Get the daily devotional to your inbox
Looks good!
Please enter a valid email address.
Looks good!
Please confirm your email address.

Десет пати помудар

Десет пати помударLesson 20

Кога царот Навохудоносор го опседнал градот Ерусалим, илјадници Евреи биле однесени како пленици во Вавилон. Царот му заповедал на својот слуга Асфеназ, да избере надарени млади луѓе од еврејските пленици кои би биле во палатата за време од три години и би ги учеле вавилонскиот јазик и мудрост за да подоцна можат да му служат на царот.

Даниел, Ананиј, Мисаил и Азариј биле забележани од Асфеназ и биле однесени во царската палата. Но имало еден проблем. Менито богато со месо и вино кое било предвидено за овие млади луѓе содржело многу поединости што Божјата реч ги забранувала.

За да не се покаже како неблагодарен, Даниел побарал ако може тој и неговите пријатели да добијат вегетаријанска храна и вода како пијалок. На почетокот царевиот слуга се противел на ова нивно барање. „Не можете да го задржите своето здравје со една таква диета!“ им објаснил. „Ќе се разболете, тогаш царот ќе ја бара мојата глава.“ Но Даниел благо настојувал, предложувајќи еден пробен период од десет дена, кога ќе може нивното здравје да биде споредено со останатите млади луѓе од царската менза.

Паднал договор по овој план, и во наредните десет дена младите Евреи пиеле само вода и јаделе едноставна вегетаријанска храна. На крајот од пробниот период, Даниел и неговите тројца пријатели „беа поубави и позгоени отколку момчињата кои јадеа од царските јадења.“ Даниел 1:15.

Три години подоцна, овие четири млади луѓе биле испробани од царот Навохудоносор, кога било изјавено дека се десет пати помудри од сите останати мудреци во Вавилон. Библијата ни кажува дека Даниел живеел скоро 100 години. Што е тоа што им помогнало на Даниел и неговите пријатели да имаат толку длабока мудрост, здравје и долговечност?
1. Која била првобитната исхрана што Бог ја предодредил за човештвото?

1. Која била првобитната исхрана што Бог ја предодредил за човештвото?

_____   Одговор
2. Каква дополнителна храна им додал Бог во исхраната на Адам и Ева, откако тие погрешиле?

2. Каква дополнителна храна им додал Бог во исхраната на Адам и Ева, откако тие погрешиле?

_____   Одговор
Забелешка:   Првобитната исхрана за човечката раса била вегетаријанска и се состоела од овошје, зрнеста храна и орашести плодови. Господ го додал зеленчукот во исхраната на Адам и Ева откако тие паднале во грев и не можеле повеќе да јадат од дрвото на животот.

3. Дали Господа го интересира нашето физичко здравје?

3. Дали Господа го интересира нашето физичко здравје?

_____   Одговор
Забелешка:   Библијата учи дека нашето физичко здравје му е мошне важно на Бога. Исус поминувал исто толку време во лечење како и во поучување. Постојат неколку библиски принципи што можеме да ги следиме за да го подобриме нашето здравје и да ги продолжиме нашите животи.

4. Господ на Израелците им ветил дека доколку Му служат и Му бидат послушни, Тој ќе оттргне секаква болест од нивните редови. Дали го одржал Своето ветување?

4. Господ на Израелците им ветил дека доколку Му служат и Му бидат послушни, Тој ќе оттргне секаква болест од нивните редови. Дали го одржал Своето ветување?

_____   Одговор
Забелешка:   Замислете! Кога Божјиот народ влегол во ветената земја, немало ниту еден болен или немоќен во целата нација.

5. Зошто нашето здравје му е толку важно на Бога?

5. Зошто нашето здравје му е толку важно на Бога?

_____   Одговор
Забелешка:   Бог сака нашите тела да бидат Негово свето пребивалиште. Затоа мораме да избереме да ги направиме здрави места за Негов престој.

6. Кое е добро библиско правило за здрав живот?

6. Кое е добро библиско правило за здрав живот?

_____   Одговор
Забелешка:   Ние треба да се трудиме да живееме на тој начин што сите наши навики - дури и она што го јадеме и пиеме - бидат на Божја слава.

7. Дали христијаните треба да користат алкохолни пијалоци?

7. Дали христијаните треба да користат алкохолни пијалоци?

_____   Одговор
Забелешка:   Алкохолните пијалоци Библијата јасно ги забранува. Зборот „вино“ во Библијата може да значи и ферментиран и неферментиран гроздов сок. Истото денес се однесува и на зборот „ликер“. Во Пословици 23:29-32 Библијата дава опис на ферментирано вино, и Господ вели дека не треба ниту да гледаме во него! Единственото вино што би можеле христијаните да го користат е „новото вино“, кое што е неферментиран, сладок гроздов сок.

Исаија 65:8 Новото вино се наоѓа во гроздот.

