Проверка на пророците

Проверка на пророците Lesson 22

Ахав, злобниот израелски цар, сакал повторно да го освои Галатскиот Рамот од Арамејците. Но му била потребна помош, па затоа побарал од добриот јудејски цар Јосафат да и се придружи на неговата кампања против нивниот заеднички непријател. Јосафат рекол дека има желба да ги здружи силите со Ахав, но дека претходно треба да побараат совет од Господа.

Ахав се одрекол од Господа и со години наназад му служел на паганскиот бог Ваал, па затоа повикал 400 изнајмени пророци да дојдат пред двата цара. Во една драматична појава, овие лажни пророци рекле: „Оди и бори се со Арамејците, и ќе бидеш победник!“ Но царот Јосафат сакал да слушне што ќе каже вистински Божји пророк. Ахав му кажал дека има еден таков пророк чие име е Михеј, и додал: „...ама не го поднесувам, зашто не ми пророкува ништо добро, туку само зло.“ стих 8.

На инсистирање на Јосафат, Ахав неволно пратил слуга да го доведе Михеј. Храбриот пророк дошол и дал едно многу непопуларно предвидување. Му кажал на Ахав дека ќе загине во битката со Арамејците. Ахав се соочил со тешка одлука. Дали да им верува на 400 пророци кои му пророкувале добро или на единствениот Господов пророк?

Тврдоглавиот цар Ахав го наговорил Јосафат да ги занемари предупредувањата на пророкот Михеј и да му се приклучи во војната. Мислел дека ќе може да го надмудри Господа со тоа што ќе се облече во цела борбена опрема и ќе се држи настрана од првите борбени линии. Но Ахав премногу доцна научил дека никогаш не можеш да му побегнеш на Божјиот збор. За време на битката, стрела која летала низ просторот го погодила меѓу набраницата на појасот и оклопот, и тој искрварил до смрт во својата кочија.

Исус предупредил дека во последните дни ќе има многу лажни пророци (Матеј 24:11). Затоа ние мораме да знаеме како да го препознаеме вистинскиот од лажниот пророк. Тоа може да биде прашање на живот или смрт!
1. Кому Господ му ги открива Своите завршни планови?

1. Кому Господ му ги открива Своите завршни планови?


Амос 3:7. Господ Бог не прави ништо а да не им ги открие Своите намери на Своите слуги - ________.

Одговор:  ____________________

2. Дали во последните денови ќе има и вистински и лажни пророци?

2. Дали во последните денови ќе има и вистински и лажни пророци?


Матеј 24:11. И ќе се јават многу ______ пророци и ќе заблудат мнозина.

Дела 2:17 Во последните денови - вели Господ - ќе излеам од Својот Дух на секое тело, и вашите синови и вашите ќерки ќе пророкуваат.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Да, во последните денови ќе има и вистински и лажни пророци. Библијата уште учи и дека пророци можат да бидат и мажи и жени.

3. Кој вид на лажни пророци се посебно осудени во Библијата?

3. Кој вид на лажни пророци се посебно осудени во Библијата?


Второзаконие 18:10. „Кој би се бавел со _______.“ Второзаконие 18:10.

„Ни кој гата по ѕвезди (астролог).“ Второзаконие 18:10. (Дан-Караџић)

„...и волшебништво.“ Второзаконие 18:10.

„...вражање.“ Второзаконие 18:10.

„Никој кој би баел.“ Второзаконие 18:11.

„...кој би повикувал духови и души на предците.“ Второзаконие 18:11.

„...кој би се обраќал на покојниците.“ Второзаконие 18:11.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Во Второзаконие 18:9-12 се вели дека сите оние што прават такви работи се „гад“ во Божјите очи. Од овие причини христијаните не треба да имаат ништо со тоа.

4. Дали Божјата црква на остатокот ќе има дар на пророштво?

4. Дали Божјата црква на остатокот ќе има дар на пророштво?


Откровение 12:17. И змевот се разгневи на жената и отиде да војува против другите од нејзиното семе, против оние, кои ги пазат Божјите заповеди и го имаат Исусовото _________.

