Починка за земјата

Починка за земјата Lesson 12

Нашиот свет бил создаден во една совршена природна рамнотежа. Човекот, животните и растенијата живееле во целосна хармонија. Но со влегувањето на гревот, сè се променило. Човекот почнал да јаде животни, а животните почнале да се јадат едни со други. Насекаде почнало да никнува трње и чичка. Проклетството на гревот ја зафатило и почвата. Господ му рекол на Каин: „Ќе ја обработуваш земјата, но таа веќе не ќе ти го дава својот род.“ Битие 4:12.

Ова е една од причините што Бог им заповедал на Израеловите синови да ги остават нивите да одмараат секоја седма година (Излез 23:10, 11). Тоа ќе и даде шанса на почвата да ја поврати својата виталност и ќе им обезбеди доброволен принос на сиромашните да можат да се прехранат. Но повеќето од Божјиот народ ја игнорирал оваа заповед или едноставно одбиле да ја послушаат. Тогаш дошол денот на страшниот суд. Навохудоносор, вавилонскиот цар, стигнал во Јуда и ги погубил оние што се бунтувале против него. Останатите биле одведени во златниот град Вавилон. Во меѓувреме, израелската земја мирно почивала запустена, „додека .... земјата не ги отпразнува своите саботи. Преку сите денови на запустувањето свое таа саботничеше.“ 2 Летописи 36:21. На крајот од седумдесетте години, преживеаните се вратиле во Ханан за да повторно ја работат земјата и да го возобноват Ерусалим.

За 6000 години до ден денешен, Исус го сее семето на Евангелието. Библијата ни вели дека: „за Господ еден ден е како илјада години.“ 2 Петрово 3:8. Наскоро Исус како Цар ќе дојде да го пожнее светот. Некои ќе бидат погубени од славата на Неговото доаѓање, а останатите ќе бидат одведени во Неговото златно царство. Тогаш оваа уморна стара планета ќе ја празнува 1000 годишната сабота!
1. Кој настан го означува почетокот на 1000-та години?

1. Кој настан го означува почетокот на 1000-та години?


1 Солунјаните 4:16. Зашто Самиот Господ на заповед, при глас на архангел и при Божја труба, ќе слезе од небото и мртвите во Христа ќе ____________ прво.

Откровение 20:4, 5 Тие оживеаја и царуваа со Христа илјада години. А другите мртовци не оживеаја, додека не се навршија илјада години. Тоа е првото воскресение.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Илјадата години од Откровение 20-то поглавје често се нарекува милениум. Зборот „милениум“ е латинска сложенка сочинета од два збора:„milli“, што значи „илјада“, и „annum“, што значи „години“. Второто Христово доаѓање и воскресението на праведните го означуваат почетокот на 1000-та години. Светиите од сите векови (опишани како „блажени и свети“ во стих 6-ти) ќе бидат воскреснати во првото воскресение.

2. Што друго ќе се случи при првото воскресение?

2. Што друго ќе се случи при првото воскресение?


1 Коринтјаните 15:51, 52. Сите нема да умреме, но сите ќе се _________, одеднаш, во еден миг, при последната труба; ќе затруби, и мртвите ќе воскреснат.

Филипјаните 3:21 Кој ќе го преобрази нашето унизено тело, да се сообрази со Неговото славно тело.

2 Солунјаните 2:8 И тогаш ќе се јави беззаконикот кого Господ ...... ќе го уништи со појавата на Своето доаѓање.

Откровение 16:18, 20, 21 И настана голем земјотрес, каков никогаш не бил, откако се луѓето на земјата; таков земјотрес, толку силен..... И сите острови побегнаа, и горите веќе не се наоѓаа. И голем град - тежок колку еден талант (околу 34 килограми), падна од небото на луѓето.

Откровение 20:1, 2 И видов ангел, ....го фати змевот, старата змија која е ѓаволот и сатаната, и го врза за илјада години.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Погледнете го дијаграмот за 1000-та години кон крајот на оваа лекција за да накратко видите кои се настани ќе се случуваат на почетокот од 1000-та години.

