Get the daily devotional to your inbox
Looks good!
Please enter a valid email address.
Looks good!
Please confirm your email address.

Проверка на пророците

Проверка на пророцитеLesson 22

Ахав, злобниот израелски цар, сакал повторно да го освои Галатскиот Рамот од Арамејците. Но му била потребна помош, па затоа побарал од добриот јудејски цар Јосафат да и се придружи на неговата кампања против нивниот заеднички непријател. Јосафат рекол дека има желба да ги здружи силите со Ахав, но дека претходно треба да побараат совет од Господа.

Ахав се одрекол од Господа и со години наназад му служел на паганскиот бог Ваал, па затоа повикал 400 изнајмени пророци да дојдат пред двата цара. Во една драматична појава, овие лажни пророци рекле: „Оди и бори се со Арамејците, и ќе бидеш победник!“ Но царот Јосафат сакал да слушне што ќе каже вистински Божји пророк. Ахав му кажал дека има еден таков пророк чие име е Михеј, и додал: „...ама не го поднесувам, зашто не ми пророкува ништо добро, туку само зло.“ стих 8.

На инсистирање на Јосафат, Ахав неволно пратил слуга да го доведе Михеј. Храбриот пророк дошол и дал едно многу непопуларно предвидување. Му кажал на Ахав дека ќе загине во битката со Арамејците. Ахав се соочил со тешка одлука. Дали да им верува на 400 пророци кои му пророкувале добро или на единствениот Господов пророк?

Тврдоглавиот цар Ахав го наговорил Јосафат да ги занемари предупредувањата на пророкот Михеј и да му се приклучи во војната. Мислел дека ќе може да го надмудри Господа со тоа што ќе се облече во цела борбена опрема и ќе се држи настрана од првите борбени линии. Но Ахав премногу доцна научил дека никогаш не можеш да му побегнеш на Божјиот збор. За време на битката, стрела која летала низ просторот го погодила меѓу набраницата на појасот и оклопот, и тој искрварил до смрт во својата кочија.

Исус предупредил дека во последните дни ќе има многу лажни пророци (Матеј 24:11). Затоа ние мораме да знаеме како да го препознаеме вистинскиот од лажниот пророк. Тоа може да биде прашање на живот или смрт!
1. Кому Господ му ги открива Своите завршни планови?

1. Кому Господ му ги открива Своите завршни планови?

_____   Одговор
2. Дали во последните денови ќе има и вистински и лажни пророци?

2. Дали во последните денови ќе има и вистински и лажни пророци?

_____   Одговор
Забелешка:   Да, во последните денови ќе има и вистински и лажни пророци. Библијата уште учи и дека пророци можат да бидат и мажи и жени.

3. Кој вид на лажни пророци се посебно осудени во Библијата?

3. Кој вид на лажни пророци се посебно осудени во Библијата?

_____   Одговор
Забелешка:   Во Второзаконие 18:9-12 се вели дека сите оние што прават такви работи се „гад“ во Божјите очи. Од овие причини христијаните не треба да имаат ништо со тоа.

4. Дали Божјата црква на остатокот ќе има дар на пророштво?

4. Дали Божјата црква на остатокот ќе има дар на пророштво?

_____   Одговор
Забелешка:   Како што научивме во лекција 17, Божјата црква на остатокот го има „Исусовото сведоштво“, кое е „духот на пророштвото“. Ако ги споредиме Откровение 19:10 со Откровение 22:9, ќе видиме дека ангелот ги одредува Јовановите „браќа“ кои го имаат духот на пророштвото како „пророци“ и како „оние, кои ги пазат зборовите на оваа книга“. Во 1 Коринтјаните 1:5-8, Павле пишува дека црквата ќе го има „Христовото сведоштво„ и дека не е „во недостаток од ниеден дар“ се до второто Христово доаѓање. Значи Божјата црква на остатокот навистина и понатаму ќе го има дарот на пророштвото.

5. На каков начин Господ му се обраќа на вистинскиот пророк?

5. На каков начин Господ му се обраќа на вистинскиот пророк?

_____   Одговор
Забелешка:   Господ на Своите пророци им се обраќа во виденија, преку сон, лице в лице и преку ангели. Кристалните топки, читањето од дланка, набљудувањето на ѕвездите, тврдењето дека разговарате со мртви, не се Божји методи на комуникација со пророкот.

