Дали астролозите и окултистите се вдахновени од Бога?

Дали астролозите и окултистите се вдахновени од Бога?Lesson 24

Доколку одеднаш се појави некаков си самопрогласен пророк и започне да привлекува луѓе околу себе со примамливи пораки, лечејќи болни, воскреснувајќи мртви, симнувајќи оган од небото и разоткривајќи ги вашите тајни - дали би му поверувале? А дали би требало да му верувате? Вашата вечна судбина можеби ќе зависи токму од вашата можност да можете да разликувате кој е лажен, а кој вистинит пророк. Затоа многу важно е да знаеме што вели Библијата по ова прашање.

1. Дали Библијата учи дека во последното време ќе се појават вистински пророци?

"'Во последните денови' - вели Господ - 'ќе излеам од Својот Дух над секого, и вашите синови и вашите ќерки ќе пророкуваат." Дела 2:17.

Одговор:   Да, во последните денови и мажите и жените ќе пророкуваат (Јоил 2:28-32).

Дарот на пророкување е неопходен за усовршување на Божјата црква.
Дарот на пророкување е неопходен за усовршување на Божјата црква.

2. Исус при Своето вознесување во Својата црква го поставил и дарот на пророкување покрај други четири дара: апостоли, евангелисти, проповедници и учители (Ефесјаните 4:7-11). Зошто Бог го ставил овој дар во црквата?

"За да се усовршат светиите за делото на службата, за изградување на Христовото тело." Ефесјаните 4:12.

Одговор:   Исус ги дал сите пет дара за усовршување на светиите. Усовршувањето на последната Божја црква не е можно доколку некој од овие дарови недостига.

Библијата вели дека Бог дарот на пророкување им го дава и на мажите и на жените.
Библијата вели дека Бог дарот на пророкување им го дава и на мажите и на жените.

3. Дали во библиско време дарот на пророкување бил ограничен само на мажите?

Одговор:   Не! Покрај многуте мажи кои го поседувале овој дар, Бог овој дар им го дал уште и на најмалку осум жени: Ана (Лука 2:36-38); Марија (Излез 15:20); Дебора (Судии 4:4); Олда (2 Цареви 22:14); и четирите ќерки на евангелистот Филип (Дела 21:8, 9).


4. Колку долго требало да останат овие дарови во црквата?

"Сè додека сите не дојдеме до единство во верата и познавањето на Божјиот Син, до зрелиот човек, до мерата на растот на Христовата полнота." Ефесјаните 4:13.

Одговор:   Тие ќе останат сè до конечното обединување на Божјиот народ, сè додека Божјите луѓе не станат зрели христијани - а тоа ќе биде на самиот крај.

Пророците зборуваат вдахновени од Светиот Дух.
Пророците зборуваат вдахновени од Светиот Дух.

5. Од каде ги добиваат информациите вистинските пророци?

"Зашто никогаш ниту едно пророштво не потекнува од човечка волја, туку луѓе поттикнати од Светиот Дух зборувале од Бога." 2. Петрово 1:21.

Одговор:   Пророците зборуваат под инспирација на Светиот Дух. Пророците не изнесуваат свои сопствени мислења кога се во прашање духовни работи. Мислењата ги добиваат од Исус, преку Светиот Дух.

Бог вообичаено на своите пророци им зборува преку соништа и визии.
Бог вообичаено на своите пророци им зборува преку соништа и визии.

6. Бог на своите пророци им се открива на три начини. Кои се тие?

"Ако меѓу вас има пророк Господов, Јас му се откривам во видение, на сон зборувам со него." "Јас зборувам со него уста со уста." Броеви 12:6,8.

Одговор:   Визии, соништа, или лице в лице.


7. Кои се физичките докази за вистински пророк додека е во визија?

Одговор:   A. На почетокот ја губи својата физичка сила (Даниел 10:8).

Б. Подоцна можно е да добие натприродна сила (Даниел 10:18, 19).

В. Останува без здив (Даниел 10:17).

Г. Може да зборува (Даниел 10:16).

