Get the daily devotional to your inbox
Looks good!
Please enter a valid email address.
Looks good!
Please confirm your email address.

Починка за земјата

Починка за земјатаLesson 12

Нашиот свет бил создаден во една совршена природна рамнотежа. Човекот, животните и растенијата живееле во целосна хармонија. Но со влегувањето на гревот, сè се променило. Човекот почнал да јаде животни, а животните почнале да се јадат едни со други. Насекаде почнало да никнува трње и чичка. Проклетството на гревот ја зафатило и почвата. Господ му рекол на Каин: „Ќе ја обработуваш земјата, но таа веќе не ќе ти го дава својот род.“ Битие 4:12.

Ова е една од причините што Бог им заповедал на Израеловите синови да ги остават нивите да одмараат секоја седма година (Излез 23:10, 11). Тоа ќе и даде шанса на почвата да ја поврати својата виталност и ќе им обезбеди доброволен принос на сиромашните да можат да се прехранат. Но повеќето од Божјиот народ ја игнорирал оваа заповед или едноставно одбиле да ја послушаат. Тогаш дошол денот на страшниот суд. Навохудоносор, вавилонскиот цар, стигнал во Јуда и ги погубил оние што се бунтувале против него. Останатите биле одведени во златниот град Вавилон. Во меѓувреме, израелската земја мирно почивала запустена, „додека .... земјата не ги отпразнува своите саботи. Преку сите денови на запустувањето свое таа саботничеше.“ 2 Летописи 36:21. На крајот од седумдесетте години, преживеаните се вратиле во Ханан за да повторно ја работат земјата и да го возобноват Ерусалим.

За 6000 години до ден денешен, Исус го сее семето на Евангелието. Библијата ни вели дека: „за Господ еден ден е како илјада години.“ 2 Петрово 3:8. Наскоро Исус како Цар ќе дојде да го пожнее светот. Некои ќе бидат погубени од славата на Неговото доаѓање, а останатите ќе бидат одведени во Неговото златно царство. Тогаш оваа уморна стара планета ќе ја празнува 1000 годишната сабота!
1. Кој настан го означува почетокот на 1000-та години?

1. Кој настан го означува почетокот на 1000-та години?

_____   Одговор
Забелешка:   Илјадата години од Откровение 20-то поглавје често се нарекува милениум. Зборот „милениум“ е латинска сложенка сочинета од два збора:„milli“, што значи „илјада“, и „annum“, што значи „години“. Второто Христово доаѓање и воскресението на праведните го означуваат почетокот на 1000-та години. Светиите од сите векови (опишани како „блажени и свети“ во стих 6-ти) ќе бидат воскреснати во првото воскресение.

2. Што друго ќе се случи при првото воскресение?

2. Што друго ќе се случи при првото воскресение?

_____   Одговор
Забелешка:   Погледнете го дијаграмот за 1000-та години кон крајот на оваа лекција за да накратко видите кои се настани ќе се случуваат на почетокот од 1000-та години.

3. Кој ќе воскресне во второто воскресение, и кога ќе се случи тоа?

3. Кој ќе воскресне во второто воскресение, и кога ќе се случи тоа?

_____   Одговор
Забелешка:   Во второто општо воскресение со завршетокот на 1000-та години ќе бидат воскреснати злите.

4. Во каква состојба се наоѓа Земјата за време на милениумот?

4. Во каква состојба се наоѓа Земјата за време на милениумот?

_____   Одговор
Забелешка:   Земјата ќе биде целосно опустена од земјотресот и градот што ќе се случуваат при второто Христово доаѓање. Ќе биде оставена во целосен мрак. Мртви луѓе ќе лежат насекаде по површината на земјата, никој нема да ги оплакува, оти нема да има никој жив. Сите праведни ќе бидат на небото, а злите сите ќе бидат мртви. (Погледни го додатокот со наслов „Бездна“.)

5. Каде ќе бидат светите за време на милениумот, и што ќе прават?

5. Каде ќе бидат светите за време на милениумот, и што ќе прават?

_____   Одговор
Забелешка:   За време на милениумот светите ќе бидат на небо, и ќе бидат вклучени во судењето. Тие нема да решаваат кој ќе биде спасен а кој не, затоа што тоа Бог веќе го одредил. Тие едноставно ќе ја потврдат изречената пресуда од Бога. „Зашто се покажаа Твоите праведни судови!“ Откровение 15:4. Ќе биде потврдена правичноста на Божјата казна за злите, како и наградата за праведните (Откровение 22:11, 12). Оваа фаза од судот е за добробит на светите. На пример, да претпоставиме дека вие сте доспеале на небо и откривате дека вашиот сакан пастор не е таму, а за сметка на тоа сретнете некој срамен криминалец! Сигурно ќе ви биде потребно објаснување. Ангелите ќе нè водат низ записите во книгите за да биде отстранет секој наш сомнеж. На крајот од оваа фаза на судот, сите ќе бидат целосно осведочени за Божјата правичност, љубов и за Неговата непристрасност. Тогаш сите ќе изјават: „Зашто се вистински и праведни Неговите судови!“ Откровение 19:2. (Погледни го додатокот со наслов „Милениумски дијаграм“.)

