Гатачката од Ен-дор

Гатачката од Ен-дор Lesson 9

Царот Саул го губел разумот и треперел од страв. Се собрала целата Филистејска армија да ги нападне многу помалите и послаби трупи на Израел. Саул низ плач велел: „Само да беше Самуил овде, тој ќе ми кажеше што да правам.“ Но големиот Израелев пророк веќе неколку години како беше починат.

Остарениот цар очајно се обидувал да пронајде некаков совет од другите пророци и свештеници, но Господ не сакал да зборува со него. Во својата младост Саул бил близу до Бога. Но откако седнал на престолот, станал суров и се бунтувал против Божјото Слово. Во еден случај убил дури цело село со свештеници. Царот Саул упорно одбивал да го слуша Господа, и сега кога се нашол во нужда, Бог не му понудил одговор.

„Затоа Саул им рече на своите слуги: Побарајте ми жена која повикува духови, за да одам кај неа и да ја прашам.“ 1 Самуил 28:7. Господ јасно им заповедал на Своите слуги никогаш да не се консултираат со вражач или медиум (Левит 19:31 20:27), но Саул во оваа ситуација воопшто не покажал почит кон оваа имплицитна Господова заповед.

Откако била најдена една жена во Ен-Дор која тврдела дека може да стапи во контакт со мртвите, царот се престорил и отишол да се види со неа. Тој и рекол: „Доведи ми го Самуил.“ Вражачката започнала со практикување на своите магии се додека не се појавило привидение кое тврдело дека е пророкот Самуил и му пренело крајно безнадежна вест. Му прорекло дека тој и неговите три сина ќе загинат во битката наредниот ден.

Наредниот ден Сауловите синови биле погубени од Филистејците, а подоцна ранетиот и обесхрабрен цар паднал врз својот меч и си го одзел животот (1 Самуил 31:2-4). Кој зборувал преку вражалката, воскреснатиот Божји пророк или пак маскираниот ѓавол?
1. Дали привидението што го видел Саул, бил всушност пророкот Самуил?

1. Дали привидението што го видел Саул, бил всушност пророкот Самуил?


1 Цареви 22:22. Тој одговори: ‘Ќе излезам и ќе бидам ______ ____ во устите на сите негови пророци.’

Откровение 16:14 Имено, тоа се демонски духови, кои прават чуда.

Одговор:  ____________________

2. Дали мртвите се враќаат назад за да разговараат или да ги прогонуваат живите?

2. Дали мртвите се враќаат назад за да разговараат или да ги прогонуваат живите?


Јов 14:21. Му ги почитуваат децата - за тоа ништо не ______; ако се презрени не размислува за тоа.

Проповедник 9:5, 6, 10 Мртвите не знаат ништо, ниту имаат веќе награда, зашто се заборава и споменот за нив. Одамна ги снема: нивната љубов и нивната омраза и зависта, и веќе немаат учество во нешто што станува под сонцето (во овој живот). ..... Зашто нема ни дела, ни умување, ни сознавање, ни мудрост во Подземјето (гробот) во кое одиш.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Не! Библијата е јасна. Мртвиот не прави ништо ниту пак знае нешто за она што се случува на земјата.

Псалм 115:17 Не, мртвите не Го фалат Господа.

Псалм 6:5 Зашто во смртта не спомнуваат за Тебе.

Јов 7:10 Никогаш веќе не се враќа во својот дом.

Исаија 38:18 Смртта не Те фали.

Псалм 146:4 Пропаѓаат сите негови мисли.

3. Според Откровението, кој ги има клучевите на смртта?

3. Според Откровението, кој ги има клучевите на смртта?


Откровение 1:18. И _______, и умрев, и ете, Жив Сум во сите векови. .... И ги имам клучевите на Подземјето и смртта.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Библијата е јасна. Само Исус ги има клучевите на смртта. Треба во Неговата Реч да ги побараме одговорите на нашите прашања за смртта.

4. Како Господ го создал човекот на почетокот?

4. Како Господ го создал човекот на почетокот?