Д. Не е свесен за она што го опкружува (Даниел 10:5-8 2 Коринтјаните 12:2-4).

Ѓ. Очите му се отворени (Броеви 24:4).

Забелешка: Иако споменативе шест библиски точки се физички докази за вистински пророк во визија, сепак не мора да се манифестираат сите заедно. Визијата на пророкот може да е вистинита и во случај да не се присутни сите шест докази.

Правењето чуда не е доказ дека пророкот е од Бога.
Правењето чуда не е доказ дека пророкот е од Бога.

8. Дали правењето големи чуда е доказ дека пророкот е од Бога?

"Имено, тоа се демонски духови, кои прават чуда." Откровение 16:14.

Одговор:   Не! Ѓаволот заедно со своите емисари исто така има моќ да прави чуда. Чудата се само доказ за присуство на натприродна сила. Но таква сила може да дојде и од Бога и од ѓаволот (Второзаконие 13:1-5; Откровение 13:13,14).

Во последните денови, лажните пророци ќе бидат толку убедливи што ќе успеат да заведат и уништат милијарди.
Во последните денови, лажните пророци ќе бидат толку убедливи што ќе успеат да заведат и уништат милијарди.

9. За каква страшна опасност во последните денови нè предупредува Исус?

"Зашто ќе се појават лажни христоси и лажни пророци, и ќе прават големи знаци и чуда, за да ги заведат, ако е можно, и избраните." Матеј 24:24.

Одговор:   Бог нè предупредува од појава на лажни пророци и лажни христоси, кои ќе бидат многу убедливи што ќе успеат да ги измамат сите освен избраните. Милијарди ќе бидат измамени и изгубени.

Пророците мораат да бидат испитани според Библијата
Пророците мораат да бидат испитани според Библијата

10. Како можам да одредам дали пророкот е вистинит или лажен?

"Закон и сведоштво барајте, ако не зборуваат така, нема светлина во нив." Исаија 8:20.

Одговор:   Испитајте ги нивните учења со Божјата реч, Библијата. Ако учат и постапуваат спротивно на Писмото, тие се лажни пророци и "нема светлина во нив".

Окултисти и волшебници кои тврдат дека се водени од духовите на мртвите, не се водени од Бога.
Окултисти и волшебници кои тврдат дека се водени од духовите на мртвите, не се водени од Бога.

11. Дали одредени видови на лажни пророци се посебно спомнати и осудени во Библијата?

Одговор:   Да. Второзаконие 18:10-12 и Откровение 21:8 зборуваат против следните видови на лажни пророци:

A. Маѓепсникнекој кој фрла маѓии.

Б. Набљудувач на времињатаастролог.

В. Повикувач на духовионој кој тврди дека може да контактира со духовите на мртвите.

Г. Оној кој им се обраќа на покојницимедиум.

Д. Гатачпретскажувач на иднината.

Ѓ. Чародеецисто како и волшебник.

Е. Вражачдруго име за гатач.

Ж. Вештеркажена окултист.

З. Волшебникмаж окултист.

Забелешка: Повеќето од овие лажни пророци тврдат дека контактираат со духовите на мртвите. Библијата јасно кажува дека живите не можат да стапат во контакт со умрените. (Лекцијата број 10 содржи повеќе информации за состојбата на умрените.) Божемните духови на умрените се всушност зли ангели, демони (Откровение 16:13,14). Кристалните кугли, читањето од дланка, астрологијата, и контактирањето со духовите на умрените не се Божји начини на комуницирање со луѓето. Писмото јасно учи дека сите оние кои се занимаваат со вакви нешта му се гнасни на Бога (Второзаконие 18:12). А оние, кои ќе продолжат со својата инволвираност со ваквите гадотии, нема да влезат во Божјото царство (Галатјаните 5:19-21 Откровение 21:8 22:14,15).

Божјиот пророк повеќе би и служел на црквата, отколку на јавноста.
Божјиот пророк повеќе би и служел на црквата, отколку на јавноста.

12. Дали примарната работа на пророкот е да и служи на црквата или на неверниците?