Откровение 19:10 Јас сум сослужител твој и на твоите браќа, кои го имаат Исусовото сведоштво. Поклони Му се на Бога, зашто Исусовото сведоштво е духот на пророштвото.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Како што научивме во лекција 17, Божјата црква на остатокот го има „Исусовото сведоштво“, кое е „духот на пророштвото“. Ако ги споредиме Откровение 19:10 со Откровение 22:9, ќе видиме дека ангелот ги одредува Јовановите „браќа“ кои го имаат духот на пророштвото како „пророци“ и како „оние, кои ги пазат зборовите на оваа книга“. Во 1 Коринтјаните 1:5-8, Павле пишува дека црквата ќе го има „Христовото сведоштво„ и дека не е „во недостаток од ниеден дар“ се до второто Христово доаѓање. Значи Божјата црква на остатокот навистина и понатаму ќе го има дарот на пророштвото.

5. На каков начин Господ му се обраќа на вистинскиот пророк?

5. На каков начин Господ му се обраќа на вистинскиот пророк?


Броеви 12:6, 8. Ако се најде пророк среде вас, Јас му се јавувам нему во _______, му говорам на сон. .... Јас му зборувам нему уста во уста.

Захарија 4:1 Ангелот, кој зборуваше со мене, се врати тогаш и ме разбуди како човек кој се буди од сон.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Господ на Своите пророци им се обраќа во виденија, преку сон, лице в лице и преку ангели. Кристалните топки, читањето од дланка, набљудувањето на ѕвездите, тврдењето дека разговарате со мртви, не се Божји методи на комуникација со пророкот.

6. Дали чудата се јасен доказ дека некој е вистински пророк?

6. Дали чудата се јасен доказ дека некој е вистински пророк?


Откровение 16:14. Имено, тоа се ________ духови, кои прават чуда и одат при царевите на целиот свет.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Не, чудата не се доказ дека некој е вистински пророк. Тие докажуваат само едно нешто - натприродна сила. Но натприродната сила може да потекнува или од Бога или од сатаната. Затоа Господ ни вели: „Не верувајте му на секој дух, туку испитувајте ги духовите - дали се од Бога, зашто многу лажни пророци излегоа во светот.“ 1 Јованово 4:1.

7. Кој е најважниот тест за еден пророк?

7. Кој е најважниот тест за еден пророк?


Исаија 8:20. Покрај _______! Покрај сведоштвата! Ако не зборуваат според ова слово, нема светлина во нив.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  „Законот и сведоштвата“ е старозаветен израз за „Библијата“. Со други зборови, пораката на некој кој тврди дека има пророчки исказ од Господа мора да се спореди со Библијата. Мораме да го провериме пророкот со Библијата а не обратно. Секој вистински Божји пророк секогаш целосно ќе биде во согласност со Библијата. Ова е вистински тест.

8. Кој е вториот тест за тоа дали некој е вистински пророк?

8. Кој е вториот тест за тоа дали некој е вистински пророк?


1 Јованово 4:2. По ова познавајте го Духот на Бога: секој дух кој исповедува дека ______ Христос дојде во тело, од Бога е.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Божјиот пророк мора да ја признава и да ја учи вистината за Исуса Христа - дека Тој беше Бог во човечки облик. Вистинскиот пророк исто така треба да го велича Исуса, а не себе. Повеќето лажни пророци сакаат да го привлечат вниманието кон себе и сопствените идеи наместо кон Божјата реч.

9. Кој е третиот тест?

9. Кој е третиот тест?


Матеј 7:16. Ќе ги препознаете по нивните ________.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Ова не значи дека пророкот треба да биде совршен. Божјите пророци секогаш имале свои недостатоци. Но сепак, мора да постои доследност на она што пророците го учат со она што тие го живеат.

10. Кој е четвртиот тест?

10. Кој е четвртиот тест?


Еремија 28:9. Но за пророкот што пророкува мир можеш да знаеш дека навистина го испратил Господ откако ќе се _______ неговиот пророчки збор.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Вистинскиот пророк нема да дава лажни претскажувања. Ако пророкот е од Бога, работите што тој или таа ги вели ќе се исполнат. Но, точноста сама по себе не ја квалификува автоматски личноста за пророк. Во Второзаконие 13:1-3 стои предупредување дека лажните пророци можат да изнесат знак или чудо кои ќе се исполнат а потоа ќе го искористат своето влијание да ги заведат луѓето да следат други богови. Вистинскиот пророк мора да ги води луѓето да му служат на Бога онака како што тоа Библијата го вели.

