Царот доаѓа

Царот доаѓа Lesson 3

Готолија, немилосрдната царица на Јуда, била позлобна дури и од Језавела. По смртта на нејзиниот син Охозиј, таа за кратко време ја одзела контролата над царството егзекутирајќи ги сите нејзини внуци кои би можеле да бидат наследници на престолот. „Ама Јосавеа, ..... сестра Охозиина, го зеде Охозиевиот син Јоас ..... го сложи со доилката во спалната. Така го спаси од Готолија, та не беше погубен. Беше скриен во Господовиот Дом, шест години, сè додека во земјата владееше Готолија." 2 Цареви 11:2,3.

Цели шест години само грст на доверливи луѓе знаеле дека царското дете е живо и дека е скриено во Господовиот Дом. Првосвештеникот Јодај го сакаше и го воспитуваше Јоас како свој сопствен син. Шест години Јодај планирал и бил постојано во молитва да го одбере вистинскиот момент за да му го претстави на народот законскиот наследник. Најпосле стариот свештеник тајно ги свикал доверливите воени старешини и им покажал дека најмладиот син на Готолија е сè уште жив. Тие решиле да почекаат до петокот вечерта, кога сите верни луѓе ќе дојдат во храмот да ја празнуваат саботата, за да им го претстават младиот цар. Со стотици добро вооружени војници од секоја страна, Јодај го довел Давидовиот престолонаследник пред толпата народ и им го претставил. На почетокот луѓето биле изненадени, но кога ја виделе царската круна на неговата глава, “плескаа со рацете и викаа: Да живее царот!." 2 Цареви 11:12.

Кога злобната Готолија ја слушнала вревата на трубите и веселбата на народот, дошла трчајќи во храмот само за да дознае дека му дошол крајот на нејзиното злобно владеење. Тој ден таа била погубена заедно со своите следбеници, а Јоас станал цар.

Библијата ни кажува дека еден друг Давидов син наскоро ќе се појави од небесниот храм во придружба на силен звук на труби за да го прими Своето Царство кое со право му припаѓа и да ги уништи злите.
1. Кој е овој Цар кој наскоро ќе се појави од небесниот храм?

1. Кој е овој Цар кој наскоро ќе се појави од небесниот храм?


Откровение 14:14. И видов, и ете, бел облак, а на облакот седеше Еден сличен на Човечкиот ______ , со златна круна на главата.

Одговор:  ____________________

2. Дали Исусовото доаѓање ќе биде тивко?

2. Дали Исусовото доаѓање ќе биде тивко?


1 Солунјаните 4:16. Зашто Самиот Господ на __________, при глас на архангел и при Божја труба.

Еремија 25:30 Господ ќе викне силно од висината; грми со гласот на Своето свето живеалиште, вика со сиот глас.

Псалм 50:3 Нашиот Бог доаѓа и не молчи: ... околу Него беснее силна бура.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Изразот „силна бура“ покажува дека второто Христово доаѓање ќе биде толку бучно што не може ниту да се опише. Ништо тајно тука нема да има!

3. Кои други физички појави ќе се случуваат при Исусовото доаѓање?

3. Кои други физички појави ќе се случуваат при Исусовото доаѓање?


Откровение 16:18. И настана голем ____________________, каков никогаш не бил, откако се луѓето на земјата; таков земјотрес, толку силен.

Одговор:  ____________________

4. Кој ќе го види Исуса при Неговото доаѓање?

4. Кој ќе го види Исуса при Неговото доаѓање?


Матеј 24:30. И тогаш ќе се јави на небото знакот на Човечкиот Син; и тогаш ______ племиња на земјата и ќе заплачат и ќе Го видат Човечкиот Син, како доаѓа на небесните облаци, со сила и со голема слава.

Откровение 1:7 Еве, доаѓа со облаците и ќе Го види секое око.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Ова е премногу јасно за да биде погрешно протолкувано. Секој жив, праведен или неправеден, ќе биде сведок на Исусовото доаѓање. Тајно собирање или „тајно вознесување“ на Божјиот народ, не може да се сретне во Библијата.

5. Кој ќе биде со Исуса при Неговото доаѓање?

5. Кој ќе биде со Исуса при Неговото доаѓање?