"Пророштвото пак, не е за неверниците, туку за оние што веруваат." 1 Коринтјаните 14:22.

Одговор:   Библијата е јасна. Иако пророчките пораки понекогаш можат да бидат поучни и за јавноста, примарната цел на пророштвата е за да и послужат на црквата.


13. Дали Божјата црква на последното време го има дарот на пророштвото?

Одговор:   Во лекцијата број 23, откривме дека Исус ја опишува Својата црква на последното време во шест карактеристики. Да ги разгледаме повторно овие карактеристики:

A.Нема да постои како официјална организација помеѓу 538 и 1798 година од н.е.

Б. Ќе се појави и ќе биде активна некаде по 1798 година.

В. Ќе ги држи десетте заповеди, вклучувајќи ја и четвртата заповед за саботата.

Г. Ќе го има дарот на пророштвото.

Д. Ќе биде широко распространета и мисионерски настроена црква.

Ж. Ќе ја проповеда и учи тројната ангелска вест од Откровение 14:6-14.

Важно е да се запомни дека Божјата црква на остатокот мора да ги исполнува сите шест наведени карактеристики. Ова значи дека дарот на пророштвото исто така мора да биде вклучен. Со други зборови ова значи дека во нејзината средина ќе има пророк.

Со приклучувањето на Божјата црква на остатокот, која ги поседува сите дарови, вашата духовност ќе се закотви.
Со приклучувањето на Божјата црква на остатокот, која ги поседува сите дарови, вашата духовност ќе се закотви.

14. Кога ќе и се приклучите на Божјата црква на остатокот, која ги поседува сите дарови,како сето тоа ќе влијае врз вас?

"Затоа да не бидеме веќе деца, фрлани натаму-наваму од бранови и носени од ветровите на некое учење, со човечка измама и лукавство, со итро измислени заблуди.” Ефесјаните 4:14.

Одговор:   Ќе ја закотви вашата духовност и нема повеќе да чувствувате несигурност и нестабилност во своето верување.

Окото на црквата е претставено преку пророштвото.
Окото на црквата е претставено преку пророштвото.

15. Апостол Павле, во 1. Коринтјаните 12:1-18, ги споредува даровите што Исус и ги дал на црквата со делови од телото. Кој дел од телото најдобро го претставува дарот на пророштвото?

"Порано кај Израилот, кога некој одел да Го праша Бога, велел вака: 'да одиме кај јасновидецот. Зашто тој, кого денес го нарекуваат пророк, порано се викал јасновидец." 1. Самоилова 9:9.

Одговор:   Бидејќи пророкот понекогаш се нарекува јасновидец (некој, кој може да погледне во иднината), тогаш највеќе би одговарале очите за да го претстават дарот на пророштвото.

Црквата без дарот на пророштвото би била слепа.
Црквата без дарот на пророштвото би била слепа.

16. Бидејќи пророштвото е око на црквата, во каква состојба би се наоѓала црквата без овој дар?

Одговор:   Би била слепа. Исус укажувал на последователната опасност кога рекол: "Тие се слепи водачи на слепите, а ако слеп води слеп, обајцата ќе паднат в јама." Матеј 15:14.

17. Дали Божјата црква на остатокот мора да ги има сите дарови што ги дал Исус?

17. Дали Божјата црква на остатокот мора да ги има сите дарови што ги дал Исус?

Одговор:   Да. Писмото јасно учи дека Божјата црква на остатокот нема да има "недостиг од ниеден дар", што со други зборови значи дека ќе ги има сите дарови, вклучувајќи го и дарот на пророштвото (1. Коринтјаните 1:5-8).


18. Откровение 12:17 укажува на фактот дека Божјата црква на остатокот ќе го "има Исусовото сведоштво". Во Откровение 19:10 се вели дека "Исусовото сведоштво е духот на пророштвото". Дали можеме со сигурност да кажеме дека ова значи дека црквата во својата средина ќе има пророк?

