Get the daily devotional to your inbox
Looks good!
Please enter a valid email address.
Looks good!
Please confirm your email address.

Глас од пустината

Глас од пустинатаLesson 21

Исус рекол: „Вистина ви велам, меѓу родените од жени не се подигнал поголем од Јована Крстител.“ Матеј 11:11. Што знаеме за овој пустиник за кого Исус вели дека е најголем од пророците?

Кога Јован започнал да проповеда во Јудејската пустина, доаѓале луѓе со километри оддалечени само да го слушнат овој моќен, бестрашен и понизен весник. Во сушта спротивност со религиозните лидери на тоа време, неговиот живот го одразувале светост и едноставност. Додека свештениците се облекувале во раскошна облека, Јован носел едноставна наметка од камилски влакна и кожен појас. Додека тие се гоштевале, Јован постел или пак јадел мешунки од рогач и див мед. Одбил да пие секакво вино или жесток пијалок, за да може да биде исполнет со Духот Божји (Лука 1:15). Наместо накитените синагоги, Јован ги избрал реките и карпестите долини за своја катедрала каде што ги изнесувал своите проповеди. Луѓето набргу почнале да се прашуваат: „Да не е овој Илија?“

Јован се облекувал како старозаветните пророци, но не бил реинкарнација на Илија. Ангелот Гаврило им објаснил на неговите родители уште пред да се роди дека „Тој ќе врви пред Него во Илиевиот дух и сила, ..... и да Му приготви на Господа совршени луѓе.” Лука 1:17.

Суштината на службата на Јован била таа дека тој ќе ја има истата сила на Светиот Дух како и Илија за да предизвика реформа меѓу Божјиот народ. Негова посебна работа била да проповеда покајание за гревот и да го подготви народот за Исусовото прво доаѓање.

Библијата вели дека во последните денови ќе постои цела армија на такви како Илија и Јован Крстител кои ќе ја вршат истата работа во подготвување на светот за Исусовото второ доаѓање. „Еве, ќе ви го испратам пророкот Илија, пред да дојде Господовиот Ден, ден голем и страшен.„ Малахија 4:5. (Види исто така Јоил 2:28-31.)
1. Која била една од тајните на Јовановиот продуховен живот?

1. Која била една од тајните на Јовановиот продуховен живот?

_____   Одговор
Забелешка:   Продуховениот живот на Јован бил исполнет со необична понизност. Постоела директна врска помеѓу Јовановата силна служба и неговата целосна преданост на Бога. Најголемата радост на Јован му била да ги упатува луѓето кон Исуса наместо кон себе. Сè што правел било наменето да го прослави Божјето име.

2. Дали Јован Крстител ја читал Библијата?

2. Дали Јован Крстител ја читал Библијата?

_____   Одговор
Забелешка:   Да! Јован цитира дел од Стариот завет како доказ дека имал солидно познавање на Библијата. Библијата исто така ни кажува дека Јован ги учел своите ученици да постат и да се молат често (Матеј 9:14). Ова е уште едно сведоштво за неговата голема љубов кон Бога. На истиот начин, преку наша лична посветеност и проучување на Библијата, можеме да се запознаеме и да го засакаме Господа и да примиме од Неговиот Дух.

3. Дали Јован Крстител сакал да сведочи за Исуса?

3. Дали Јован Крстител сакал да сведочи за Исуса?

_____   Одговор
Забелешка:   По природа Јован бил самотник (Лука 1:80). Па сепак бил спремен да го ризикува па дури и да го положи својот живот само за да ги насочи луѓето на Исуса како на Спасител на светот. На истиот начин, оние кои вистински го сакаат Господа ќе бидат спремни да се престрашат и со сигурност да сведочат за Исуса.

4. Дали директното проповедање на Јован било популарно помеѓу политичките и религиозните лидери?

4. Дали директното проповедање на Јован било популарно помеѓу политичките и религиозните лидери?

_____   Одговор
Забелешка:   Јован храбро зборувал против популарните гревови во тие денови кои биле застапени и кај религиозните лидери. Божјата порака за последното време за покајание и светост исто така нема да биде популарна помеѓу повеќето респектирани политички и црковни лидери, но ќе биде библиска.

5. Дали Библијата не одвраќа од носење накит и скапоцени облеки?

5. Дали Библијата не одвраќа од носење накит и скапоцени облеки?

_____   Одговор
Забелешка:   Да! Јован Крстител носел едноставна и скромна облека - добар пример за еден христијанин. Популарната, непристојна мода на денешницата во голема мера поттикнува искушенија и задолжувања. Господ немал намера да се облекуваме во облека која е прекумерно скапа, екстравагантна, односно наметливата облека не треба да биде дел од христијанската гардероба. Иако носењето накит е широко прифатено во светот, тоа е негативно претставено во Библијата. Можеби нема да можете да ги препознаете сите поединости споменати во Исаија 3:18-23, но луѓето во другите делови од светот можат. Многу од овие пагански орнаменти денес се присутни и во западната култура исто така.

