Бунтовниот Принц

Бунтовниот Принц Lesson 4

Aвесалом бил најубавиот, најснаодливиот и најамбициозниот од Давидовите синови. Библијата вели: „ Во сиот Израел немаше човек толку убав како Авесалома, кому би можеле да се искажат толку пофалби: од одот на ногата негова до врвот на главата негова, во него немаше недостаток.“ 2 Самуилова 14:25.

Но овој решителен млад принц сакал повеќе од само обожување на неговата импресивна појава. Тој ја посакувал моќта на престолот на својот татко. Тој по секоја цена сакал да стане цар на Израел. Најнапред Авесалом го убил својот постар брат, Амнон, откако овој ја злоупотребил својата сестра Тамара. Амнон бил првородениот Давидов син и можниот Давидов наследник на престолот. Потоа, откако Авесалом успеал да си ги поврати симпатиите кај својот татко почнал суптилно да сее семе на сомнеж во целото царство против Давидовото владеење, неговите судови и закони и така „ги придобиваше срцата на Израелците за себе.“ 2 Самуилова 15:6.

Конечно, неговиот злотворен план избил во отворен бунт откако Авесалом се обидел да го убие и својот сопствен татко и да го грабне царството. Давид и неговите следбеници биле приморани да избегаат од Ерусалим. Но по една жестока бoрба после само неколку дена, Давид повторно се чувствувал сигурен на својот престол, а убавиот принц Авесалом бил погубен.

Навистина една тажна случка, но ова не било првото такво разидување во едно царско семејство. Во едно друго големо царство уште многу одамна, многу слични настани го предизвикале најтрагичниот бунт на сите времиња. Тоа царство се викаше Небеса!
1. Кое било името на бунтовниот принц на Небото, и зошто се случил бунтот?

1. Кое било името на бунтовниот принц на Небото, и зошто се случил бунтот?


Исаија. Како падна од небото, O ______________, сине на зората!

Исаија 14:13, 14 Зборуваше во своето срце, ... ќе бидам како Севишниот.

Eзекиел 28:17 Срцето ти се возгордеа заради твојата убавина, ја занемари својата мудрост, заради својата блескавост.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Луцифер бил најмоќното и најубавото од сите Божји созданија. Тој бил најголем меѓу ангелите и најверојатно го предводел и небесниот хор. Но дозволил неговата убавина да го исполни со гордост. (Види го додатокот под наслов "Сатаната симболизиран преку царевите на Тир и Вавилон.")

2. Дали Бог создал ѓавол кога го создал Луцифер?

2. Дали Бог создал ѓавол кога го создал Луцифер?


Eзекиел 28:15. Ти беше ______________ во патиштата свои, од денот кога беше создаден, се додека беззаконие не се најде во тебе.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Бог создал совршен ангел кој, по своја сопствена волја, одлучил да стане ѓавол. Можеби е тешко да се замисли, но доколку би го познавале Луцифер пред неговиот пад, ние би го сакале. Не знаеме точно колку долго, но многу веројатно е дека Луцифер со еони со задоволство му служел на Господа пред да почне да негува семе на гордост и огорченост во своето срце. Господ можел сите созданија да ги направи како роботи, но роботот не може да сака. Вистинската љубов мора да биде спремна на ризици. Од овие причини родителите одлучуваат да имаат деца, знаејќи дека може некогаш да се случи тие да одлучат да покажат непослушност.

Бог му дозволил на Луцифер да ја покаже својата бунтовност од повеќе причини. Прво, засекогаш да одговори на прашањата од типот, дали Бог ги создал своите созданија со право на избор. Второ, доколку Бог го уништел Луцифер веднаш откако тој почнал да шири сомнежи за Божјата љубов и владеење, со тоа засекогаш би оставил неодгатнати прашања во умовите на останатите интелегентни созданија. Тие би можеле да си мислат: „Можеби Луцифер е во право.“ Затоа, на Луцифер му било дозволено да ги покаже страшните резултати на гревот. И најпосле, Бог не сака неговите созданија да му бидат послушни само затоа што Тој би ги казнил за непослушност. Тој сака да му бидеме послушни од љубов а не од страв.