11. Кои три работи ги заповеда Павле во врска со пророштвата?

11. Кои три работи ги заповеда Павле во врска со пророштвата?


1 Солунјаните 5:20, 21. Не презирајте ги пророштвата, _________ сè, задржувајте го доброто.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Павле кажува дека не смееме да го презираме или отфрлиме дарот на пророштвото. Наместо тоа, ние мораме да ги проверуваме пророчките пораки со Библијата и да го прифаќаме и следиме она што е добро.

12. Чив совет отфрламе кога ги отфрламе зборовите на вистинскиот пророк?

12. Чив совет отфрламе кога ги отфрламе зборовите на вистинскиот пророк?


Лука 7:28-30. Нема ниеден поголем пророк од Јована Крстител;... И сите луѓе, што слушаа, па и митниците, Му благодареа на Бога .... а фарисеите и закониците го отфрлија советот _____ за нив.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Кога ги отфрламе зборовите на вистинскиот пророк, ние всушност го отфрламе Божјиот совет. Навистина сериозна мисла! Библијата ни вели да ги слушаме Божјите пророци и ветува дека сите оние кои ги следат советите на вистинскиот пророк ќе успеат.

2 Летописи 20:20 Верувајте Му на Господа, вашиот Бог, и бидете цврсти; верувајте им на пророците Негови и ќе имате успех.

13. Бидејќи Господ сеуште зборува преку пророци, и бидејќи зборовите на вистинскиот пророк се лично „Исусово сведоштво“ за вас, дали ќе сакате да ги проверите модерните пророци со Библијата и дали ќе го следите советот на оние кои се во склад со Библијата?

13. Бидејќи Господ сеуште зборува преку пророци, и бидејќи зборовите на вистинскиот пророк се лично „Исусово сведоштво“ за вас, дали ќе сакате да ги проверите модерните пророци со Библијата и дали ќе го следите советот на оние кои се во склад со Библијата?




Одговор:  ____________________


Дополнителен материјал за проучување

Пророк на модерното време
Во декември 1844 година, група млади девојки од Методистичката црква беа клекнати на молитва во Портланд, Мејн. Тогаш Елен Хармон - 17 годишна девојка со кревко здравје ќе ја прими својата прва визија. Додека Елен (подоцна Елен Вајт, откако ќе се омажи за млад проповедник по име Јаков Вајт) раскажувала што и открил Бог, таа ќе продолжи да прима визии и соништа во наредните 70 години - сè до нејзината смрт во 1915 година.

Како што било тоа и со библиските пророци, и Елен Вајт за време на своите визии доживувала одредени физички феномени. Како и пророкот Даниел, таа не дишела додека била во визија и на почетокот ја губела својата сила (Даниел 10:8, 17). Некои од нејзините визии траеле и по четири часа, но таа за целото тоа време не дишела. Докторите кои ја испитувале додека била во визија сведочат за овој факт.

Друг пат пак, добивала физичка сила (Даниел 10:18, 19). Иако Елен тежела само 40 килограми, луѓе што ја виделе сведочат дека за време на визија во својата испружена рака држела Библија тешка 8 килограми цели 30 минути. Овој и други физички феномени покажуваат дека во искуството на еден пророк се случуваат натприродни работи. Но и покрај тоа, тие не ни кажуваат дали пророкот е од Бога или од сатаната. Кога се соочени со натприродни тврдења за пророчкиот дар, христијаните мораат да го испитаат тврдењето на Библијата за да бидат сигурни дали тој дар е вистинит.

Примена на четирите библиски теста
Ајде заедно да видиме дали животот и службата на Елен Вајт ги исполнуваат четирите библиски теста за вистински пророк.