Битие 2:7. Господ, Бог, го обликува човекот од земниот ____ и му дувна здив на живот во носалките. Така човекот стана жива душа.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  При создавањето се случиле две нешта: (1) Господ го обликувал човекот од земниот прав, и (2) Тој му дувнал здив животен во неговите ноздри. Така човекот станал жива душа.

5. Што се случува при смртта?

5. Што се случува при смртта?


Проповедник 12:7. И се врати правот во земјата како што дојде од неа; а _____ се врати при Бога, Кој го даде.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Она што се случува при смртта е обратното од она што се случило при создавањето. Телото се враќа во прав а духот, односно здивот, се враќа кај Бога кој го дал. Библијата јасно учи дека „духот“ што се враќа кај Бога е едноставно животниот здив, што Бог му го вдахнал на човекот на почетокот (Јаков 2:26; Јов 27:3; Јов 33:4). Во Псалм 104:29, 30 се вели: „Ако им го одземеш здивот, умираат и пак се враќаат во прав. Го испраќаш Својот дух (здив), пак се создаваат.“

6. Каде одат мртвите кога умираат?

6. Каде одат мртвите кога умираат?


Јов 21:32. Го спроведуваат до ________ и во гробот свој останува тој.

Јован 5:28, 29 Сите, кои се во гробовите, ќе го чујат Неговиот глас и ќе излезат од нив.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Мртвите, праведни и неправедни, се во своите гробови и ќе го слушнат Исусовиот глас кој ги повикува да излезат од гробовите за да ја примат својата награда или пресуда.

7. Библијата јасно вели дека царот Давид е спасен. Дали тој сега се наоѓа на небото?

7. Библијата јасно вели дека царот Давид е спасен. Дали тој сега се наоѓа на небото?


Дела 2:34. Зашто Давид __ __ ________ на небесата.

Дела 2:29 Мажи, браќа! Можам да ви речам слободно за патријархот Давид, дека умре и беше погребан и дека неговиот гроб е при нас до денешен ден.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Не! Апостол Петар јасно цитира дека Давид е мртов и закопан - а не е жив на небото. Освен тоа, во Евреите 11:32-40 јасно стои запишано дека верните од сите векови сеуште ја немаат примено наградата, туку дека сите заедно ќе бидат наградени (стихови 39, 40).

8. Но зарем не е вистина дека душата е бесмртна и дека само телото умира?

8. Но зарем не е вистина дека душата е бесмртна и дека само телото умира?


Езекиел 18:4. Која душа греши, таа ќе _____.

Јов 4:17 Зар некој смртник е поправеден од Бога?

1 Тимотеј 6:15, 16 Цар над царевите и Господар над господарите; Кој единствено има бесмртност.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Ние сме души, а душите умираат. Човекот е смртник. Само Господ е бесмртен. Широко распространетото учење за бесмртноста на душата не може да се најде во Библијата. Ова учење е човечка измислица.

9. Кога на праведните ќе им биде дадена бесмртност?

9. Кога на праведните ќе им биде дадена бесмртност?


1 Коринтјаните 15:51-53. Сите ќе се измениме, во еден миг, во миг на окото, при гласот на последната _____: имено трубата ќе затруби и мртвите ќе воскреснат нераспадливи, ..... зашто треба ова распадливото да се облече во нераспадливо.

1 Солунјаните 4:16 Зашто Самиот Господ на заповед, при глас на архангел и при Божја труба, ќе слезе од небото и мртвите во Христа ќе воскреснат прво.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Да, праведните ќе добијат бесмртност при воскресението. Неправедните никогаш нема да добијат.

10. Како Библијата често ја опишува смртта?

10. Како Библијата често ја опишува смртта?


Јован 11:11, 14. Нашиот пријател Лазар ________; ..... Лазар умре.

Матеј 27:52 А гробовите се отворија, и воскреснаа многу тела на упокоени свети.

2 Самуил 7:12 Кога ти ќе починеш при своите татковци.