3. Што се случило најпосле?

3. Што се случило најпосле?


Oткровение 12:7. И настана ______ на небото: Михаил со своите ангели завојува против змевот. И змевот и неговите ангели завојуваа.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Најпосле Луцифер заедно со ангелите што застанале на негова страна биле исфрлени од небото.

4. Кои моќни суштества делуваaт под водство на ѓаволот?

4. Кои моќни суштества делуваaт под водство на ѓаволот?


Откровение 12:9. Беше исфрлен на земјата, и неговите ____________ беа исфрлени со него.

Откровение 12:4 И неговата опашка повлече третина од небесните ѕвезди, и ги фрли на земјата.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Сатаната е толку итар што успеал да наговори една третина од небесните ангели да му се придружат во бунтот против Бога. Сега познати како „ѓаволи“ и „демони“, овие паднати ангели го спроведуваат планот на сатаната. Во нашата случка со Авесалом, забележавме дека и тој лично завршил многу малку од својата валкана работа. Авесалом им наложил на своите слуги да му ги спроведуваат неговите желби.

2 Самуилова 13:28 И им заповеда на своите слуги вака: „Внимавајте! Кога ќе му се развесели срцето на Амнон од вино ...... тогаш погубете го! Не бојте се, зашто така ви заповедам!

2 Самуилова 14:30 Тогаш Авесалом им нареди на слугите: „Гледајте, Јоавовото поле, е покрај моето, ...... отидете и запалете го!“

5. Какви методи користи сатаната во својата работа?

5. Какви методи користи сатаната во својата работа?


Откровение 12:9. Сатана, кој го __________________ целиот свет.
Б. Maрко 1:13 И беше во пустината четириесет дни, искушуван од сатаната.
В. Откровение 16:14 Тоа се демонски духови, кои прават чуда.
Г. Откровение 12:10 Зашто е исфрлен обвинителот oна нашите браќа, кој ги обвинуваше пред нашиот Бог, дење и ноќе.
Д. Joван 8:44 Тој беше убиец од почетокот. ... зашто е лажец, и татко на лагата.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Во извесна смисла, сатаната имал предност пред Бога во борбата помеѓу доброто и злото. Бог се користи само со вистината, но сатаната може да се користи и со вистината и со лаги на секаков начин, само за да ги оствари своите цели. (Вид го додатокот под наслов "Очекувај го Неочекуваното.")

6. Кога ѓаволот е најопасен?

6. Кога ѓаволот е најопасен?


2 Коринтјаните 11:14, 15. И не е чудно, зашто самиот сатана се преправа во __________ на светлината.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Како што постапил и сатаната, исто така и Авесалом се преправал дека ги сака луѓето и пројавил интерес за нивното добро само за да ги измами.

2 Самуилова 15:5, 6 А кога некој ќе му се доближеше, за да му се поклони, тој би ја испружил раката, ќе го привлечеше кон себе и ќе го пољубеше. Така правеше Авесалом со сите Израелци кои доаѓаа на суд кај царот. Со тоа Авесалом ги придобиваше срцата на Израелците за себе.

Сатаната е најопасен кога позира како духовно суштество работејќи внатре во црквата. (Види го додатокот под наслов "Брилијантниот Ангел.")

7. Дали сатаната ја знае Библијата?

7. Дали сатаната ја знае Библијата?


Матеј 4:5, 6. Тогаш ѓаволот ...... Му рече: „Ако си Божји Син, фрли се долу; зашто е _____________: ‘Ќе им заповеда на Своите ангели за Тебе.'

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Ѓаволот е експерт во цитирање и погрешно цитирање на Библијата имајќи за цел да ги заведе луѓето. Затоа е неопходно Божјиот народ да ја знае Библијата за себе за да избегне да биде заведен.

8. Кого ѓаволот најмногу мрази на Земјата?

8. Кого ѓаволот најмногу мрази на Земјата?


Откровение 12:17. И змевот се разгневи на жената, и отиде да војува против ______________ од нејзиното семе, против оние, кои ги пазат Божјите заповеди и го имаат Исусовото сведоштво.

