Глас од пустината

Глас од пустината Lesson 21

Исус рекол: „Вистина ви велам, меѓу родените од жени не се подигнал поголем од Јована Крстител.“ Матеј 11:11. Што знаеме за овој пустиник за кого Исус вели дека е најголем од пророците?

Кога Јован започнал да проповеда во Јудејската пустина, доаѓале луѓе со километри оддалечени само да го слушнат овој моќен, бестрашен и понизен весник. Во сушта спротивност со религиозните лидери на тоа време, неговиот живот го одразувале светост и едноставност. Додека свештениците се облекувале во раскошна облека, Јован носел едноставна наметка од камилски влакна и кожен појас. Додека тие се гоштевале, Јован постел или пак јадел мешунки од рогач и див мед. Одбил да пие секакво вино или жесток пијалок, за да може да биде исполнет со Духот Божји (Лука 1:15). Наместо накитените синагоги, Јован ги избрал реките и карпестите долини за своја катедрала каде што ги изнесувал своите проповеди. Луѓето набргу почнале да се прашуваат: „Да не е овој Илија?“

Јован се облекувал како старозаветните пророци, но не бил реинкарнација на Илија. Ангелот Гаврило им објаснил на неговите родители уште пред да се роди дека „Тој ќе врви пред Него во Илиевиот дух и сила, ..... и да Му приготви на Господа совршени луѓе.” Лука 1:17.

Суштината на службата на Јован била таа дека тој ќе ја има истата сила на Светиот Дух како и Илија за да предизвика реформа меѓу Божјиот народ. Негова посебна работа била да проповеда покајание за гревот и да го подготви народот за Исусовото прво доаѓање.

Библијата вели дека во последните денови ќе постои цела армија на такви како Илија и Јован Крстител кои ќе ја вршат истата работа во подготвување на светот за Исусовото второ доаѓање. „Еве, ќе ви го испратам пророкот Илија, пред да дојде Господовиот Ден, ден голем и страшен.„ Малахија 4:5. (Види исто така Јоил 2:28-31.)
1. Која била една од тајните на Јовановиот продуховен живот?

1. Која била една од тајните на Јовановиот продуховен живот?


Лука 3:16. Јован им одговори на сите: „Јас ве крштавам во вода; но иде посилен од мене, Кому јас не сум ________ да го одврзам ременот на Неговите обувки.

Јован 3:30 Тој треба да расте, а јас да се смалувам!

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Продуховениот живот на Јован бил исполнет со необична понизност. Постоела директна врска помеѓу Јовановата силна служба и неговата целосна преданост на Бога. Најголемата радост на Јован му била да ги упатува луѓето кон Исуса наместо кон себе. Сè што правел било наменето да го прослави Божјето име.

2. Дали Јован Крстител ја читал Библијата?

2. Дали Јован Крстител ја читал Библијата?


Јован 1:23. Рече: Јас сум _____ на оној, кој вика во пустината: израмнете го Господовиот пат, како што рече пророкот Исаија.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Да! Јован цитира дел од Стариот завет како доказ дека имал солидно познавање на Библијата. Библијата исто така ни кажува дека Јован ги учел своите ученици да постат и да се молат често (Матеј 9:14). Ова е уште едно сведоштво за неговата голема љубов кон Бога. На истиот начин, преку наша лична посветеност и проучување на Библијата, можеме да се запознаеме и да го засакаме Господа и да примиме од Неговиот Дух.

3. Дали Јован Крстител сакал да сведочи за Исуса?

3. Дали Јован Крстител сакал да сведочи за Исуса?


Јован 1:29. Утреден ______ Го виде Исуса како доаѓа при него и рече: Еве Го Божјото Јагне, Кое ги зема гревовите на светот!

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  По природа Јован бил самотник (Лука 1:80). Па сепак бил спремен да го ризикува па дури и да го положи својот живот само за да ги насочи луѓето на Исуса како на Спасител на светот. На истиот начин, оние кои вистински го сакаат Господа ќе бидат спремни да се престрашат и со сигурност да сведочат за Исуса.