8. Што ќе им направи Господ на оние што си ги уништуваат сопствените тела?

8. Што ќе им направи Господ на оние што си ги уништуваат сопствените тела?

_____   Одговор
Забелешка:   Секаква состојка или нездрава навика која го уништува телото или го скратува животниот век мора да биде оставена. Постепеното самоубиство е сепак самоубиство. Овде секако се вклучени штетните дроги (како што е тутунот во секаква форма) и многу пијалоци кои ја содржат популарната но и високо штетната дрога наречена кофеин. Господ вели дека ќе ги уништи оние кои намерно им нанесуваат штета на своите телесни храмови.

9. Кои цицачи Господ им ги дозволува на луѓето за јадење?

9. Кои цицачи Господ им ги дозволува на луѓето за јадење?

_____   Одговор
Забелешка:   За да ги поедноставиме нештата, Господ сите живи суштества ги вброил во две категории: чисти и нечисти. Тој ни дозволува да ги јадеме чистите, но нечистите ги прогласил за непогодни во исхраната. Сите чисти цицачи имаат две карактеристиќи. Тие мора: (1) да имаат раздвоени копита, и (2) да се преживари. На пример свињата има раздвоени копита но не е преживар, па затоа е нечиста.

10. Кој вид на риба и морска храна е чиста?

10. Кој вид на риба и морска храна е чиста?

_____   Одговор
Забелешка:   Повеќето риби се чисти за јадење. Но има и исклучоци: јагулата, ајкулата, сомот и други. Сите морски суштества што немаат перки и лушпи се нечисти и не треба да се јадат. Како на пример: ракот, желката, жабата, школката и др.

11. Кои птици се нечисти?

11. Кои птици се нечисти?

_____   Одговор
Забелешка:   Листата запишана во Левит 11-та глава покажува дека птиците грабливки, мршојадците и оние кои јадат риба се нечисти. Но сепак, птиците кои се хранат со сточна храна како што се потполошката, кокошката и мисирката се чисти.

12. Дали законите за чисти и нечисти животни се дел од Мојсеевиот церемонијален закон, кој беше укинат на крстот?

12. Дали законите за чисти и нечисти животни се дел од Мојсеевиот церемонијален закон, кој беше укинат на крстот?

_____   Одговор
Забелешка:   Не, Божјите категории на чисти и нечисти животни постојат уште од создавањето. На Ное му било кажано да земе по седум од чистите а по две од нечистите животни. Ова се случило далеку пред Мојсеевиот закон.

13. Дали за Бога јадењето нечиста храна е сериозен прекршок.

13. Дали за Бога јадењето нечиста храна е сериозен прекршок.

_____   Одговор
Забелешка:   Да! Библијата е премногу јасна по ова прашање за да биде погрешно разбрана. При второто доаѓање, Господ ќе ги уништи оние кои знаат што бара Бог, а сепак јадат свинско и секаква друга нечиста храна.

14. Кое правило е добро основно правило за христијанинот?

14. Кое правило е добро основно правило за христијанинот?

_____   Одговор
Забелешка:   Воздржаноста или умереноста значи целосно избегнување на оние нешта што се штетни и умерено користење на нештата што се добри.

15. Дали библиските здравствени принципи се сеушта применливи и денес?

15. Дали библиските здравствени принципи се сеушта применливи и денес?

_____   Одговор
Забелешка:   Здравствените закони што Господ им ги дал на Својот народ пред илјадници години научно предначеле пред своето време. Дури во скорашниве години препознавме колку навистина се големи придобивките што тие ги нудат.

16. Дали луѓето ќе убиваат и ќе јадат животни на небото?

16. Дали луѓето ќе убиваат и ќе јадат животни на небото?

_____   Одговор
Забелешка:   Сè што Адам и Ева загубиле со појавата на гревот ќе биде обновено во новото Божјо царство, вклучувајќи ја и првобитната вегетаријанска исхрана. Нема да има колење или ждерење на животни на новата земја.

17. Како можам да направам промени во моето здравје и исхрана кои ќе бидат по Божја волја?

17. Како можам да направам промени во моето здравје и исхрана кои ќе бидат по Божја волја?

_____   Одговор
Забелешка:   Кога ќе одлучиме да ги послушаме Божјите здравствени закони, Тој ни дава нов дух кој ќе ни ја даде потребната сила за да живееме здрав живот (Јован 1:12).

18. Господ ги почестил Даниел и неговите пријатели за тоа што им биле послушни на Неговите здравствени закони, кои што се многу важен дел од христијанското живеење. Дали сакате да ги следите здравстве

18. Господ ги почестил Даниел и неговите пријатели за тоа што им биле послушни на Неговите здравствени закони, кои што се многу важен дел од христијанското живеење. Дали сакате да ги следите здравствените принципи од Божјата реч и да го предадете своето тело како свет храм каде што ќе може Светиот Дух да живее.

_____   Одговор