Lesson 6Пред многу години, Бог го запишал својот закон на камен, и до ден денес тој е сe уште валиден! Потполно е вистинито тоа дека кршењето на било кој негов дел секогаш е проследено со негативни последици. Зар не е логично со цел да се зачува редот и мирот во нашите градови дека треба да се почитуваат цивилните закони? Кога станува збор за нашите животи, овој ист принцип важи и кај Божјиот закон - десетте заповеди. Тие не се наречени десет сугестии, десет препораки, или десет најголеми идеи. Со оглед на тоа што денешниот живот е толку многу ризичен, би требало сериозно да размислиме за нашата одговорност.
"Плочите беа дело Божјо."
1. Дали е вистина дека лично Бог ги напишал десетте заповеди?
"И кога престана да зборува со Мојсеја на планината Синајска, му даде две плочи на сведоштвото, камени плочи, напишани со Божјиот прст." "Плочите беа дело Божјо, и писмото, писмо Божјо, врежано на плочите." Излез 31:18; 32:16.
Одговор: Да, големиот небесен Бог ги запишал Десетте заповеди на две камени плочи со свој прст.
Бог вели дека гревот е кршење на законот.
2. Како Бог го дефинира гревот?
"Гревот е кршење на законот." 1. Јованово 3:4.
Одговор: Гревот е кршење на Божјите десет заповеди. А бидејќи Божјиот закон е совршен (Псалм 19:7), го опфаќа секој сторен грев. Не е возможно да се направи грев а да не биде осуден барем од една заповед. Заповедите покриваат "сè што е за човекот." Проповедник 12:13. Ништо не е изоставено.
Среќата ги следи оние што ги држат Неговите заповеди.
3. Зошто Бог ни ги дал Десетте заповеди?
"Кој го пази законот, блажен е." Изреки 29:18." Срцето твое да ги чува заповедите Мои зашто тие ќе ти придадат долги дни, години на живот и мир." Изреки 3:1, 2.
Одговор: A. Водач за среќен и исполнет живот.
Бог нè создал за да бидеме среќни, да уживаме мир, долг живот, да бидеме задоволни од својот труд, и да ги уживаме сите останати големи благослови по кои копнее нашето срце. Божјиот закон е патничка карта што го покажува вистинскиот правец за пронаоѓање на оваа вистинска радост и среќа.
"Зашто преку Законот доаѓа самото познавање на гревот." Римјаните 3:20 "Јас го запознав гревот само преку Законот, зашто не би ја запознал страсната желба, ако Законот не рече: Не ќе пожелуваш." Римјаните 7:7.
Б. Да ми ја покаже разликата помеѓу доброто и злото.
Божјиот закон е како огледало (Jaков 1:23-25). Тој ги покажува грешките во мојот живот на ист начин како што огледалото го покажува моето валкано лице. Единствениот начин за да некој спознае дали греши е доколку внимателно го провери својот живот во огледалото на Божјиот закон. Надежта за оваа збркана генерација која забрзано тоне е токму во Божјиот закон. Тој ни кажува каде да повлечеме црта!
"И Господ ни нареди да ги исполнуваме сите овие наредби (заповеди) ... за да бидеме секогаш среќни и за да живееме. " Второзаконие 6:24. "Помогни ми, и ќе се спасам: и во Твоите наредби постојано ќе се учам. Ти ги презираш оние, кои отстапуваат од Твоите наредби, зашто нивните мисли се неправедни. Псалм 119: 117, 118.
В. За да нè штити од опасност и трагедија.
Божјиот закон е како цврст кафез во зоолошка градина, кој нè заштитува од страшните, крволочни животни. Не чува од нечистотии, невистини, убиства, идолопоклонство, кражби и многу други зла што го уништуваат животот, мирот и среќата. Сите добри закони заштитуваат, а Божјиот не е исклучок во тоа.
