Get the daily devotional to your inbox
Looks good!
Please enter a valid email address.
Looks good!
Please confirm your email address.

Дали Бог го создаде ѓаволот?

Дали Бог го создаде ѓаволот?Lesson 2

Повеќето луѓе во светот се измамени од еден зол гениј кој настојува да ги уништи нивните животи - брилијантен ум наречен ѓавол или сатана. Меѓутоа овој принц на темнината е нешто многу повеќе отколку што ти мислиш. Многумина велат дека тој е само митска фигура, меѓутоа Библијата кажува дека тој е вистински и дека измамува семејства, цркви а дури и нации за да ја зголеми тагата и болката. Ви ги презентираме восхитувачките факти за принцот на темнината и за тоа како ти можеш да го победиш.
Гревот потекнува од сатаната којшто исто така е наречен ѓавол.
Гревот потекнува од сатаната којшто исто така е наречен ѓавол.

1. Од кого потекнува гревот?

"Ѓаволот греши од почетокот." 1. Јован 3:8. "Таа стара змија, наречена ѓавол и сатана." Откровение 12:9.

Одговор:   Сатаната, кој уште се нарекува и ѓавол, е зачетникот на гревот. Без Библијата, зачетокот на злото би останало необјаснето.

Сатаната живеел на небесата кога згрешил. Неговото име било Луцифер, што значи “Утринска Ѕвезда” - светлоносец.
Сатаната живеел на небесата кога згрешил. Неговото име било Луцифер, што значи “Утринска Ѕвезда” - светлоносец.

2. Кое се викал сатаната пред да згреши? Каде живеел тој во тоа време?

"Како падна од небото, О Луцифер, сине на зората!" Исаија 14:12. Исус рече: "Го видов сатаната како молња како паѓа од небото." Лука 10:18. "Ти беше на Божјата света гора." Езекиел 28:14.

Одговор:   Неговото име било Луцифер, и тој живеел на небесата. Луцифер е симболизиран преку царот на Вавилон во Исаија 14 глава и како цар на Тир во Езекиел 28 глава.

Луцифер бил небесен ангел создаден од Бога. Тој бил совршен во мудроста и убавината и стоел веднаш до Божјиот престол.
Луцифер бил небесен ангел создаден од Бога. Тој бил совршен во мудроста и убавината и стоел веднаш до Божјиот престол.

3. Какво е потеклото на Луцифер? Каква одговорна положба имал тој? Како го опишува Библијата?

"Кога беше создаден." Езекиел 28:13, 15. "Ти беше помазан херувим за да засенуваш." Езекиел 28:14. "Ти си печат на совршенство, полнота на мудроста и совршен во убавината...твоите облеки беа украсени со секакви скапоцени камења...оној ден кога беше создаден, тие беа креирани, тапаните и кавалите твои....Ти беше совршен во патиштата свои, од денот кога беше создаден, се додека не се најде во тебе беззаконие." Езекиел 28:12-15.

Одговор:   Луцифер бил создаден од Бога, како и другите ангели (Ефесјаните 3:9) Луцифер бил херувим засолнувач или ангел. По еден голем ангел стои на левата и десната страна крај Божјиот престол. (Псалм 99:1) Луцифер бил еден од тие високо возвишени ангели водачи. Неговата убавина била беспрекорна и восхитувачка. Неговата мудрост била совршена. Неговата блескавост била извонредна. Езекиел 28:13 како да индицира дека неговото грло било посебно создадено за да од него направи извонреден музичар. Некои мислат дека тој бил водач на ангелскиот хор.

Сатаната сака да луѓето него да го обожуваат. Тој дури се обиде да го убеди Христа да му се поклони.
Сатаната сака да луѓето него да го обожуваат. Тој дури се обиде да го убеди Христа да му се поклони.

4. Што се случило во животот на Луцифер што го навело на грев? Каков богохулен грев тој извршил?

"Од убавината твоја се возгордеа срцето твое, заради богатството твое си ја загуби мудроста своја." Езекиел 28:17 "Затоа што си рече во срцето свое, ... ќе го воздигнам својот престол над ѕвездите Божји;...Јас ќе бидам сличен на Севишниот." Исаија 14:13,14.

