Милениумскиот Човек

Милениумскиот Човек Lesson 1

Пространото Вавилонско царство беше богато и напредно, па сепак царот Навохудоносор не спиел мирно во својот царски кревет. Колку ќе потрае ова златно доба, се прашувал, и што ќе стане со неговата империја откако него ќе го нема повеќе?

Со ова вознемирувачко прашање на ум, големиот монарх се занел и заспал. Таа вечер, живописен лик на висок повеќеметален човек блеснал во неговиот ум во разнобојна панорама каква што никогаш до тогаш немал искусено. Отфрлајќи ги везените покривки од себе, скокнал од креветот и им повикал на своите телохранители: „Повикајте ги сите волшебници и астролози веднаш да дојдат. Морам да дознаам какво е значењето на овој сон!”

Царевите мудреци биле разбудени и одведени во присуството на збунетиот владетел. „Царот им рече: Сонував еден сон, и мојот дух се возбуди од желбата да го разберам сонот.“ Даниел 2:3. Еден од лажните пророци на тоа самобендисано возвратил : „Раскажи им го својот сон на своите слуги, а ние ќе ти го откриеме неговото значење.“ Но како што често се случува со соништата, деталите веќе биле замаглени во умот на Навохудоносор.

Овие луѓе тврделе дека имаат божествена проникливост, но царот почнал да се сомнева во нивните можности. Ова би бил совршен тест. „Ако ми го откриете мојот сон и неговото значење ќе добиете од мене дарови,“ им рекол царот на своите советници, „во спротивно ќе бидете раскинати во делови, а вашите куќи ќе станат рушевини!“

Волшебниците и астролозите, немале избор освен да признаат дека биле немоќни да го протолкуваат царевиот сон без претходно да го слушнат. Бесен на овие измамници, царот наредил сите мудреци во Вавилон да бидат доведени и егзекутирани. Сепак, Господ имал еден свој човек во Вавилон кој би можел да го објасни сонот за колосалниот Милениумски Човек.
1. Зошто Бог му го дал овој сон на Вавилонскиот цар?

1. Зошто Бог му го дал овој сон на Вавилонскиот цар?


Даниел 2:28. Ама има на небото Бог Кој открива ______ и Тој му го соопшти на царот Навуходоносор она што ќе биде во последните денови.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Во овој сон за повеќеметалниот кип, Бог дава краток преглед на сите идни векови, за воздигањето и паѓањето на царствата кои ќе имаат директно влијание врз Неговиот народ.

2. Откако царевите советници не успеале да го откријат и протолкуваат сонот, каква заповед издал Навохудоносор?

2. Откако царевите советници не успеале да го откријат и протолкуваат сонот, каква заповед издал Навохудоносор?


Даниел 2:12. Тогаш царот.... нареди да ги _____ сите вавилонски мудреци.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Вавилонските астролози и волшебници тврделе дека имаат натприродна моќ, но откако не успеале да му го откријат сонот на царот, се покажало дека се неспособни лажговци. Во случај царот да се присетил на сонот, тие едноставно би измислиле лажно толкување. Во својот бес, Навохудоносор заповедал сите мудреци, па дури и оние што не биле присутни, да бидат погубени. Помеѓу оние што не присуствувале на првата средба со царот бил и богобојазливиот заробеник Даниел, кој штотуку се обучил за во царската служба.

3. Откако Даниел слушнал за смртната казна, што побарал од царот и што им кажал на своите другари?

3. Откако Даниел слушнал за смртната казна, што побарал од царот и што им кажал на своите другари?


Даниел 2:16. Даниел отиде кај царот и го замоли да му даде _____ , та ќе му го протолкува на царот сонот.

И Даниел влезе во својата куќа та, им кажа сè на Ананиј, Мисаил и Азариј, на своите другари, за да молат милост од Небесниот Бог заради таа тајна.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Даниел побарал малку време од Навохудоносор и му ветил дека ќе му го открие сонот и неговото значење. Царот, кој сеуште очајно сакал да го дознае значењето на визијата, го задоволил барањето на Даниел. Тогаш тој заедно со своите другари му се обратиле на единствениот Извор кој можел да го открие царевиот сон. Тие му се помолиле на небесниот Бог.

4. Кому му заблагодарил Даниел, откако Господ му го открил сонот?

4. Кому му заблагодарил Даниел, откако Господ му го открил сонот?


Даниел 2:23, 28. Тебе Те славам и фалам, о Боже на моите татковци... Има _____ на небото кој открива тајни.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Може да изгледа дека подигањето и паѓањето на империите се случува според човечка волја, но, пофалната молитва на Даниел јасно ја открива суштината на божествената интервенција. Ништо не се случува а Бог да не е свесен и да не го дозволил тоа. Понекогаш можеби не можеме да разбереме што се случува во светот и зошто, но утешно е да се знае дека Бог сеуште суверено владее. Единствено Даниел можел да му го открие сонот на царот, па сепак тој јасно заслугата му ја припишува на Оној кој му го открива сонот - на небесниот Бог.

