Десет пати помудар

Десет пати помудар Lesson 20

Кога царот Навохудоносор го опседнал градот Ерусалим, илјадници Евреи биле однесени како пленици во Вавилон. Царот му заповедал на својот слуга Асфеназ, да избере надарени млади луѓе од еврејските пленици кои би биле во палатата за време од три години и би ги учеле вавилонскиот јазик и мудрост за да подоцна можат да му служат на царот.

Даниел, Ананиј, Мисаил и Азариј биле забележани од Асфеназ и биле однесени во царската палата. Но имало еден проблем. Менито богато со месо и вино кое било предвидено за овие млади луѓе содржело многу поединости што Божјата реч ги забранувала.

За да не се покаже како неблагодарен, Даниел побарал ако може тој и неговите пријатели да добијат вегетаријанска храна и вода како пијалок. На почетокот царевиот слуга се противел на ова нивно барање. „Не можете да го задржите своето здравје со една таква диета!“ им објаснил. „Ќе се разболете, тогаш царот ќе ја бара мојата глава.“ Но Даниел благо настојувал, предложувајќи еден пробен период од десет дена, кога ќе може нивното здравје да биде споредено со останатите млади луѓе од царската менза.

Паднал договор по овој план, и во наредните десет дена младите Евреи пиеле само вода и јаделе едноставна вегетаријанска храна. На крајот од пробниот период, Даниел и неговите тројца пријатели „беа поубави и позгоени отколку момчињата кои јадеа од царските јадења.“ Даниел 1:15.

Три години подоцна, овие четири млади луѓе биле испробани од царот Навохудоносор, кога било изјавено дека се десет пати помудри од сите останати мудреци во Вавилон. Библијата ни кажува дека Даниел живеел скоро 100 години. Што е тоа што им помогнало на Даниел и неговите пријатели да имаат толку длабока мудрост, здравје и долговечност?
1. Која била првобитната исхрана што Бог ја предодредил за човештвото?

1. Која била првобитната исхрана што Бог ја предодредил за човештвото?


Битие 1:29. И рече Бог: Еве, ви дадов секаков вид растение, што дава семе, .... и секакви дрвја, што во себе имаат семе според својот ___ и вид: тоа да ви биде за храна!

Одговор:  ____________________

2. Каква дополнителна храна им додал Бог во исхраната на Адам и Ева, откако тие погрешиле?

2. Каква дополнителна храна им додал Бог во исхраната на Адам и Ева, откако тие погрешиле?


Битие 3:18. Ти ќе јадеш полски _________.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Првобитната исхрана за човечката раса била вегетаријанска и се состоела од овошје, зрнеста храна и орашести плодови. Господ го додал зеленчукот во исхраната на Адам и Ева откако тие паднале во грев и не можеле повеќе да јадат од дрвото на животот.

3. Дали Господа го интересира нашето физичко здравје?

3. Дали Господа го интересира нашето физичко здравје?


Матеј 4:23. И Исус обиколуваше по цела Галилеја, учејќи во нивните синагоги и проповедајќи го Евангелието за царството, и ___________ секаква болест и секаква немоќ меѓу народот.

3 Јованово 2Возљубен мој, ти посакувам да ти биде добро во сè и да бидеш здрав, како што и е добро на твојата душа.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Библијата учи дека нашето физичко здравје му е мошне важно на Бога. Исус поминувал исто толку време во лечење како и во поучување. Постојат неколку библиски принципи што можеме да ги следиме за да го подобриме нашето здравје и да ги продолжиме нашите животи.

4. Господ на Израелците им ветил дека доколку Му служат и Му бидат послушни, Тој ќе оттргне секаква болест од нивните редови. Дали го одржал Своето ветување?

4. Господ на Израелците им ветил дека доколку Му служат и Му бидат послушни, Тој ќе оттргне секаква болест од нивните редови. Дали го одржал Своето ветување?


Псалм 105:37. Ги изведе .....; во нивните племиња немаше _____.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Замислете! Кога Божјиот народ влегол во ветената земја, немало ниту еден болен или немоќен во целата нација.

5. Зошто нашето здравје му е толку важно на Бога?

5. Зошто нашето здравје му е толку важно на Бога?