Било што или било кој (освен Бог) што го зазема првото место во мојот живот, станува идол којшто јас го обожувам.
Било што или било кој (освен Бог) што го зазема првото место во мојот живот, станува идол којшто јас го обожувам.
Одговор:   Во неговиот живот се појавиле гордоста, завидливоста, незадоволството и самовоздигнувањето. Луцифер се обидел да го симне Бога од Неговиот престол и тогаш да побара сите други него да го обожуваат. Тоа е еден најлош вид на предавство.

Забелешка: Зошто обожувањето е така голема работа? Обожувањето е клучен фактор во борбата помеѓу Бога и сатаната. Луѓето беа создадени да бидат среќни и исполнети единствено кога ќе му служат само на Бога. Ние не треба да обожуваме ниту да му се поклонуваме дури и на еден небесен ангел. (Откровение 22:8,9). Сатаната барал обожување во почетокот. Векови подоцна кога го искушувал Христа во пустината, обожувањето било се уште централна тема (Матеј 4:8-11). Во овие последни денови, Бог ги повикува сите луѓе Нему да му се поклонуваат и го обожуваат. (Откровение 14:6, 7). Тоа толку го разбеснува сатаната така што тој ќе се обиде да ги присили луѓето да му служат нему или да бидат убиени. (Откровение 13:15).

Секој еден обожува нешто или некого:
Моќ, престиж, храна, задоволство, имот, нечие мислење, итн. Бог вели: "Немој да имаш други богови освен мене." Излез 20:3. Сè додека ние обожуваме нешто друго, а не Бога, Тој нас нè смета како да сме против Него (Матеј 12:30). Оваа вест е шокантна, но вистинита. Доколку нешто или некој друг освен Бог го зазема првото место во мојот живот, јас - можеби и несвесно, го обожувам сатаната. Дали Бог е на првото место во мојот живот или пак можеби јас несвесно го воздигам сатаната? Тоа е трезвено прашање, нели?

Незадоволството на Луцифер прерасна во отворена побуна против Бога. Една третина од небесните ангели му се придружија во неговиот обид да го урне Бога. Како последица, Луцифер и неговите следбеници беа исфрлени од небесата.
Незадоволството на Луцифер прерасна во отворена побуна против Бога. Една третина од небесните ангели му се придружија во неговиот обид да го урне Бога. Како последица, Луцифер и неговите следбеници беа исфрлени од небесата.

5. Што се случи на небото како резултат на побуната на Луцифер?

"И настана војна на небото; Михаел со своите ангели завојува против змевот. Змевот, пак, и неговите ангели завојуваа, но не одолеаја и не се најде веќе место за нив на небото. Така големиот змев, старата змија, наречен ѓавол и сатана, кој го заведува сиот свет, беше исфрлен; беше фрлен долу на земјата, заедно со неговите ангели." Откровение 12:7-9.

Одговор:   Луцифер доби подршка од една третина на ангелите (Откровение 12:3,4) и предизвика востание на небото. Бог немаше друг избор освен да го исфрли Луцифер и неговите ангели. Тоа беше најголемата битка која кога и да се водела. Целта на Луцифер беше да го узурпира престолот Божји дури ако тоа треба да води и до убиство (Јован 8:44). По своето паѓање од небото, Луцифер беше наречен сатана (непријател) и ѓавол (клеветник), а неговите ангели беа наречени демони.

Центарот на сатаната е на земјата. Тој ги мрази луѓето и има цел да го повреди Бог уништувајќи те тебе.
Центарот на сатаната е на земјата. Тој ги мрази луѓето и има цел да го повреди Бог уништувајќи те тебе.

6. Каде е сегашната престолнина на сатаната? Што чувствува тој кон луѓето?

"Господ му рече на сатаната: Од каде доаѓаш? А сатаната му одговори на Господа и рече: Одев по земјата и ја обиколив." Јов 2:2 "Тешко вам, на земјата и морето, зашто ѓаволот слезе кај вас со голем гнев, знаејќи дека има малку време." Откровение 12:12 "Вашиот непријател ѓаволот рика како лут лав барајќи некого да го проголта." 1. Петрово 5:8.