5. За кои две нешта вели Даниел дека царот ги видел во својот сон?

5. За кои две нешта вели Даниел дека царот ги видел во својот сон?


Даниел 2:31. О, цару, ти имаше привид: Ете, голем _____ .

Даниел 2:34 Ти набљудуваше ... одненадеж се одвали камен а да не го допре рака.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Првото нешто што го видел царот бил голем кип направен од следниве метали:



1. Главата била од злато.

2. Градите и рацете биле од сребро.

3. Стомакот и бедрата биле од бронза.

4. Нозете биле од железо.

5. Стапалата биле од железо и глина.



Следното нешто што го видел царот бил камен што бил фрлен, но не од човечка рака. Во овој момент, царот Навохудоносор без сомнение седел целиот потресен на самиот раб од својот трон.


Даниел прецизно го прераскажал сонот токму онака како што Бог му го кажал. Царот со нетрпение чекал, прашувајќи се за значењето на сонот.


Даниел продолжил да го објаснува толкувањето онака како што Бог нему му го открил, и би било добро и за нас да го прифатиме онака како што Тој го дал. Единствениот сигурен начин за толкување на Библијата и на пророштвата е да и дозволиме на Библијата самата да се објасни.

6. Што претставувала златната глава?

6. Што претставувала златната глава?


Даниел 2:38. Ти си таа _____ од злато.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Царот се сметал за глава на царството. Токму затоа Навохудоносор го претставувал Вавилон, империјата со која што започнало пророштвото. Вавилон владеел со светот од 612 - 539 пр.н.е. како една од најмоќните древни империи - империја која точно можела да се опише како златна глава. Дали забележувате дека пророштвото започнува во времето на Даниел?

7. Дали Вавилонското царство ќе трае вечно?

7. Дали Вавилонското царство ќе трае вечно?


Даниел 2:39. По тебе ќе настане _____ царство, послабо од твоето.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Превласта на Вавилон нема да трае вечно. Следни царства, послаби од Вавилон ќе завладеат место него. Како што среброто е послабо од златото, така и царството кое ќе следи по Вавилон ќе биде со помала слава. На чело со Кир во 539 пр.н.е., Медо-Персиската империја ќе го надвладее Вавилон и ќе го доведе практично до рушевини. Медијците и Персијанците беа владеачка светска сила од 539 - 331 пр.н.е. За време на нивното владеење, целиот данок требало да биде платен во сребро.

8. Кој метал го прикажува царството кое ќе следи по Медо-Персија?

8. Кој метал го прикажува царството кое ќе следи по Медо-Персија?


Даниел 2:39. Друго, трето царство, од _____ ... ќе господари со сета земја.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Бронзеното Грчко-Македонско царство ќе дојде на сила кога Александар Македонски ги победува Медијците и Персијците во битката кај Арбела во 331 година пр.н.е., така ова царство ќе остане да владее се до некаде 168 год. пр.н.е. Војниците биле наречени „бронзени војници“ затоа што сето нивно оружје било од бронза. Дали забележувате дека секој следен метал што е опишан на кипот е се помалку вреден, но сепак поиздржлив од претходниот.

9. Со кој метал е претставено четвртото царство?

9. Со кој метал е претставено четвртото царство?


Даниел 2:40. А четвртото царство ќе биде цврсто како

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Железната Римска монархија ја победува Грчко-Македонската во 168 год. пр.н.е. и супериорно ќе владее со светот сè додека Рим не биде завземен од страна на Остроготите во 476 година од нашата ера. Римското царство доминирало со светот кога бил роден Исус Христос. Дали забележувате како Даниел со неверојатна точност претскажал 1000 години од светската историја. Устоличувањето и паѓањето на овие четири светски империи - Вавилон, Медо-Персија, Грчко-Македонската, и Римската - е јасно претскажано во Библијата и потврдено од историските книги.

10. Што ќе се случува после падот на Римската империја?

10. Што ќе се случува после падот на Римската империја?


Даниел 2:41, 42. Тоа царството ќе биде _____ ... И како што прстите на нозете беа дел од железо, а дел од глина, така и царството ќе биде делумно силно, а делумно слабо.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Кога Римската империја почнала да се урива во 476 година, не се случило да биде совладана од друга светска сила. Наместо тоа, варварски племиња ја превзеле Римската империја и ја поделиле - онака како што прорекол Даниел. Десет од овие племиња се развиле во модерна Европа. Тоа биле Остроготите, Визоготите, Франките, Вандалите, Алеманите, Суевите, Англо-Саксонците, Херулите, Ломбардите и Бургундите. Седум од нив сеуште постојат до ден денешен во Европа. На пример, од Англо-Саксонците настанале Англичаните, од Франките - Французите, од Алеманите - Германците, а од Ломбардите - Италијанците.

11. Дали овие десет царства ќе успеат некогаш да се обединат?

