Get the daily devotional to your inbox
Looks good!
Please enter a valid email address.
Looks good!
Please confirm your email address.

Чистење на храмот

Чистење на храмотLesson 16

Исус бил видно разжалостен кога влегол во предворјето на храмот и го видел метежот. Буквално на секоја страна можел да види торови преполни со животни и можел да ги слушне трговците како викаат и како се пазарат за повисока цена со посетителите. Гукањето на гулабите, блеењето на јагнињата и мукањето на телињата се мешале сите заедно со смрдеата и формирале заеднички хаос.

Овој џумбус никогаш не бил по Божја замисла. Кога Соломон го градел првиот храм во Ерусалим, имало таков респект кон Божјиот дом што дури ни звук од чекан не можел да се слушне за време на изградбата. Сите камења и штици биле претходно подготвени на друго место, а потоа биле донесени на градилиштето и во најголема тишина биле составувани (1 Цареви 6:7).

Исус нашол неколку канапи кои се користеле за врзување на стоката и ги изврзал во мал камшик. Тогаш Божјиот Син повикал со силен глас: „Однесете го тоа оттука! Не правете трговска куќа од Домот на Мојот Татко!“ Јован 2:16. „Напишано е: Мојот Дом ќе биде наречен Дом На Молитва, а вие го направивте разбојничка пештера.“ Матеј 21:13. Одејќи од едниот крај до другиот, Тој ги ослободил животните и ги испревртел масите на менувачите на пари.

Кога почувствувале дека се наоѓаат во присуство на Семоќниот, преплашените трговци избегале од предворјето на храмот не обѕрнувајќи се наназад. Исус сакал повеќе од сè луѓето да имаат јасно разбирање за љубовта и уредноста на Неговиот небесен Татко. Токму од тие причини Неговото срце било скршено кога видел дека светиот храм се претворил во трговска куќа.

Многу години порано, пророкот Даниел претскажал едно друго време кога храмот ќе биде осквернат, Божјата вистина ќе биде искривена а Неговиот народ угнетуван. И уште еднаш Господ ќе дојде да си го очисти Своето светилиште.
1. Даниел добил неверојатна визија во која видел овен со два рога (Даниел 8:1-4). Кого го претставува овој овен?

1. Даниел добил неверојатна визија во која видел овен со два рога (Даниел 8:1-4). Кого го претставува овој овен?

_____   Одговор
2. Потоа Даниел видел јарец со голем рог помеѓу неговите очи. Што значи ова?

2. Потоа Даниел видел јарец со голем рог помеѓу неговите очи. Што значи ова?

_____   Одговор
Забелешка:   Јарецот го претставува Грчко-Македонското царство а големиот рог е симбол за неговиот прв владетел, Александар Македонски. Четирите рога ги претставуваат четирите генерала кои завладеале со делови од империјата по смртта на Александар.

3. Потоа од четирите рога изникнува едно мало рогче. Која сила ја претставува овој „мал рог“?

3. Потоа од четирите рога изникнува едно мало рогче. Која сила ја претставува овој „мал рог“?

_____   Одговор
Забелешка:   „Малиот рог“ што ги прогонувал Божјите избраници, осквернувал свети работи и застанал против Исус го претставува Рим - и паганскиот и папскиот. Рим е единствената сила што следела после Грчко-Македонското царство и станала многу голема.

4. На Даниел му било кажано дека малиот рог ќе го осквернува светилиштето. Колку долго ќе трае тоа додека не се очисти?

4. На Даниел му било кажано дека малиот рог ќе го осквернува светилиштето. Колку долго ќе трае тоа додека не се очисти?

_____   Одговор
Забелешка:   Овој период од 2300 дена е најдолгиот пророчки период во Библијата, но почетната точка се дава во следната глава - во Даниел 9:25.

5. Како реагирал Даниел кога видел дека малиот рог го прогонува Божјиот народ и ја замрачува вистината?

5. Како реагирал Даниел кога видел дека малиот рог го прогонува Божјиот народ и ја замрачува вистината?

_____   Одговор
Забелешка:   Даниел длабоко се растажил од она што допрва надоаѓало врз Божјиот народ што се онесвестил и бил болен некое време. Но на почетокот ниту Даниел ниту неговите другари не можеле да ја разберат визијата за 2300-те денови.

6. Во следната глава, ангелот детално го објаснува пророштвото. Колку долго траел периодот што претходно не бил објаснет во визијата?