1 Коринтјаните 6:19, 20. Или не знаете дека вашето тело е ______ на Светиот Дух, .... И така, прославете Го Бога во своето тело.

Римјаните 12:1 Да ги принесете вашите тела во жива, света и угодна жртва на Бога, тоа да биде ваша разумна служба.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Бог сака нашите тела да бидат Негово свето пребивалиште. Затоа мораме да избереме да ги направиме здрави места за Негов престој.

6. Кое е добро библиско правило за здрав живот?

6. Кое е добро библиско правило за здрав живот?


1 Коринтјаните 10:31. Според тоа, јадете ли, ______ ли, или ако правите нешто друго, правете сè за Божја слава!

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Ние треба да се трудиме да живееме на тој начин што сите наши навики - дури и она што го јадеме и пиеме - бидат на Божја слава.

7. Дали христијаните треба да користат алкохолни пијалоци?

7. Дали христијаните треба да користат алкохолни пијалоци?


Пословици 20:1. Виното е ________, ракијата - бунтовник; и секој, кој им е потчинет, не е разумен.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Алкохолните пијалоци Библијата јасно ги забранува. Зборот „вино“ во Библијата може да значи и ферментиран и неферментиран гроздов сок. Истото денес се однесува и на зборот „ликер“. Во Пословици 23:29-32 Библијата дава опис на ферментирано вино, и Господ вели дека не треба ниту да гледаме во него! Единственото вино што би можеле христијаните да го користат е „новото вино“, кое што е неферментиран, сладок гроздов сок.

Исаија 65:8 Новото вино се наоѓа во гроздот.

8. Што ќе им направи Господ на оние што си ги уништуваат сопствените тела?

8. Што ќе им направи Господ на оние што си ги уништуваат сопствените тела?


1 Коринтјаните 3:16, 17. Не знаете ли дека сте Божји храм ..... Ако некој го разруши Божјиот храм, Бог ќе го _______ него.

Излез 20:13 Не убивај!

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Секаква состојка или нездрава навика која го уништува телото или го скратува животниот век мора да биде оставена. Постепеното самоубиство е сепак самоубиство. Овде секако се вклучени штетните дроги (како што е тутунот во секаква форма) и многу пијалоци кои ја содржат популарната но и високо штетната дрога наречена кофеин. Господ вели дека ќе ги уништи оние кои намерно им нанесуваат штета на своите телесни храмови.

9. Кои цицачи Господ им ги дозволува на луѓето за јадење?

9. Кои цицачи Господ им ги дозволува на луѓето за јадење?


Левит 11:3. Секое што има ______, но раздвоени копита и што прежива, можете да го јадете.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  За да ги поедноставиме нештата, Господ сите живи суштества ги вброил во две категории: чисти и нечисти. Тој ни дозволува да ги јадеме чистите, но нечистите ги прогласил за непогодни во исхраната. Сите чисти цицачи имаат две карактеристиќи. Тие мора: (1) да имаат раздвоени копита, и (2) да се преживари. На пример свињата има раздвоени копита но не е преживар, па затоа е нечиста.

10. Кој вид на риба и морска храна е чиста?

10. Кој вид на риба и морска храна е чиста?


Левит 11:9. А од сите водни животни можете да ги јадете овие: сè што живее во водата, ... а има _____ и лушпи, можете да јадете.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Повеќето риби се чисти за јадење. Но има и исклучоци: јагулата, ајкулата, сомот и други. Сите морски суштества што немаат перки и лушпи се нечисти и не треба да се јадат. Како на пример: ракот, желката, жабата, школката и др.

11. Кои птици се нечисти?

11. Кои птици се нечисти?


Левит 11:15-17. Гавранот од кој и да е вид; нојот, јастребот кокошкар и галебот; ластовичката од сите видови; _____, нуркачот, утот.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Листата запишана во Левит 11-та глава покажува дека птиците грабливки, мршојадците и оние кои јадат риба се нечисти. Но сепак, птиците кои се хранат со сточна храна како што се потполошката, кокошката и мисирката се чисти.

12. Дали законите за чисти и нечисти животни се дел од Мојсеевиот церемонијален закон, кој беше укинат на крстот?

12. Дали законите за чисти и нечисти животни се дел од Мојсеевиот церемонијален закон, кој беше укинат на крстот?


