Get the daily devotional to your inbox
Looks good!
Please enter a valid email address.
Looks good!
Please confirm your email address.

Христовата невеста

Христовата невестаLesson 23

Библијата вели дека постои само едно тело, или црква, во која Исус го повикува Својот народ во последното време – Христовата невеста. Некои луѓе тоа ги нервира, затоа што денес постојат илјадници цркви, кои се нарекуваат себеси христијански. Буквално секоја тврди дека е Божја црква, но сепак тие многу се разликуваат меѓу себе во толкувањето на Библијата, верата и практикувањето на истата. Невозможно е за еден искрен истражувач да ги испита тврдењата на секоја една од нив. Но како и да е, ние можеме да му бидеме благодарни на Христа, кој ја има решено оваа дилема за нас, опишувајќи ја Својата црква со такви дела, така што истата може лесно да се идентификува! Тоа опишување, јасно и моќно, се наоѓа во Откровение 12 и 14 глава, и ќе те воодушеви со восхитувачки вистини, кои ќе ти помогнат во времето на крајот. Те молиме прочитај во Откровение 12:1-17 пред да го започнеш своето патување во овие вистини, кои преобразуваат.

1. Преку кој пророчки симбол Исус ја претставил Својата вистинска црква?

"Јас ја споредив ќерката Сионска со убава и разнежена жена." Еремија 6:2. "И му реков на Сион: ‘Ти си Мој народ.’" Исаија 51:16.

Одговор:   Ние научивме во Лекцијата 22 дека Исус ја симболизира Својата вистинска, чиста црква (Сион) како чиста жена, а отпаднатата црква како блудница. Неколку други текстови што исто така го користат овој симболизам се: 2. Коринтјаните 11:2; Ефесјаните 5:22, 23; и Откровение 19:7, 8.


2. Во Откровение 12:1, Исус ја симболизира Својата црква како жена "облечена во сонцето" имајќи ја "месечината под нејзините нозе," носејќи "круна со дванаесет ѕвезди." Што значат тие симболи?

Одговор:   A. Сонцето го претставува Христа, Неговото евангелие и Неговата праведност. "Господ Бог е сонце." Псалм 84:11. (Види исто така Малахија 4:2.) Без Христа не постои спасение (Дела 4:12). Повеќе од сè друго, Исус сака Неговата црква да изобилува со Неговото присуство и слава.

Б. Поимот "месечина под нејзините нозе" го претставува жртвениот систем на Стариот Завет. Како што месечината ја рефлектира светлината од сонцето, така жртвениот систем помагал духовно, само со тоа што ја рефлектирал светлината од Месијата, кој требало да дојде (Евреите 10:1).

В. "Круната со дванаесет ѕвезди" ја претставува работата на 12 ученици, кои ги крунисале првите години на новозаветната црква.

Бебето споменато во Откровение 12 глава го претставува Христа.
Бебето споменато во Откровение 12 глава го претставува Христа.

3. Потоа пророштвото споменува дека жената е бремена, и дека скоро ќе роди машко дете што ќе ги управува сите народи еден ден со железен жезол. Тогаш таа го роди “машкото дете,” и подоцна Тоа било земено и однесено при Бога (Откровение 12:1, 2, 5). Кое било тоа бебе?

Одговор:   Бебето било Исус. Тој еден ден ќе владее над сите народи со железен жезол (Откровение 19:13-16; Псалм 2:7-9). Исус, кој беше распнат за нашите гревови, воскресна од мртвите и се вознесе на небото (Дела 1:9-11). Неговата сила на воскресение во нашите животи е еден од неопходните Христови дарови за Неговиот народ (Филипјаните 3:10).

Големиот црвен змев е сатаната, кој за време на Христовото раѓање работел преку Рим.
Големиот црвен змев е сатаната, кој за време на Христовото раѓање работел преку Рим.

4. Откровение 12:3, 4 споменува "голем црвен змев", кој го мразеше "машкото дете" и се обиде да го убие при неговото раѓање. Ти можеби се сеќаваш на тој змев од Лекција 20. Кој беше змевот?

Одговор:   Змевот го претставува сатаната, кој беше исфрлен од небото (Откровение 12:7-9) и кој за време на Исусовата смрт работел преку паганската римска империја. Владетелот кој се обидел да го убие Исус при Неговото раѓање бил Ирод, цар под паганскиот Рим. Тој ги убил сите машки бебиња во Витлеем, надевајќи се дека еден од нив би бил Исус (Матеј 2:16).