11. Дали овие десет царства ќе успеат некогаш да се обединат?


Даниел 2:43. Тие ќе се мешаат со човечко семе, но нема да се _____ заедно, како што ни железото не може да се измеша со глина.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Напразно луѓето се обидувале повторно да го обединат Европскиот континент, преку бракови, сојузи и конференции. Во текот на историјата, лидери како Карло Велики, Наполеон, Кајзер Вилхелм, Мусолини и Хитлер се бореле за да изградат нова Европска империја; но овие стихови од Библијата ги осуетиле сите нив во намерата да станат светски владетели. Во Откровение 13, се кажува дека ќе постои уште еден обид да се воспостави универзална религија, но пророштвото на Даниел јасно укажува на тоа дека светот ќе остане политички поделен се до крајот на историјата на Земјата.

12. Кој ќе го воспостави последното царство?

12. Кој ќе го воспостави последното царство?


Даниел 2:44. Во времето на овие цареви, ______ Бог ќе подигне Царство кое никогаш нема да пропадне.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Следното големо светско царство ќе биде Небесното Царство, кое е опишано во Матеј 25:31-34.

13. Што ќе им направи каменот на другите светски царства?

13. Што ќе им направи каменот на другите светски царства?


Даниел 2:34, 35. Одненадеж се одвали камен а да не го допре рака, па _____ во кипот, во стапалата од железо и глина, та ги скрши на парчиња. ... А каменот што удри во кипот стана голема планина, та ја наполни сета земја

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Каменот што беше фрлен, но не од човечка рака, го претставува Божјето царство. Тоа нема да биде конгломерат од земски царства, туку целосна замена за нив (Откровение 21:1). Библијата изјавува дека кога Исус Христос ќе се врати на Земјата, Тој целосно ќе ги уништи сите царства на земјата и ќе воспостави вечно царство (Даниел 2:44). Каква возбудлива вест! Исус Христос повторно ќе дојде! Целата историја оди кон ова кулминациска завршница, кога Божјиот Син ќе се врати во слава да го востанови царството на вечната правда. Царот Навохудоносор можеби си помислил дека го поразил вистинскиот Бог кога го опседнал Ерусалим и го ограбил храмот (Даниел 1:1, 2), но многу бргу му било покажано дека Бог е владетел над сè. Човечките случувања се под Негова контрола, и на крајот Тој ќе ја добие битката. Вавилон, Медо-Персија, Грчко-Македонското царство, Рим и десетте дела од Римската империја можеби се обидувале да го узурпираат божествениот авторитет и да го уништат Божјиот народ, но сите земски царства на крајот ќе бидат уништени со Исусовото доаѓање. Фала на Бога, Тој ќе излезе како победник во големата борба!

14. Откако го слушнал јасното толкување на сонот од страна на Даниел, што кажал Навохудоносор за Бога?

14. Откако го слушнал јасното толкување на сонот од страна на Даниел, што кажал Навохудоносор за Бога?


Даниел 2:47. И царот му рече на Даниела: „Навистина вашиот Бог е _____ над боговите, и Господар над царевите, Откривател на тајните.

Одговор:  ____________________

Забелешка:

  Откако видел дека Бог има целосна контрола над светските збиднувања, дури и Навохудоносор спремно признал дека Господ кому Даниел му служи е над сите пагански богови во Вавилон. Колку бргу се сменила сликата! Даниел и неговите другари, заради веноста кон Бога, биле воздигнати од затвореници во Вавилон на позиции на истакнати лидери во царството (Даниел 2:48, 49). Господ секогаш ги почитува оние кои го почитуваат Него (1 Самоилова 2:30).

15. Препознавајќи дека Бог има целосна контрола над земските настани, дали би сакал да Му дозволиш Нему да има целосна контрола врз твојот живот?

15. Препознавајќи дека Бог има целосна контрола над земските настани, дали би сакал да Му дозволиш Нему да има целосна контрола врз твојот живот?


Твојот Одговор

Одговор:  ____________________

Дополнителен материјал за проучување


Дополнителен материјал за проучување

Злато = Вавилон
Главата од злато го претставувала Вавилон, кој владеел како светска сила од 612-539 год.п.н.е.

Сребро = Медо - Персија
Градите од сребро ја претставуваа Медо-Персија, владеечката светска империја од 539-331 год.п.н.е.

Бронза = Грчко-Македонско царрство
Бедрата од бронза го претставуваат Грчко-Македонското царство, доминантниот светски владете од 331-168 год.п.н.е.

Железо = Рим
Нозете од железо го претставуваат Рим, кој уживал светска превласт од 168 год.п.н.е. до 476 год од н.е.

Железо и Глина = Поделената Империја
Стапалата кои биле делумно од железо и делумно од глина претставувале поделена империја која нема да се слее меѓусебно. Од 476 год.н.е. со светот не владеела една сила и таа ќе остане поделена се до Христовото доаѓање.