Посебна забелешка: Вечните принципи на Божјиот закон длабоко се запишани во природата на секој од нас, од нашиот Создател. Овој запис можеби е подизвалкан или замачкан, но сепак сè уште го има. Ова секако значи дека не можете да го пронајдете вистинскиот мир додека не влезете во хармонија со вашата внатрешна природа, во која Бог ги има запишано овие принципи. Ние сме создадени за да живееме во хармонија со нив. Нивното игнорирање, секогаш резултира со тензии, немир и трагедија - исто како што игнорирањето на правилата за безбедно возење води кон сериозни неволји.
Законот не штити од ѓаволот исто како што кафезот не штити од лавот во зоолошката градина.
4. Зошто Божјиот закон е толку многу важен за мене лично?
"Така зборувајте и така постапувајте како луѓе, кои ќе бидат судени по законот на слободата." Јаков 2:12.
Одговор: Бидејќи Божјиот закон е стандардот според кој луѓето се испитуваат на небесниот суд. Како ли живеете? Тоа е вистинското животно прашање!
Крстот е позитивен доказ за непроменливоста на законот.
5. Дали Божјиот закон (десетте заповеди) може некогаш да се промени или укине?
"Полесно е небото и земјата да поминат, отколку да пропадне една цртичка од законот." Лука 16:17. "Нема да го нарушам Мојот завет и нема да го изменам она, што излегло од устата Моја." Псалм 89:34. "Делата на рацете Негови се вистина и суд; и верни се сите заповеди Негови, утврдени засекогаш, засновани врз вистина и правда." Псалм 111:7, 8.
Одговор: Апсолутно не! Библијата е многу јасна по овој предмет. Доколку законот би можел да се промени, Бог би ја направил таа промена веднаш откако згрешиле Адам и Ева наместо да го праќа Својот Син да умре за грешниците за на тој начин да ја плати цената за кршењето на законот. Но ова било невозможно, затоа што заповедите не се закони во смисла на поставени правила. Тие се принципи што го откриваат Божјиот свет карактер и кои секогаш ќе бидат вистинити сè додека постои Бог.
На долниот графикон може да се види дека Бог и Неговиот закон поседуваат заеднички карактеристики. Дали можете да видите што значи ова? Божјиот закон е всушност Божјиот карактер во пишана форма - напишан така за да биде сватлив за нас. Промената на законот е толку возможна колку што е возможно да го земеме Бога од небото и да го промениме. Исус дошол да ни покаже како изгледа законот (којшто е пример за свет живот) кога се отелотворува во човечка форма. Божјиот карактер не може никогаш да се промени. Ниту пак може Неговиот закон, затоа што тој го претставува Неговиот карактер запишан со човечки јазик.
| БОГ Е | ЗАКОНОТ Е |
Добар | Лука 18:19 | 1. Тимотеј 1:8 |
Свет | Исаија 5:16 | Римјаните 7:12 |
Совршен | Maтеј 5:48 | Псалм 19:7 |
Чист | 1. Јованово 3:2,3 | Псалм 19:8 |
Праведен | Второзаконие 32:4 | Римјаните 7:12 |
Вистинит | Joван 3:33 | Псалм 19:9 |
Духовен | 1 Коринтјаните 10:4 | Римјаните 7:14 |
Праведен | Еремија 23:6 | Псалм 119:172 |
Верен | 1. Коринтјаните 1:9 | Псалм 119:86 |
Љубов | 1. Joваново 4:8 | Римјаните 13:10 |
Неменлив | Jaков 1:17 | Maтеј 5:18 |
Вечен | Битие 21:33 | Псалм 111:7,8 |
Исус е законот во човечки облик. Кога Тој се наоѓа во срцето, држењето на законот претставува задоволство.
6. Дали Исус го укинал Божјиот закон додека живеел на Земјата?
"Не мислете дека дојдов да го поништам Законот.... Не дојдов да го поништам,туку да го исполнам....додека не поминат небото и земјата, ниту најмалата буква, ни цртичка, не ќе ја снема од Законот, додека не се исполни сè." Матеј 5:17, 18.