Матеј 24:24. Кога Човечкиот Син ќе дојде во Својата слава и сите свети ____________ со Него, тогаш ќе седне на престолот на Својата слава.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Како споредба, светлината на Исусовото враќање далеку ќе ја надмине светлината на една хидрогенска бомба. Светлината на само еден ангел крај Исусовиот гроб причинила сите римски стражари да паднат на земја како мртви (Матеј 28:2-4). Светлината на сите небесни ангели ќе причинат Исусовото доаѓање да биде премногу светол настан за да биде незабележан од некого. Како додаток на сето ова ќе биде и фантастичната слава на Исуса и славата на Таткото (Лука 9:26). Исусовото второ доаѓање ќе биде како блесокот на молњата што се гледа од едната до другата страна на хоризонтот (Матеј 24:27).

6. Какво влијание ќе има светлината на второто Христово доаѓање врз неправедните живи?

6. Какво влијание ќе има светлината на второто Христово доаѓање врз неправедните живи?


2 Солунјаните 2:8. И тогаш ќе се јави беззаконикот кого Господ ќе го убие со здивот на Својата уста и ќе го ______________ со појавата на Своето доаѓање.

2 Солунјаните 1:7, 8 Кога ќе се јави Господ Исус од небото, со ангелите на Својата сила, во пламенен оган за да даде одмазда на оние кои не Го познаваат Бога.

Одговор:  ____________________

7. Што ќе се случи со праведните мртви при Христовото доаѓање?

7. Што ќе се случи со праведните мртви при Христовото доаѓање?


1 Солунјаните 4:16. И мртвите во Христа ќе ________ прво.

Одговор:  ____________________

8. Што ќе се случи тогаш со живите и воскреснатите свети?

8. Што ќе се случи тогаш со живите и воскреснатите свети?


1 Коринтјаните 15:52, 53. Мртвите ќе воскреснат нераспадливи, а ние ќе се ______________, зашто треба ова распадливото да се облече во нераспадливо; и ова смртното да се облече во бесмртност.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Сега бесмртност поседува само Господ (1 Тимотеј 6:15, 16). Но бесмртност како бесплатен дар ќе им биде дадена на праведните при второто Христово доаѓање. Нивните тела тогаш ќе се преобразат во небесни, нераспадливи тела, исто како Христовото тело (Филипјаните 3:20, 21).

9. Што ќе се случи со праведните по нивната преобразба?

9. Што ќе се случи со праведните по нивната преобразба?


1 Солунјаните 4:17. Потоа ние живите, ние кои останавме, ќе бидеме ____________ заедно со нив (со воскреснатите) на облаците, во воздух, во пресрет на Господа.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Божјите светии ќе се сретнат со Господа во воздух. Исус при своето второ доаѓање нема да допре на земјата, значи нема да се појави на Земјата како што многумина веруваат. Неговото второ доаѓање ќе биде појавување на небото но не и на Земјата.

10. Какво сериозно предупредување ни дава Исус во врска со Неговото второ доаѓање?

10. Какво сериозно предупредување ни дава Исус во врска со Неговото второ доаѓање?


Матеј 24:5. Зашто мнозина ќе дојдат во Мое име, говорејќи: „Јас Сум Христос,” и ќе ______________ мнозина.

Maтеј 24:24, 26 Зашто ќе се појават лажни христоси, и лажни пророци, па ќе прават големи знаци и чуда; за да ги заблудат, ако е можно, и избраните. ..... И така, ако ви речат: ....... ‘Ене Го во една од внатрешните соби!’ не верувајте.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Сатаната ќе го имитира Христовото второ доаѓање појавувајќи се на Земјата како величествено суштество, и така ќе заведе милијарди. Исус не предупредува дека Тој воопшто нема да ја допре земјата при Своето второ доаѓање, туку ќе остане во воздух. Заслепувачката измама на сатаната ќе биде толку убедлива што ќе измами многу луѓе.

11. Што ќе ги сочува праведните да не бидат измамени?

11. Што ќе ги сочува праведните да не бидат измамени?


Исаија 8:20. До законот и сведоштвата: Ако не зборуваат според ова ________, тоа е затоа што во нив нема светлина.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Божјиот народ нема да биде измамен, затоа што од проучувањето на Божјата Реч ќе знае какво ќе биде Христовото доаѓање (Дела 17:11). Секое појавување што не е во согласност со Писмото е лажно и мора да биде отфрлено. Исус нè предупредил.