Седумте глави ги симболизира седумте ритчиња на кои е изграден Рим. Десетте рогови ги симболизираат десетте европски нации.
Седумте глави ги симболизира седумте ритчиња на кои е изграден Рим. Десетте рогови ги симболизираат десетте европски нации.

5. Кое е значењето на "седумте глави" и "десетте рогови" на змевот, и тоа дека “една третина од ѕвездите небесни” беа фрлени на земјата?

Одговор:   A. “Седумте глави" ги претставуваат седумте ритчиња или планини на кои е изграден Рим (Откровение 17:9,10). Ние досега го сретнавме ѕверот со седум глави и 10 рогови три пати во нашата лекција (Откровение 12:3 13:1 17:3).

Б. “Десетте рогови" ги претставуваат владите или нациите кои ги подржуваат главните сили во нивното угнетување на Божјиот народ и црква. За време на римското владеење (Откровение 12:3, 4), тие ги претставуваат 10 варварски племиња, кои го подржаа папството во срушувањето на римската империја (Даниел 7:23, 24). Тие племиња подоцна станаа денешната Европа. Во последните денови, тие ги претставуваат сите нации на светот соединети во коалиција на последните денови (Откровение 16:14 17:12,13,16), ќе го подржат "Вавилон големиот" во неговата војна против Божјиот народ.

В. "Третина од небесните ѕвезди" се ангелите кои го поддржале Луцифер во неговата побуна против небото и кои биле исфрлени заедно со него (Откровение 12:9 Лука 10:18 Исаија 14:12).

Преглед и резиме
Досега, пророштвото ги има откриено следните библиски факти:

1. Се појавува Божјата црква, која е претставена како чиста жена.

2. Исус е роден во црквата.

3. Сатаната, работејќи преку царот Ирод на паганскиот Рим, се обидува да го убие Исус.

4. Планот на сатаната е неуспешен.

5. Прикажано е Исусовото вознесување.

Многу милиони беа изгорени на клада заради прогонството од страна на сатаната.
Многу милиони беа изгорени на клада заради прогонството од страна на сатаната.

6. Што направил сатаната откако не успеал неговиот план да го убие бебето Исус?

"А кога змевот виде дека е фрлен на земјата, почна да ја гони жената која го роди машкото дете." Откровение 12:13.

Одговор:   Заради тоа што тој не бил во можност да го нападне Христа лично, тој го насочил својот гнев и прогонство кон Божјата црква и Неговиот народ.

Шест идентификациони обележја
Во Откровение 12 и 14 глава, Исус ни дава шест точки на опишување, кои треба да се исползуваат за идентификување на Неговата црква на последното време. Внимавај на нив додека го проучуваш остатокот од оваа лекција.

Божјиот народ избегал во пусти места за да го избегне прогонството.
Божјиот народ избегал во пусти места за да го избегне прогонството.

7. Што направи жената (црквата) за да се заштити себеси, и што означува “пустината”, која е спомената во Откровение 12:6,14?

Одговор:   A. Стиховите 6 и 14 велат: “Жената избега во пустината,” каде што беше заштитена за “време, времиња и половина време” (или буквални 1.260 години) од гневот на сатаната – кој тогаш работел преку папскиот Рим. “Двете крилја” ја претставуваат заштитата и поддршката, која Бог и ја дал на Својата црква за време на нејзиниот престој во “пустината” (Излез 19:4 Второзаконие 32:11). Времето поминато во пустината е истиот период од 1,260 години на папска превласт и прогонство (538 до 1798), кое Исус повеќе пати го споменува во пророштвото. Еден пророчки ден е еднакво на една буквална година (Езекиел 4:6).

Б. Поимот “пустина” посочува на осамени места на земјата (планини, пештери, шуми итн) каде Божјиот народ можел да се скрие и така да го одбегне целосното уништување (Евреите 11:37,38). И тие се криеја – Валденжаните, Албигензите и многу други. Божјиот народ (Неговата црква) би била збришана доколку тие не побегнале и не се сокриле во пустината за време на тоа страшно прогонство од страна на папството. (Во еден период од 40 години, од почетокот на редот на Језуитите, од 1540 до 1580 година, биле убиени 900.000 луѓе. 150.000 погинале од Инквизицијата, за 30 години.) 1) Најмалку 50 милиони луѓе умреле за својата вера, за време на тој период од 1.260 години. Божјата црква не постоела како официјална организација за време на тој период. Од 538 до 1798 таа била жива, но не постоела како организација. Кога таа излезе од своето скривалиште после 1.260-те години, таа ги имаше истите учења и карактеристики како апостолската црква, којашто влегла во пустината во 538 година.