1 Солунјаните 4:14 Така и оние кои се упокоиле во Исус, Бог ќе ги земе со Него.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Библијата често ја опишува смртта како сон. Смртта е состојба на целосна бесвесност, каде што 15 минути или 1000 години се чинат исто. Мртвите едноставно „спијат“ во своите гробови се до воскресението, кога сите ќе бидат воскреснати од Исуса. Учењето дека духовите на умрените се небесни ангели, или пак некакви битија во облик на духови со кои што може да се контактира, е без основа во Библијата.

11. Бидејќи вражалците, вештерките и гледачите не можат да контактираат со мртвите, тогаш со кого всушност контактираат?

11. Бидејќи вражалците, вештерките и гледачите не можат да контактираат со мртвите, тогаш со кого всушност контактираат?


Откровение 16:14. Имено, тоа се демонски духови, кои прават ______.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Небесните ангели се нарекуваат „службени духови“ (Евреите 1:14) кои им помагаат на луѓето. Ангелите пак кои беа исфрлени од небото заедно со сатаната (Откровение 12:7-9) се исто така духови - зли духови кои ги мамат луѓето правејќи чуда (Откровение 16:13, 14). Тие се користат „со секаква сила, и со чудесни знаци и со лажни чуда“ (2 Солунјаните 2:9), а го можат дури и следново: „и оган симнуваше од небото на земјата пред луѓето“ (Откровение 13:13). Кога вражалците тврдат дека контактираат со духовите на умрените, тие во суштина имаат контакт со паднатите сатански ангели (Исаија 8:19, 20).

12. Зошто сатаната сака да веруваме дека духовите на умрените се навистина живи?

12. Зошто сатаната сака да веруваме дека духовите на умрените се навистина живи?


Матеј 24:24, 25. Зашто ќе се појават лажни христоси и лажни пророци, па ќе прават големи знаци и чуда, за да ги _________, ако е можно, и избраните. Ете, ви реков однапред!

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Првата лага што сатаната му ја кажал на човештвото била: „Навистина, не ќе умрете!“ Битие 3:4. Тој сака луѓето да веруваат дека духовите на умрените се живи за да неговите ангели можат да се прикажуваат како светци, пророци и праведни водачи кои умреле и за да самиот тој може да се прикаже како ангел на светлината (2 Коринтјаните 11:13-15). На тој начин може да заблудува милиони луѓе. Користењето на овие зли духови се нарекува „спиритизам“. Тој се базира на следниве две работи: (1) мртвите се живи, и (2) тие можат да контактираат со вас, или пак вие со нив. Ова е едно од најопасните сатански учења. Но и покрај тоа денес скоро целиот свет верува така. Вражалката од Ен-Дор не го повикала Самуил, туку видела зол ангел кој се претставувал како Самуил.

13. Колку ефективно ќе биде користењето на сатаната на овие зли духови во последните денови?

13. Колку ефективно ќе биде користењето на сатаната на овие зли духови во последните денови?


Откровение 18:23. Со твоите вражања беа измамени _____ народи.

Откровение 18:2 Падна, падна големиот Вавилон, и стана демонско живеалиште и засолниште на сите нечисти духови.

Откровение 12:9 Старата змија, наречена ѓавол и сатана, која го заведува целиот свет.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Со чудата (волшебствата) што сатаната, ќе ги прави преку своите зли ангели, тој ќе го заведе скоро целиот свет.

14. Како Бог гледа на ваквите чуда на злите ангели?

14. Како Бог гледа на ваквите чуда на злите ангели?


Левит 20:27. Маж или жена кои, меѓу вас, ....ќе _______, нека бидат казнети со смрт.

1 Тимотеј 4:1 Некои ќе отстапат од верата и ќе слушаат измамливи духови и ѓаволски учења.

Ефесјаните 5:11 И не бидете соучесници во бесплодните дела на темнината.

Галатјаните 5:19-21 А делата на телото се познати; тоа се: блудство, нечистота, бесрамност, идолопоклонство, вражање, непријателства, препирка, ревнување, гнев, себичност, раздори, кривоверства; зависти, убиства, пијанства, срамни гозби, и слични на овие.