Одговор:  ____________________

9. Кои две смртоносни животни ги користи Библијата за да го претстави сатаната?

9. Кои две смртоносни животни ги користи Библијата за да го претстави сатаната?


1 Петрово 5:8. Бидете трезвени и бдејте: вашиот противник, ѓаволот, обиколува како ________ што рика, барајќи некого да го проголта.

Откровение 12:9 И беше исфрлен големиот змев, старата змија, наречена ѓавол и сатана.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  И лавовите и змиите се користат со измама и диверзија за да го фатат својот плен. Како и ѓаволот, и тие одненадеш скокаат на жртвите и се немилосрдни и рамнодушни на болка.

10. Кој е единствениот начин на кој можеме да му се спротивставиме на сатаната?

10. Кој е единствениот начин на кој можеме да му се спротивставиме на сатаната?


Јаков 4:7, 8. ____________ Му се на Бога; а противите се на ѓаволот и ќе побегне од вас. Приближете се кон Бога и и Тој ќе се приближи кон вас.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Најдобар начин да Му се приближите на Бога е преку молитва и имање желба да Го запознаете преку Неговото Слово.

11. Како Исус им се спротивставил на нападите на ѓаволот?

11. Како Исус им се спротивставил на нападите на ѓаволот?


Матеј 4:10. Тогаш Исус му рече: „Оди си, сатано, зашто: е ______________.

Eфесјаните 6:17 И мечот на Духот кој е Божјето слово:

Евреите 4:12 Зашто словото Божје е живо, и делотворно, и поостро од секој меч остар од двете страни.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Единствено можеме да бидеме безбедни од итрите измами на сатаната доколку го запазиме Божјото Слово во нашите умови, кое на тој начин ќе нè чува од гревот. Истите средства што Исус ги користел во борбата против ѓаволот се потребни и ни се достапни и нам денес.

Псалм 119:11 Во срцето го запазив Твојот збор, за да не згрешам против Тебе.

Eфесјаните 6:11 Облечете се во сето Божјо оружје, за да можете да им се спротивставите на измамите на ѓаволот.

12. На кој начин конечната судбина на сатаната ќе наликува на онаа на Авесалом?

12. На кој начин конечната судбина на сатаната ќе наликува на онаа на Авесалом?


2 Самуилова 18:17. Потоа го зедоа Авесалома, го фрлија во длабока ______ во гората.

Исаија 14:15 Ќе бидеш урнат во пеколот, во длабочините на пропаста.

Одговор:  ____________________

13. Дали некогаш ѓаволот повторно ќе се појави да го искушува Божјиот народ?

13. Дали некогаш ѓаволот повторно ќе се појави да го искушува Божјиот народ?


Езекиел 28:19. Ќе те снема ______ .

Наум 1:9 Неволјата нема да се подигне по втор пат.

Одговор:  ____________________

14. Како се чувствува Бог во поглед на уништувањето на злите?

14. Како се чувствува Бог во поглед на уништувањето на злите?


Eзекиел 33:11. Кажи им, жив сум Јас, вели Господ Бог: Јас не ја сакам смртта на грешникот, туку грешникот да се ________ од својот пат и да остане жив: Вратете се, вратете се од вашите лоши патишта; зошто да умирате?

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Бога длабоко го повредува помислата што ќе мора да ги уништи неправедните. Всушност Библијата уништувањето на неправедните го нарекува Негово „чудно дело“ затоа што тоа му е страно на Неговата природа. (види Исаија 28:21)

15. Како реагирал Давид кога разбрал дека неговиот бунтовен син Авесалом бил погубен?

15. Како реагирал Давид кога разбрал дека неговиот бунтовен син Авесалом бил погубен?


2 Самуилова 18:33. Тогаш царот целиот __________, се искачи во горницата над вратата и заплака; липајќи зборуваше вака: „Сине Авесаломе, сине мој! Сине мој Авесаломе! Ох, да умрев јас место тебе, Авесаломе, сине мој, сине мој!