Одговор: Не напротив! Исус категорично цитира дека не дошол да го поништи законот, туку да го исполни (да го одржи). Наместо да го поништи Исус го возвеличил (Исаија 42:21) како совршен водич за исправен живот. На пример Исус укажал дека заповедта "не убивај" го осудува гневот без причина (Матеј 5:21, 22) и омразата (1. Јован 3:15), и дека страста е прељуба (Матеј 5:27, 28). Тој вели: "Ако Ме љубите ќе ги пазите Моите заповеди". Јован 14:15.
Законот е како синџир. Ако само една алка се скрши, целата негова смисла се губи.
7. Дали ќе бидат спасени лугето кои свесно продолжуваат со кршење барем и на една од заповедите?
"Зашто смртта е плата за грев." Римјаните 6:23. "Тој ќе ги истреби грешниците." Исаија 13:9. "Зашто кој го пази целиот закон, а се сопне само во едно, станува виновен за сè." Јаков 2:10.
Одговор: Не! Тие ќе бидат загубени. Десетте заповеди се водич кој треба да ни помогне да го пронајдеме патот до Господа и до еден посветен живот. Доколку игнорирам барем една заповед, јас со тоа запоставувам дел од божествениот пат, или насока. Ако само една алка од синџирот се скрши, целата негова намена губи смисла. Библијата вели дека кога свесно кршиме една од заповедите, ние грешиме (Јаков 4:17), затоа што ја одбиваме Неговата волја за нас. Само оние што ја творат Неговата волја ќе влезат во небесното царство. Грешниците ќе бидат загубени.
Спасението е вистинито како и подарокот што го добиваме за роденден или за некоја посебна прилика. Тоа е бесплатно и посебно подготвено од Христа.
8. Дали можеме да бидеме спасени држејќи го законот?
"Зашто со делата на законот ниедно тело нема да се оправда пред Него." Римјаните 3:20. "Зашто по благодат сте спасени, преку верата, и тоа не е од вас самите - тоа е Божји дар! Не од делата, за да не се фали некој." Ефесјаните 2:8, 9.
Одговор: Не! Одговорот е премногу јасен за да се пропушти. Никој не може да биде спасен со држењето на законот. Спасението доаѓа само преку милоста, како бесплатен дар од Исуса Христа, а овој дар го примаме со вера, не е од делата. Законот служи само како огледало за да укаже на гревот во нашите животи. Очистувањето и простувањето од гревот доаѓа само од Христа.
Нашите сопствени стандарди никогаш не се сигурни. Не можам да знам дали сум грешен освен ако внимателно не се загледам во совршениот стандард - Божјиот закон кој ми служи како огледало.
9. Зошто тогаш законот е апсолутно неопходен за усовршување на христијанскиот карактер?
"Бој се од Бога, исполнувај ги Неговите заповеди, зашто тоа е сè за човекот." Проповедник 12:13. "Зашто преку законот доаѓа самото познавање на гревот." Римјаните 3:20.
Одговор: Бидејќи целокупната должност за едно христијанско живеење, или "сè што е за човекот" се содржи во Божјиот закон. Нашите стандарди никогаш не се сигурни. Не можам да знам дали сум грешен освен ако внимателно не се загледам во совршениот стандард - Божјиот закон - огледалото. Милиони такви кои изгонувале демони, пророкувале, и сториле многу големи дела во Христово име ќе бидат загубени (Матеј 7:21-23) затоа што не им било грижа да го споредат својот живот според Неговиот закон. Затоа, додека тие мислат дека се праведни и спасени, всушност се загубени и грешни. "И по тоа знаеме дека сме го познале, ако ги пазиме Неговите заповеди." 1. Јован 2:3.
Кога Исус живее во срцето, темното и валкано минато се заменува со Неговото триумфално пребивање.
