Get the daily devotional to your inbox
Looks good!
Please enter a valid email address.
Looks good!
Please confirm your email address.

Танцот на ќерката

Танцот на ќеркатаLesson 19

Жената на царот Ирод, Иродијада, го мразела Јован Крстител. Пустинскиот пророк си дозволил да ја нарече прељубница затоа што го напуштила својот маж Филип за да се омажи со неговиот злобен но побогат брат. Злобната царица одлучила да го искористи своето влијание над Ирод за да се справи со Јован. Прво, го натерала својот маж да го уапси. Потоа, побарала Јован да биде егзекутиран, но Ирод одбил. Тој знаел дека Јован е вистински пророк и се плашел од силна реакција на народот.

Најпосле, Иродијада го осмислила целиот план. Таа организирала забава по повод роденденот на Ирод и ги поканила сите негови пријатели и благородниците од неговото царство, потоа се договорила со својата ќерка Салома да игра заводнички пред Ирод. Таа се надевала дека откако Ирод ќе испие неколку чаши вино, тој ќе ја праша Салома каква награда би сакала за својот омајувачки танц.

Нејзиниот злокобен план успеал. По танцот на Салома, Ирод дал помпезно ветување: „Што и да побараш од мене, ќе ти дадам - до половина на моето царство.“ Марко 6:23. Додека напиените гости и аплаудирале на царевата великодушност, девојката подготвено чекала да го изнесе своето барање. Потоа ги шокирала сите барајќи да и се донесе главата на Јован на послужавник! Ирод бил запрепастен од ужасното барање, а шокираните пријатели го исчекувале неговиот одговор. Плашејќи се да не изгледа слаб ако одбие, гордиот цар безволно дал заповед. Истиот ден големиот пророк Јован беше обезглавен во затворот.

Ова не беше единствен пат кога мајка и ќерка се послужиле со силата на власта да го прогонуваат Божјиот народ.
1. Кој друг тим на мајка и ќерка учествувале во прогонство на Божјиот народ во Стариот завет.

1. Кој друг тим на мајка и ќерка учествувале во прогонство на Божјиот народ во Стариот завет.

_____   Одговор
Забелешка:   Во Стариот завет, Језавела и нејзината ќерка Готолија биле познати по своето насилничко владење во Израел и Јуда (северното и јужното царство), и по присилно воведување на паганство кај Божјиот народ.

2. Која е втората ангелска вест во Откровение 14-та глава?

2. Која е втората ангелска вест во Откровение 14-та глава?

_____   Одговор
Забелешка:   Откровение 14 содржи итна тројна порака која мора да допре до сите краишта на светот пред Исус да дојде по втор пат. Во оваа лекција ќе ја разгледаме втората порака. Господ соопштува обвинение против Вавилон од причина што тој ги опил сите народи со своето опојно вино. Во оваа лекција ќе бидат споменати некои многу директни и можеби вознемирувачки пораки како за католичкиот и протестанскиот така и за православниот свет. Запомнете дека втората ангелска вест доаѓа од Исуса, Оној кого сите ние го сакаме. Отворете го своето срце кон Неговата вистина, затоа што единствената Негова цел е да ве спаси и благослови.

3. Како Библијата го опишува Вавилон во Откровение 17-та глава?

3. Како Библијата го опишува Вавилон во Откровение 17-та глава?

_____   Одговор
Забелешка:   Во библиските пророштва, жената ја симболизира црквата. Чистата жена ја претставува вистинската Божја црква онака како што е опишана во Откровение 12. Неверната жена претставува црква која се оддалечила од Библијата. Можеме со сигурност да кажеме која е оваа отпадната жена, бидејќи Откровение 17:18 ни вели дека таа владеела во времето кога самата книга Откровение била пишувана. Историјата ни кажува дека таа жена го претставува паганскиот Рим (Лука 2:1) кој потоа својата власт, главен град и сила ќе му ги даде на папскиот Рим.

4. Кој друг доказ од Откровение 17 докажува дека Вавилон се однесува на папскиот Рим?

4. Кој друг доказ од Откровение 17 докажува дека Вавилон се однесува на папскиот Рим?