Одговор:   Спротивно на популарното мислење, сатанската престолнина е на земјата, а не во пеколот. Бог на Адам и Ева им даде власт над земјата (Битие 1:26). Кога тие згрешија, тие ја загубија и сатаната ја презеде таа власт и стана владетел или кнез на оваа земја (Јован 12:31). Сатаната огорчено ги мрази луѓето, кои што се создадени според Божјиот лик. Тој не може да се допре до Бога, така што неговата злоба е насочена против луѓето коишто се Божји деца. Тој е убиец полн со омраза и злоба, чија цел е да те уништи тебе и така му нанесе болка на Бога.

Адам и Ева не требале да јадат од дрвото за познавање на доброто и злото заради смртната казна.
Адам и Ева не требале да јадат од дрвото за познавање на доброто и злото заради смртната казна.

7. Кога Господ ги создаде Адам и Ева, што им забрани Тој да чинат? Каква беше казната за непослушност?

"Од секое дрво во градината можеш да јадеш, освен од дрвото за познавање на доброто и на злото; од него не јади; зашто во оној ден кога ќе вкусиш од него, ќе умреш." Битие 2:17.

Одговор:   Тие не требале да јадат од дрвото за познавање на доброто и злото. Казната за тој престап била смрт.

Сатаната зема облик на змија која зборува и ја убедил Ева да јаде од забранетиот плод.
Сатаната зема облик на змија која зборува и ја убедил Ева да јаде од забранетиот плод.

8. Каков медиум употребил сатаната за да ја измами Ева? Кои лаги сатаната и ги кажал неа?

"Но змијата беше полукава од сите полски ѕверови, што ги создаде Господ Бог; па и рече на жената: "Вистина ли е дека Бог рекол да не јадете од ниедно дрво во рајот?" "Тогаш змијата и рече на жената: "Не, вие нема да умрете! Бог знае оти оној ден кога ќе вкусите од него, ќе ви се отворат очите, па ќе станете како богови и ќе знаете што е добро, а што зло." (Битие 3:1,4, 5)

Одговор:   Сатаната ја употреби змијата; најмудрото, најнеодоливото животно кое Бог го создал за да ја измами Ева. Некои мислат дека змијата на почетокот имала крилја и можела да лета (Исаија 14:29; 30:6). Имај на ум дека таа не ползела сè додека Бог не ја проколна (Битие 3:14). Лагите на сатаната биле: (1) нема да умрете и (2) јадењето на плодот ќе ве направи мудри. Сатаната, кој го измислил лажењето (Јован 8:44), лагите кои и ги рекол на Ева ги помешал со вистина. Лагите во коишто има малку вистина се најефективни. Вистина била дека тие ќе го познаат злото откако ќе згрешат. Од љубов, Бог од нив го отргнал познавањето на големите болки, тагата, страдањето и смртта. Сатаната како што тоа го прави и денес чини знаењето за злото да биде примамливо. Сатаната кажал лаги за погрешно да го претстави Божјиот карактер, затоа што знаел дека никој нема да се тргне настрана од Бог полн со таква љубов, освен ако погрешно го разбере Неговиот карактер.

Јадењето на забранетиот плод направи Адам и Ева да стапат во сојуз со сатаната, Божјиот огорчлив непријател.
Јадењето на забранетиот плод направи Адам и Ева да стапат во сојуз со сатаната, Божјиот огорчлив непријател.

9. Дали јадењето на плодот било толку лоша работа? Зошто Адам и Ева биле отстранети од градината?

"Оној кој знае да чини добро, а не го чини, за него тоа е грев." Јаков 4:17. "Гревот претставува прекршување на законот." 1. Јован 3:4. "Оној кој чини грев е од ѓаволот." 1. Јован 3:8 "И рече Господ Бог: 'Ете, Адам стана како еден од Нас, знаејќи што е добро и што е зло; но сега да не ја испружи раката своја и да земе од дрвото на животот, и да вкуси, па да заживее вечно!' Откако, пак, го изгони Адам, постави на исток пред градината Едем херувим и огнено оружје, кое се вртеше околу, за да го пазат патот кон дрвото на животот." Битие 3:22, 24.