10. Што е тоа што го оспособува вистински обратениот христијанин да го следи Божјиот закон?
"Ќе ги вложам Своите закони во нивниот ум, и ќе ги напишам во нивните срца." Евреите 8:10. "Сè можам преку Христа." Филипјаните 4:13. "Испраќајќи Го заради гревот - Својот Син... па праведноста, што Законот ја бара, да се исполни во нас." Римјаните 8:3, 4.
Одговор: Христос не само што му простува на покајаниот грешник, туку во Него го обновува и Божјиот лик. Тој го доведува во хармонија со Божјиот закон преку силата на своето внатрешно присуство. Тогаш заповедите стануваат всушност ветувања дека христијанинот нема да краде, лаже, убива итн., бидејќи Исус живее во него и има целосна контрола. Бог не можел да го промени Сојот закон, но затоа пак обезбедил начин преку Христа да го промени грешникот за да овој биде во склад со законот.
Претседателското помилување му простува на затвореникот, но не му дава за право да продолжи да го крши законот.
11. Но зар христијанинот кој има вера и живее под благодатта не е ослободен од обврските кон законот?
"Имено, гревот (прекршок на Божјиот закон – 1. Јован 3:4) не ќе има веќе власт над вас, зашто не сте под законот, туку под благодатта. Па што? Да грешиме ли (да го кршиме законот), зашто не сме под законот, а под благодатта? Да не биде" Римјаните 6:14,15. "Според тоа, дали го укинуваме законот преку верата? Далеку од тоа! Туку, со тоа го утврдуваме законот." Римјаните 3:31.
Одговор: Не! Библијата го вели токму спротивното. Милоста е како и претседателското помилување за затвореникот. Му простува, но не му дава за право да крши ниту една од заповедите од законот. Помилуваниот, живеејќи под благодатта, има двојна обврска кон законот и неговото почитување. Оној што одбива да го држи Божјиот закон, велејќи дека живее под благодатта, греши. Тој всушност живее под осуда.
12. Дали десетте заповеди се повторно потврдени во Новиот завет?
Одговор: Да и тоа многу јасно. Погледнете подолу колку за споредба.
|||||||||||
БОЖЈИОТ ЗАКОН ВО НОВИОТ ЗАВЕТ | БОЖЈИОТ ЗАКОН ВО СТАРИОТ ЗАВЕТ |
1. "На Господа, твојот Бог, ќе Му се поклонуваш и ќе Му служиш само Нему!" Матеј 4:10. | 1. "Немој да имаш други богови освен Мене!" Излез 20:3 |
2. "Дечиња, пазете се од идолите."1. Јован 5:21. "И бидејќи сме Божји род, не треба да мислиме дека Божеството е како злато, или сребро или камен како творба на човечка уметност и замисла." Дела 17:29. | 2. "Не прави за себе идол, ниту каква слика на она, што е горе на небото, што е долу на земјата и што е во водата под земјатанемој да им се клањаш, ниту да им служиш, оти Јас сум Господ, Бог твој Бог ревнител, Кој за гревовите на татковците ги казнувам децата до третото и четвртото колено, оние, кои Ме мразат Кој покажува милост на илјадници, кои Ме сакаат и ги пазат заповедите Мои." Излез 20:4-6. |
3. "За да не се хули Божјето име и науката." 1. Тимотеј 6:1 | 3. "Не изговарај го напразно името на Господа, твојот Бог, бидејќи Господ нема да го остави неказнет оној, кој напразно ќе го изговори името Негово." Излез 20:7. |