Прв тест - Во хармонија со Библијата
Ако прочитате една од книгите на Елен Вајт, ќе откриете дека таа доследно ве упатува на Библијата и е во целосна согласност со неа. Но и покрај тоа, таа не ги сметала своите списи како додаток на Библијата. Нивната цел е да го насочи вниманието на Божјиот народ на Библијата и да ги врати на самата Библија како на единствен извор на вистината. Обратете внимание на јасната изјава на Елен Вајт дека Библијата е единственото правило на верата: „И во нашите денови постои силна тенденција да се напушти вистинската вера и нејзините прописи и затоа е потребно да се вратиме на големото протестантско начело: Библијата, и само Библијата, треба да биде правило на верата и должностите.“1

Таа исто така напишала: „Напишаните сведоштва не се за да дадат нова светлина, туку за јасно да ги втиснат во срцето веќе откриените вдахновени вистини. Човековата должност кон Бога и кон ближните е јасно назначена во Божјата реч но сепак само неколку од вас се послушни на дадената светлина. Не е објавена дополнителна вистина туку Господ преку Сведоштвата ги поедноставил веќе дадените големи вистини и на Свој начин ги објавил пред луѓето за да ги разбуди и за да им ги всади во умот, за да никој не може да има изговор.“2

Иако Елен Вајт ја истакнува неопходноста да се свати дека нејзините списи никогаш не треба да бидат сметани како дел од Библијата, и покрај тоа тие се вдахновени. Мнозина од големите Божји пророци - како што се Илија, Елисеј и Јован Крстител - биле вдахновени, па сепак тие не напишале ниту една книга од Библијата. Списите на Елен Вајт можат да бидат опишани како помала светлина која води кон поголемата светлина, Библијата. Тие делуваат како вдахновени коментари на Библијата, но Библијата сеуште го задржува приматот на супериорен авторитет.


Втор тест - Поучува за Исуса Христа
Книгите на Елен Вајт, како што се: Копнежот на вековите, Христовите параболи, Патот кон Христа и Мисли од гората на блаженствата, сите укажуваат на тоа дека таа го исполнува и овој тест. Таа во овие книги не зборува ништо за себеси, туку постојано ги насочува читателите на Христа.


Трети тест - Побожен живот
Дневниот печат, коментирајќи ја смртта на Елен Вајт, напишал: „Животот на госпоѓа Вајт е пример кој е вреден да биде копиран од сите нас. ..... Таа беше понизен, побожен Христов ученик, и секогаш правеше добро. .... Таа беше почитувана и респектирана од сите оние кои ја признаваат благородната жена посветена на несебична работа за издигнување и подобрување на човечкиот род. Нејзината смрт го означува повикот на уште еден познат лидер на религиозната мисла, на некој чии скоро деведесет години беа преполнети со добри дела, љубезни зборови и искрени молитви за целото човештво.“3


Четврти тест - Точни пророштва
Неколку идни пророштва што биле проречени од Елен Вајт можат многу лесно да бидат потврдени. Следново предвидување е налик на она што денешните весници го пишуваат, но е напишано пред да биле измислени многу модерни средства за патување. „Железничките несреќи ќе стануваат се почести конфузија, судири и смрт без момент на предупредување ќе се појавуваат на големите железнички линии.“4

Елен Вајт живеела во време кога докторите препорачувале да се пуши тутун за оние кои имале проблеми со белите дробови. Постоеле различни медицински мислења, но немало никаков научен доказ. Нутриционизмот бил непозната наука. Па сепак во едни вакви околности, Елен Вајт напишала цели томови од сферата на здравјето и исхраната. Доктор Клајв Мек-кеј, поранешен професор по нутриционизам на Универзитетот Корнел, ја потврдил точноста на списите на Елен Вајт во областа на исхраната: „И покрај тоа што делата на госпоѓа Вајт се напишани многу пред појавата на модерниот научен нутриционизам, денес не постои подобар севкупен водич.“5

Библијата претскажала дека во последните денови ќе се појави пророчки дар. Доказите покажуваат дека Елен Вајт ги исполнува сите библиски специфики на вистински пророк. Би сакале да ве охрабриме да си набавите и прочитате некои од нејзините списи следејќи ја библиската наредба: „Не презирајте ги пророштвата, испитувајте сè, задржувајте го доброто.“ 1 Солунјаните 5:20, 21.

1The Great Controversy (Mountain View, CA: Pacific Press, 1950), p. 204, 205.

2 Testimonies for the Church (Mountain View, CA: Pacific Press, 1949), Vol. 2, p. 605.

3 Star (St. Helena, California), July 23, 1915.

4 Messages to Young People (Washington, DC: Review and Herald, 1930), p. 90 (reprinted from article in The Signs of the Times, April 21, 1890).

5 Clive M. McCay, "A Nutritional Authority Discusses Mrs. E.G. White," Review and Herald, February 26, 1959, p. 10.