Забелешка: Ние сега ги откривме нашите први две идентификациони точки за Исусовата црква на последното време:

1. Таа нема да постои официјално како организација помеѓу 538 и 1798 година.

2. Таа ќе се појави и ќе ја врши својата работа за последното време по 1798 година.

Постојат многу искрени христијани полни со љубов, кои се наоѓале во црквите што официјално постоеле пред 1798 година. Меѓутоа ниту една од тие цркви не може да биде Божјата црква на последното време, во која Исус го повикува Својот народ. Тоа значи дека повеќето од популарните протестантски цркви не можат да бидат Божјата црква на последното време, затоа што тие постоеле официјално пред 1798 година.

1Albert Barnes, Notes on Daniel, comment on Daniel 7:25, p. 328.

Едно парче платно е преостанатиот дел на една ролна. Тоа е идентично со првото парче од истата ролна.
Едно парче платно е преостанатиот дел на една ролна. Тоа е идентично со првото парче од истата ролна.

8. Во Откровение 12:17, Бог ја нарекува Својата црква на последното време остатокот. Што значи зборот “остаток”?

Одговор:   Тоа значи последниот дел што останува. Во поглед на Исусовата црква, тоа значи дека Неговата црква на последните денови е идентична по своите учења на апостолската црква.

9. Во Откровение 12:17, кое додатно опишување изнесено во две точки го дал Исус за Својата црква на остатокот на последното време?

9. Во Откровение 12:17, кое додатно опишување изнесено во две точки го дал Исус за Својата црква на остатокот на последното време?

Одговор:   Таа ќе ги држи сите Десет Заповеди, вклучувајќи ја четвртата заповед за седмиот ден саботата. Таа исто така ќе го има “Исусовото сведоштво”, за кое Библијата ни вели дека е духот на пророштвото (Откровение 19:10). (Види Лекција 24 за целосно објаснување на дарот на пророштвото.)

Така тука се следните две Христови точки на идентификација на Неговата црква на остатокот на последното време:

3. Таа ќе ги држи Божјите заповеди, вклучувајќи ја четвртата заповед за седмиот ден саботата.

4. Ќе го има дарот на пророштвото.

Имајте на ум дека и покрај тоа што многу искрени христијани се наоѓаат во црквите кои не ја држат саботата ниту го имаат дарот на пророштвото, ниту една од тие цркви не може да биде Божјата црква на остатокот во последните денови, во која Исус ги повикува сите христијани во последните денови, затоа што Божјата црква во последното време ќе ги држи Божјите заповеди и ќе го има дарот на пророштвото.

Божјиот остаток мора да ја проповеда низ целиот свет тројната ангелска вест.
Божјиот остаток мора да ја проповеда низ целиот свет тројната ангелска вест.

10. Кои две завршни идентификациони точки за Божјиот остаток ни го дава книгата Откровение?

Сè додека една црква не ја проповеда низ целиот свет тројната ангелска вест, не може да биде Божја црква на остатокот на последното време.
Сè додека една црква не ја проповеда низ целиот свет тројната ангелска вест, не може да биде Божја црква на остатокот на последното време.
Одговор:   Завршните две точки од шесте се: (5) Таа ќе биде мисионерска црква на светско ниво (Откровение 14:6), и (6) ќе ја проповеда тројната ангелска вест од Откровение 14:6-14, која е кратко сумирана подолу.

A. Божјиот суд е во сесија. Него обожувај го! Божјата црква на последното време мора да проповеда дека судот започнал во 1844 година (види Лекција 18 и 19). Таа исто така ги повикува луѓето да му се “поклонат на оној, кој го создал небото, земјата, морето и водните извори.” Откровение 14:7. Како ние му се поклонуваме на Бога како на Создател? Бог го запишал одговорот во четвртата заповед. “Помни за денот за одморот, за да го празнуваш.” “Оти за шест дена ги создаде Господ небото и земјата, морето и сè што е во нив а во седмиот ден си отпочина: заради тоа Господ го благослови седмиот ден и го освети.” Излез 20:8,11. Така првата ангелска вест им заповеда на сите да го обожуваат Бога како Создател со тоа што ќе го празнуваат Неговиот седми ден – саботата, што Тој ја дал како спомен на Создавањето.

