Get the daily devotional to your inbox
Looks good!
Please enter a valid email address.
Looks good!
Please confirm your email address.

Жигот на Каин

Жигот на КаинLesson 14

Првите два сина на Адам и Ева во многу се разликувале како личности и според однесувањето. Каин тежнеел да биде фармер и градител, а Авел уживал да скита по ридиштата и ливадите со своите стада.

Откако гревот навлегол на релативно младата земја заради непослушноста на Адам и Ева, Бог воспоставил жртвен систем и им објаснил дека без пролевање на крв не е можно да има прошка за гревовите (Евреите 9:22). Им кажал дека овие жртви укажуваат нанапред на времето кога Исус ќе стане човек и ќе умре како Јагне Божјо за гревовите на светот. Авел послушно донел младо јагне како жртва за неговите гревови, но Каин си мислел дека не е неопходно да ја послуша Божјата заповед во целост. Тој сметал дека жртвениот систем е премногу неуреден и си мислел дека сè додека носи дар и му служу на Бога, деталите не се битни. Така тој донел свој сопствен дар, нешто од она што самиот го произвел. Каин набљудувал со љубомора и гнев кога видел како оган слегол од небото и ја спалил Авеловата жртва додека неговата останала недопрена. Господ со внимание го убедувал Каина да се понизи и послуша, но Каин тврдоглаво продолжил да се бунтува. Исто така и Авел се обидел со внимание да разговара со својот постар брат, но Каин збеснал. Кога дошол на себе, крвавото тело на брат му Авел сеуште лежело покрај неговите нозе. Господ го проколнал Каина, а кога овој се пожалил на тоа, Господ му ставил знак за да не се случи следните генерации да се одмаздат за ова прво убиство.

Во книгата Откровение се вели дека, во последните денови, повторно ќе се одвива битка помеѓу христијаните околу начинот и времето на богослужение. Наскоро секој ќе добие свој идентитет, или печат Божји или жиг на ѕверот.
1. Кој ќе биде заштитен за време на последните седум зла?

1. Кој ќе биде заштитен за време на последните седум зла?

_____   Одговор
Забелешка:   Оние кои ќе го примат Божјиот печат на своите чела ќе бидат заштитени за време на злата (Псалм 91:7-11).

2. Што е „печатот“ што ќе го добијат праведните на своите чела?

2. Што е „печатот“ што ќе го добијат праведните на своите чела?

_____   Одговор
Забелешка:   Божјиот печат се наоѓа во Неговиот Закон (во многу други преводи на Библијата наместо „откровение“ во Исаија 8:16 стои зборот „закон“.). Кога на еден документ ќе се стави печат тој станува официјален, а печатот вообичаено содржи три карактеристики: Име, положба и територија. Еве еден пример: „Персискиот цар Кир“ Езра 1:1.

3. Која од заповедите ги содржи сите елементи на печатот?

3. Која од заповедите ги содржи сите елементи на печатот?

_____   Одговор
Забелешка:   Четвртата заповед е единствената која ги содржи сите три елементи на печатот: (1) „Господ“ - Неговото име, (2) „направи“ - Неговата должност како Создател, (3) „небото и земјата, морето и сè што е во нив.“ - Неговата територија.

4. Што дал Бог како посебен знак на Неговата моќ?

4. Што дал Бог како посебен знак на Неговата моќ?

_____   Одговор
Забелешка:   Господ јасно вели дека ја дал саботата како знак на Неговата моќ да создава и осветува. Таа е Негов печат, односно знак за авторитет. Зборовите „знак“ или „печат“ наизменично се користат во Библијата (спореди Битие 17:11 со Римјаните 4:11 и Откровение 7:3 со Езекиел 9:4).

5. На што присилува вториот ѕвер од Откровение 13-та глава?

5. На што присилува вториот ѕвер од Откровение 13-та глава?

_____   Одговор
6. Што е жигот на ѕверот?

6. Што е жигот на ѕверот?

_____   Одговор
Забелешка:   Во 13-тата лекција го идентификувавме првиот ѕвер од Откровение 13. Која е неговата ознака на моќ и авторитет? Најдобриот начин да ја откриеме неговата ознака на авторитет е да го прашаме директно папството. Внимателно погледнето го следниов дел од католичкиот катехизам:



„Прашање: Кој ден е сабота (ден за одмор)?