3. Кој ќе воскресне во второто воскресение, и кога ќе се случи тоа?

3. Кој ќе воскресне во второто воскресение, и кога ќе се случи тоа?


Јован 5:28, 29. Сите, кои се во гробовите, ќе го чујат Неговиот глас и ќе излезат од нив, кои правеле добро, ќе воскреснат за живот; а кои правеле ____, ќе воскреснат за осудување.

Откровение 20:5 А другите мртовци (злите) не оживеаја, додека не се навршија илјада години.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Во второто општо воскресение со завршетокот на 1000-та години ќе бидат воскреснати злите.

4. Во каква состојба се наоѓа Земјата за време на милениумот?

4. Во каква состојба се наоѓа Земјата за време на милениумот?


Исаија 24:1. Ете, Господ ја _______ земјата, ја разурнува, и го обезобразува лицето, ги распрснува нејзините жители.

Еремија 4:23-26 Ја гледам земјата: пуста е, еве, и празна, небесата: светлината им исчезна. Ги гледам горите: ете, се тресат, .... Еве нема човек, сите небесни птици одлетале.... Плодното поле запусте, Господ ги разурна сите градови со жестокоста на Својот гнев.

Еремија 25:33 Во оној ден ќе бидат истепани од Господа од едниот крај на светот до другиот. По нив никој не ќе тажи, ниту некој ќе ги собере и погребе.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Земјата ќе биде целосно опустена од земјотресот и градот што ќе се случуваат при второто Христово доаѓање. Ќе биде оставена во целосен мрак. Мртви луѓе ќе лежат насекаде по површината на земјата, никој нема да ги оплакува, оти нема да има никој жив. Сите праведни ќе бидат на небото, а злите сите ќе бидат мртви. (Погледни го додатокот со наслов „Бездна“.)

5. Каде ќе бидат светите за време на милениумот, и што ќе прават?

5. Каде ќе бидат светите за време на милениумот, и што ќе прават?


Јован 14:3. И кога ќе отидам и ви приготвам место, пак ќе дојдам и ќе ве земам при Себе, за да бидете и вие ____ ___ ___ _ ___.

Откровение 20:4 И видов престоли; и на оние, кои седеа на нив, им беше дадено да судат;.... тие оживеаја и царуваа со Христа илјада години.

1 Коринтјаните 6:2, 3 Или не знаете ли дека светите ќе му судат на светот? .... Не знаете ли дека ќе им судиме на ангелите!

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  За време на милениумот светите ќе бидат на небо, и ќе бидат вклучени во судењето. Тие нема да решаваат кој ќе биде спасен а кој не, затоа што тоа Бог веќе го одредил. Тие едноставно ќе ја потврдат изречената пресуда од Бога. „Зашто се покажаа Твоите праведни судови!“ Откровение 15:4. Ќе биде потврдена правичноста на Божјата казна за злите, како и наградата за праведните (Откровение 22:11, 12). Оваа фаза од судот е за добробит на светите. На пример, да претпоставиме дека вие сте доспеале на небо и откривате дека вашиот сакан пастор не е таму, а за сметка на тоа сретнете некој срамен криминалец! Сигурно ќе ви биде потребно објаснување. Ангелите ќе нè водат низ записите во книгите за да биде отстранет секој наш сомнеж. На крајот од оваа фаза на судот, сите ќе бидат целосно осведочени за Божјата правичност, љубов и за Неговата непристрасност. Тогаш сите ќе изјават: „Зашто се вистински и праведни Неговите судови!“ Откровение 19:2. (Погледни го додатокот со наслов „Милениумски дијаграм“.)

6. Што ќе се случува на крајот од милениумот?

6. Што ќе се случува на крајот од милениумот?


Захарија 14:1, 4, 5, 9. Ете, доаѓа Господовиот ден ..... Во оној ден, Неговите нозе ќе стојат на __________ Гора што е спроти Ерусалим, на исток. И ќе се распука Маслиновата Гора по средина, ... Тогаш ќе дојдат Господ, Мојот Бог, и сите свети со Него. .... И Господ ќе биде Цар над сета земја.

