучувајќи да ја празнуваат неделата.

7. Откровение 13:16 вели дека луѓето ќе го примат жигот на ѕверот на своите чела или раце. Што значи ова?

Одговор:   Челото го претставува умот (Евреите 10:16). Луѓето ќе го примат жигот на ѕверот на своите чела одлучувајќи да ја празнуваат неделата. Раката е симбол за работа (Проповедник 9:10). Луѓето ќе го примат жигот на своите раце со тоа што ќе соработуваат во донесувањето и прифаќањето на неделните закони од практични причини (работа, семејство итн.). Знакот, или печатот, било Божјиот или оној на ѕверот ќе биде незабележлив за луѓето. Секој од нас во суштина самиот ќе се запечати, прифаќајќи го Божјиот печат, саботата, или жигот на ѕверот, неделата. Иако невидлив за луѓето Бог ќе знае кој чиј знак примил (2. Тимотеј 2:19).

Бог бара од Својот народ да престане да го погазува Неговиот свет ден.
Бог бара од Својот народ да престане да го погазува Неговиот свет ден.

8. Според Исаија 58:1,13,14, каква порака на одлука Бог му дава на Својот народ за последното време?

"Викај со сиот глас, не се воздржувај; крени го гласот како труба, укажи му на народот Мој на беззаконието негово." "Ако заради саботата ја воздржиш ногата своја да ги исполнува желбите на твоето срце во светиот Мој ден, и ако ја нарекуваш саботата радост,.... тогаш ќе имаш радост во Господа." Исаија 58:1,13,14.

Одговор:   Тој вели: укажи му на "народот Мој" дека тој (најверојатно во незнаење) греши, затоа што го погазува Мојот свет ден, и побарај од него да престане со кршењето на Мојата сабота за да можам да го благословам. Викај гласно за да те слушне!

Обрнете внимание дека третиот ангел од Откровение 14:9-12, кој ја носи пораката за жигот на ѕверот, вика исто така гласно (стих 9). Оваа вест е премногу важна за да се третира како обична. Станува збор за смрт или живот. Исус вели дека Неговите овци, или луѓе, Го следат, кога Тој ги повикува. (Јован 10:16, 27).

Кога ќе бидат донесени закони со кои присилно ќе се бара празнување на неделата, оние, кои ќе ги прифатат таквите закони, ќе го примат жигот на ѕверот.
Кога ќе бидат донесени закони со кои присилно ќе се бара празнување на неделата, оние, кои ќе ги прифатат таквите закони, ќе го примат жигот на ѕверот.

9. Дали оние што ја празнуваат неделата веќе го примиле жигот на ѕверот?

Одговор:   Не! Никој нема да го прими жигот на ѕверот сè додека празнувањето на неделата не се официјализира преку законска одредба. Тогаш (многу наскоро), оние, кои ќе се одлучат да ги следат лажните учења на ѕверот и ќе ја празнуваат неделата (лажниот свет ден на ѕверот), ќе го примат жигот на ѕверот.

Оние, кои го следат Исуса и и се послушни на Неговата вистина, ќе ја празнуваат саботата и ќе го примат Неговиот печат. Оние кои очекуваат да го одбијат жигот на ѕверот во блиска иднина мораат уште денес да застанат под бајракот на Исусовата сабота. Неговата сила им е достапна на оние што Му се послушни (Дела 5:32). Без Него, не можеме ништо да сториме (Јован 15:5). Со Него, сè е можно (Марко 10:27).

Само оние, кои го примиле Божјиот печат на своите чела ќе влезат во небесата.
Само оние, кои го примиле Божјиот печат на своите чела ќе влезат во небесата.

10. Според книгата на Откровение, кого гледа Јован во Божјото царство?

Одговор:   Одговорот е троен и многу јасен:

A. Оние, кои го имаат Божјиот печат (Неговата сабота), на своите чела (Откровение 7:3).

Б. Оние, кои ќе одбијат да се идентификуваат со ѕверот и неговата икона и кои ќе одбијат да го примат неговиот жиг или име на своите чела (Откровение 15:2).

В. Оние, кои - денес и секогаш - го следат Исуса, верувајќи Му целосно и во сè (Откровение 14:4). Не постои друг начин.

Следењето на Исуса мора да вклучува држење на саботата.
Следењето на Исуса мора да вклучува држење на саботата.

11. Што им вели денес Исус на луѓето?

"Кој Ме следи, нема да оди во темнина, туку ќе ја има светлината на животот." Јован 8:12.