6. Дали чудата се јасен доказ дека некој е вистински пророк?

6. Дали чудата се јасен доказ дека некој е вистински пророк?

_____   Одговор
Забелешка:   Не, чудата не се доказ дека некој е вистински пророк. Тие докажуваат само едно нешто - натприродна сила. Но натприродната сила може да потекнува или од Бога или од сатаната. Затоа Господ ни вели: „Не верувајте му на секој дух, туку испитувајте ги духовите - дали се од Бога, зашто многу лажни пророци излегоа во светот.“ 1 Јованово 4:1.

7. Кој е најважниот тест за еден пророк?

7. Кој е најважниот тест за еден пророк?

_____   Одговор
Забелешка:   „Законот и сведоштвата“ е старозаветен израз за „Библијата“. Со други зборови, пораката на некој кој тврди дека има пророчки исказ од Господа мора да се спореди со Библијата. Мораме да го провериме пророкот со Библијата а не обратно. Секој вистински Божји пророк секогаш целосно ќе биде во согласност со Библијата. Ова е вистински тест.

8. Кој е вториот тест за тоа дали некој е вистински пророк?

8. Кој е вториот тест за тоа дали некој е вистински пророк?

_____   Одговор
Забелешка:   Божјиот пророк мора да ја признава и да ја учи вистината за Исуса Христа - дека Тој беше Бог во човечки облик. Вистинскиот пророк исто така треба да го велича Исуса, а не себе. Повеќето лажни пророци сакаат да го привлечат вниманието кон себе и сопствените идеи наместо кон Божјата реч.

9. Кој е третиот тест?

9. Кој е третиот тест?

_____   Одговор
Забелешка:   Ова не значи дека пророкот треба да биде совршен. Божјите пророци секогаш имале свои недостатоци. Но сепак, мора да постои доследност на она што пророците го учат со она што тие го живеат.

10. Кој е четвртиот тест?

10. Кој е четвртиот тест?

_____   Одговор
Забелешка:   Вистинскиот пророк нема да дава лажни претскажувања. Ако пророкот е од Бога, работите што тој или таа ги вели ќе се исполнат. Но, точноста сама по себе не ја квалификува автоматски личноста за пророк. Во Второзаконие 13:1-3 стои предупредување дека лажните пророци можат да изнесат знак или чудо кои ќе се исполнат а потоа ќе го искористат своето влијание да ги заведат луѓето да следат други богови. Вистинскиот пророк мора да ги води луѓето да му служат на Бога онака како што тоа Библијата го вели.

11. Кои три работи ги заповеда Павле во врска со пророштвата?

11. Кои три работи ги заповеда Павле во врска со пророштвата?

_____   Одговор
Забелешка:   Павле кажува дека не смееме да го презираме или отфрлиме дарот на пророштвото. Наместо тоа, ние мораме да ги проверуваме пророчките пораки со Библијата и да го прифаќаме и следиме она што е добро.

12. Чив совет отфрламе кога ги отфрламе зборовите на вистинскиот пророк?

12. Чив совет отфрламе кога ги отфрламе зборовите на вистинскиот пророк?

_____   Одговор
Забелешка:   Кога ги отфрламе зборовите на вистинскиот пророк, ние всушност го отфрламе Божјиот совет. Навистина сериозна мисла! Библијата ни вели да ги слушаме Божјите пророци и ветува дека сите оние кои ги следат советите на вистинскиот пророк ќе успеат.

2 Летописи 20:20 Верувајте Му на Господа, вашиот Бог, и бидете цврсти; верувајте им на пророците Негови и ќе имате успех.

13. Бидејќи Господ сеуште зборува преку пророци, и бидејќи зборовите на вистинскиот пророк се лично „Исусово сведоштво“ за вас, дали ќе сакате да ги проверите модерните пророци со Библијата и дали ќе

13. Бидејќи Господ сеуште зборува преку пророци, и бидејќи зборовите на вистинскиот пророк се лично „Исусово сведоштво“ за вас, дали ќе сакате да ги проверите модерните пророци со Библијата и дали ќе го следите советот на оние кои се во склад со Библијата?

_____   Одговор