Откровение 21:2 Тогаш јас, Јован, го видов Светиот Град - Новиот Ерусалим, како слегува од небо, од Бога, стокмен како невеста, која е украсена за својот маж.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  На крајот од милениумот, Новиот Ерусалим со сите свети во него ќе слезе од небото и ќе се спушти на Маслоновата Гора. Господ ќе ја израмни Гората и ќе направи пространа рамница за да може да се спушти градот.

7. Што е следното што ќе се случи и што ќе придонесе сатаната да биде ослободен од бездната?

7. Што е следното што ќе се случи и што ќе придонесе сатаната да биде ослободен од бездната?


Откровение 20:5, 7. А другите мртовци не оживеаја, додека не се навршија илјада години.... А кога ќе се навршат илјадата години, сатаната ќе биде _______ од својот затвор.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Откако ќе воскреснат злите, сатаната повторно ќе биде ослободен и ќе може да ги заведува и манипулира со нив.

8. Што ќе направи сатаната штом злите ќе воскреснат?

8. Што ќе направи сатаната штом злите ќе воскреснат?


Откровение 20:8, 9. И ќе излезе да ги _________ народите по четирите краишта на земјата, Гога и Магога, и да ги собере за војна, чиј број е како морскиот песок. И излегоа на земната ширина, и го опкружија логорот на светите и возљубениот град.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Сатаната ќе ги заведува луѓето да веруваат дека тој бил неправедно исфрлен од небото и дека со заеднички сили можат да го освојат градот и да ја превземат контролата над него. Сфаќајќи дека немаат пристап до светиот град, злите ќе организираат напад со цел да го освојат Новиот Ерусалим.

9. Што е она што ќе запре сè во решавачкиот момент?

9. Што е она што ќе запре сè во решавачкиот момент?


Откровение 20:11, 12. И видов голем бел _______, и Оној, Кој седеше на него, ..... и на мртвите им беше судено според она што е запишано во книгите, според своите дела.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Божјиот престол ненадејно ќе се појави на небото над градот, и тогаш ќе започне последната фаза од судот. Нападот на Божјиот град на тој начин ќе биде веднаш запрен. Ќе се отворат книгите, и секој ќе има можност да си го види својот живот пред себе. Сè ќе биде откриено за да можат да видат и злите и праведните (Лука 12:2, 3).

10. Што ќе се случува откако ќе биде донесена пресудата за злите?

10. Што ќе се случува откако ќе биде донесена пресудата за злите?


Римјаните 14:11. Јас Сум жив - вели Господ - Мене ќе Ми се ________ секое колено; и секој јазик ќе Го исповеда Бога.”

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Сите зли доброволно ќе признаат дека Бог бил фер и праведен и дека очајно се обидувал да ги спаси, но тие одлучиле отворено да Го отфрлат и да живеат себичен грешен живот. После ова универзално признание, прашањето на гревот ќе биде засекогаш затворено и тогаш ќе биде веќе безбедно да се уништат грешниците.

11. Што ќе се случува следно?

11. Што ќе се случува следно?


Откровение 20:9. И слезе _____ од небото, од Бога, и ги проголта.

Откровение 20:15 И кој не беше запишан во Книгата на Животот, беше фрлен во огненото езеро.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Тогаш Божји оган ќе падне од небото врз злите и ќе формира големо огнено езеро околу Божјиот град. Најпосле огнот сите ќе ги претвори во пепел (Малахија 4:3). Ѓаволот нема да има никаква контрола над овој оган, наречен пекол. Напротив, тој и неговите ангели ќе бидат исто така казнети во огнот и ќе се претворат во пепел (Откровение 20:10; Езекиел 28:18). Нема воскресение од овој оган, што се нарекува втора смрт (Откровение 20:14).

12. Што ќе направи Бог за својот народ, откако огнот ќе згасне?

12. Што ќе направи Бог за својот народ, откако огнот ќе згасне?


Исаија 65:17. Зашто, еве, Јас _______ нова небеса и нова земја.