Maтеј 24:25 Ете, ви реков однапред!

12. Дали би било безбедно да  се оди и да се види лажниот христос?

12. Дали би било безбедно да се оди и да се види лажниот христос?


Матеј 24:26. И така, ако ви речат: ‘Ене Го во пустината; ______ излегувајте.

Одговор:  ____________________

13. Што можеме да знаеме за времето на Христовото доаѓање?

13. Што можеме да знаеме за времето на Христовото доаѓање?


Матеј 24:33. Така и вие, кога ќе го видите се тоа, знајте дека е ________, дури пред вратата.

Maтеј 24:36 А за оној ден и час, не знае никој, не, ни небесните ангели, а само Мојот Татко.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Само Бог го знае точното време на второто доаѓање. Секаков обид на одредување на датум не е во хармонија со Библијата. Но Исус јасно ни кажал дека кога ќе го видиме исполнувањето на знаците (Матеј 24:4-51; Лука 21:8-33; 2 Тимотеј 3:1-8), можеме да знаеме дека Неговото доаѓање е многу близу - дури пред врата.

14. Што ќе прават ангелите при второто Христово доаѓање?

14. Што ќе прават ангелите при второто Христово доаѓање?


Матеј 24:31. Неговите ангели ... ќе ги ____________ Неговите избраници од четирите ветра, од едниот крај на небото до другиот.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Твојот ангел чувар (Матеј 18;10) веројатно ќе биде првиот што ќе те поздрави при второто Христово доаѓање. Каква благословена мисла! Без сомнение Библијата второто Христово доаѓање го нарекува „блажена надеж“ (Тит 2:13)!

15. Со оглед на тоа што живееме пред самото Христово доаѓање, каков однос треба да имаме кон овој серозен, славен настан?

15. Со оглед на тоа што живееме пред самото Христово доаѓање, каков однос треба да имаме кон овој серозен, славен настан?


Матеј 24:24. Затоа и вие бидете ______, зашто Човечкиот Син ќе дојде во час, кога не мислите.

Одговор:  ____________________

16. Како ќе бидат наградени луѓето при второто Христово доаѓање?

16. Како ќе бидат наградени луѓето при второто Христово доаѓање?


Откровение 22:12. И ете, доаѓам скоро, и наградата Моја е со Мене, за да му дадам секому според неговите ________ .

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Луѓето ќе бидат спасени по милоста, но наградата ќе ја добијат според однесувањето, а не според исповеста (Матеј 7:21-23).

17. Што ќе кажат злите кога Исус ќе се врати?

17. Што ќе кажат злите кога Исус ќе се врати?


Откровение 6:15-17. И земните цареви, и големците, и војсководците, и богатите, и силниците, и секој роб и секој слободен ......... им велеа на горите и на карпите: „Паднете врз нас и скријте не од лицето на Оној, Кој седи на престолот ... зашто дојде великиот Ден на Неговиот гнев, и ______ ќе може да се одржи?

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  За време на овој ужасен конечен земјотрес, злите - скаменети од страв - повеќе ќе сакаат камењата и планините да паднат врз нив отколку неподготвени да се соочат со Исуса.

18. Што ќе кажат праведните при Исусовото појавување?

18. Што ќе кажат праведните при Исусовото појавување?


Исаија 25:9. Ете, Овој е нашиот Бог, во Него се надеваме, и Toj ќе нè ________ спаси: ... ние ќе бидеме радосни и ќе се веселиме во Неговото спасение.

Одговор:  ____________________

19. Која е примарната причина за Христовото второ доаѓање?

19. Која е примарната причина за Христовото второ доаѓање?


Јован 14:3. Пак ќе дојдам и ќе ве ______________ вас при Себе, за да бидете и вие каде што Сум и Јас.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Највосхитувачката причина за Христовиот повраток на Земјата е да ги земе Своите чеда и да ги однесе во славниот дом што им Го приготвил. Нема повеќе солзи, нема повеќе маки, главоболки или болести, никогаш повеќе. Место тоа незамислива радост и мир засекогаш.

20. Исус доаѓа на облаците многу скоро. Дали планираш подготвено да го пречекаш?

20. Исус доаѓа на облаците многу скоро. Дали планираш подготвено да го пречекаш?