„Одговор: Саботата е ден за одмор.

„Прашање: Зошто ја празнуваме неделата наместо саботата?

„Одговор: Неделата ја празнуваме наместо саботата затоа што Католичката црква ја префрлила светоста од саботата на неделата.“1


Еве уште еден цитат од катехизмот:

„Прашање: Имате ли некаков друг начин да докажете дека Црквата има моќ да востановува празници или правила?


„Одговор: Ако нема таква моќ, таа не би можела да го стори она со кое што сите модерни верски лидери се сложуваат - таа не би можела да изврши замена на празнување на саботата како седми ден со празнување на неделата како први ден во седмицата, замена за која не постои библиски авторитет.“2

Значи папството вели дека нивниот знак на моќ и авторитет е тоа што ја направиле неделата да биде света - промена која безмалку целиот христијански свет ја прифаќа. (Види го додатокот со наслов „Кои важни прашања Папството им ги поставува на протестантите?“)



1Peter Geiermann, The Convert's Catechism of Catholic Doctrine (St. Louis: B. Herder Book Co., 1957 edition), p 50.

2Stephen Keenan, A Doctrinal Catechism (New York: P.J. Kenedy & Sons, third American edition, revised, n.d.), p. 174.

7. Дали жигот на ѕверот и Божјиот печат се видливи?

7. Дали жигот на ѕверот и Божјиот печат се видливи?

_____   Одговор
Забелешка:   Ниту жигот на ѕверот, ниту Божјиот печат не се надворешно видливи. Челото го претставува умот, а раката е симбол за работа. „На раката“ и „помеѓу очите“ се симболи кои постојано се користат во Библијата за да укажат на мислите и делата кај една личност (Излез 13:16; Второзаконие 6:8; 11:18).



Едно лице ќе го прими жигот на ѕверот на своето чело со тоа што ќе избере да верува дека неделата е света наспроти библиската вистина. Лицето би било одбележано на својата десна рака со тоа што ќе работи на Божјиот свет ден или со тоа што надворешно ќе ги држи неделните закони од соодветни причини - како што се работа, фамилија итн. Иако жигот е невидлив за човекот, Бог ќе знае кој каков знак добил (2 Тимотеј 2:19). Во извесна смисла секој сам ќе биде одбележан. Доколку ја почитувам и ценам Божјата света сабота, Тој ќе ме означи како свој. Доколку пак ја почитувам лажната сабота на ѕверот, Тој ќе ме означи дека му припаѓам на ѕверот.

8. На кој начин Исус одредува дали сме Негови слуги?

8. На кој начин Исус одредува дали сме Негови слуги?

_____   Одговор
9. Дали некој го има жигот на ѕверот денес?

9. Дали некој го има жигот на ѕверот денес?

_____   Одговор
Забелешка:   Никој сеуште го нема примено жигот на ѕверот. Тогаш кога тоа ќе стане присилна мерка, само оние кои ќе го примат жигот на ѕверот ќе можат да купуваат и продаваат. Во тоа време, оние кои ја пазат Божјата света сабота ќе го прават тоа ризикувајќи ги своите животи (Откровение 13:15), а оние кои ќе одлучат да го осквернат Неговиот свет ден и официјално да го дадат својот глас со тоа што човечките закони ќе ги постават над Божјиот Закон ќе бидат означени дека му припаѓаат на Атихристот. Сите кои му се лојални на Исус и на Неговиот свет ден ќе го примат Исусовиот славен печат, и со тоа засекогаш ќе станат Негови. Оние кои ќе се обидуваат да останат неутрални ќе се сметаат за антихристи (Матеј 12:30).

10. Кои две работи се обидува да ги измени Антихристот?

10. Кои две работи се обидува да ги измени Антихристот?