Одговор:   Да, јадењето на плодот било грев, затоа што значело директно отфрлање на едно од малкуте Божји барања. Тоа претставувало отворена побуна против Божјиот закон и авторитет. Отфрлувајќи една од Божјите заповеди, Адам и Ева стапиле во сојуз со сатаната, Божјиот непријател и така донеле одвоеност помеѓу себе и Бога (Исаија 59:2). Сатаната се надевал дека двојката ќе згреши и потоа јаде од дрвото на животот, и така ќе станат бесмртни грешници. Меѓутоа Бог ги отстранил од градината за да одбегне една таква трагедија.


10. Какви восхитувачки факти Библијата открива за методите на сатаната да повреди, измами, обесхрабри и уништи луѓе?

Одговор:   Сатаната се користи со секој можен пристап за да измами и уништи луѓе. Неговите демони можат да се појавуваат како праведни луѓе, а дури и светители. А и сатаната ќе се појави како славен ангел на светлината со сила да симнува оган од небото. Тој ќе го имитира Христа. Меѓутоа ти си предупреден, затоа немој да паднеш на тоа. Кога Исус ќе дојде, секое око ќе го види Него (Откровение 1:7). Тој ќе остане на облаците и нема да се допре до земјата. (1 Солунјаните 4:17).


Библијата вели дека сатаната:
Измамува/прогонува
Откровение 12:9, 13
Цитира/погрешно цитира Библија
Maтеј 4:5, 6
Лажно обвинува/убива
Откровение 12:10 Joван 8:44
Фаќа во стапици/намамува
2. Tимотеј 2:26 1. Петрово 5:8
Војува против Божјиот народ
Откровение 12:17
Врзува/наведува на предавство
Лука 13:16 Joван 13:2, 21
Затвора
Откровение 2:10
Опседнува/попречува
Лука 22:3-5 1. Солунјаните 2:18
Чини чуда/лаже
Откровение 16:13, 14 Joван 8:44
Се појавува како ангел на светлината
2. Коринтјаните 11:13-15
Нанесува болест/задава болка
Joв 2:7
Неговите демони се појавуваат како пастори
2. Коринтјаните 11:13-15
Клевети
"Ѓавол" значи "клеветник"
Симнува оган од небото
Откровение 13:13

Сатанската измамничка сила во последното време ќе биде толку голема така што скоро целиот свет ќе го следи него.
Сатанската измамничка сила во последното време ќе биде толку голема така што скоро целиот свет ќе го следи него.

11. Колку силни и влијателни се искушенијата и стратегиите на сатаната?

Тој ги убедил: Една третина од ангелите (Откровение 12:3-9); Адам и Ева (Битие 3); сите луѓе освен осуммина во времето на Ное (1. Петар 3:20). Тој ќе причини загубените да се чувствуваат спасени (Матеј 7:21-23). Скоро целиот свет ќе го следи него (Откровение 13:3). Малкумина ќе бидат спасени (Матеј 7:14, 22:14).

Одговор:   Сатанската статистика за успех е толку голема што е скоро неверојатна. Тој измамил една третина од ангелите.. Во деновите на Ное, сите освен осуммина луѓе биле измамени. Пред Исус да дојде по втор пат, сатаната ќе се појави како ангел, претставувајќи се како Христос. Неговата измамничка сила ќе биде толку голема така што наша единствена безбедност ќе биде да одбиваме да одиме и го видиме (Матеј 24:23-26). Доколку ти одбиеш да го видиш и слушнеш, Исус ќе те спаси од измамата (Јован 10:29).

На крајот на светот, сатаната ќе биде фрлен во огненото езеро, кое него ќе го претвори во пепел и ќе го згасне неговото постоење за вечноста.
На крајот на светот, сатаната ќе биде фрлен во огненото езеро, кое него ќе го претвори во пепел и ќе го згасне неговото постоење за вечноста.

12. Кога и каде ѓаволот ќе ја прими својата казна? Каква ќе биде таа казна?