6. Во следната глава, ангелот детално го објаснува пророштвото. Колку долго траел периодот што претходно не бил објаснет во визијата?

_____   Одговор
Забелешка:   Неколку години откако Даниел ја примил визијата, му дошол Господов ангел да му помогне во нејзиното разбирање. Ангелот додал дополнителни информации вклучувајќи 70 пророчки седмици кои биле „одредени“, а се однесувале за Евреите и градот Ерусалим. Господ и дал на својата избрана нација уште една шанса - 490 години можност да ја исполнат својата цел - да му го претстават Месијата на светот (Даниел 9:23, 24).

7. Која била почетната точка на пророштвата од 2300 денови и 70 седмици?

7. Која била почетната точка на пророштвата од 2300 денови и 70 седмици?

_____   Одговор
Забелешка:   Ангелот му рекол на Даниел да започне со пресметување на пророштвата за 2300 денови и 70 седмици од донесување на декретот за реизградба на Ерусалим. Во тоа време Божјиот народ бил под Персиско ропство. Декретот бил донесен во седмата година од царувањето на Артаксеркс, кој започнал да владее во 464 год. пр.н.е (Езра 7:7). Декретот на Артаксеркс во 457 год. пр.н.е бил единствениот кој се однесувал конкретно на реизградбата на Ерусалим.

8. Ангелот рекол, доколку пресметаме 69 седмици започнувајќи од 457 год. пр.н.е., ќе дојдеме до Кнезот Помазаник. Дали навистина било така?

8. Ангелот рекол, доколку пресметаме 69 седмици започнувајќи од 457 год. пр.н.е., ќе дојдеме до Кнезот Помазаник. Дали навистина било така?

_____   Одговор
Забелешка:   Да, било. Неверојатно чудо. Стотици години пред Исус да биде помазан со Свети Дух, настанот бил претскажан преку пророштво! „Месија“ е еврејски збор за „помазан“, а зборот „Христос“ го означува истото, но на грчки јазик. Во Лука 3:21, 22 ни се вели дека посебното помазание со Светиот Дух се случило за време на Неговото крштевање. Овде е клучот за разбирање! Во библиските пророштва, еден пророчки ден е еднаков на една буквална година (Броеви 14:34; Езекиел 4:6; Лука 13:32). Додавајќи 69 седмици или 483 пророчки дена (69 Х 7 = 483) на 457 год. пр.н.е. доаѓаме до 27 година после Христа.



483 години

+457 почетен датум

= 26 год. по Христа

+1 година за периодот од 1 год. пр.н.е. - 1 год. по Христа (немало нулта година)

= 27 год. по Христа



Исус својата месијанска служба ја започнал после Своето крштевање во 27 година, точно 483 години откако бил даден декретот во 457 год. пр.н.е. Поради тоа после крштевањето Исус започнал да проповеда: „Времето се исполни, и наближи Божјото Царство.“ Марко 1:15. Тој притоа мислел на пророчкото време од Даниел 9:25

9. Што е следното што требало да се случи според пророштвото?

9. Што е следното што требало да се случи според пророштвото?

_____   Одговор
Забелешка:   Пророштвото потоа предвидело дека Исус ќе биде „погубен“, односно распнат, во половината од последната седмица од пророштвото на 70 седмици. Сметајќи три и пол години од Неговото помазание кое се случило во 27-та година есента ќе дојдеме до 31-та година на пролет, кога точно Исус бил распнат. Во моментите кога умрел, завесата во храмот се расцепила на два дела одозгора па надолу (Матеј 27:50, 51), укажувајќи на тоа дека Исус ставил точка на жртвениот систем со Неговата смрт како Јагне Божјо. Ве молиме повторно погледнете го временскиот дијаграм погоре.

10. На која група на луѓе според заповедта на Исус требало најпрво да проповедаат учениците?

10. На која група на луѓе според заповедта на Исус требало најпрво да проповедаат учениците?