Б. Излезете од паднатите цркви на Вавилон.

В. Не му се поклонувај на ѕверот и не го примај го неговиот жиг, којшто е неделата, да биде празнувана како седми ден. Пазете се од фалсификатот.

Забелешка: Еве ги последните две идентификациони обележја:

5. Божјата црква на последното време ќе биде мисионерска црква на светско ниво.

6. Таа ќе ја поучува и проповеда тројната ангелска вест од Откровение 14:6-14.

Сега повторно да ги прегледаме шесте обележја, кои Исус ни ги дава за идентификување на Неговата црква на остатокот на последното време:

1. Таа нема да постои како официјална организација од 538 до 1798 год. од н.е.

2. Ќе се подигне и работи по 1798 год.

3. Таа ќе ги држи Десетте Заповеди, вклучувајќи ја четвртата заповед за седмиот ден - саботата.

4. Таа ќе го има дарот на пророштвото.

5. Таа ќе биде мисионерска црква на светско ниво.

6. Таа ќе ја поучува и проповеда тројната ангелска вест од Откровение 14:6-14.

Исус ветува дека сите кои искрено ги аплицираат Неговите шест спецификации, ќе ја најдат Неговата црква на остатокот.
Исус ветува дека сите кои искрено ги аплицираат Неговите шест спецификации, ќе ја најдат Неговата црква на остатокот.

11. Сега откако ги имаме воспоставено Христовите шест идентификациони точки на Неговата црква на остатокот на последното време, што ни вели Исус да правиме и со какви резултати?

Одговор:   "Барајте и ќе најдете." Матеј 7:7. Исус ни ги дава овие шест спецификации и вели: “Одете најдете ја Мојата црква.” Тој ветува дека оние кои ги бараат небесните нешта, ќе ги најдат.

Адвентистичката црква на седмиот ден е единствената црква која се согласува со сите шест спецификации.
Адвентистичката црква на седмиот ден е единствената црква која се согласува со сите шест спецификации.

12. Колку цркви одговараат на тие шест спецификации?

Одговор:   Исус ни дал нам такви карактеристични и специфични обележја, така што тие одговараат само на една црква. Исус нам не ни дал неодредени црти како што се: “Ќе има многу добри луѓе во мојата црква” и “Ќе постојат некои лицемери.” Колку многу цркви ќе одговараат на тие точки? Сите. Тие две точки можат да одговаат и за една продавница или пак некој клуб во градот. Тие можат да одговараат на сè, а да не значат ништо за нас. Наместо тоа, Исус дал одредени, специфични и многу јасни обележја, кои можат да одговараат само на една црква и само една црква – Адвентистичката црква на седмиот ден. Ајде повторно да ги провериме тие обележја.

Адвентиститичката црква на седмиот ден:

1. Не постоела како официјална организација од 538 до 1798 год.

2. Се појавила по 1798. Таа почнала да се формира во раните 1840 години.

3. Ги држи Десетте Заповеди, вклучувајќи ја четвртата заповед - за Божјиот свет седми ден - саботата.

4. Го има дарот на пророштвото.

5. Таа е мисионерска црква на светско ниво, делувајќи во 208 од 236 земји во светот.

6. Таа ја поучува и проповеда Исусовата голема тројна ангелска вест од Откровение 14:6-14.

Исус те замолува да ги земеш во предвид овие шест обележја и да провериш за себе. Лесно е, нема да можеш да промашиш.

Забелешка: Имај на ум дека постојат многи искрени христијани во црквите, кои не одговараат на тие обележја, но ниту една од нив не може да биде Божјата црква на остатокот во последното време, во која Тој го повикува Својот народ денес.


13. Откако некој од Божјите деца ќе го послушаат Неговиот повик полн со љубов кој предупредува да излезат од Вавилон (Откровение 18:2, 4), која е следната работа која Исус ја бара од него да ја изврши?

"Вие сте повикани во едно тело." Колосјаните 3:15. "Тој (Исус) е глава на телото, црквата." Колосјаните 1:18.