2 Петрово 3:13 А ние, според Неговото ветување, очекуваме нови небеса и нова земја, во кои пребива правдата.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  На крајот од 70-те години вавилонско пленство, Израелците се вратиле во ветената земја и го реизградиле градот. После милениумот, светите ќе бидат сведоци како Исус создава ново небо (атмосфера) и совршена нова земја, каде што никогаш повеќе гревот нема да ја подигне својата грда глава (Наум 1:9). Рајот што Адам и Ева го изгубиле со падот во грев ќе биде обновен во сета своја едемска слава. Мир, радост, љубов и совршена среќа ќе почива на Божјиот народ засекогаш!

13. Каде конечно ќе живеат Господ и праведните?

13. Каде конечно ќе живеат Господ и праведните?


Матеј 5:5. Блажени се кротките, зашто тие ќе ја наследат ________!

Откровение 21:3 Еве го Божјиот Шатор меѓу луѓето; и Тој ќе живее со нив.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  И Господ - Отецот и Господ Исус ќе живеат со своите светии на новата земја. Само помислете на тоа - Господ да биде ваш сосед!

14. Исус вели: „Одам да ви приготвам место.“ Јован 14:2. Тој за вас чува живеалишта во светиот град. Дали ќе ја прифатите Неговата понуда за вечен живот за да може да ви го даде новото раѓање и да ве подготви за Своето царство?

14. Исус вели: „Одам да ви приготвам место.“ Јован 14:2. Тој за вас чува живеалишта во светиот град. Дали ќе ја прифатите Неговата понуда за вечен живот за да може да ви го даде новото раѓање и да ве подготви за Своето царство?




Одговор:  ____________________


Дополнителен материјал за проучување

Приказ на 1000-дате години
Настани со кои започнуваат 1000-дате години:

1. Исус се враќа ЗА Своите светии, и праведните мртви воскреснуваат.

2. Злите се погубени од Господовото доаѓање, плус разорувачки земјотрес и град.

3. Живите праведници се преобразуваат а потоа се земени на средба со Господа во воздухот.

4. Облак ги носи праведниците во рајот.


Услови и настани за време на 1000-дате години:

1. Светиите во рајот учествуваат во судот над злите.

2. Сатаната и неговите ангели се присилени да останат на земјата која е целосно опустошена и во мрак.

3. На земјата нема живи луѓе.


Настани на крајот на 1000-дате години:

1. Исус се враќа СО Своите светии, и светиот град се спушта на Маслиновата Гора.

2. Злите воскреснуваат и сатаната ги убедува злите да го нападнат светиот град.

3. Злите биваат судени и потоа казнети со оган од небото кој по одредено време ги проголтува загубените.

4. Бог создава ново небо и нова земја врз пепелта на очистената земја.

Бездната
Поимот "бездна" од Откровение 20:1 често пати погрешно е разбран. Тоа е преведено од грчкиот збор "abusos," коренот на англискиот збор "aмбис." Во грчкиот Стар Завет, овој збор е користен во поглед на безобличната, темна земја каква што била пред Создавањето. "Земјата беше неоформена и пуста имаше темнина над бездната." Битие 1:1, 2. Зборот "abusos" повторно е користене во Лука 8:31 за да се илустрира состојба каде демоните немаат никого кого би го опседнале или со кого би манипулирале.

За време 1000-дате години, ѓаволот е врзан од околностите, "за повеќе да не ги мами нациите." Откровение 20:3. Буквален синџир никогаш не може да врзе едно духовно битие. Само едно нешто може да го спречи да не ги искушува луѓето а тоа е ако не постојат живи луѓе! Кога Исус ќе дојде, злите се погубени а праведните земени на небото, така да сатаната и неговите ангели се ограничени на оваа земја каде нема никого кого би можеле да го искушуваат. За 1000 години тие ќе талкаат и ќе ги гледаат делата на својата побуна. Никогаш не бил направен погорчлив синџир на околностите. На овој начин сатаната и неговите ангели се врзани. "И ќе бидат собрани наедно како затвореници во затвор, и ќе бидат заклучени во темница и по многу денови ќе бидат казнети." Исаија 24:22.