Назад кон Ерусалим

Назад кон Ерусалим Lesson 2

Исусовите ученици биле целосно потиштени. Сите нивни надежи и соништа за новото Господово царство биле заковани на крстот претходниот петок. Натоварени со болка и збунетост, Клеопа со својот сопатник пополека патувале по патот од Ерусалим кон своите домови во малото гратче Емаус на оддалеченост од околу 10 километри. Како што сонцето заоѓало тоа неделно попладне а тие газеле по нерамниот пат, им се придружил еден странец. Не ни насетувале дека овој сопатник е всушност лично воскреснатиот Господ. Без да обратат поголемо внимание на нивниот сопатник, двајцата разочарани ученици ги прераскажувале зачудувачките случувања од тој викенд, чувствувајќи се сè повеќе очајни со секој чекор.

Исус тивко ги слушал и очајно копнеел да им се открие на Своите потиштени пријатели. Но Господ намерно го прикрил Својот вистински идентитет затоа што сега, повеќе од кога било, им било потребно да ги разберат Писмата. Доколку Исус им дозволил да го препознаат Кој всушност е, тие би биле далеку превозбудени за да ги слушаат важните вистини што Тој имал да ги сподели со нив.

Дури и после три и пол години слушање на Неговите поуки и проповеди, тие сè уште не можеле да ја разберат природата на Неговата мисија. Тој јасно им кажал: „Човечкиот Син ќе биде предаден во човечки раце, и ќе Го убијат и откако ќе Го убијат, Тој ќе воскресне на третиот ден. Но тие не го разбраа тој збор, а се боеја да Го прашаат.“ Марко 9:31, 32. Исус благо го прекинал нивниот тажен разговор, и во следните два часа им ги покажал клучевите за разбирање на Писмата и пророштвата.
1. Колку од Библијата ни е заповедано да веруваме?

1. Колку од Библијата ни е заповедано да веруваме?


Лука 24:25. Верувате во ______ она што рекле пророците.

2. Tимотеј 3:16 Целото писмо е од Бога вдахновено.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Сите Божји списи (света вистина) се содршат во Стариот и Новиот Завет. Клучевите за разбирање на пророштвата од Откровението највеќе можат да се најдат во сториите од Стариот Завет. Како на пример, од сите 404 стиха на Откровението, 278 од нив се одек од други случувања и пророштва на Стариот Завет.

2. Кој според Исус се открива преку Писмата и пророштвата?

2. Кој според Исус се открива преку Писмата и пророштвата?


Лука 24:27. И кога почна од Мојсеја и од сите пророци, им протолкува што е пишано за ________ во целото Писмо.

Joван 5:39 Истражувајте ги Писмата; зошто ... тие сведочат заМене.

Откровение 1:1 Откровение на Исус Христос, што Бог Му го даде, за да им покаже на Своите слуги, што треба да стане скоро.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Централниот лик во целото Писмо и пророштвата е Исус. Овие воодушевувачки лекции ќе обработат многу теми од пророштвата, но имајте на ум дека главната цел на книгите на Даниел и Откровение е Исус Христос и Неговото царство.

3. Кое друго име за Исуса се користи во Библијата?

3. Кое друго име за Исуса се користи во Библијата?


Јован 1:1. Во почеток беше ______, и Словото беше во Бога, и Словото беше Бог.

Joван 1:14 И Словото стана тело и се настани меѓу нас.

Одговор:  ____________________

4. Какви луѓе користел Бог за да ја напише Библијата?

4. Какви луѓе користел Бог за да ја напише Библијата?


2. Петрово 1:21. _______ луѓе зборувале носени од Светиот Дух.

Одговор:  ____________________

5. Вечниот живот доаѓа од спознавањето на Исуса (Јован 17:3). Како бил препознаен Исус од Своите ученици?

5. Вечниот живот доаѓа од спознавањето на Исуса (Јован 17:3). Како бил препознаен Исус од Своите ученици?


Лука 24:35. Го препознаа при раскршувањето на __________.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Во Библијата, лебот е симбол за Божјото Слово. Исус кажал: „ Напишано е: ‘Човекот не ќе живее само од леб, туку од секој збор, што излегува од устата на Бога’.“ Матеј 4:4. Со читањето, разработувањето и следењето на Библијата, ние добиваме сила, радост, мир и вечен живот.

6. Од колкава важност е  проучувањето на Библијата за еден христијанин?

6. Од колкава важност е проучувањето на Библијата за еден христијанин?


Јов 23:12. Ги уважував словата на Неговата уста ________ отколку секојдневната храна.

Псалм 119:105 Tвојата реч е светилка на моите стапала, и светлина на мојата патека.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Ѓаволот ја мрази Библијата и би сторил се за да ги одврати луѓето од помислата да ја читаат. Тој знае дека библиските пророштва ги откриваат неговите планови за измама на човештвото. Затоа немојте да се изненадувате ако ѓаволот се обидува да ве одвраќа од проучувањето на овие лекции или пак се обидува да ве заокупира со други нешта. Бог ќе го отвори патот за оние кои ја бараат вистината да можат да ја најдат.