Откровение 21:8 На вражалците, .... нивниот дел им е во езерото, кое гори со оган и сулфур; тоа е втората смрт.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Во времето на Мојсеј, Бог заповедал сите вражачи да се усмртат. Денес Тој инсистира дека вражањето е дело на телото, нешто за што луѓето ќе бидат уништени. Тој предупредува дека кога се бафтаме со вражачи ја напуштаме верата, а уште ни кажува и тоа дека сите вражачи ќе умрат со втората смрт во огненото езеро.

15. Која славна сила му ја нуди Господ на Својот народ?

15. Која славна сила му ја нуди Господ на Својот народ?


Филипјаните 3:10. За да Го познавам Него, и силата на Неговото ___________.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Исус ни нуди сила за да живееме праведно, а тоа е истата онаа сила што Го дигна од мртвите. Неверојатно! Како можеме да не успееме со една таква неверојатна сила, која ни се дава и која не нè чини ништо? Исус, заради тоа што не сака, сериозно нè предупредува да се држиме настрана од чудотворната сила на злите ангели и ни нуди божествени чуда кои се потребни за да нè подготват за Неговото царство (Филипјаните 1:16).

16. Дали би сакал да ја прифатиш Христовата понуда која ќе ти ја даде силата на воскресение во твојот живот?

16. Дали би сакал да ја прифатиш Христовата понуда која ќе ти ја даде силата на воскресение во твојот живот?




Одговор:  ____________________


Дополнителен материјал за проучување

Крадецот на крстот
Дали Исус му вети на крадецот на крстот дека тој веднаш ќе замина во рајот кога Тој рече: "Денес ќе бидеш со мене во рајот"? Значењето на Христовата изјава во Лука 23:43 може да се одлучи преку еден библиски одговор на едно многу важно прашање: Дали Исус Самиот замина во рајот тој ден?

Според Библијата не. На денот на воскресението, кога Тој се сретнал со Марија при градината кај гробот, Неговите зборови гласеа: "Не допирај се до Мене, зашто уште не сум се вратил кај Мојот Татко." Joван 20:17. Исус не би можел да отиде во рајот во петок ако Тој во неделата сè уште не се вратил кај Својот Татко!

Зошто тогаш Исус рече: "Денес ќе бидеш со Мене во рајот"? Навидниот проблем исчезнува кога ќе се земе во предвид тоа дека оригиналните грчки ракописи немаат интерпукциски знаци. Запирките и точките беа внесени во текстовите на Библијата од страна на преведувачите, кои ги ставија таму каде шти тие мислеле дека треба да бидат. И, верувале или не, една единствена запирка може да го промени значењето на целата реченица! Господовата изјава во Лука 23:43 би требало да гласи: "Вистина ти велам тебе денес, ќе бидеш со мене во рајот." Тоа е она што Исус навистина сакал да го каже. Денес, кога сè изгледа загубено, денес, кога Јас не изгледам како Господ или Цар, и дури откако Моите ученици се разбегаа денес, и покрај тоа што Моите раце се заковани на крст, Јас сепак можам да те спасам тебе!

Еден ден тој крадец, заедно си сите други кои го прифатиле Христа, ќе полагаат право на ветувањето за воскресението и ќе бидат со Исуса во рајот.

Што значат зборовите "дух" и "здив" во Библијата?
Joв 27:3 посочува дека "духот" и "здивот" на една личност се една иста работа. Јов потоа кажува дека овој дух или здив, е во неговите нострилки. Те молиме имај на ум дека Бог поставил "здив" во нострилките на Адам при создавањето (Битие 2:7). Така духот кој се враќа при Бога кога една личност умира е здивот на животот – а не некаква бестелесна душа. Никогаш во Библијата не се споменува за тоа дека некоја бестелесна душа се вратила при Бога при својата смрт.

Каде оди "Душата" кога една личност ќе умре?
При создавањето, биле комбинирани две нешта за да настане душата – телото и здивот. Сè додека овие две не се спојат, душата не постои. При смртта, овие две компоненти се раздвојуваат. Телото се врата во правта а здивот се враќа кај Бога. Душата не оди никаде, таа едноставно престанува да постои.