Одговор:   Библијата вели дека Божјиот народ е повикан во едно тело, или црква. Исус бара од оние што ќе го напуштат Вавилон да се соединат со Неговата црква на остатокот – на која што Тој е главата. Исус вели: “Други овци имам Јас, што не се од ова трло.” Јован 10:16 Тој исто така ги нарекува нив “мој народ” и во Стариот Завет (Исаија 58:1) и во Новиот Завет (Откровение 18:4). За Неговите овци што се наоѓаат надвор од Неговото трло (црква), Тој вели: “Нив исто така Јас морам да ги доведам, и тие ќе го слушнат мојот глас; и тие ќе бидат едно стадо, и еден пастир.” “Моите овци го слушаат мојот глас,...и тие одат по Мене.” Јован 10:16, 27.

Кога Бог ги повикува луѓето надвор од Вавилон, Тој бара  тие да и се приклучат на Неговата црква на остатокот. Луѓето се приклучуваат на Неговата црква на остатокот преку крштевање.
Кога Бог ги повикува луѓето надвор од Вавилон, Тој бара тие да и се приклучат на Неговата црква на остатокот. Луѓето се приклучуваат на Неговата црква на остатокот преку крштевање.

14. Како еден човек станува дел од тоа тело или црква?

"Зашто преку еден Дух ние сите сме крстени во едно тело, без оглед дали сме Евреи или незнабошци." 1. Коринтјаните 12:13.

Одговор:   Ние стануваме дел од Христовата црква на последното време преку крштевање. (Види Лекција 9 за повеќе детали за крштевањето).


15. Дали Библијата ни дава други докази дека Исус има само една црква на остатокот, во која Тој го повикува сиот Свој народ?

Одговор:   Да, постои. Да ги погледнеме:

A. Библијата вели дека постои само едно вистинско тело или црква (Ефесјаните 4:4 Колосјаните 1:18).

Б. Библијата цели дека нашето време е исто како времето на Ное (Лука 17:26,27). Колку начини за спасување постоеле тогаш? Само еден – ковчегот. Повторно во денешно време, Бог има обезбедено само еден ковчег, или црква, која безбедно ќе ги пренесе луѓето до Неговото небесно царство. Бидете сигурни да се качите на вистинскиот брод! Библијата вели: “Господ секој ден придодавал кон црквата луѓе, кои сакале да бидат спасени.” Дела 2:47. Тоа било вистина во апостолско време, и сè уште е вистина денес.

Бог ветува дека Неговата црква на остатокот ќе триумфира славно.
Бог ветува дека Неговата црква на остатокот ќе триумфира славно.

16. Кои се добрите вести во подлед на Божјата црква на остатокот?

Одговор:   A. Нејзината централна тема е “вечното евангелие” за праведноста преку вера само во Христа (Откровение 14:6).

Б. Таа е изградена врз Христа, Карпата (1. Коринтјаните 3:11 10:4), и "вратите на пеколот нема да ја надвладеат." Матеј 16:18.

В. Исус умре за Својата црква (Ефесјаните 5:25).

Г. Исус ја опишува Својата црква на остатокот толку јасно така што таа е лесна да се идентификува. Тој исто така ги опишува паднатите цркви и го повикува Својот народ да излезе од нив. Сатаната ќе ги фати во стапица само оние, кои ги затвораат своите очи и уши.

Д. Сите нејзини доктрини (учења) се точни (1. Тимотеј 3:15).


17. Кои се добрите вести во поглед на Божјиот народ на остатокот?

Одговор:   Тие ќе:

A. Бидат спасени во Неговото небесно царство (Откровение 15:2).

Б. Го победат ѓаволот преку “силата” и “крвта” Христова (Откровение 12:10, 11).

В. Бидат трпеливи (Откровение 14:12).

Г. Ја имаат верата Исусова (Откровение 14:12).

Д. Најдат славна слобода (Јован 8:31,32).


18. Ние живееме во завршните денови на оваа земја. Христовото второ доаѓање следи веднаш по давањето на тројната ангелска вест (Откровение 14:12-14). Кој е Христовиот итен повик денес до Својот народ?

"Влезете ти и целиот твој дом во ковчегот." Битие 7:1.

Одговор:   Во деновите на Ное, само осум луѓе (вклучувајќи го и Ное) ја послушале Божјата покана. Исус чека при вратата на Неговиот ковчег во ова последно време, или црква, на тебе.