7. Кој ни помага да ја разбереме Библијата?

7. Кој ни помага да ја разбереме Библијата?


Јован 16:13. А, кога ќе дојде Тој __________ на Вистината, тој ќе ве упати во сета вистина.

Joван 14:26 А Утешителот, Светиот Дух, ... ќе ве научи на сите нешта.

1. Коринтјаните 2:13 Па и тоа не го зборуваме со зборови научени од човечката мудрост, туку со зборови научени од Духот Свети.

Одговор:  ____________________

8. Што треба да правам за да бидам сигурен дека Светиот Дух ме води во проучувањето на Библијата?

8. Што треба да правам за да бидам сигурен дека Светиот Дух ме води во проучувањето на Библијата?


Лука 24:27. И Јас ви велам, ______, и ќе ви се даде.

Лука 11:13 така, ако вие, кои сте зли, можете да им давате добри дарови на своите деца, колку повеќе небесниот Татко ќе им даде Свети Дух на оние, кои Го молат?

Joван 7:17 Ако некој сака да ја исполнува Неговата волја, ќе знае дали е наукава од Бога.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Дел од работата на Светиот Дух е да ни помогне да ги разбереме вистините на Светото Писмо. Затоа секогаш пред да ја отвориме Божјата книга треба да бараме Светиот Дух да не води во проучувањето. Можам да бидам сигурен дека Светиот Дух ме води во моето проучување ако (1) побарам Негово водство, и ако (2) сакам да ја прифатам и да ја следам вистината што Тој ми ја открива.

9. Од каква помош за нас е проучувањето на Словото со молитва?

9. Од каква помош за нас е проучувањето на Словото со молитва?


Псалм 119:11. Во срцето го запазив Твојот збор, за да нe ______ против Тебе.

Еремија 33:3 Повикај Ме и Јас ќе ти одговорам тебе и ќе ти откријам големи и недостижни тајни, за кои што не знаеш ништо.

Римјаните 15:4 Навистина, сè што е напишано некогаш, напишано ни е нам за поука, за ние ... да имаме надеж.

Jaков 1:5 Ако некому од вас му недостига мудрост, нека ја бара од Бога ... и ќе му се даде.

Одговор:  ____________________

10. Каков метод на проучување препорачува Библијата?

10. Каков метод на проучување препорачува Библијата?


Исаија 28:10. ______________ на заповед, ... правило на правило, ... малку тука, малку таму.

1 Коринтјаните 2:13 Туку со зборови научени од Духот Свети; споредувајќи ги духовните работи со духовното.

2 Петрово 1:20 Ниедно пророштво во Писмото не може да се толкува како кој сака.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Мораме да ги отстраниме нашите сопствени идеи и да ја проучуваме Библијата читајќи сè што ќе најдеме во Писмата на некоја одредена тема („малку тука, малку таму“) и споредувајќи стих со стих. Треба да и дозволиме на Библијата самата за себе да зборува. Кога вака постапуваме вистината секогаш јасно излегува на виделина. Така и Исус ги убедил двајцата ученици на патот кон Емаус дека Тој навистина е Месијата (Лука 24:27).

11. Каква придобивка имаме од проучувањето на Библијата?

11. Каква придобивка имаме од проучувањето на Библијата?


2 Тимотеј 3:15. Зашто од детството ги познаваш Светите Писма, кои можат да те направат мудар за _________ преку верата во Христа Исуса.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Библијата ни помага да го разбереме големиот Божји план за спасение – најважната вест која било кога им била дадена на смртниците.

12. Според Исуса, каде ја наоѓаме вистината?

12. Според Исуса, каде ја наоѓаме вистината?


Јован 14:6. Исус му рече: „Јас Сум Патот, __________, и Животот.

Joван 17:17 ...Tвојата реч е вистина.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Ние вистината ја наоѓаме во Божјото Слово – Библијата. Вистината е редок артикл во денешниов свет, и како резултат на тоа сите луѓе на земјата страдаат. Вистината за сето она што навистина е важно може да се најде во Библијата. Проучувањето и следењето на нејзините совети ги ослободува луѓето (Јован 8:32) им носи радост и изобилен живот (Јован 15:11).

13. Какви предупредувања во поглед на проучувањето на Писмата се дадени во Библијата?

13. Какви предупредувања во поглед на проучувањето на Писмата се дадени во Библијата?


2 Тимотеј 2:15. Труди се грижливо, за да се покажеш себеси достоен пред Бога, ... кој правилно го ________________ словото на вистината.

2 Петрово 3:16 Како што и во сите свои писма ....... има некои тешко разбирливи нешта, кои неучените и неутврдените ги изопачуваат, како и другите писма, за своја погибел.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  „Правилно проповедање на словото на вистината“ значи точно и верно негово интерпретирање. Постои голема опасност во извртување на Писмото за да тоа го добие значењето што нам ни одговара. Она што јас го велам за Библијата е од мала важност. Важно е она што самото Писмо го вели за себе.

14. Како треба да ги испитуваме сите верски учења и доктрини?

14. Како треба да ги испитуваме сите верски учења и доктрини?