4. "Зашто некаде за седмиот ден е речено вака: И Бог почина во седмиот ден од сите Свои дела." "Значи, на Божјиот народ му остана починката. (саботата). Имено, кој влегол во Неговата починка, тој се одморил од своите дела, како и Бог од Своите." Евреите 4:4, 9, 10. | 4. "Помни го денот саботен, за да го празнуваш. Шест дена работи, и сврши ги во нив сите работи свои а седмиот ден е сабота Господова, на твојот Бог тогаш немој да вршиш никаква работа, ни ти, ни синот твој, ни ќерката твоја, ни слугата твој, ни слугинката твоја, ни волот твој, ни ослето твое, ниту придојдениот, кој се наоѓа кај тебе. Оти за шест дена ги создаде Господ небото и замјата, морето и сè што е во нив а во седмиот ден си отпочина: заради тоа Господ го благослови седмиот ден и го освети." Излез 20:8-11. |
5. "Почитувај ги татка си и мајка си." Матеј 19:19. | 5. "Почитувај ги таткото свој и мајката своја, за да ти биде добро и да поживееш подолго на земјата, што ти ја дава Господ, твојот Бог." Излез 20:12. |
6. "Не убивај." Римјаните 13:9 | 6. "Не убивај!" Излез 20:13. |
7. "Не прељубодејствувај." Матеј 19:18. | 7. "Не врши прељуба!" Излез 20:14. |
8. "Не кради." Римјаните 13:9. | 8. "Не кради!" Излез 20:15. |
9. "Не сведочи лажно." Римјаните 13:9. | 9. "Не сведочи лажно против својот ближен!" Излез 20:16. |
10. "Не пожелувај!" Римјаните 7:7. | 10. "Не пожелувај ја жената на ближниот свој, не пожелувај го домот на ближниот свој, ниту нивата негова, ни слугата негов, ни слугинката негова, ни волот негов, ни ослето негово, ни секаков добиток, ниту нешто друго, кое е на ближниот твој!" Излез 20:17. |
Церемонијалните жртви и ритуали посочувале на иднината, кон Христовата жртва.
13. Дали Божјиот и Мојсеевиот закон се едно исто?
Одговор: Не, тие не се исто. Погледнете ги следниве забелешки и внимателно направете споредба.
Забелешка: Мојсеевиот закон беше привремен, церемонијален закон од Стариот завет. Ги опфаќаше свештенството, жртвите, ритуалите, даровите во храна и напитоци, итн., кои сите претставуваа сенка на крстот. Овој закон бил додаден" додека не дојде Семето", а тоа семе беше Христос (Галатјаните 3:16,19). Ритуалите и обредите укажуваа на Христовата жртва. Кога Христос почина, овој закон е укинат, но Десетте заповеди (Божјиот закон) е "утврден за сите времиња". Псалм 111:8. Дека постојат два закона е потполно јасно запишано во Даниел 9:10, 11.
Посебна забелешка: Ве молиме забележете дека Божјиот закон постои најмалку колку што постои и самиот грев. Библијата вели: "Каде нема Закон нема ни престапување (или грев)." Римјаните 4:15. Тоа кажува дека Божјиот закон постои од самиот почеток. Човекот го прекршил законот (згрешил-1. Јован 3:4). Поради гревот (кршењето на Законот), бил даден Мојсеевиот закон (или бил "додаден" - Галатјаните 3:16, 19) се додека не се појави и не умре Христос. Овде се вклучени два посебни закони: Божјиот и Мојсеевиот закон.
||
МОЈСЕЕВ ЗАКОН | БОЖЈИ ЗАКОН |
Наречен "Мојсеев закон" (Лука 2:22). | Наречен "Законот на Господа" (Исаија 5:24). |
Наречен "закон....со закони и одредби" (Ефесјаните 2:15). | Наречен "царски закон" (Јаков 2:8). |
Го напишал Мојсеј на книжен свиток (2. Летописи 35:12). | Бог го запишал на карпа (Излез 31:18 32:16). |
Ставен покрај ковчегот на заветот (Второзаконие 31:26). | Ставен во ковчегот на заветот (Излез 40:20). |
Укинат на крстот (Ефесјаните 2:15). | Ќе постои засекогаш (Лука 16:17). |
Додаден заради гревот (Галатјаните 3:19). | Укажува на гревот (Римјаните 7:7 3:20). |
Против нас (Колосјаните 2:14). | Не е тежок (1. Јован 5,3). |
Никого не осудува (Колосјаните 2:14-16). | Ги суди сите (Јаков 2:10-12). |
Телесен (Евреите 1:16). | Духовен (Римјаните 7:14). |
Никого и ништо не усовршува (Евреите 7:19). | Совршен (Псалм 19:7).. |
"И змевот се разгневи на жената (вистинската црква)."