"Така ќе биде, така ќе биде и при крајот на времето. Синот Човечки ќе ги испрати Своите ангели. Тие ќе го соберат од Неговото царство сето она што наведува на грев и оние кои вршат беззаконие и ќе ги фрлат во огнената печка;" Матеј 13:40-42 "И ѓаволот којшто ги мамеше беше фрлен во езерото од оган и сулфур." Откровение 20:10. "Одете од Мене, вие проколнати, во вечен оган приготвен за ѓаволот и неговите ангели." Матеј 25:41 "И Јас ќе пуштам оган пред тебе, што ќе те проголта; и Јас ќе те претворам во пепел на земјата пред очите на сите, што ќе те видат... и нема да те има повеќе." Езекиел 28:18,19.

Одговор:   Ѓаволот ќе биде фрлен во огненото езеро на оваа земја на крајот на светот. Огнот ќе го проголта сатаната, ќе го претвори во пепел, и неговото постоење ќе престане за вечноста. Огнот исто така ќе ги уништи сите грешници. Во оваа завршница, ниту едно битие на Божја страна нема да умре, а ниту едно битие на страната на сатаната нема да преживее.

Забелешка: Не е возможно соодветно да се опише болката и агонијата која Таткото и Синот ќе ја чувствуваат при уништувањето на сатаната. Тој бил поблизок до нив од кое и да е друго битие -топол, близок пријател. Да го уништи него и милионите кои го следат ќе предизвика болка за Таткото и Синот повеќе од што огнот ќе може да му нанесе болка на некого во тој момент.

Божјиот народ во рајот ќе бидат засекогаш безбедни од гревот. Тој никогаш повторно нема да се појави.
Божјиот народ во рајот ќе бидат засекогаш безбедни од гревот. Тој никогаш повторно нема да се појави.

13. Што е тоа што засекогаш го решава проблемот со гревот? Дали гревот некогаш пак повторно ќе се појави?

"Како што Јас живеам, вели Господ, пред Мене ќе клекне секое колено; и секој јазик ќе Го признае Бога." Римјаните 4:11 (Види исто Филипјаните 2:10,11; Исаија 45:23). "Неволјата нема да се подигне по втор пат." Наум 1:9.

Одговор:   Две клучни нешта ќе го решат проблемот со гревот:

Прво, Сите битија на земјата и небото, вклучувајќи го и ѓаволот и неговите ангели, од своја волја ќе се поклонат и јавно ќе признаат дека Бог е вистинит, фер и праведен. Ниту едно прашање нема да остане неодговорено. Сите грешници јавно ќе признаат дека се загубени затоа што одбиле да ја прифатат Божјата љубов и Неговото спасение. Тие ќе признаат дека правдата бара тие да умрат. Сите ќе признаат дека заслужуваат вечна смрт.

Второ, Гревот ќе биде очистен од вселената со целосно и завршно уништување на гревот, грешниците, ѓаволот и неговите ангели. Бог е категоричен во овој случај: Гревот нема да се подигне повторно да ја расипува Божјата вселена.

Исус стори уништувањето на гревот да биде извесно.
Исус стори уништувањето на гревот да биде извесно.

14. Кој стори, завршното, целосно искоренување на гревот од вселената да биде извесно?

"За таа цел Синот Божји се јави, за да може да ги уништи делата ѓаволски." 1. Јованово 3:8. "Бидејќи, пак, децата имаат учество во телото и крвта, така и Самиот Тој зеде учество во тоа, та со смртта да го обессили оној кој ја имаше власта над смртта, односно ѓаволот." Евреите 2:14.

Одговор:   Преку Својот живот, смрт и воскресение, Исус стори искоренувањето на гревот да биде извесно.

Бог, нашиот Татко, нè сака повеќе отколку што било кој земски татко може да ги сака своите деца. Тој одвај чека да не прими во Неговото ново царство.
Бог, нашиот Татко, нè сака повеќе отколку што било кој земски татко може да ги сака своите деца. Тој одвај чека да не прими во Неговото ново царство.

15. Што чувствува Бог Таткото за луѓето?