Одговор:  ____________________

16. Дали денес ќе избереш да го сакаш и да Му служиш?

16. Дали денес ќе избереш да го сакаш и да Му служиш?


Оваа трогателна сцена ни покажува како се чувствува нашиот Небесен Татко за Своите изгубени чеда. Не само што беше спремен да умре на наше место; Тој отиде и чекор подалеку - Тој ни го подари Својот најголем дар, Својот Син! Господ не сака никој да загине. Тој очајно копнее и ти да бидеш спасен. Затоа Исус умре на твоето место. Поголемиот дел од светот е на страната на ѓаволот во бунт против Небесниот Татко.

Одговор:  ____________________


Дополнителен материјал за проучување

Сатаната симболизиран преку царевите на Тир и Вавилон

Во Исаија 14:4-15, Библијата го користи царот на Вавилон како симбол на сатаната а во Езекиел 28:11-19, сатаната е симболизиран преку царот на Тир. Во двата сличаи ние знаеме дека симболизмот не се однесува само на земските цареви затоа што Божјето опишување на тоа суштество не може да се однесува на ниту еден смртен човек. Забележи ги начините на кои Луцифер (сега наречен сатана) е опишан во овие стихови од Библијата:

-паднал од небото (Исаија 14:12)

-бил полн со мудрост и совршен во убавина (Eзекиел 28:12)

-бил во Едем (стих 13)

-секакви скапоцени камења беа негово покривало (стих 13)

-бил помазан херувим - заштитник (стих 14)

-бил на Божјата света гора (стих 14)

-бил совршен на своите патишта (стих 15)

Заради тоа што царевите на Вавилон и Тир покажуваа исти начелла и примија целосно исто уништување како и царството на сатаната, Бог ги користел нив за да го претставиот самиот сатана. Скоро сите авторитети на Библијата се слагаат со тој симболизам. Библијата содржи многу други стихови што се однесуваат на Луцифер (види Лука 4:5, 6 10:18 Joван 8:44 2 Петрово 2:4 1 Joваново 3:8 Jуда 6 Откровение 12:7-9), но без Езекиел 28 и Исаија 14, ние не би ја имале целосната историја.

Очекувај го Неочекуваното
Многу луѓе очекуваат сатаната отворено да се појави како Божји непријател на крајот на времето, но тоа не е така. Сатаната е навистина Божјиот најогорчен непријател, ни неговиот пристап ќе биде да имитира праведност (Maтеј 24:24). Тој може да се појави како славно, ангелско битие (2 Коринтјаните 11:13-15) и ќе бара луѓето да му се поклонат (Откровение 13:12). Библијата е јасна дека неговиот побожен изглед ќе биде толку убедувачки што “целиот свет" со воодушевување ќе го следи ѕверот (Откровение 13:3). Зборуваш за трагедија! Сатаната ќе биде толку успешен во имитирањето на Христа така да скоро целиот свет ќе го следи него, мислејќи истовремено дека тие го следат Исуса. Дали ти ќе бидеш? Не ако ги послушаш библиските предупредувања презентирани во оваа серија.

Брилијантен Ангел
Сатаната е многу радосен кога луѓето него го опишуваат како грдо, црвено битие со крилја како на лилјак кое е половина човек а половина ѕвер, имајќи копита како кај козел и долга шпицеста опашка или како носи вила и ги распалува пеколните огнови. Ништо друго не може да биде подалеку од вистината. Таквите концепти доаѓаат од грчката митологија. Таква бесмисленост не може да се најде во Библијата. Библијата го опишува сатаната како брилијантен, многу атрактивен ангел со неверојатна способност да комуницира. Тој исто така добро ја познава Библијата (Maтеј 4:5, 6). Ѓаволот е само-прогласен Божји непријател чија цел е да го клевети Неговиот карактер и да го заплени Неговото царство. Сатаната исто така те презира тебе и твоите сакани и има план да те уништи. Оваа серија ќе ти помогне да ги разбереш неговите планови и ќе научиш како да ги осуетиш. Само постави го својот живот во заштитничката грижа на твојот моќен Спасител, и моли се срдечно за Негово водство.