14. Како се чувствува ѓаволот спрема оние кои живеат според Десетте заповеди?
"И змевот (ѓаволот) се разгневи на жената (црквата), и отиде да војува против остатокот од нејзиното семе, против оние, кои ги пазат Божјите заповеди." Откровение 12:17. "Тука е трпението на светиите: кои ги пазат Божјите заповеди и верата Исусова." Откровение 14:12.
Одговор: Ѓаволот ги мрази оние кои го пазат Божјиот закон затоа што тој е водич за праведен живот. И ако се решите да го следите водичот содржан во Божјиот закон, тогаш ќе го почувствувате гневот на ѓаволот врз себе во сета негова сила и интензитет. Не е за изненадување фактот дека ѓаволот ги мрази и гневно им се спротивставува на сите оние што го пазат Божјиот закон. Но шокантно и чудно е што религиозните водачи го негираат постоењето и важноста на Божјиот закон додека во исто време ги величаат човечките традиции. Воопшто не е чудно, Исус вели: "Зошто и вие ја престапувате Божјата заповед, заради вашето предание?" "Но напразно Ми се поклонуваат, учејќи науки, што се човечки заповеди." Матеј 15:3, 9. Давид кажал: "О Господи, време е да дејствуваш: зашто го нарушија Твојот Закон." Псалм 119:126. Христијаните мора да се разбудат и да го постават Божјиот закон на неговото вистинско место. Голема глупост за оваа непослушна генерација е да си претпоставува дека може да го прекршува законот на живиот Бог.
15. Јас верувам дека христијанинот мора да ги пази Десетте заповеди од Божјиот закон, и го молам Исуса да ми помогне да го доведам својот живот во хармонија со нив.
Одговор:
Твоите Прашања Одговорени
1. Дали Библијата вели дека законот беше (или е) несовршен?
Не. Библијата вели дека грешката била кај луѓето. Затоа Бог ги укорува. Евреите 8:8. Исто така во Римјаните 8:3, Библијата вели дека законот "беше слаб заради телото". Секогаш се повторува истиот случај. Законот е совршен, а луѓето се тие кои се несовршени, или слаби. Затоа Бог го испраќа својот Син "па, праведноста, што Законот ја бара, да се исполни во нас" (Римјаните 8:4) преку отелотворениот Исус.
2. Галатјаните 3:13 вели дека ние сме откупени од проклетството на законот. Можете ли да објасните што значи ова?
Проклетството на законот е смртта (Римјаните 6:23). Христос ја "вкуси смртта за сите". Евреите 2:9. Со тоа Тој ги откупил сите од проклетството на законот (смртта) и наместо тоа обезбедил вечен живот.
3. Зар во Колосјаните 2:14-17 и Ефесјаните 2:15 не се вели дека законот бил укинат на крстот?
Не, и обата стиха се однесуваат на законот содржан во "одредби", или всушност на Мојсеевиот закон, кој беше церемонијален закон и имаше цел да го регулира жртвениот систем и свештенството. Сите овие обреди беа само сенка на крстот и престанаа да постојат со Христовата смрт, според Божјата замисла. Мојсеевиот закон беше додаден до доаѓањето на Семето, а тоа Семе е Христос. Галатјаните 3:19,16. Овде не може да станува збор за Божјиот морален закон затоа што Павле многу години по Христовата смрт на крстот за него вели дека е свет, праведен и добар (Римјаните 7:7,12).