"Самиот Татко ве љуби." Joван 16:27. (Види исто Јован 3:16; 17:22, 23.)

Одговор:   Таткото ги сака луѓето како што тоа го прави и Синот. Главната цел на Христовиот живот била да го демонстрира карактерот на Својот Татко во Својот живот, така што луѓето да можат да знаат дека Тој е полн со љубов, топол татко кој се грижи, каков што Тој навистина и е. (Јован 5:19).

Сатаната погрешно го претставува Таткото.
Сатаната погрешно го претставува Таткото како нечувствителен, далечен, кој бара многу, кој е суров и недостапен (карактеристиките на ѓаволот). Тој дури и своите грди, штетни дела ги обележува како "дела Божји." Исус дошол да ја отстрани таа клевета од името на Неговиот Татко и да покаже дека нашиот небесен Татко нè сака повеќе отколку што мајката може да го сака своето дете (Исаија 49:15). Омилената Христова тема била Божјото трпение, нежност и обилна милост.

Таткото одвај чека
Со цел да ги направи луѓето многу среќни, нашиот небесен Татко има приготвено прекрасен вечен дом за нив. Нашите соништа не можат дури ни да го достигнат тоа! Тој одвај чека да му пружи добредојде на Својот народ во тој ден. Да им го кажеме тоа на оние што не знаат! А и да бидеме подготвени, одбројувањето веќе е започнато.


16. Ми причинува задоволство да знам дека Бог Таткото ме сака онолку колку што и Христос.

Одговор:   


Твоите Прашања Одговорени


1. Дали плодот што Адам и Ева го јаделе било јаболко?


Ние не знаеме. Библијата не го кажува тоа.

2. Од каде потекнува концептот дека ѓаволот е црвен, половина човек и половина ѕвер со рогови и опашка?


Тоа потекнува од паганската митологија и тоа му одговара на ѓаволот. Тој знае дека луѓето ги отфрлаат монструмите како бајка и тоа ќе води кон тоа, луѓето да го негираат неговото постоење. Оние што не веруваат дека постои ѓавол, се првите кои ќе бидат измамени од неговите итрини.

3. Бог им рекол на Адам и Ева дека во оној ден кога ќе вкусат од плодот ќе умрат. Зошто тие не умреле тој ден?


Библијата зборува за два вида на смрт:

(1) Првата смрт е онаа со која сите умираме (Евреите 9:27).

(2) Втората смрт ќе ја доживеат злите во огненото езеро на крајот на времето (Откровение 21:8). Разликата е во тоа што не постои воскресение по втората смрт. Таа е вечна.

Исус умре со втората смрт за секој човек
Кога Адам и Ева згрешиле, тие веднаш би умреле со втората смрт ако не беше фактот дека Исус зачекорил напред и се понудил себеси да умре со втората смрт на Голгота за секоја личност. Неговата возвишена жртва ги поштедила (Евреите 2:9).

Кога Адам згрешил, неговата бесмртна природа станала подложна на умирање.
Што се однесува до првата смрт, буквалното значење на зборот "умреш" во Битие 2:17 значи "умирајќи ќе умреш," што може да се забележи во маргините на повеќето Библии. Тоа значи дека кај Адам и Ева ќе започне процесот на умирање. Пред да згреши, двојката поседувала природа која не умирала, природа која не ги водела кон грев. Оваа природа била овековечувана со јадењето од плодот на дрвото на животот. Во моментот кога згрешиле, нивната природа се променила во смртна, грешна природа. Тоа е она што Бог го претскажал. Заради тоа што им бил забранет пристапот кон дрвото на животот, веднаш започнало распаѓање што ги водело кон смрт. Гробот станал извесност. Подоцна, Господ го нагласил тоа, кога им рекол: "Од прав си и во прав ќе се вратиш." Битие 3:19.

4. Заради тоа што Господ го создал Луцифер, не ли е Тој всушност одговорен за неговиот грев?