Дела 17:11. Го примија Словото сосем подготвено, и секој ден го ________________ Писмото дали е така.

Исаија 8:20 До законот и до сведоштвата: Ако не зборуваат според ова слово, тоа е затоа што нема светлина во нив.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Сите верски учења треба да бидат испитани преку Библијата. Ако некое учење нема јасна подршка во Библијата, тоа е погрешно и треба да биде напуштено.

15. Што се случило откако Исус им ги протолкувал Писмата на Своите двајца ученици на патот кон Емаус?

15. Што се случило откако Исус им ги протолкувал Писмата на Своите двајца ученици на патот кон Емаус?


Лука 24:32. Зар не гореше нашето __________ во нас, кога ни зборуваше патем и ни ги толкуваше Писмата?

Одговор:  ____________________

16. Откако овие двајца ученици дознале дека Исус е жив и откако Го слушнале како им ги толкува пророштвата, што направиле?

16. Откако овие двајца ученици дознале дека Исус е жив и откако Го слушнале како им ги толкува пророштвата, што направиле?


Лука 24:33. И во истиот час станаа и се ________________ во Ерусалим, каде ги најдоа собрани Единаесетмината, и тие кои беа со нив.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Една од првите реакции на овие ученици откако го слушнале Исуса како ги толкува Писмата била големата желба да ја споделат радосната вест со другите. Се надеваме дека и ваша желба е да ги поканите своите пријатели да ви се приклучат во проучувањето на овие динамични библиски лекции.

17. Дали имаш желба целосно да гo разбереш и следиш Светото Писмо?

17. Дали имаш желба целосно да гo разбереш и следиш Светото Писмо?




Одговор:  ____________________


Дополнителен материјал за проучување

Следната листа е листа на клучни зборови кои често имаат симболично значење во библиските пророштва. Секој симбол е затемнет а потоа следи неговото буквално значење.

Ангел=Гласник
Даниел 8:16 9:21 Лука 1:19, 26 Евреите 1:14

Вавилон=Верски отпад/збрка
Битие 10:8-10 11:6-9 Откровение 18:2, 3 17:1-5

Ѕвер=Царство/влада/политичка сила
Даниел 7:17, 23

Леб=Божјиот Збор
Јован 6:35, 51, 52, 63

Ден=Буквална година
Eзекиел 4:6 Броеви 14:34

Змев=Сатаната или неговите агенти
Исаија 27:1 30:6, Псалм 74:13, 14 Откровение 12:7-9 Eзекиел 29:3 Еремија 51:34

Чело=Ум
Римјаните 7:25 Eзекиел 3:8, 9

Рака=Работа
Проповедник 9:10

Блудница=Отпадничка црква/религија/секта
Исаија 1:21-27 Еремија 3:1-3 6-9

Глави=Главни сили/владетели/влади
Откровение 17:3, 9, 10

Рог=Цар или царство
Даниел 7:24 8:5, 21, 22 Захарија 1:18, 19 Откровение 17:12

Јагне=Исус/жртва
Jован 1:29 1 Коринтјаните 5:7

Светилка=Божја Реч
Псалм 119:105

Лав=Исус Христос
Откровение 5:4-9

Жиг=Знак или печат на одобрување или неодобрување
Езекиел 9:4 Римјаните 4:11 Откровение 13:17 14:9-11 7:2, 3

Планини=Политичка или религио-политички сили
Исаија 2:2, 3 Еремија 17:3 31:23 51:24, 25 Eзекиел 17:22, 23 Даниел 2:35, 44, 45

Масло=Свет Дух
Захарија 4:2-6 Откровение 4:5

Црвено=Грев/изопаченост
Исаија 1:18 Наум 2:3 Откровение 17:1-4

Карпа=Исус/вистина
1 Коринтјаните 10:4 Исаија 8:13, 14 Римјаните 9:33 Maтеј 7:24

Печат=Знак или жиг на одобрување или неодобрување
Римјаните 4:11 Откровение 7:2, 3

Змија=Сатана
Откровение 12:9 20:2

Ѕвезди=Aнгели/гласници
Откровение 1:16, 20 12:4, 7-9 Joв 38:7

Сонце=Исус/евангелието
Псалм 84:11 Maлахија 4:2 Maтеј 17:2 Joван 8:12 9:5

Меч=Божја Реч
Eфесјаните 6:17 Евреите 4:12

Крадец=Изненаденост на Христовото доаѓање
1 Солунјаните 5:2-4 2 Петрово 3:10

Време=Буквална година
Даниел 4:16, 23, 25, 32 7:25 Даниел 11:13 маргини

Води=Населени подрачја/луѓе, нации
Откровение 17:15

Бели облеки=Победа/праведност
Откровение 19:8 3:5 7:14

Ветрови=Судири/возбудувања/"ветрови на војна"
Еремија 25:31-33 49:36, 37 4:11-13 Захарија 7:14

Жена, Чиста=Вистинска црква
Еремија 6:2 2 Коринтјаните 11:2 Eфесјаните 5:23-27 Откровение 14:4

Жена, Изопачена=Отпадната црква
Eзекиел 16:15-58 23:2-21 Осија 2:5 3:1