4. Библијата вели дека "љубовта е исполнување на законот". Римјаните 13:10. Исто така во Матеј 22:37-40, Библијата не учи да го сакаме Бога и својот ближен, и завршува со зборовите: "На тие две заповеди висат сиот Закон и Пророците" Дали овие заповеди ги заменуваат Десетте заповеди?
Не, Десетте заповеди висат на овие две заповеди како нашите десет прсти што висат на нашите две раце. Тие се нераздвојни. Љубовта кон Бога овозможува држењето на првите четири заповеди (што се однесуваат на Бога) да биде вистинско задоволство, а љубовта кон нашиот ближен овозможува држењето на следните шест заповеди (кои се однесуваат на нашиот ближен) да биде вистинска радост за нас. Љубовта го исполнува Законот одземајќи ја мачнината и правејќи го неговото пазење вистинско задоволство (Псалм 40:8). Кога вистински сакаме некого, тогаш почитувањето на неговите барања претставува вистинско уживање. Исус вели: "Ако Ме љубите, ќе ги пазите Моите заповеди". Јован 14:15. Невозможно е да го сакате Господа а да не ги почитувате Неговите заповеди, затоа што Библијата вели: "Зашто ова е љубовта Божја: да ги исполнуваме Неговите заповеди; а Неговите заповеди не се тешки." 1. Јован 5:3. "Кој вели: Го познав, а не ги пази Неговите заповеди, лажец е и вистината не е во него." 1. Јован 2:4.
5. Зар 2. Коринтјаните 3,7 не кажува дека законот запишан на камен не "требаше да престане"?
Не. Овој стих вели дека "славата" на Мојсеевото служење на законот требало да престане, а не самиот закон. Прочитајте го внимателно целиот пасус од 2. Коринтјаните 3:3-9. Овде не станува збор за престанување на законот или за негово поставување, туку за преместување на неговата местоположба од камените плочи во срцето. За време на Мојсеевата служба законот беше запишан на камени плочи. Но за време на служењето на Светиот Дух, преку Христа, законот се запишува во срцето (Евреите 8:10). Правилото запишано на училишната огласна табла станува ефективно само тогаш кога ќе влезе во срцето на ученикот. Христовото служење на законот е ефективно затоа што Тој законот го префрла во срцето на христијанинот. Тогаш држењето на законот станува вистинско задоволство и внесува среќа во животот на христијанинот, затоа што тој има вистинска љубов и кон Бога и кон ближниот.
6. Римјаните 10:4 вели дека "Христос е свршеток на Законот." Според тоа законот престанал да постои, зар не?
Зборот "свршеток" во овој стих означува намера или крајна цел, како и во Јаков 5:11. Значењето е јасно. Да ги донесете луѓето кај Христа - каде што тие ја наоѓаат праведноста - тоа е целта, намерата или свршеток на законот.
7. Зошто толку многу луѓе ги негираат јасните изјави на Божјиот закон?
"Зашто мудрувањето на телото е непријателство против Бога, бидејќи не му се покорува на Божјиот Закон ниту пак може. Оние, кои се во телото, не можат да Му угодат на Бога. Но вие не сте во телото, туку во Духот, ако Божјиот Дух навистина живее во вас." Римјаните 8:7-9.
8. Дали праведниците кои живееле во Стариот завет се спасени со законот?
Никој никогаш не може да се спаси со законот. Спасените од сите векови се спасени со милоста. Оваа "милост.......ни е дадена во Христа Исуса пред вечни времиња" 2. Тимотеј 1:9. Законот само укажува на гревот. А Исус е оној кој единствено спасува. Ное "најде милост" (Битие 6,8); Мојсеј нашол милост (Излез 33:17); Израелците во пустината нашле милост (Еремија 31,:2); и Авел, Енох, Авраам, Исак, Јаков, Јосиф, и многу други праведни луѓе од Стариот завет биле спасени "со вера" според Евреите 11. Тие се спасиле гледајќи во иднината кон крстот; а ние гледајќи во минатото на него. Законот е неопходен, затоа што како огледало, ги покажува валканостите во нашиот живот . Без него, луѓето се грешници, но не се свесни за тоа. Како и да е, законот не може да спаси. Негова задача е само да укаже на гревот. Ова од секогаш било вистина, па дури и во старозаветните времиња. (Дела 4:10,12; 2. Тимотеј 1:9).