Не, воопшто. Бог го создал Луцифер како совршен, безгрешен ангел. Луцифер самиот од себе станал ѓавол. Слободата на изборот е аголен камен принцип на Божјото владеење. Бог знаел дека Луцифер ќе згреши и пред неговото создавање. Доколку во тој момент Бог одбил да го создаде, Тој би се одрекол од тој главен принцип на слободен избор.

"Слобода на изборот" е Божјиот начин на раководење
Така, знаејќи што би направил Луцифер, Бог сепак го создал. Истите факти важат и за создавањето на Адам и Ева. А, да дојдеме и поблиску, истото важи за мене и тебе. Бог знаеше уште и пред да се родиме како ќе живееме, но сепак Тој дозволил да живееме и да се одлучиме за Неговото или сатанското владеење. Бог е волен да биде погрешно разбран или лажно обвинет со векови, додека тој дозволува секоја личност самата да одлучи кого ќе го следи.

Само еден Бог полн со љубов би ризикувал да даде целосна слобода на сите
Овој важен дар на слободата може да дојде само од праведен, отворен и полн со љубов Бог.

Одлучи да му служиш на Бога.
Проблемот со гревот наскоро ќе заврши. Во почетокот сè беше "многу добро." Битие 1:31. Сега целиот свет лежи во зло (1. Јован 5:19). Низ целиот свет луѓето се одлучуваат да му служат на Бога или сатаната. Употреби ја својата фантастична од Бога дадена слобода да одлучиш да му служиш на Господа.

5. Зошто Бог не го уништил ѓаволот кога тој згрешил и така да го реши проблемот со гревот?


Затоа што гревот е нешто сосема ново во Божјата вселена и нејзините жители не го разбирале тоа. Најверојатно и самиот Луцифер не го разбирал тоа на почетокот. Тој бил брилијантен, високо почитуван ангел водач. Неговиот пристап без сомнеж беше од голем интерес за небото и ангелите. Веројатно звучело вака: "Небото е добро, меѓутоа може да се подобри доколку повеќе се вклучени ангелите. Премногу непредизвикан авторитет (каков што Отецот и Синот имаат) тежнее да ги заслепи водачите за вистинскиот живот. Од ангелите не треба да се бара да извршуваат наредби. Ние треба да даваме наредби. Бог знае дека моите сугестии се точни, и Тој смета дека му се има закането. Ние не треба да дозволиме нашите благородни водачи кои не знаат што се случува да го изложат на опасност постоењето на небото. Тие ќе не слушаат доколку се раздвижиме едногласно. Ние не смееме да бидеме слаби ние мора да делуваме. Во спротивно ние сите ќе бидеме упропастени од влада која што не нè вреднува."

Една третина од ангелите му се придружиле на Луцифер
Аргументите на Луцифер убедиле многу ангели и една третина му се придружиле. Доколку Бог го уништил Луцифер веднаш, некои од ангелите кои не го разбирале целосно Божјиот карактер ќе почнеле да му служат на Бога од страв велејќи: "Можеби Луцифер беше во право. Бидете внимателни. Доколку се разидувате од Бога, Тој може да ве убие." Така ништо не можело да се реши. Наместо да биде решен, проблемот би бил направен уште поголем.

Бог прифаќа само доброволна служба полна со љубов
Единствена служба што е прифатлива за Бога е радосна, доброволна служба потикната од љубов. Послушност од било која друга причина е неприфатлива.

Бог му дава на сатаната време да ги демонстрира своите принципи.
Сатаната тврдел дека има подобар план за владеење со вселената. Бог му дава нему време да ги демонстрира своите принципи. Господ ќе го уништи гревот само тогаш откако секоја душа во вселената ќе биде уверена дека сатанското владеење е нефер, полно со омраза, безмилосно, со лаги и уништувачко.

Вселената го набљудува овој свет
Библијата вели: "Ние сме гледиште за светот, за ангелите и за луѓето." 1. Коринтјаните 4:9. Целата вселена нè набљудува како што ние сме вовлечени во големата борба помеѓу Христа и сатаната. Оние што ќе одберат да стапат во сојуз со гревот и сатаната, ќе бидат уништени заедно со него, а Божјиот народ ќе биде земен на вечна сигурност во нивниот небесен дом.