Битие 7:1, 2. Влези во ковчегот ти и целиот дом твој, .... и земи со себе од секое ______ животно по седум од машки и женски пол, а од животните нечисти по две.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Не, Божјите категории на чисти и нечисти животни постојат уште од создавањето. На Ное му било кажано да земе по седум од чистите а по две од нечистите животни. Ова се случило далеку пред Мојсеевиот закон.

13. Дали за Бога јадењето нечиста храна е сериозен прекршок.

13. Дали за Бога јадењето нечиста храна е сериозен прекршок.


Исаија 66:15, 17. Зашто, еве, Господ доаѓа со оган - воената кола Му е како виор - за да го излее Својот гнев во јарост и Своите закани во вжарен оган.... Оние кои се посветуваат и се чистат ..... кои јадат свинско, нечисто и глувци - сите ќе _______ заедно, говори Господ.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Да! Библијата е премногу јасна по ова прашање за да биде погрешно разбрана. При второто доаѓање, Господ ќе ги уништи оние кои знаат што бара Бог, а сепак јадат свинско и секаква друга нечиста храна.

14. Кое правило е добро основно правило за христијанинот?

14. Кое правило е добро основно правило за христијанинот?


1 Коринтјаните 9:25. Секој натпреварувач се ___________ од сè.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Воздржаноста или умереноста значи целосно избегнување на оние нешта што се штетни и умерено користење на нештата што се добри.

15. Дали библиските здравствени принципи се сеушта применливи и денес?

15. Дали библиските здравствени принципи се сеушта применливи и денес?


Левит 13:46. Сè додека е болеста на него нека биде нечист; тој е нечист; нека живее _______. ...

А.Карантинските процедури ги контролираат заразните болести (Левит 13:46).
Б. Човечкиот отпад треба да се закопа (Второзаконие 23:12, 13).
В. Миењето на телото и перењето на облеката ги контролира бацилите (Левит 17:15, 16).
Г. Моралното живеење делува превентивно против сексуалните заболувања (Левит 18; Пословици 5:1-12; Колосјаните 3:5, 6).
Д. Животинската маст не смее да се јаде (Левит 3:17, 7:22-24).
Ѓ. Омразата и лутината се штетни по здравјето (Левит 19:17, 18; Пословици 15:17; Евреите 12:14, 15).
Е. Прејадувањето е штетно (Пословици 23:2).
Ж. На нашите тела им е неопходен соодветен одмор (Псалм 127:2; Марко 6:31).
З. Важноста од физичка работа (Излез 20:9, 10; 2 Солунјаните 3:10).
Ѕ. Позитивното расположение е добар лек (Пословици 17:22; 1 Тимотеј 6:6).
И. Навиките на родителите влијаат на децата (Второзаконие 17:25; Излез 20:5).

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Здравствените закони што Господ им ги дал на Својот народ пред илјадници години научно предначеле пред своето време. Дури во скорашниве години препознавме колку навистина се големи придобивките што тие ги нудат.

16. Дали луѓето ќе убиваат и ќе јадат животни на небото?

16. Дали луѓето ќе убиваат и ќе јадат животни на небото?


Исаија 65:25. Никој не ќе прави зло ни _____ на целата Моја Света Гора, говори Господ.

Откровение 21:4 И смрт нема да има веќе.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Сè што Адам и Ева загубиле со појавата на гревот ќе биде обновено во новото Божјо царство, вклучувајќи ја и првобитната вегетаријанска исхрана. Нема да има колење или ждерење на животни на новата земја.

17. Како можам да направам промени во моето здравје и исхрана кои ќе бидат по Божја волја?

17. Како можам да направам промени во моето здравје и исхрана кои ќе бидат по Божја волја?


Езекиел 11:18-20. Ќе ги истребат од неа сите грозности и гадости. .... И Јас ќе им дадам ново срце и ќе вдахнам ____ дух во нив: ... за да одат по Моите наредби и да ги чуваат и да ги вршат сите Мои закони.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Кога ќе одлучиме да ги послушаме Божјите здравствени закони, Тој ни дава нов дух кој ќе ни ја даде потребната сила за да живееме здрав живот (Јован 1:12).