Забелешка: Ова е нашата осма лекција во возбудувачката серија за тројната ангелска вест од Откровение 14:6-14. завршната лекција на оваа серија ќе го дискутира дарот на пророштвото.


19. Јас сакам да го послушам Христовиот повик и да дојдам во Неговата црква на остатокот на последното време.

Одговор:   


Твоите Прашања Одговорени


1. Кина, со една четвртина од светското население, одвај е допрена со евангелието. Зар нема да треба да помине многу време за таму секој да биде допрен со евангелието?


“За луѓето тоа не е можно, но не и за Бога; затоа што за Бога сите нешта се можни.” Марко 10:27. Библијата вели дека Господ “ќе го заврши делото и ќе го реши по правда; Господ ќе изврши одлучно дело на земјата.” Римјаните 9:28. Истиот Господ, кој му дал сила на Јона да го доведе целиот град на покајание за помалку од 40 дена (Јона 3 глава), ќе го заврши Своето дело многу брзо во овие последни денови. Тој вели дека Неговото дело ќе оди напред со толку голема брзина, така што ќе биде скоро невозможно за Божјата црква да се снајде со толку многу големиот прилив на души (Амос 9:13). Бог го има ветено тоа и ќе се случи. Наскоро и неочекувано сето тоа ќе биде завршено. Долгорочното размислување и планирање во Божјото дело ја промашува целта денес. Ова е време на голема итност и итноста бара неодложна акција. Оние што размислуваат долгорочно, можат да бидат фатени во стапица и да се разбудат премногу доцна.

2. Дали навистина постои сериозна опасност многу христијани да престанат да стражарат и бидат загубени кога ќе дојде Исус?


Да, Исус го кажал тоа кристално јасно. Тој нас нè предупредил на неколку нешта, кои ќе ги фатат во стапица и уништат христијаните: (1) презаситеност, (2) пијанство, (3) грижите на овој свет, и (4) спиењето (Лука 21:34 Марко 13:34-36).

A. Презаситеност е претерување во било што – јадење, работење, читање, рекреација итн. Таа ја нарушува урамнотеженоста и го уништува јасното размислување. Тоа исто така не ни допушта да поминуваме време со Христа.

Б. Пијаноста се однесува на нешта кои донесуваат тапост и ни пружаат одвратност кон небесните нешта. Примери: порнографија, незаконски секс, лошо друштво, занемарување на проучување на Библијата, занемарување на молитва, пропуштање на богослуженија. Таквите нешта причинуваат луѓето да живеат во нереални сонови и така го пропуштат вистинитото.

В. Грижите на овој живот ги уништуваат христијаните, кои стануваат толку зафатени во добрите нешта така што времето за Христа, молитвата, проучувањето на Библијата, сведочењето и доаѓањето во црква се отфрлени. Правејќи така, ние ги одвратуваме нашите очи од вистинската цел и најважните нешта.

Г. Спиењето се однесува на духовната заспаност, кое може да е најголем проблем денес. Кога една личност е заспана, таа не знае дека е заспана. Не вреднувајќи ја многу нашата заедница со Христа, имајќи форма на побожност но без сила, применувајќи ги сите големи проповеди на другите, и одбегнувајќи да станеме активно вклучени во Христовото дело – сите овие нешта и многу други прави тие да живеат спиејќи и кои ако не бидат на чудесен начин разбудени, ќе го преспијат најважниот момент на вистината.

3. Јас се соединив кон Божјата црква на остатокот и никогаш не сум бил толку среќен во животот. Меѓутоа исто така никогаш и не сум бил толку многу напаѓан од страна на ѓаволот. Зошто е тоа така?


Бидејќи ѓаволот е гневен со Божјиот народ на остатокот и го троши своето време обидувајќи се да ги повреди и обесхрабри (Откровение 12:17). Исус не му ветил на Својот народ дека тие нема да имаат неволји, несреќи, напади од ѓаволот, тешки моменти, а дури и сериозни повреди од сатаната. Како факт, Тој ветил дека таквите нешта, навистина, ќе дојдат врз Неговиот народ (2. Тимотеј 3:12). Но како и да е, неговите славни ветувања се: (1) на Својот народ да му даде победа (1. Коринтјаните 15:57), (2) да биде секогаш со Својот народ, во сето она со кое ќе треба да се соочат (Матеј 28:20), (3) да им даде мир (Јован 16:33; Псалм 119:165), и (4) никогаш да не ги остави (Евреите 13:5), И на крајот, Исус и Неговиот Татко ветуваат дека ќе ги држат Своите деца толку цврсто што никој нема да може да ги земе од Нивните раце (Јован 10:28,29). Амин!