6. Што ќе се случува на крајот од милениумот?

6. Што ќе се случува на крајот од милениумот?

_____   Одговор
Забелешка:   На крајот од милениумот, Новиот Ерусалим со сите свети во него ќе слезе од небото и ќе се спушти на Маслоновата Гора. Господ ќе ја израмни Гората и ќе направи пространа рамница за да може да се спушти градот.

7. Што е следното што ќе се случи и што ќе придонесе сатаната да биде ослободен од бездната?

7. Што е следното што ќе се случи и што ќе придонесе сатаната да биде ослободен од бездната?

_____   Одговор
Забелешка:   Откако ќе воскреснат злите, сатаната повторно ќе биде ослободен и ќе може да ги заведува и манипулира со нив.

8. Што ќе направи сатаната штом злите ќе воскреснат?

8. Што ќе направи сатаната штом злите ќе воскреснат?

_____   Одговор
Забелешка:   Сатаната ќе ги заведува луѓето да веруваат дека тој бил неправедно исфрлен од небото и дека со заеднички сили можат да го освојат градот и да ја превземат контролата над него. Сфаќајќи дека немаат пристап до светиот град, злите ќе организираат напад со цел да го освојат Новиот Ерусалим.

9. Што е она што ќе запре сè во решавачкиот момент?

9. Што е она што ќе запре сè во решавачкиот момент?

_____   Одговор
Забелешка:   Божјиот престол ненадејно ќе се појави на небото над градот, и тогаш ќе започне последната фаза од судот. Нападот на Божјиот град на тој начин ќе биде веднаш запрен. Ќе се отворат книгите, и секој ќе има можност да си го види својот живот пред себе. Сè ќе биде откриено за да можат да видат и злите и праведните (Лука 12:2, 3).

10. Што ќе се случува откако ќе биде донесена пресудата за злите?

10. Што ќе се случува откако ќе биде донесена пресудата за злите?

_____   Одговор
Забелешка:   Сите зли доброволно ќе признаат дека Бог бил фер и праведен и дека очајно се обидувал да ги спаси, но тие одлучиле отворено да Го отфрлат и да живеат себичен грешен живот. После ова универзално признание, прашањето на гревот ќе биде засекогаш затворено и тогаш ќе биде веќе безбедно да се уништат грешниците.

11. Што ќе се случува следно?

11. Што ќе се случува следно?

_____   Одговор
Забелешка:   Тогаш Божји оган ќе падне од небото врз злите и ќе формира големо огнено езеро околу Божјиот град. Најпосле огнот сите ќе ги претвори во пепел (Малахија 4:3). Ѓаволот нема да има никаква контрола над овој оган, наречен пекол. Напротив, тој и неговите ангели ќе бидат исто така казнети во огнот и ќе се претворат во пепел (Откровение 20:10; Езекиел 28:18). Нема воскресение од овој оган, што се нарекува втора смрт (Откровение 20:14).

12. Што ќе направи Бог за својот народ, откако огнот ќе згасне?

12. Што ќе направи Бог за својот народ, откако огнот ќе згасне?

_____   Одговор
Забелешка:   На крајот од 70-те години вавилонско пленство, Израелците се вратиле во ветената земја и го реизградиле градот. После милениумот, светите ќе бидат сведоци како Исус создава ново небо (атмосфера) и совршена нова земја, каде што никогаш повеќе гревот нема да ја подигне својата грда глава (Наум 1:9). Рајот што Адам и Ева го изгубиле со падот во грев ќе биде обновен во сета своја едемска слава. Мир, радост, љубов и совршена среќа ќе почива на Божјиот народ засекогаш!

13. Каде конечно ќе живеат Господ и праведните?

13. Каде конечно ќе живеат Господ и праведните?

_____   Одговор
Забелешка:   И Господ - Отецот и Господ Исус ќе живеат со своите светии на новата земја. Само помислете на тоа - Господ да биде ваш сосед!

14. Исус вели: „Одам да ви приготвам место.“ Јован 14:2. Тој за вас чува живеалишта во светиот град. Дали ќе ја прифатите Неговата понуда за вечен живот за да може да ви го даде новото раѓање и да ве

14. Исус вели: „Одам да ви приготвам место.“ Јован 14:2. Тој за вас чува живеалишта во светиот град. Дали ќе ја прифатите Неговата понуда за вечен живот за да може да ви го даде новото раѓање и да ве подготви за Своето царство?

_____   Одговор