Одговор:   Да. Ангелот на Јован во Откровение 19:10 му кажал дека тој е негов "сослужител", еден од неговите "браќа", кој го има Исусовото сведоштво. Истиот ангел му ја повторил истата информација на Јован во Откровение 22:9. Тој му рекол: "Јас сум слуга како и ти и твоите браќа, пророците". Со други зборови тоа значи дека е пророк. Забележувате дека овој пат тој себеси се нарекува пророк, од што очигледно произлегува дека да се има "Исусовото сведоштво" и да се биде пророк е едно исто.

Зборовите на вистинскиот пророк се посебна порака од Исуса до Неговиот народ.
Зборовите на вистинскиот пророк се посебна порака од Исуса до Неговиот народ.

19. Со какво друго посебно значење се зборовите "Исусово сведоштво"?

Одговор:   Изразот "Исусово сведоштво" значи дека зборовите што ги зборува пророкот се всушност Исусови зборови. Затоа треба да имаме почит кон зборовите на вистинскиот пророк, како на посебна порака што Исус ја испраќа до нас (Откровение 1:1; Амос 3:7). Да му се спротивставиме на вистинскиот пророк е многу опасно. Тоа е исто како да му се спротивставуваме лично на Исуса, кој ни ги испраќа за да бидат наши водачи. Затоа Бог нè предупредува: "На Моите пророци не правете им зло!" Псалм 105:15.


20. Кои се библиските квалификации за вистински пророк?

Одговор:   Библиските тестови за вистински пророк се следниве:

A. Живее побожен живот (Матеј 7:15-20).

Б. Повикан во служба од Бога (Исаија 6:1-10; Еремија 1:5-10; Амос 7:14, 15).

В. Зборува и пишува во склад со Библијата (Исаија 8:19, 20).

Г. Претскажува настани што ќе се исполнат (Второзаконие 18:20-22).

E. Има визии (Броеви 12:6).

21. Дали Бог и испратил пророк на Својата црква на остатокот?

21. Дали Бог и испратил пророк на Својата црква на остатокот?

Одговор:   Да. Еве неколку кратки детали:

Бог повикува млада девојка
Божјата црква на остатокот започнала да се формира на крајот од 1844 година, и и било неопходно водство и насочување. Така Бог во склад со Своето ветување од Амос 3:7, ја повикал младата девојка Елена Хармон за свој пророк. Елена го прифатила повикот. На девет годишна возраст била повредена во несреќен случај и морала да прекине со своето школување само по завршено трето одделение. Нејзиното здравје константно се влошувало сè додека не наполнила 17 години, кога го примила Божјиот повик. Тоа време изнемоштена од влошеното здравје тежела само околу 30 килограми и се очекувало да почине.

Служела 70 години
Елена го прифатила Божјиот повик, сфаќајќи дека Бог ќе и го поврати здравјето и на тој начин ќе ја одржува понизна. Таа проживеала уште цели 70 години и починала на 87 годишна возраст. Таа постојано потенцирала дека нејзина цел и работа била да ја врати и упати црквата и нејзините членови кон Библијата - којашто требало да биде нејзино кредо - и кон Исусовата бесплатна праведност. Елена ги исполнува сите тестови за вистински пророк што беа споменати погоре во оваа лекција.

Нејзиното перо, име и книги
Елена се омажила за Јаков Вајт, проповедник, и пишувала под името Елена Голд Вајт. Таа станала една од најпродуктивните светски автори на сите времиња. Нејзините книги кои се читаат ширум светот, изобилуваат со совети за здравјето, воспитувањето, умереноста, христијанскиот дом, родителското воспитување, печатење и издавање материјали, помош на немоќните, служење, евангелизирање, христијанско живеење и друго.