6. Дали постоела некаква врска помеѓу Јовановиот продуховен живот и неговата едноставна диета?

6. Дали постоела некаква врска помеѓу Јовановиот продуховен живот и неговата едноставна диета?

_____   Одговор
Забелешка:   Христијаните треба целосно да абстинираат од сите ферментирани пијалоци со цел да ги одржат бистри своите умови и да можат да го слушнат Божјиот Дух (Пословици 23:31, 32; Авакум 2:15; 1 Петрово 5:8).

7. Зошто Бога е толку заинтересиран што јадеме и пиеме?

7. Зошто Бога е толку заинтересиран што јадеме и пиеме?

_____   Одговор
Забелешка:   Постои директна поврзаност помеѓу она што го јадеме или пиеме и нашата ментална бистрина, можноста да го отфрлиме искушението и капацитет да распознаеме што е добро а што не. Сè што прави еден христијанин - вклучувајќи го тука и она што го јаде и пие - треба да го прави на Божја слава (1 Коринтјаните 10:31).

8. Што вели Библијата за световното однесување?

8. Што вели Библијата за световното однесување?

_____   Одговор
Забелешка:   Господ ги повикува денес Своите да живеат живот за пример помагајќи им на другите да се подготват за второто Христово доаѓање.

9. За што треба да одлучи да размислува еден христијанин?

9. За што треба да одлучи да размислува еден христијанин?

_____   Одговор
Забелешка:   Јован Крстител им заповедал на луѓето да абстинираат од секакво насилство (Лука 3:14). За нас, ова би вклучувало гледање на насилство и во форма на забава. Исус учел дека гревовите на секс и насилство зачнуваат од мислите и однесувањето (Матеј 5:22, 28). Затоа, христијанинот треба да избегнува секакви Тв програми, видеа или материјали во пишана форма кои би можеле да наведат на нечисти мисли.

10. Каков вид на музика ќе му биде пријатна на вистинскиот христијанин?

10. Каков вид на музика ќе му биде пријатна на вистинскиот христијанин?

_____   Одговор
Забелешка:   Очигледно е дека поголемиот дел од популарната музика во светот не може да ни биде на духовна корист. Напротив, таа ја уништува нашата желба за небесните работи и често ја зајакнува пониската природа кај човекот. Како и да е, музиката може да биде неверојатна сила за добро. Кога царот Саул бил злоставуван од страна на злобниот дух, релаксирачката музика од Давидовата харфа го закрепнала и го изгонила злобното влијание.

11. Дали танцувањето е добра рекреација за еден христијанин?

11. Дали танцувањето е добра рекреација за еден христијанин?

_____   Одговор
Забелешка:   Поголемиот број популарни современи танци се поврзани со световна музика и имаат многу силен сексуален акцент. Скоро во секоја ситуација треба да се запрашаме: „Што би сторил Исус?“ Мислам дека сите ќе се сложиме дека нашиот Спасител не би го напуштил Својот разум за да почне да го ниша своето тело на ударот од некој луд ритам.

12. Дали христијанинот треба да игра лото или да се коцка?

12. Дали христијанинот треба да игра лото или да се коцка?

_____   Одговор
Забелешка:   Коцкањето може да биде исто толку заразно како и многу видови на дроги. Некои ги растураат целокупните семејни заштеди по казината или на ливчињата од државна лотарија. Повеќето од шемите „збогати се брзо“ се поврзани со претеран ризик, нефер цени и сомнителна етика.

13. Која треба да му биде целта на Божјиот народ денес?

13. Која треба да му биде целта на Божјиот народ денес?

_____   Одговор
Забелешка:   Не можете да живеете онака како што сакате и да бидете спасени. Ова е една од причините што Исус дојде на земјата - да ни даде пример на свет живот (1 Петрово 2:21).

14. Што е она што ја прави послушноста кон Бога лесна во начинот на живеење за кој дискутиравме во оваа лекција?

14. Што е она што ја прави послушноста кон Бога лесна во начинот на живеење за кој дискутиравме во оваа лекција?

_____   Одговор
15. Зошто христијанскиот живот е толку возвишен повик?

15. Зошто христијанскиот живот е толку возвишен повик?

_____   Одговор
Забелешка:   Како Христови амбасадори, христијаните навистина имаат возвишен повик! Јован Крстител помогнал луѓето да се подготват за Исусовото прво доаѓање, а Господ денес ги повикува Своите избраници да живеат свет живот и да им помогнат на луѓето да се подготват за второто Христово доаѓање.

16. Дали сакате да бидете посебен „глас од пустината“ и да сведочите преку свет живот за да ги подготвите другите за второто Христово доаѓање?

16. Дали сакате да бидете посебен „глас од пустината“ и да сведочите преку свет живот за да ги подготвите другите за второто Христово доаѓање?

_____   Одговор