4. Што значи зборот “црква”?


Зборот “црква” е преведен од грчкиот збор “еклесиа” кое значи “повикани светии.” Колку тоа навистина одговара! Исусовиот народ е повикан од светот и од Вавилон на безбедно во Неговото драгоцено стадо. Кога Исус ќе ги повика, луѓето стануваат дел од Неговата црква на остатокот преку крштевање. Исус вели: “Моите овци го слушаат мојот глас,...и тие одат по Мене.” Јован 10:16, 27.

Квиз прашања



1. Како Исус ја симболизира Својата вистинска црква во пророштвата? (1)

_____   Преку иконостас.
_____   Како ѕвер.
_____   Како светол ангел.
_____   Како чиста жена.
_____   Преку мистериозен облак.

2. Што била "пустината" во која црквата побегнала? (1)

_____   Осамени места како што се: пештери, шуми итн.
_____   Пустината Сахара.
_____   Ирак.
_____   Пустината Гоби.

3. Следните нешта се дел од тројната ангелска вест: (3)

_____   Вавилон е паднат. Излезете од него!
_____   Пеколот гори засекогаш и секогаш.
_____   Божјиот суд е во тек. Оддавајте му почит и служете му Нему како на Создател преку држење�
_____   Злата се завршени.
_____   Секој ќе биде спасен.
_____   Не му се поклонувај на ѕверот и не го примај неговиот жиг.

4. Исус ни дава шест обележја кои нè водат во идентификување на Неговата црква на остатокот. Таа црква ќе: (6)

_____   Има многу добри христијани.
_____   Ги држи Божјите заповеди, вклучувајќи ја и саботата.
_____   Има некои лицемери во неа.
_____   Ужива да пее многу убави христијански песни.
_____   Се моли многу.
_____   Не постоела како официјална организација од 538 до 1798 год.
_____   Го има дарот на пророштвото.
_____   Зборува јазици.
_____   Биде мисионерска црква на светско ниво.
_____   Има многу убави црковни зданија.
_____   Се појави и ја врши својата работа по 1798.
_____   Ја поучува и проповеда тројната ангелска вест од Откровение 14:6-14

5. Колку долго црквата ќе биде во пустина? (1)

_____   Пет години.
_____   1.000 години.
_____   680 години.
_____   1.260 години.
_____   33 години.

6. Во Откровение 12 глава симболот на новороденото бебе го претставува(1)

_____   Апостолската црква.
_____   Исус.
_____   Евангелието, кое оди до незнабошците.

7. Дали Исус го повикува Својот народ надвор од светот и од Вавилон во Својата црква на остатокот? (1)

_____   Да.
_____   Не.

8. Како еден човек се приклучува кон црквата на остатокот? (1)

_____   Поздравувајќи се со проповедниот.
_____   Потпишувајќи се на членската карта.
_____   Преку крштевање.
_____   Преку давање на голема донација.

9. Постојат многу искрени христијани во сите цркви, а и некои кои не се членови на ниту една црква. (1)

_____   Да.
_____   Не.

10. Кои од следните нешта можат да причинат еден христијанин да не внимава и да биде загубен? (4)

_____   Презаситување.
_____   Грижите на овој живот.
_____   Премногу возбуден за својата вера.
_____   Духовно пијанство.
_____   Духовна заспаност.
_____   Верно сведочење.
_____   Читање на весник.

11. Бог ќе го заврши Своето дело на земјата со тоа што евангелието ќе биде проповедано на секое создание. (1)

_____   Да.
_____   Не.

12. Кои од следниве нешта Бог им ги ветува на Своите деца? (4)

_____   Мир.
_____   Тие нема да имаат неволји.
_____   Победа.
_____   Тие никогаш нема да се разболат.
_____   Никој не може да ги земе од Христовите раце.
_____   Тој никогаш нема да ги остави.
_____   Тие ќе бидат богати.

13.

_____   Што значи буквално зборот “црква” ? (1)
_____   Собрание на верни.
_____   ”Повикани.”
_____   Катедрала.