4. Дали директното проповедање на Јован било популарно помеѓу политичките и религиозните лидери?

4. Дали директното проповедање на Јован било популарно помеѓу политичките и религиозните лидери?


Лука 7:30. А фарисеите и закониците го ________ она, што Бог сакаше да направи со нив, и не го примија неговото крштавање.

Лука 3:19, 20 А четворовласникот Ирод, кого тој го укори .... заради сите зли дела, што ги направил Ирод, ... го затвори Јована во темница.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Јован храбро зборувал против популарните гревови во тие денови кои биле застапени и кај религиозните лидери. Божјата порака за последното време за покајание и светост исто така нема да биде популарна помеѓу повеќето респектирани политички и црковни лидери, но ќе биде библиска.

5. Дали Библијата не одвраќа од носење накит и скапоцени облеки?

5. Дали Библијата не одвраќа од носење накит и скапоцени облеки?


1 Тимотеј 2:9. Исто така и жените (а се разбира и мажите) да се украсуваат во ________ облека, скромно и претпазливо, не со плетенки и злато, или со бисери или со скапоцени облеки.

1 Петрово 3:3, 4 Вашето украсување да не биде надворешно: во плетење на косата, во китење со златен накит или во раскошно облекување, туку во скриената личност во срцето, во нераспадливиот украс на кроткиот и тивок дух, што е од голема вредност пред Бога.

Исаија 3:18-21 Во оној ден Господ ќе одземе сè со што се гордее таа: веришките на нозете, .... наушниците, нараквиците и превезите, главоврските, појасите, малите садови со мириси и приврските, прстените и обетките за носот, скапоцените облеки и плаштениците, приврските и торбичките.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Да! Јован Крстител носел едноставна и скромна облека - добар пример за еден христијанин. Популарната, непристојна мода на денешницата во голема мера поттикнува искушенија и задолжувања. Господ немал намера да се облекуваме во облека која е прекумерно скапа, екстравагантна, односно наметливата облека не треба да биде дел од христијанската гардероба. Иако носењето накит е широко прифатено во светот, тоа е негативно претставено во Библијата. Можеби нема да можете да ги препознаете сите поединости споменати во Исаија 3:18-23, но луѓето во другите делови од светот можат. Многу од овие пагански орнаменти денес се присутни и во западната култура исто така.

6. Дали постоела некаква врска помеѓу Јовановиот продуховен живот и неговата едноставна диета?

6. Дали постоела некаква врска помеѓу Јовановиот продуховен живот и неговата едноставна диета?


Лука 1:15. Нема да пие ни _____ ни опојни пијалаци; и ќе се наполни со Светиот Дух
.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Христијаните треба целосно да абстинираат од сите ферментирани пијалоци со цел да ги одржат бистри своите умови и да можат да го слушнат Божјиот Дух (Пословици 23:31, 32; Авакум 2:15; 1 Петрово 5:8).

7. Зошто Бога е толку заинтересиран што јадеме и пиеме?

7. Зошто Бога е толку заинтересиран што јадеме и пиеме?


Судии 13:7. Но ми рече: Ти ќе зачнеш и ќе родиш син. Отсега не пиј вино ни жестоки пијалаци, и не јади ништо ______, зашто твоето дете ќе биде Божји Назиреј од мајчината утроба до смртта.

1 Коринтјаните 6:19 Или не знаете дека вашето тело е храм на Светиот Дух, Кој е во вас, Кого го имате од Бога?

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Постои директна поврзаност помеѓу она што го јадеме или пиеме и нашата ментална бистрина, можноста да го отфрлиме искушението и капацитет да распознаеме што е добро а што не. Сè што прави еден христијанин - вклучувајќи го тука и она што го јаде и пие - треба да го прави на Божја слава (1 Коринтјаните 10:31).

8. Што вели Библијата за световното однесување?

8. Што вели Библијата за световното однесување?