_____   Одговор
Забелешка:   Исус инсистирал Неговите ученици најнапред да им проповедаат на Евреите, затоа што ним им преостанувале уште три и пол години можност од 490-те години што им биле дадени за да го прифатат и да го прокламираат Месијата. Пророштвото во Даниел 9:27 вели дека Исус ќе го утврди заветот, односно големиот план на спасение, со мнозина за една пророчка седмица (седум буквални години). Но Исус бил распнат во средината на последната седмица која била одредена за Неговиот избран народ, па според тоа на кој начин можел да го утврди заветот со нив после Својата смрт? Одговорот може да се најде во Евреите 2:3, „Како ќе и избегаме ние, ако занемариме толкаво голема спасение, кое почна со Господовото проповедање, а кое е потврдено на нас од оние, кои го чуле.“ Исусовите ученици им проповедале на Евреите во последните три и пол години, се додека народот официјално не го отфрлил Евангелието во 34-та година кога праведниот ѓакон Стефан бил каменуван. (Погледнете го додатокот со наслов „Колебливата седмица“)

11. Какво предупредување му дал Исус на Својот народ?

11. Какво предупредување му дал Исус на Својот народ?

_____   Одговор
Забелешка:   Исус бил јасен дека специјалниот статус што го уживал еврејскиот народ ќе му биде одземен доколку луѓето упорно го отфрлаат Месијата.

12. Кој е тој друг „народ“ за кого зборува Исус во Матеј 21:43, што ќе стане Негов избран народ?

12. Кој е тој друг „народ“ за кого зборува Исус во Матеј 21:43, што ќе стане Негов избран народ?

_____   Одговор
Забелешка:   Од 34-та година со каменувањето на Стефан (Дела 7:58, 59), Израелскиот народ престанал да биде од Бога избран. Од причина што Израелците постојано го отфрлале Божјиот план за нив, тие не се повеќе во центарот на вниманието на пророштвата за последното време. Сега сите оние што го прифаќаат Исуса се Негов избран народ, а ветувањата што Бог му ги упатил на буквалниот Израел сега се однесуваат исто така и на духовниот Израел (Римјаните 9:6-8).

13. Според ангелот кој му се обратил на Даниел, што ќе се случи на крајот од 2300-те години?

13. Според ангелот кој му се обратил на Даниел, што ќе се случи на крајот од 2300-те години?

_____   Одговор
Забелешка:   Во 34-та година, остануваат 1810 години од пророштвото за 2300 денови. (Обрнете внимание на датумите на горниот дијаграм.) Ако додадеме 1810 години на 34-та година ќе дојдеме до 1844-та година. Ангелот кажал дека во тоа време, ќе биде очистено небесното светилиште. (Земното светилиште било уништено во 70-та година.) Исус, нашиот Првосвештеник на небото (Евреите 4:14-16; 8:1-5), започнал да го отстранува записот на гревот од небесното светилиште (Откровение 20:12; Дела 3:19-21) во 1844-та година. Оваа прва фаза на судот се нарекува предадвентен суд затоа што се одвива пред второто Христово доаѓање.

14. Чии случаеви се разгледуваат за време на предадвентниот суд?

14. Чии случаеви се разгледуваат за време на предадвентниот суд?

_____   Одговор
Забелешка:   Оваа прва фаза на судот ги опфаќа само ние што изјавуваат дека се Божји чеда.

15. Кои ќе бидат испитани во првата фаза на судот?

15. Кои ќе бидат испитани во првата фаза на судот?

_____   Одговор
Забелешка:   Доказите што се презентираат на судот се земаат од книгите што се чуваат на небото, а кои што ги содржат сите детали од животот на една личност. (Погледнете го исто така и Псалм 56:8.) Десетте заповеди, Божјиот Закон, е Неговиот стандард на судот (Откровение 22:14).

16. Дали Господ е мојот обвинител на судот?

16. Дали Господ е мојот обвинител на судот?

_____   Одговор
Забелешка:   Не! Сатаната е нашиот единствен обвинител. За жал, некои христијани мислат дека Исус се обидува да го убеди Таткото да не поштеди за време на судот , но Исус вели: „Зашто Самиот Татко ве љуби.“ Јован 16:27

17. Морам ли да бидам сам на предадвентниот суд?

17. Морам ли да бидам сам на предадвентниот суд?

_____   Одговор
Забелешка:   За среќа, не. На судот, Исус е адвокат, судија и сведок. Ако живеете за Христа, не можете да изгубите (Римјаните 8:1; Колосјаните 1:12-14)!

18. Доколку Исус е ваш адвокат на судот, Тој ви ветува дека ќе го добие вашиот случај. Дали ќе му го предадете животот уште денес?

18. Доколку Исус е ваш адвокат на судот, Тој ви ветува дека ќе го добие вашиот случај. Дали ќе му го предадете животот уште денес?

_____   Одговор
Дополнителен материјал за проучување