Одговор:   Какво прекрасно ветување! Ако го следиме нема да завршиме во темнина, туку ќе ја имаме славната вистина. Ништо не може да биде повозбудливо! Понатаму, следејќи го Него и почитувајќи ја Неговата сабота, ќе го примиме Божјиот печат на своите чела, а тоа ќе нè заштити од страшните зла (Псалм 91:10) кои ќе паднат врз непослушните (Откровение 16 глава). Исто така овој печат нè одбележува како подготвени за вознесение при второто Христово доаѓање. Каква благословена заштита и сигурност ни нуди Бог!

Итно предупредување
Проучувајќи ги последните три лекции од вкупно девет, кои се однесуваат на тројната ангелска вест од Откровение 14:6-14, ќе откриете некои неверојатни информации. Овие лекции ќе ви ги објаснат (1) улогата на САД во последиот конфликт на земјата, (2) како ќе бидат инволвирани во тие последни настани црквите и светските религии, (3) какви светски настани ќе го забрзаат последниот конфликт на земјата, и (4) за неверојатната стратегија на сатаната, со која ќе измами милиони луѓе.

Можеби се прашувате што имаат да кажат протестанските цркви во врска со папското признавање за промената на саботата во недела. Цитатите што ќе имате прилика да ги прочитате на следната страница ќе ви понудат некои шокантни одговори.


12. Одлучив да го празнувам Неговиот седми ден - саботата, како Негов свет ден и да го следам каде и да Тој ме води.

Одговор:   


Твоите Прашања Одговорени

1. Што велат другите пастори и проповедници за саботата и неделата?


Одговор:
Овде имаме неколку коментари од цркви и други извори за саботата:

Баптисти: "Постоеше и постои заповед за празнување на саботата, но саботата не е недела.... Ќе се рече, и тоа со сигурност, дека саботата била поместена од седмиот на првиот ден од седмицата.... Каде може да се најде доказ за таквата промена? Сигурно не во Новиот завет. Не постои Библиски доказ дека саботата била поместена од седмиот на првиот ден од седмицата." Dr. Edward T. Hiscox, author of The Baptist Manual, in a paper read before a New York ministers' conference held Nov. 13, 1893.

Католици: "Можете да ја читате Библијата од Битие до Откровение, и нема да можете да најдете ниту еден единствен стих, кој укажува на светоста на неделата. Библијата повикува на празнување на саботата, ден кој ние (католиците) никогаш не сме го почитувале." James Cardinal Gibbons, The Faith of Our Fathers, 16th edition, 1880, p. 111.

Црква Христова: "Го имаме лично Христовото сведоштво по овој предмет. Во Марко 2:27, Тој вели: "Саботата е воспоставена заради човекот, а не човекот заради саботата." Од овој стих очигледно е дека саботата не била воспоставена само за Израелците, како што Парлеј и Хенгстенберг би сакале да веруваме, туку за човекот ... што значи за целото човештво. Понатаму, заклучуваме дека саботата била посветена уште од самиот почеток, и дека му била дадена на Адама уште во Едем, како една од оние примарни институции што Бог ги воспоставил заради среќата и благословот на сите луѓе." Robert Milligan, Scheme of Redemption, (St. Louis, The Bethany Press, 1962), p. 165.

Конгрегационалисти: "Христијанската сабота (недела) не може да се најде во Библијата, и не била нарекувана сабота од првата црква." Dwight's Theology, Vol. 4, p. 401.

Епископалци: "Неделата (Dies Solis, од римскиот календар, денот на сонцето, затоа што му била посветена на сонцето), првиот ден од седмицата, беше прифатена како ден за одмор од раните христијани....Во Новиот завет не може да се најде никаква заповед за нејзиното празнување." "Sunday," A Religious Encyclopedia, Vol. 3, (New York, Funk and Wagnalls, 1883) p. 2259.

Лутерани: "Празнувањето на Господовиот ден (недела) не може да се најде во ниту една Божја заповед, туку се базира на авторитетот на црквата." Augsburg Confession of Faith, quoted in Catholic Sabbath Manual, Part 2, Chapter 1, Section 10.

Методисти: "Размислете за неделата. Во Новиот завет постојат некакви индикации за тоа како се случило црквата да почне да го празнува првиот ден од седмицата, но не постои никаков цитат кој им вели на христијаните да го празнуваат тој ден, или да ја поместат еврејската сабота на тој ден." Harris Franklin Rall, Christian Advocate, July 2, 1942.