18. Господ ги почестил Даниел и неговите пријатели за тоа што им биле послушни на Неговите здравствени закони, кои што се многу важен дел од христијанското живеење. Дали сакате да ги следите здравствените принципи од Божјата реч и да го предадете своето тело како свет храм каде што ќе може Светиот Дух да живее.

18. Господ ги почестил Даниел и неговите пријатели за тоа што им биле послушни на Неговите здравствени закони, кои што се многу важен дел од христијанското живеење. Дали сакате да ги следите здравствените принципи од Божјата реч и да го предадете своето тело како свет храм каде што ќе може Светиот Дух да живее.




Одговор:  ____________________


Дополнителен материјал за проучување

Разбирање на Петровата визија
Мнозина се обидуваат Петровата визија со големото платно (Дела 10:9-28) да ја искористат да си го оправдаат јадењето на нечисти животни. Таквите велат дека овој текст докажува оти Исус ги учел своите ученици дека е прифатливо да се јаде секое живо суштество.

Но, секогаш кога платното ќе се спуштело и од Петар се барало да заколе и да јаде од нечистите животни, тој реагирал: „Никако, Господи, зашто уште никогаш не сум јал нешто погано и нечисто!“ Дела 10:14. Дали забележувате дека дури и после три и пол години слушање на Исусовите учења, Петар не примил ниту најмало навестување дека јадењето на нечисти животни е дозволиво. Интересно е да се забележи и тоа дека во својата визија Петар не зел да јаде ништо од она што му било сервивано на платното.

Оваа Петрова визија никогаш не била дадена со намера да го дозволи јадењето на нечисти животни. Самиот Петар го објаснува значењето на визијата во 28 стих кога вели: „Бог ми покажа никого да не нарекувам поган или нечист.“ Повторно во 34 стих, Петар ја објаснува во кратки црти визијата кога вели: „Вистина гледам дека Бог не гледа на лице.“

Божјата порака до Петар имала врска со очистување на луѓето а не на животните. Оваа визија била дадена за да влијае на еврејските ученици да не ги нарекуваат незнабошците нечисти, и дека евангелието треба слободно да им се објавува на сите луѓе во светот.

Дали молитвата ја очистува храната?
Предупредувањето дадено во 1 Тимотеј 4:1-5 против отпадот во последните дни вклучува неколку ереси – слушање на измамливи духови и ѓаволски учења, забрана за стапување во брак и воздржување од одредени јадења. Можеби најголемото недоразбирање се однесува на четвртиот стих, каде што се цитира дека: „секое Божјо создание е добро.“ Овој стих значи дека секое создадено суштество е создадено за некоја одредена намена. Но некои сметаат дека текстот значи дека секое животно може да се јаде доколку се помолите со искрена молитва и се прима со благодарност. Ова би значело дека ако се помолите над був, лебарка, крт или лилјак тие би станале погодни за консумација. Ваквото толкување е апсурдно и опасно. „Не лажете се: Бог не дозволува да биде изигран! Зашто што човекот ќе посее тоа и ќе жнее.“ Галатјаните 6:7

За да нè заштити од донесување на погрешен заклучок , Павле побрзал да каже: „Зашто се осветува преку Божјото слово и молитвата.“ стих 5. Значи Божјото слово треба најнапред да изврши потврда, а потоа молитвата на благодарност ќе изврши посветување за да може да се јаде.

Од помош е да се забележи дека зборот „јадења“ во оригиналниот јазик не се однесува само на месна исхрана. Грчкиот збор „брома“ едноставно значи „храна“ (јадење). Можеме да бидеме сигурни дека Павле овде не дискутира за библиски нечистите животни, затоа што јадењата од кои некои се воздржуваат се јадења „што Бог ги создаде за да ги земаат со благодарност верните, кои ја познаваат вистината.“ стих 3.

Во Библијата е лесно да се најде вид на храна која Бог ја создал за да се зема со благодарност (Битие 1:29 3:18 Левит 11:1-22). Овој текст бил напишан за оние „кои ја познаваат вистината“. Божјото слово е вистината. Само оние кои „го веруваат и го познаваат“ Неговото слово ќе бидат водени до нештата што се „осветени“ и создадени „за да бидат примени со благодарност“. Оние кои „се осветуваат“ а продолжуваат да јадат нечисти животни ќе бидат уништени при второто Христово доаѓање (Исаија 66:15-17).