Одговор:  ____________________


Дополнителен материјал за проучување

Теоријата за тајно вознесување (грабнување) се базира за осум претпоставки кои толку широко се прифатени така да повеќето луѓе ги прифаќаат нив како факт без тоа да го испитаат. Како и да е, наша единствена сигурност е да ги истражуваме Писмата секој ден за да провериме дали тие нешта се навистина така (Дела 17:11). Следат осумте точки на теоријата на тајното вознесување:

1. Вознесувањето е тајно.

2. Вознесувањето е невидливо.

3. При вознесувањето злите продолжуваат да живеат.

4. Бог ги зема праведните за да ги заштити од неволјите.

5. Второто Христово доаѓање ќе биде во две фази: (1) тајното вознесување, и (2) самото доаѓање, кое ќе биде славно.

6. Овие две фази на второто доаѓање ќе биде одвоени седум години.

7. Тајното вознесување ќе се случи пред откривањето на антихристот, кој ќе ги донесе неволјите.

8. Злите притоа ќе имаат втора шанса да бидат обратени и да му служат на Христа.

За целосно да ги испитаме овие точки нема да има доволно простор во овој ограничен додаток но ние на кратко ќе ја покриеме секоја точка. Точката еден и два беа покриени во оваа лекција, но тие повторно се споменати заради нагласување. Подготви се за некои изненадувања!

1. Тајното вознесување не е нечујно туку е всушност екстремно гласно. Библијата вели дека Исус ќе се симне “со ЗАПОВЕДНИЧКИ ПОВИК, при ГЛАС НА АРХАНГЕЛ, и при ТРУБА БОЖЈА." 1 Солунјаните 4:16, нагласокот додаден. Давид вели, "Нашиот Бог ќе дојде, и нема да молчи: пред Него ќе има оган што проголтува, околу Него бура." Псалм 50:3. И Еремија вели, "Господ ќе загрми од висините, ... ќе загрми страшно ... ќе издигне глас. ... Писок ќе одекнува по сите краишта земни." Еремија 25:30, 31. Ништо во врска со ова не е тивко! Христос ќе дојде со звук кој ќе се слушни насекаде околу светот. Забележи го добро тоа. Ако си жив кога Исус ќе се врати, ти ќе слушнеш како Тој доаѓа. Твоите уши ќе бидат полни си катастрофален звук.

2. Вознесувањето не е невидливо тоа ќе биде видливо од сите. Сите ангели ќе дојдат со Исус (Maтеј 25:31). Само еден ангел се појавил при Христовото воскресение и неговата блескост била толку силна што целата римска стража паднала на земја како мртва (Maтеј 28:2-4). Земи ја во предвид блескоста на сите небесни ангели! Додатно на славата на ангелите ќе биде Исусовата сопствена слава (Maтеј 25:31) и славата на Неговиот Татко (Maтеј 16:27). Блескоста ќе биде надмоќна. Исус додава, "Зашто, како што молњата излегува од исток и се гледа дури до запад, таќа ќе биде доаѓањето на Синот Човечки." Maтеј 24:27. Тајно? На никој начин тоа не може да биде така. Како факт, Библијата засекогаш го утврдува тоа велејќи, "Ете, иде со облаците, и ќе го види секое око." Откровение 1:7. Почивај уверен, ако си жив при Христовото второ доаѓање, ти ќе видиш како Тој доаѓа!

3. Вознесувањето нема да ги остави злите живи. Тие се погубени при Господовото доаѓање (Исаија 11:4 Maлахија 4:1 2 Солунјаните 2:8).

4. Бог нема да ги отстрани праведните од неволјите туку ќе ги заштити низ нив (Псалм 91:5-12).

5. Второто Христово доаѓање нема да се случи во две фази—едно тајно а другото видливо за сите. Постои само едно второ доаѓање и тоа ќе биде видливо за секоја жива личност на земјата. Не постои библиска подршка за дво фазно второ доаѓање.

6. Учителите на тајното вознесување тврдат дека постои период од седум години помеѓу двете Христови втори доаѓања. Ова не е подржано од Библијата.

7. Антихристот не се појавува три и пол години по второто Исусово доаѓање. Тој е активен веќе со векови (1 Јованово 4:3) и ја врши својата злобна работа и сега.

8. Злите нема да имаат втора шанса да бидат спасени по второто доаѓање. Сите грешници ќе бидат уништени при второто доаѓање. Нема втора шанса за никого по Христовото второ доаѓање.