Нејзината книга Воспитување се смета за вистински авторитет во својата област. Се користи во многу световни универзитети како основа. Оваа книга е толку разбирлива и релевантна што еднаш била дури и плагијатизирана од еден министер за образование од некоја земја, кој ја издал под свој сопствен наслов. Др. Флоренс Стратмајер поранешен професор по воспитување на Универзитетот Колумбија, рекол дека книгата содржи "напредни едукативни концепти" и "била повеќе од педесет години понапред за времето во кое била издадена". Др. Клив Мек Кеј, поранешен професор нутриционист на Универзитетот Корнел, за нејзините здравствени списи изјавил: "И покрај фактот што делата на Г-ѓа Вајт биле напишани пред појавата на модерниот научен нутриционизам, ниту денес нема да можете да најдете посеопфатен водич на тоа поле". Телевизискиот спикер Пол Харви изјавил: "Таа пишувала со такво длабоко разбирање за исхраната што сите освен два од многуте принципи кои таа ги истакнува се научно докажани".

Heјзината книга Копнежот на вековите, која го опишува Исусовиот живот е именувана како "англиско ремек дело" од страна на Трговското друштво на Лондон. Таа по предметот на интелигенција, далеку пред да се сложат експертите, велела дека коефициентот на интелигенција може да се зголеми. Во 1905 година изјавила дека ракот е никулец, до коешто сознание медицината дошла дури во педесетите години од минатиот век. За Елена Г. Вајт се вели дека е четвртиот најпреведуван автор на сите времиња. Нејзината книга за христијанскиот живот, Патот кон Христа, е преведена на повеќе од 150 јазици и дијалекти.

Елена Вајт имала многу визии, и сите ги исполнуваат библиските стандарди за вистински пророк.
Елена Вајт имала многу визии, и сите ги исполнуваат библиските стандарди за вистински пророк.

22. Дали Елена Вајт имала визии?

Одговор:   Да, и тоа многу. Тие траеле од неколку минути па сè до шест часа. Нејзините визии ги исполнуваат библиските стандарди споменати во одговорот на седмото прашање од оваа лекција.


23. Дали зборовите на Елена Вајт биле предвидени да бидат дел од Библијата, или некаков нејзин додаток?

Одговор:   Не! Науката доаѓа само од Библијата. Како пророк за последното време нејзина цел била да ја истакне Исусовата љубов и Неговото скорешно доаѓање. Таа ги повикувала луѓето да му служат Нему и да ја прифатат Неговата бесплатна праведност. Исто така им го насочила вниманието на луѓето на библиските пророштва за последното време - посебно на Исусовата тројна порака до денешниот свет (Откровение 14:6-14) и ги повикувала луѓето итно да ја проповедаат оваа порака насекаде низ светот.


24. Дали она што го зборувала Елена Вајт е во склад со Библијата?

Одговор:   Да! Нејзините списи се исполнети со делови од Библијата. Незината цел била да им укаже на луѓето на Библијата. Нејзините зборови никогаш не се во спротивност со Божјата Реч.


25. Како можам да ја прифатам Елена Вајт како вистински пророк, кога не знам што напишала?

Одговор:   Не можете, сè додека не прочитате што напишала. Но, како и да е, можете да знаете дека (1) таа ги исполнува тестовите за вистински пророк, (2) работела како пророк, и (3) факт е дека Божјата црква на остатокот мора во својата средина да има пророк. Ве молиме да набавите една од нејзините книги и да ја прочитате. (Можете да набавите некои од нејзините книги на нашата адреса). Читајќи ја книгата, запрашајте се дали ве доближува до Христа и дали е во хармонија со Библијата. Наше мислење е дека ќе ви биде неверојатно интересна, и не заборавајте дека е напишана токму за вас.


26. Која тројна заповед ни ја дава Павле во врска со пророците?

Одговор:   "Не презирајте ги пророштвата, туку испитувајте сè, а држете се за доброто." 1. Солунјаните 5:20,21. Апостолот нè советува да не ги презираме пророците, туку внимателно со Библијата да испитаме како постапуваат и што велат. Доколку нивните постапки и зборови се во склад со Библијата, тогаш треба да ги прифатиме. Ова Исус го бара од нас, кои живееме во последното време.


27. Како гледа Исус на отфрлањето на зборовите и советите на вистинскиот пророк?

Одговор:   Исус отфрлањето на советот на вистинскиот пророк го поистоветува со отфрлање на Божјиот совет (Лука 7:28-30). Понатаму, јасно истакнува дека духовниот развој зависи од верувањето во Неговите пророци (2. Летописи 20:20).