9. Зошто воопшто да се грижиме за Законот? Зар совеста не е наш сигурен водич?
Не! Илјада пати не! Библијата зборува за зла совест, извалкана совест, и жигосана совест - ниедна од овие не е сигурен водич. "Некој пат му се чини на човекот прав, а на крајот води кон смртта." Изреки 14:12. Бог вели: "Безумен е кој се надева на своето срце." Изреки 28:26.
Квиз прашања
1. Десетте заповеди ги напишал (1)
_____ Бог.
_____ Мојсеј.
_____ Некој непознат.
2. Според Библијата, гревот претставува (1)
_____ Личен недостаток.
_____ Кршење на Божјиот закон.
_____ Сè што изгледа погрешно.
3. Проверете кои изрази ја кажуваат вистината за Божјиот закон: (4)
_____ Тој е совршен водич за среќен живот.
_____ Како и огледалото, го покажува гревот.
_____ Тежок е и неправеден.
_____ Може да ме заштити од зло.
_____ Ги има истите карактеристики како и Бог.
_____ Бил укинат во Новиот завет.
_____ Законот е проклетство.
4. Божјиот закон содржан во Десетте заповеди (1)
_____ Важеше само за во Стариот завет.
_____ Исус го укина на крстот.
_____ Тој е апсолутно непроменлив.
5. На судниот ден ќе бидам спасен (1)
_____ Ако имам одлично досие на добри дела.
_____ Ако го сакам Господа, без оглед на тоа дали ги држам заповедите или не.
_____ Ако мојата лична заедница со Исуса ме води кон послушност на сите Негови заповеди.
6. Луѓето се спасуваат преку (1)
_____ Држење на Законот.
_____ Кршење на Законот.
_____ Исуса Христа.
7. Вистински обратените христијани (1)
_____ Го држат Божјиот закон преку Христовата сила.
_____ Го игнорираат Законот затоа што е укинат.
_____ Сметаат дека почитувањето на заповедите не е неопходно.
8. Оној што живее под благодатта (1)
_____ Може да ги прекрши Десетте заповеди без да стори грев.
_____ Е ослободен од држење на Законот.
_____ Со задоволство ќе ги држи Божјите заповеди.
9. Љубовта е исполнување на Законот затоа што (1)
_____ Љубовта го отстранува Законот.
_____ Вистинската љубов кон Бога и кон ближниот ја прави послушноста на Законот вистинско за�
_____ Љубовта е повеќе важна отколку послушноста.
10. Мојсеевиот закон е (1)
_____ Ист како и Божјиот закон.
_____ Законот за обреди и жртви, кој укажувал на Христа и бил укинат со Неговата смрт на крсто�
_____ Сè уште важечки.
11. Оние кои ги држат Десетте заповеди (1)
_____ Се легалисти.
_____ Ќе наидат на големо спротивставување од ѓаволот, кој го мрази Бога и Неговиот закон.
_____ Се спасени држејќи го законот.
12. Означете ги вистинитите изјави кои се однесуваат на Исуса и законот: (4)
_____ Исус го прекршил законот.
_____ Исус е совршен пример на човек во држењето на законот.
_____ Исус го укинал законот.
_____ Исус вели: "Ако ме љубите пазете ги Моите заповеди".
_____ Исус го прославил законот и покажал дека ги опфаќа сите гревови.
_____ Исус рекол дека законот не може да се промени.