_____   Одговор
Забелешка:   Папскиот Рим ги исполнува сите описи. Неговото седиште е во Рим - „град на седум гори“. Црвената боја е боја на облеката на кардиналите, а папата често во некои свечени моменти носи пурпурна облека. Римо-католичката црква јасно признава дека за време на Средниот Век, таа ги прогонувала светите и владеела над земните цареви. (Како доказ дека папството е виновно и за богохулење погледнете ја лекција бр. 13). Божјата симболика совршено се вклопува - отпадната мајка црква чии што отпаднати ќерки протестирале и така станале познати како Протестанти. Обратете внимание на следниот цитат од Отец Џејмс А. О Брајан: „Празнувањето (на неделата место на саботата) останува како потсетник на Мајката Црква од која што беа отцепени не-католичките секти.“1

1The Faith of Millions (Huntington, IN: Our Sunday Visitor, Inc., 1974), p. 401.

5. Какви се во споредба ѕверовите од Откровение 13 и 17?

5. Какви се во споредба ѕверовите од Откровение 13 и 17?

_____   Одговор
Забелешка:   Ѕверот од Откровение 13:1-10 и ѕверот од Откровение 17 се очигледно едно те исто. И двата ѕвера ја симболизираат Римската моќ. Во Откровение 17 се укажува на коалицијата црква-држава, каде што црквата (блудницата) го јава (ѕверот), односно ја контролира државата. Во Откровение 13 исто така се опишани два ѕвера кои се инволвирани во присилување на другите кому ќе му служат. Првиот ѕвер е истата сила како „мајката на блудниците“ опишана во Откровение 17. Оваа лекција наскоро ќе го открие идентитетот и на вториот ѕвер.

6. Кое е значењето на зборот „Вавилон“ и од каде потекнува?

6. Кое е значењето на зборот „Вавилон“ и од каде потекнува?

_____   Одговор
Забелешка:   Термините “Бабел“ и „Вавилон“ означуваат збрка. Името потекнува од Вавилонската кула, што ја граделе дрските пагани после потопот. Тие се надевале дека ќе изградат толку висока кула што никаков следен потоп нема да ја потопи. Но Господ им ги побркал јазиците, што предизвикало таков хаос што дошло до пропаѓање на проектот. Подоцна Вавилон ќе стане светско идолопоклоничко царство што ќе го прогонува Божјиот народ. Во книгата Откровение, терминот „Вавилон“ означува лажен религиски систем кој е непријател на Божјиот духовен Израел.

7. Како Господ го опишува Вавилон, и зошто го тера Својот народ да излезе од таму?

7. Како Господ го опишува Вавилон, и зошто го тера Својот народ да излезе од таму?

_____   Одговор
Забелешка:   Господ вели дека Вавилон паднал и станал демонско живеалиште и засолниште на нечисти духови. Тој предупредува дека неговите гревови се толку навредливи што мора да биде уништен. Божјиот народ мора бргу да излезе од таму, во спротива ќе биде уништен со злата што ќе се истурат врз Вавилон.

8. Исус постојано го обвинува Вавилон што го напојува светот со своето вино. Што претставува тоа вино?

8. Исус постојано го обвинува Вавилон што го напојува светот со своето вино. Што претставува тоа вино?

_____   Одговор
Забелешка:   Неговата чаша со вино е полна со лаги (Пословици 12:22), односно лажни учења што духовно ги опиваат луѓето. Еве една делумна листа на неговите опасни лаги:

А. Десетте заповеди не се важечки (види лекција бр.6).

Б. Светоста на неделата (види лекција бр.14).

В. Тајно вознесение (види лекција бр.3).

Г. Бесмртност на душата (види лекција бр.9).

Д. Вечно мачење во пеколот (види лекција бр.10).

Ѓ. Исповедање пред свештеник (види лекција бр.13).

Е. Лажно крштевање (види лекција бр.11).

Ж. Збрка од јазици (види лекција бр.23).

Тажно е тоа што, штом ќе се прифатат пораките на Вавилон, личноста духовно се опијанува и практично не е способна да разбере што Библијата навистина вели, бидејќи овие лажни доктрини ги затапуваат личните способности за разбирање на вистината.

9. Која сила ќе го подржува ѕверот во последното време?

9. Која сила ќе го подржува ѕверот во последното време?

_____   Одговор
Забелешка:   Внимавајте! Вториот ѕвер од Откровение 13 ги симболизира САД. Погледнете ги доказите:

А. Времето во кое се појавува.
Господ ја опишува оваа сила како се подига отприлика во истото време кога првиот ѕвер бива заробен и добива смртна рана (Откровение 1310, 11). САД се појавуваат во времето кога папската моќ била скршена, кон крајот на 1260-те години, а тоа е 1798 година.