Јаков 4:4. И така, кој сака да му биде пријател на светот, Му станува ________ на Бога.

2 Коринтјаните 6:17 Затоа, излезете од меѓу нив и одвоете се - говори Господ, и не допирајте се до нечисто; и Јас ќе ве примам.

1 Јованово 2:15 Ако некој го сака светот, љубовта од Бога Таткото не е во него.

Римјаните 12:2 Немојте да се прилагодувате со овој свет; туку, преобразувајте се преку обновувањето на вашиот ум, за да можете да ја дознаете која е добрата, угодна, и совршена Божја волја!

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Господ ги повикува денес Своите да живеат живот за пример помагајќи им на другите да се подготват за второто Христово доаѓање.

9. За што треба да одлучи да размислува еден христијанин?

9. За што треба да одлучи да размислува еден христијанин?


Филипјаните 4:8. Впрочем, браќа, сè што е вистинско, што е чесно, што е праведно, што е _____, што е љубезно, што е на добар глас - ако е некаква добродетел, ако е некаква пофалба - мислете на тоа!

Псалм 101:3 Не ќе оставам, пред моите очи ништо подмолно.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Јован Крстител им заповедал на луѓето да абстинираат од секакво насилство (Лука 3:14). За нас, ова би вклучувало гледање на насилство и во форма на забава. Исус учел дека гревовите на секс и насилство зачнуваат од мислите и однесувањето (Матеј 5:22, 28). Затоа, христијанинот треба да избегнува секакви Тв програми, видеа или материјали во пишана форма кои би можеле да наведат на нечисти мисли.

10. Каков вид на музика ќе му биде пријатна на вистинскиот христијанин?

10. Каков вид на музика ќе му биде пријатна на вистинскиот христијанин?


Псалм 40:3. Во мојата уста стави нова ______, фалба на нашиот Бог.

1 Самуилова 16:23 И кога Божјиот зол дух ќе го нападнеше Саула, Давид ја земаше лирата и свиреше; тогаш му олеснуваше на Саула, и му стануваше подобро, а лошиот дух заминуваше од него.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Очигледно е дека поголемиот дел од популарната музика во светот не може да ни биде на духовна корист. Напротив, таа ја уништува нашата желба за небесните работи и често ја зајакнува пониската природа кај човекот. Како и да е, музиката може да биде неверојатна сила за добро. Кога царот Саул бил злоставуван од страна на злобниот дух, релаксирачката музика од Давидовата харфа го закрепнала и го изгонила злобното влијание.

11. Дали танцувањето е добра рекреација за еден христијанин?

11. Дали танцувањето е добра рекреација за еден христијанин?


1 Јованово 2:6. Кој вели дека останува во Него, тој треба да ____, како што одеше Тој.

Тит 2:12 Која нè воспитува да се откажеме од безбожноста и светските похоти; да живееме разумно, праведно и побожно во сегашниов век.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Поголемиот број популарни современи танци се поврзани со световна музика и имаат многу силен сексуален акцент. Скоро во секоја ситуација треба да се запрашаме: „Што би сторил Исус?“ Мислам дека сите ќе се сложиме дека нашиот Спасител не би го напуштил Својот разум за да почне да го ниша своето тело на ударот од некој луд ритам.

12. Дали христијанинот треба да игра лото или да се коцка?

12. Дали христијанинот треба да игра лото или да се коцка?


1 Тимотеј 6:10. Зашто среброљубието е корен на секакви зла; некои му се предадоа, се отстранија од верата и се прободија себеси со многу _____.

2 Солунјаните 3:10 Ви го заповедавме ова: ако некој не сака да работи, нека и не јаде!

Пословици 28:20 Кој брза по богатство, не останува без казна.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Коцкањето може да биде исто толку заразно како и многу видови на дроги. Некои ги растураат целокупните семејни заштеди по казината или на ливчињата од државна лотарија. Повеќето од шемите „збогати се брзо“ се поврзани со претеран ризик, нефер цени и сомнителна етика.