28. Дали вистинските пророци на последното време воспоставуваат нова наука, или пак науката стриктно доаѓа од Библијата?

28. Дали вистинските пророци на последното време воспоставуваат нова наука, или пак науката стриктно доаѓа од Библијата?

Одговор:   Вистинските пророци на последното време не воспоставуваат нова наука (Откровение 22:18,19). Библијата е изворот на сите науки и учења. Но сепак вистинските пророци:

A. Откриваат нови возбудливи елементи од старите библиски учења кои не биле очигледни сè додека не било укажано на нив од пророкот (Амос 3:7).

Б. Ги насочуваат луѓето кон потесна заедница со Христа и кон подлабоко проучување на Божјата реч.

В. Му помагаат на Божјиот народ да ги разбере тешките, нејасни делови од Библијата.

Г. Му помагаат на Божјиот народ да се заштити од фанатизам, измами и духовно мртвило.

Д. Му помагаат на Божјиот народ да ги разбере пророштвата за последното време, потврдени со секојдневните настани во светот, кои одеднаш добиваат ново значење.

Ѓ. Му помагаат на Божјиот народ да ја почувствува сигурноста на второто Христово доаѓање и крајот на светот.

За продлабочување на вашата љубов кон Исуса, за нови возбудливи сознанија од Библијата, и за најново сознание за библиските пророштва - послушајте го Божјиот пророк за последното време. Ќе видите дека вашиот живот ќе навлезе во нови многу пославни димензии. Запомнете, Исус вели дека ќе ја благослови својата црква на остатокот со најпотребните пророштва за ова последно време. Слава на Бога! Тој прави сè што небото може да замисли за својот народ на последното време. Тој има за цел да ги спаси своите и да ги поведе со Себе во своето славно Царство. Оние кои Го следат, имаат загарантиран влез во небесата (Матеј 19:27-29).

Забелешка: Ова е деветата и последната лекција за тројната ангелска вест од Откровение 14:6-14. Остануваат уште три извонредни лекции на други важни библиски теми.


29. Би сакал да ги испитам списите на Елена Вајт со Библијата и да ги прифатам доколку се во склад со Писмото.

Одговор:   


Твоите Прашања Одговорени


1. Што се случува кога црквата нема пророк во својата средина?


"Каде нема откровение пророчко, народот се разуздува, а кој го пази Законот е блажен!" Кога црквата нема пророк за да советува и води, и да нè врати назад кон Исуса и Библијата, народот ќе скита во незнајни правци (Псалм 74:9) и ќе загине.

2. Дали мислиш дека до Христовото доаѓање ќе се појават други пророци?


Според пророштвото запишано во Јоил 2:28-32, многу е веројатно. Но исто така ќе има и многу лажни пророци (Матеј 7:15; 24:11,24). Мораме да бидеме подготвени да ги испитуваме пророците со Библијата (Исаија 8:19,20; 2 Тимотеј 2:15), слушајќи ги нивните совети само доколку тие се вистинити и отфрлајќи ги доколку се лажни. Бог знае кога се потребни пророци, за да го разбуди народот и да го врати назад кон Исуса и Неговата Реч. Тој испратил пророк (Мојсеј) за да го изведе својот народ од Египет (Осија 12:13). Испратил пророк (Јован Крстител) за да го подготви народот за првото Христово доаѓање (Марко 1:1-8). Тој исто така ветил пророчки пораки за во последното време. Таквите пораки Бог ги праќа со цел да нè насочи кон Библијата и нејзините неопходни пророштва за последните денови; за да нè зацврсти, охрабри и да ни влее сигурност; и да направи да бидеме како Исус, за подготвени да го дочекаме Неговото враќање на оваа земја. Без помошта на пророците, мнозина би биле загубени отпаѓајќи од вистината, запаѓајќи во духовна поспаност или преголема зафатеност со световни активности. Затоа широко и подготвено да ги дочекаме пророчките пораки и да му благодариме на Бога за нив што ни ги праќа за наше добро.