Квиз прашања



1. Во чие срце се роди гревот (злото)? (1)

_____   Михаил.
_____   Луцифер.
_____   Гаврил.

2. Каде живеел Луцифер кога првпат згрешил? (1)

_____   На земјата.
_____   На небесата.
_____   На северната ѕвезда.

3. Со кои од карактеристиките е опишан Луцифер: (6)

_____   Создаден ангел.
_____   Полн со мудрост.
_____   Јавал небесен бел коњ.
_____   Совршен на сите свои патишта.
_____   Чувар на небесната порта.
_____   Извонреден музичар.
_____   Совршен во убавината.
_____   Херувим засолнувач.

4. Кои од следните нешта се вистина за бунтот на Луцифер: (5)

_____   Тој беше исфрлен од небесата.
_____   Тој се покаја и остана на небесата.
_____   Тој се сокри во палатата.
_____   Неговото име стана сатана.
_____   Тој беше првиот грешник.
_____   Исус го виде како е исфрлен од небесата.
_____   Една третина од ангелите паднаа заедно со него.

5. Што посакувал Луцифер? (2)

_____   Да биде обожуван.
_____   Да го симне Бог од Неговиот престол и да го превземе Неговото место.
_____   Да лета низ целата вселена.

6. Кои од следните нешта се точни за Луцифер, ѓаволот: (4)

_____   Тој е црвен и има рогови.
_____   Неговиот дом е пеколот.
_____   Тој ги сака луѓето.
_____   Тој може да се појави како небесен ангел.
_____   Тој не може да прави чуда.
_____   Тој е лажец и убиец.
_____   Тој може да симнува оган од небото.
_____   Повеќето луѓе ќе го следат него и ќе бидат загубени.

7. Кои нешта се точни за падот на Адам и Ева? (3)

_____   Сатаната им се појавил како ангел.
_____   Сатаната го нарече Бога лажец.
_____   Ние знаеме дека сатаната им дал јаболки.
_____   Сатаната му пришол прво на Адам.
_____   Сатаната се надевал дека тие ќе станат бесмртни грешници.
_____   Искушувајќи ги, сатаната помешал вистина и лага.

8. Што е точно за завршната казна за сатаната? (4)

_____   Тој ќе биде претворен во пепел после огнот.
_____   Неговите ангели ќе ја одбегнат казната.
_____   Огнот ќе биде на небото.
_____   Сатаната и неговите ангели ќе признаат дека погрешиле.
_____   Огнот ќе го уништи гревот и грешниците.
_____   Сатаната ќе ја признае Божјата правда.

9. Зошто Бог не го унуштил Луцифер кога тој згрешил? (4)

_____   Ангелите тоа можеле да го разберат погрешно.
_____   Некои би можеле да се плашат од Бога после тоа.
_____   Луцифер беше премногу силен за Бога.
_____   Добрите ангели не би Му дале да го стори тоа.
_____   Беше потребно време за да се демонстрира планот на сатаната.
_____   Беше потребно време за да се оправда Божјиот план.

10. Кое едно нешто ќе ја оправда Божјата влада на крајот? (1)

_____   Бог ќе изврши некои чуда.
_____   Секоја душа во вселената ќе падне на колена, признавајќи ја Божјата љубов и правда.
_____   Небесните ангели ќе побараат од сите да му служат на Бога.

11. Кои од следните факти се точни за гревот (злото)? (5)

_____   Исус стори уништувањето на гревот да биде извесно.
_____   Гревот претставува кршење на Божјиот закон.
_____   Гревот нè одвојува од Бога.
_____   Гревот е лесно да се победи.
_____   Сатаната го измислил лажењето.
_____   Еднаш уништен, гревот нема никогаш повторно да се јави.

12. Кои од следните нешта се точни? (5)

_____   Сатаната му ги препишува своите атрибути на Бога.
_____   Бог нè сака нас повеќе дури и од нашите родители.
_____   Таканаречените "дела Божји" се всушност дела сатански.
_____   Исусовиот живот го откри Божјиот карактер.
_____   Бог Таткото е суров.
_____   Поголемиот број на луѓе имаат погрешно разбирање за Бога.