13. Која треба да му биде целта на Божјиот народ денес?

13. Која треба да му биде целта на Божјиот народ денес?


1 Јованово 3:22. Ги ______ Неговите заповеди и правиме што е благоугодно пред Него.

Проповедник 12:13 Бој се од Бога, исполнувај ги Неговите заповеди, зашто во тоа е сè за човекот.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Не можете да живеете онака како што сакате и да бидете спасени. Ова е една од причините што Исус дојде на земјата - да ни даде пример на свет живот (1 Петрово 2:21).

14. Што е она што ја прави послушноста кон Бога лесна во начинот на живеење за кој дискутиравме во оваа лекција?

14. Што е она што ја прави послушноста кон Бога лесна во начинот на живеење за кој дискутиравме во оваа лекција?


Јован 14:15. Ако Ме ______, ќе ги пазите Моите заповеди.

1 Јованово 5:3 Зашто ова е љубовта Божја: да ги исполнуваме Неговите заповеди; а Неговите заповеди не се тешки.

Псалм 40:8 Мило ми е, Господи, да ја исполнувам Твојата волја, јас го носам Твојот закон длабоко во срцето.

Одговор:  ____________________

15. Зошто христијанскиот живот е толку возвишен повик?

15. Зошто христијанскиот живот е толку возвишен повик?


1 Петрово 2:9. А вие сте ______ род, царско свештенство, свет народ, народ придобиен, за да ги прогласите славните дела на Оној, Кој ве повика од темнина во Својата чудесна светлина.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Како Христови амбасадори, христијаните навистина имаат возвишен повик! Јован Крстител помогнал луѓето да се подготват за Исусовото прво доаѓање, а Господ денес ги повикува Своите избраници да живеат свет живот и да им помогнат на луѓето да се подготват за второто Христово доаѓање.

16. Дали сакате да бидете посебен „глас од пустината“ и да сведочите преку свет живот за да ги подготвите другите за второто Христово доаѓање?

16. Дали сакате да бидете посебен „глас од пустината“ и да сведочите преку свет живот за да ги подготвите другите за второто Христово доаѓање?




Одговор:  ____________________


Дополнителен материјал за проучување

Христови амбасадори
Кога некој ќе стане христијанин, тој или таа стануваат амбасадори на едно подобро царство. Библијата вели: „Според тоа, ние сме амбасадори на Христа.“ 2 Коринтјаните 5:20.

Речникот го дефинира амбасадорот како „ дипломат од највисок ранг назначен и акредитиран како претставник на една влада на територијата на друга, вообичаено на некое одредено време.“

Амбасадорите се исто толку важни како во политичката сфера така и во духовната. Граѓаните на небесното царство не се како граѓаните од овој свет. Ние сме пратени во светот за да покажеме кој е во суштина Исус и каков е Тој. Преку Светиот Дух, ние стануваме Негови претставници – да го рефлектираме Неговиот лик во сè, од начинот на кој зборуваме и работиме до начинот на кој јадеме и се облекуваме. Со други зборови, кога стануваме дел од Божјото духовно царство, ние треба да бидеме жив приказ на владата што ја претставуваме. Во 2 Коринтјаните 3:18, Библијата говори дека: „ние сите ..... се преобразуваме во ист лик, од слава во слава, како што го прави тоа Господовиот Дух“.

Ние, црквата, сме раце и нозе, очи и уста, па дури и уши Христови во денешниов свет. Ние сме телото Христово (Ефесјаните 1:22, 23 5:29, 30 Колосјаните 1:18). Пред да се вознесе на небото, Исус ни кажал: „Како што Ме прати Таткото и јас ве праќам.“ Јован 20:21.

Секој аспект од нашите животи треба да биде одсјај на Христовиот живот и личност. „Така нека свети вашата светлина пред луѓето, за да ги видат вашите добри дела и да Го прослават вашиот Татко, Кој е во небесата“ Матеј 5:16.