_____   Одговор
Забелешка:   Во Даниел 7-ма глава ни се открива старозаветен опис на силата на Антихристот. Јасно се претскажува дека ѕверот ќе се обиде да ги измени Божјиот Закон и времињата. Папството се обидело да го измени Божјиот Закон со: (1) изоставување на втората заповед која забранува почитување на кипови, (2) скратување на четвртата заповед од 94 зборови на само 8 со цел да избегне да спомне кој ден е сабота, и (3) поделување на десетата заповед на две. Папството се обидело да ги измени Божјите времиња со: (1) учење на луѓето да го препознаваат првиот ден во седмицата како сабота наместо седмиот, и (2) прифаќање на практиката од паганскиот Рим денот да се започнува на полноќ наместо со зајдисонце. Господовото сметање на саботата е од зајдисонце во петок до зајдисонце во сабота (Левит 23:32). Ниту еден смртник не смее да се осмели да си игра со Божјиот свет Закон и време (Матеј 5:18).

11. Какви биле Божјите критики кон Неговите дамнешни свештеници, односно пастори?

11. Какви биле Божјите критики кон Неговите дамнешни свештеници, односно пастори?

_____   Одговор
Забелешка:   Бога сè уште го боли кога Неговите пастори се пристрасни кон осум или девет заповеди и така придонесуваат мнозина да се сопнат од Неговата заповед за празнување на саботата. Практично сите цркви признаваат во своите официјални статии дека не постои библиска потврда за празнување на неделата. Но трагично е тоа што и протестантите и католиците стојат виновни пред Божјиот суд заради отфрлање на Библиската сабота! Самиот Господ ја дал саботата како знак, или печат, на Својата моќ да создава и на Својата моќ да посветува и спасува (Излез 31:17; Езекиел 20:12). Никој не смее да се осмели да си поигрува со Неговиот свет знак, кој го претставува големиот Небесен Бог и сето она за кое Тој стои.

12. Каква почит имале Божјите древни лидери кон Неговиот Закон?

12. Каква почит имале Божјите древни лидери кон Неговиот Закон?

_____   Одговор
Забелешка:   Времињата се немаат променето. Господ ја поставил саботата, Неговиот голем печат, во средината од Неговиот Закон и ја започнал таа заповед со зборот „помни“. Па сепак многу луѓе денес чувствуваат дека држењето на Неговиот седми ден - саботата е чудно.

13. Каков посебен, сериозен укор им упатил Господ на религиозните лидери во врска со Неговата света сабота?

13. Каков посебен, сериозен укор им упатил Господ на религиозните лидери во врска со Неговата света сабота?

_____   Одговор
Забелешка:   Господ директно ги укорува религиозните лидери кои велат дека саботата не е важна и кои велат „Така вели Господ“, кога тоа не е така.

14. За кој конкретен грев Господ им заповеда на Своите лидери да го остават?

14. За кој конкретен грев Господ им заповеда на Своите лидери да го остават?

_____   Одговор
Забелешка:   Господ им дава одговорност на духовните лидери да го нарекуваат кршењето на саботата - грев и да инсистираат Неговиот народ да ја слави саботата. Како и за апостолите тогаш, така и за нас денес наша единствена сигурност е повеќе да го слушаме Бога отколку луѓето (Дела 5:29).

15. Што се случува кога го прифаќате Исуса и одлучувате целосно да го следите?

15. Што се случува кога го прифаќате Исуса и одлучувате целосно да го следите?

_____   Одговор
Забелешка:   Со обратувањето во вашето срце навлегуваат величествен спокој и мир. Саботата, што значи „одмор“ е симбол на одморот и мирот што доаѓаат со новото раѓање (Евреите 4:1-10). Оние кои навистина се наново родени ќе ја празнуваат саботата како благословен знак за одмор (види стихови 4, 9, 10). Не постои радост како радоста на една ново обратена личност која ја празнува саботата.

16. Пред да можете да кажете „не“ на жигот на ѕверот, морате да кажете „да“ на печатот Божји. Исус чека крај вратата од вашето срце на одговор. Дали ќе одлучите да одите под знамето на Неговата славна

16. Пред да можете да кажете „не“ на жигот на ѕверот, морате да кажете „да“ на печатот Божји. Исус чека крај вратата од вашето срце на одговор. Дали ќе одлучите да одите под знамето на Неговата славна сабота како доказ дека сте Го прифатиле како свој Создател и Спасител?

_____   Одговор