3. Зошто денес многу цркви го немаат дарот на пророштвото?


Затоа што Бог вообичаено праќа пророци во онаа црква и меѓу оние луѓе, кои ги држат Неговите заповеди. Еве како тоа е запишано во книгата на Плач Еремиин 2:9: "Нема веќе закон, и пророците нејзини веќе не се удостојуваат со виденија од Господа." Погледнете ги следниве текстови: Езекиел 7:26; Еремија 26:4-6; Езекиел 20:12-16; и Изреки 29:18. Овие неколку стиха покажуваат дека кога Божјиот народ ги занемарува Божјите заповеди, Тој не испраќа пророк. Кога ќе започнат со почитување на Божјите заповеди, тогаш Тој им праќа пророк за да им помогне, да ги охрабри и води. Така кога Божјата црква на остатокот се врати кон почитување и издигнување на Божјиот закон, Бог и прати пророк.

4. Што можам да сторам за дарот на пророштвото да добие некакво значење за мене?


За дарот на пророштвото да добие некакво значење, треба да се проучува и внимателно преку молитва да се следат неговите совети за да може Исус да ве води, штити и подготви за Неговото доаѓање. "Секогаш Му благодарам на својот Бог .... зашто во Него се збогативте во сè,..... како што и Христовото сведоштво (духот на пророштвото) се утврди во вас, така што да не ви недостига ниеден дар, чекајќи го нестрпливо откровението на нашиот Господ Исус Христос; Кој ќе ве утврдува до крај, за да бидете беспрекорни во денот на нашиот Господ Исус Христос." 1. Коринтјаните 1:4-8.

5. Кој од овие два дара - дарот на пророштвото или дарот на јазици - ќе игра значајна улога во Божјата црква на остатокот?


Дарот на пророштвото ќе ја има најзначајната улога. Во 1. Коринтјаните 12:28 е запишан како втор на листата по важност, додека пак дарот на јазици е запишан како последен. Црквата без дарот на пророштвото е слепа (видете го 16 прашање во оваа лекција). Исус со сериозен тон ја предупредува својата црква на остатокот за опасноста од слепило и ја повикува да си обезбеди очна маст, со која ќе ги помаза очите за да може да гледа (Откровение 3:17,18). Преку оваа очна маст е претставен Светиот Дух (1. Јованово 2:20,27; Јован 14:26), кој ги дава сите дарови (1. Коринтјаните 12:4,7-11). Слушајќи ги зборовите на Божјиот пророк, Божјата црква на остатокот ќе може јасно да ја разбере Библијата, а тоа ќе спречи конфузија и несигурност во нејзините редови.

6. Јас верувам во Библијата и само во Библијата како единствен извор на секоја наука и единствен сигурен водич во христијанскиот живот. Од тие причини ги отфрлам сите модерни пророци.


Во право сте што Библијата ја сметате како единствен извор на секое учење. Но и покрај тоа ве молиме запомнете дека Библијата јасно подвлекува дека:

A. Дарот на пророштвото во Божјата црква ќе биде присутен сè до самиот крај (Ефесјаните 4:11,13).

Б. Божјата црква на остатокот ќе го има дарот на пророштвото (Откровение 12:17 19:10 22:9).

В. Да се отфрли советот на пророкот е исто како и отфрлање на Божји совет (Лука 7:28-30).

Г. Заповедано ни е да ги испитуваме пророците и да ги следиме нивните совети, доколку зборуваат и живеат во склад со Библијата (1. Солунјаните 5:20, 21).

Луѓето кои својата вера ја базираат само на Библијата, мораат да ги следат советите што таму се дадени од пророците. Вистинските пророци секогаш зборуваат во хармонија со Библијата. Пророците кои одат спротивно на Божјата Реч се лажни и треба да бидат отфрлени. Доколку одбивам да ги слушам и испитувам пророците, тогаш во суштина јас не ја базирам својата вера на Библијата, затоа што таа тоа го бара од нас

Квиз прашања



1. Означете ги полињата до изразите со исто значење (4)

_____   Исусово сведоштво.
_____   Дар на јазици.
_____   Дух на пророштво.
_____   Предвидувања на окултисти.
_____   Дар на пророштво.
_____   Разговор со духови на упокоените.
_____   Пророците и зборуваат на црквата.