Америка ја прогласува својата независност во 1776, го изгласува уставот во 1787, ја усвојува Повелбата на слободата во 1791 година, и била јасно призната како светска сила во 1798 година.


Б. Излегува од земјата.
Како што проучивме порано, водите од кои повеќето царства (ѕверови) излегуваат, претставуваат густо населени региони (Откровение 17:15). Земјата претставува спротивност. САД совршено го исполнуваат ова бидејќи беа основани на слабо населен континент.


В. Има два рога како на јагне.
Во пророштвата, јагнето го претставува Исуса а рогот претставува сила. Двата рога ги претставуваат протестантските принципи на кои беше основана Америка - цивилна и верска слобода. Основачите пребегнале од Европа за да избегаат од верското и политичко прогонство. Тие основале општество засновано на принципите на цивилна и верска слобода - „влада без цар и религија без папа“.

10. Кои драстични промени ќе се случат во Америка според она што го кажува пророштвото?

10. Кои драстични промени ќе се случат во Америка според она што го кажува пророштвото?

_____   Одговор
Забелешка:   „Зборуваше како змев“ значи дека САД, под влијание на сатаната, ќе ги променат своите првобитни протестантски принципи на разделеност на црквата од државата. Ќе наметнат религиски закони со што ќе ги присилат луѓето да служат спротивно на својата совест или во спотивно да бидат казнети со економски санкции (стихови 16, 17) а на крај и со смрт (стих 15).

11. Кои три сили ќе се обединат против Божјиот народ во последното време?

11. Кои три сили ќе се обединат против Божјиот народ во последното време?

_____   Одговор
Забелешка:   Змевот е сатаната (Откровение 12:9), кој дејствува преку паганските религии. Ѕверот од Откровение 13:1-10 е папството. Лажниот пророк во Откровение 16 е отпаднатиот протестантизам во Америка, кој е всушност истата сила како и ѕверот во Откровение 13:11-17 што има два рога како на јагне но ќе проговори како змев. Ова е силата која „правеше големи чуда“ и „ги заведуваше жителите на земјата со чудата, што му беа дадени да ги прави пред Ѕверот.“ Откровение 13:13, 14. (Направи споредба со описот за лажниот пророк даден во Откровение 19:20).

12. Дали овие најразлични организации ќе се обединат некогаш?

12. Дали овие најразлични организации ќе се обединат некогаш?

_____   Одговор
Забелешка:   Да, Господ вели дека ќе се обединат. Забележете дека тие се обединуваат во својот обид да шират измами и во градењето конфедерација против Божјиот народ. „Војната во великиот ден на Бога Сèмоќниот“ е истиот настан со војната на змевот против семето на жената (Откровение 12:17).

13. Какви ефективни методи ќе употреби оваа коалиција на последното време?

13. Какви ефективни методи ќе употреби оваа коалиција на последното време?

_____   Одговор
Забелешка:   Оваа коалиција ќе прави големи чуда со сатанска моќ, и скоро целиот свет ќе биде убеден (Откровение 13:3) и заведен. Во Откровение 18:23 се вели: „Зашто со твоите вражања беа измамени сите народи.“

14. Што ќе спречи Божјиот народ на остатокот да биде измамен?

14. Што ќе спречи Божјиот народ на остатокот да биде измамен?

_____   Одговор
Забелешка:   Божјиот народ ќе треба сè да испитува со Библијата. Тој нема да биде измамен, затоа што ќе ги провери чудата и учењата за да утврди дали доаѓаат од сатанските духови или пак од Бога.

15. Денес Господ ги повикува Своите да излезат надвор од Вавилон и да влезат во сигурноста на Неговата црква на остатокот. Тој вели дека оние што ќе останат во Вавилон ќе имаат учество во нејзините гр

15. Денес Господ ги повикува Своите да излезат надвор од Вавилон и да влезат во сигурноста на Неговата црква на остатокот. Тој вели дека оние што ќе останат во Вавилон ќе имаат учество во нејзините гревови и ќе ги примат нејзините казни. Во времето на Ное, само осум души влегоа во бродот што Бог го обезбеди за нивно спасение. Сите останати настрадаа. Денес Тој ја обезбедил Својата црква на остатокот како брод на сигурноста во кој милиони влегуваат. Исус ве повикува и вас „Влезете: ти и сето твое семејство во бродот.“ Битие 7:1. Дали ќе кажете „Да“ на Неговата покана?

_____   Одговор