Мудиев Библиски институт: "Саботата важела во Едем, и е на сила сè оттогаш. Оваа четврта заповед започнува со зборовите 'сети се', што покажува дека кога Бог го напишал законот на две плочи на гората Синај, саботата веќе постоела. Како може некој да тврди дека оваа заповед е укината кога истиот тој признава дека останатите девет се сè уште важечки?" D. L. Moody, Weighed and Wanting, p. 47.

Презбитеријанци: "Сè додека не се покаже дека целиот морален закон е укинат, сè дотогаш саботата ќе постои... Христовото учење ја потврдува постојаноста на саботата." T. C. Blake, D.D., Theology Condensed, pp. 474, 475.

Пентакосталци: "Зошто ја празнуваме неделата? Зар Библијата не учи дека саботата е Господов ден? ..... Очигледно е дека одговорот треба да го побараме во некои други извори, но не и во Новиот завет." David A. Womack, "Is Sunday the Lord's Day?" The Pentecostal Evangel, Aug. 9, 1959, No. 2361, p. 3.

Енциклопедија: "Неделата (Sunday), својот назив го добила од паганите, бидејќи тоа бил денот кога тие го славеле сонцето.... седмиот ден бил благословен и посветен лично од Бога, и .... Тој бара од своите созданија да го празнуваат. Оваа заповед има универзално и постојано значење."

Eadie's Biblical Cyclopedia, 1872 ed., p. 561.


Квиз прашања

1. Мнозина веќе го имаат примено жигот на ѕверот. (1)


_____   Да.
_____   Не.

2. Жигот на ѕверот е (1)


_____   Вашиот матичен број.
_____   Неделата како свет ден.
_____   Кодот од цената на производите.

3. Организацијата на ѕверот што го поседува овој жиг е (1)


_____   Обединетите Нации.
_____   Папството.
_____   Европската Унија.
_____   Трилатерален совет.

4. Жигот ќе биде видлив за сите. (1)


_____   Да.
_____   Не.

5. Бог исто така има знак, печат на Својата моќ и власт. (1)


_____   Да.
_____   Не.

6. Божјиот знак за власт е (1)


_____   Таен број што му се дава на секој верен христијанин.
_____   Зборувањето на јазици.
_____   Празнувањето на саботата како комеморација на создавањето и посветувањето.
_____   Крштевањето.

7. Како се обидел ѕверот да го промени Божјиот закон? (2) .


_____   Менувајќи ја саботата (четвртата заповед) во недела.
_____   Учејќи дека не е грев да се прави прељуба
_____   Отстранувајќи ја заповедта која забранува служење на кипови и идоли.

8. Колку се 42 месеци во библиското пророштво? (1)


_____   420 буквални години.
_____   Три и пол буквални години.
_____   1.260 буквални дена.
_____   1.260 буквални години.

9. Каде ќе биде ставен жигот на ѕверот? (2)


_____   На раката.
_____   На устата.
_____   На образот.
_____   На челото.

10. Каде ќе биде ставен Божјиот печат?(1)


_____   На раката.
_____   На челото.
_____   На јазикот.

11. Која од трите ангелски вести е предупредување против примањето на жигот на ѕверот? (1)


_____   Првата ангелска вест.
_____   Втората ангелска вест.
_____   Третата ангелска вест.

12. Ѕверот се обидел да ги промени Божјите времиња со (2)


_____   Славење на Нова година.
_____   Менувајќи го Божјиот свет ден од седмиот на првиот ден во седмицата.
_____   Менувајќи го сметањето на времето на Божјиот свет ден од полноќ до полноќ наместо од за�

13. Исус ни дал предупредувачка вест во врска со жигот на ѕверот. (1)


_____   Да.
_____   Не.

14. Изразите знак, симбол, жиг (печат) се користат наизменично во Библијата. (1)


_____   Да.
_____   Не.

15. Не постои библиско овластување за празнување на неделата како свет ден. (1)


_____   Точно.
_____   Неточно.
Complete Study Guide Sets (Bulk) by Bill May
Complete Study Guide Sets (Bulk) by Bill May

Other Languages


Contact Us

Name:


Email:


Prayer Request:


Share a Prayer Request
Name:


Email:


Bible Question:


Ask a Bible Question

Related Video

Related Audio

Related Print

God's Promises




(916) 434-3880 | AF iTools | Employment | Site Map | Privacy Statement | Terms of Use     Copyright 2015 by Amazing Facts Inc.

Back To Top