2. Дали Бог дарот на пророштвото им го дал и на мажите и на жените? (1)

_____   Да.
_____   Не.

3. Според четвртата глава на Ефесјаните, кои дарови и ги оставил Исус на црквата при вознесението? (5)

_____   Пророци.
_____   Учители.
_____   Пеење.
_____   Грижа за сиромашните и напатените.
_____   Пастори.
_____   Апостоли.
_____   Сведочење.
_____   Евангелизатори.

4. Колку долго овие дарови, вклучувајќи го и дарот на пророштвото требало да се задржат во црквата? (1)

_____   Само до смртта на новозаветните пророци.
_____   До почетокот на судот.
_____   До крајот на светот.

5. Според Библијата, кои од следниве искази се вистинити за еден пророк, за време додека има визија? (5)

_____   Зборува на непознати јазици.
_____   Никогаш не зборува за време на визија.
_____   Очите му остануваат отворени.
_____   Често се однесува насилно.
_____   Не дише.
_____   Понекогаш додека е во визија зборува.
_____   Несвесен е за околината.
_____   Може да добие натприродна сила.

6. Чудата се секогаш доказ дека пророкот е од Бога? (1)

_____   Да.
_____   Не.

7. Можам со сигурност да знам дали пророкот е од Бога ако тој или таа (1)

_____   Се однесува добро и милно.
_____   Прави неверојатни чуда.
_____   Е блескаво светол.
_____   Изгледа дека добро ја познава Библијата.
_____   Личи на Исус.
_____   Зборува и делува во склад со Библијата.

8. Што од следново Библијата не осудува? (1)

_____   Претскажување на среќа.
_____   Окултизам.
_____   Астрологија.
_____   Волшебништво.
_____   Оној кој фрла маѓии.
_____   Медиум на духови.
_____   Пророк кој зборува и живее во склад со Библијата.

9. Примарната работа на пророкот е да и служи на црквата. (1)

_____   Да.
_____   Не.

10. Една црква не може да биде вистинска Божја црква на остатокот доколку во својата средина нема пророк. (1)

_____   Точно.
_____   Неточно.

11. Кој дел од телото го симболизира пророштвото? (1)

_____   Устата.
_____   Рацете.
_____   Нозете.
_____   Ушите.
_____   Очите.

12. Пред второто Христово доаѓање можно е да се појават нови вистински пророци. (1)

_____   Да.
_____   Не.

13. Да се следи принципот "Библијата и само Библијата" значи да се прифати вистинскиот пророк. (1)

_____   Да.
_____   Не.

14. Кои три нешта во врска со пророштвата ни ги заповеда Библијата во 1. Солунјаните 5:20,21? (3)

_____   Не ги отфрлајте пророштвата и пророците.
_____   Следи ги сите пророци.
_____   Провери ги зборовите и делата на пророкот според Библијата.
_____   Прашајте ги пророците дали се лажни или вистинити.
_____   Верувајте и држете се за доброто.
_____   Игнорирајте ги сите пророци.

15. Кога го отфрламе советот на вистинскиот пророк всушност го отфрламе Божјиот совет. (1)

_____   Да.
_____   Не.

16. Вистинските пророци на последното време учат нови учења што не можат да се најдат во Библијата. (1)

_____   Да.
_____   Не.

17. Зошто повеќето цркви немаат вистински пророци во своите редови? (1)

_____   Не би им верувале кога би се појавиле.
_____   Не ги држат Божјите заповеди.
_____   Тие и без пророк ја имаат целата потребна светлина.

18. Луѓето гинат кога нема пророштво. (1)

_____   Точно.
_____   Неточно.

19. Црквата без дарот на пророштвото е слепа. (1)

_____   Да.
_____   Не.
Name:

Email:

Prayer Request:


Share a Prayer Request
Name:

Email:

Bible Question:


Ask a Bible Question


Back To Top