Get the daily devotional to your inbox
Looks good!
Please enter a valid email address.
Looks good!
Please confirm your email address.

Ангелски пораки од вселената.

Ангелски пораки од вселената.Lesson 16

Ангелите се вистински! Понекогаш наречени херувими или серафими, овие моќни службени духови се појавуваат низ целата библиска историја. Честопати се среќаваат како им помагаат и ги водат Божјите избраници, а понекогаш и како го казнуваат злото - но една од нивните најважни задачи е да ги откријат и разјаснат пророштвата. Дали знаете дека Бог испратил посебна порака преку своите ангели до вознемирените и притиснати луѓе во овој стресен свет? Во Откровение 14 глава, Бог ни открива застрашувачки пораки за последното време симболички претставени преку три ангела што летаат. Овие пораки се толку важни што веднаш по нивното исполнување, Исус се враќа! Оваа лекција ќе ви разјасни многу нешта, а во следните осум лекции ќе се запознаете и подетално околу содржината на овие пораки. Божјите пораки од Откровение 14 глава се лично за вас!
Книгата на Откровение го претставува Исуса на посебен начин.
Книгата на Откровение го претставува Исуса на посебен начин.

1. Зошто го проучуваме Откровението? Зар оваа книга не е запечатена?

Одговор:   Постојат шест основни причини зошто треба да се проучува Откровението:

A. Тоа никогаш не било запечатено (Откровение 22:10). Во книгата на Откровение е прикажана големата долговековна борба помеѓу Христа и сатаната, и неговата стратегија и планови што ги разработува посебно за во последните дни. Сатаната не може толку лесно да ги фати во стапица оние кои предвреме се запознаени со неговите измами и заблуди, токму затоа нему му одговара луѓето да веруваат дека Откровението е запечатено.

Б. Самото име "Откровение" значи "откривање", "отворање"целосно спротивно од запечатување. Тоа од секогаш е широко отворено.

В. Откровението е Исусова книга на еден посебен начин. Започнува со зборовите: "Откровението на Исус Христос". Дури дава и прекрасна слика за Него во Откровение 1:13-16. Ниту една друга книга во Библијата не го открива Исуса и Неговите совети за последните денови, плановите за Неговата работа и за работата на Неговиот народ како што тоа го прави Откровението.

Г. Откровението е пред сè напишано за луѓето што живеат во наши денови непосредно пред второто Христово доаѓање (Откровение 1:1-3 3:11 22:6,7,12,20).

Д. Посебен благослов е изречен над оние кои го читаат Откровението и ги слушаат советите напишани во него (Откровение 1:3 22:7).

Ѓ. Откровението го опишува Божјиот народ на последното време во неверојатно чисто светло. Просто ја оживува Библијата посебно тогаш кога ќе започнат да се случуваат последните настани опишани во Откровението. Исто така прецизно кажува што мора да проповеда Божјата црква во овие последни денови (Откровение 14:6-14). Оваа лекција ќе ви даде еден преглед на тоа проповедање за да можете да го препознаете кога ќе го слушнете.

Забелешка: Пред да продолжите со понатамошно проучување на оваа лекција ве молиме отворете ја својата Библија и прочитајте Откровение 14:6-14.

Бог користи ангели за да го симболизира проповедањето на Својата последна тројна порака.
Бог користи ангели за да го симболизира проповедањето на Својата последна тројна порака.

2. Господ и дал налог на Својата црква да го проповеда евангелието на секого (Марко 16:15). На кој начин Бог ја симболизира оваа света работа во книгата на Откровение?

"Видов и друг ангел како лета среде небото, кој имаше вечно Евангелие, за да им го проповеда на жителите на земјата... Дојде и втор ангел по него, велејќи... И трет ангел дојде по него, велејќи со силен глас..." Откровение 14:6-9.

Одговор:   Зборот "ангел" значи "весник", затоа е сосема на место што Бог користи три ангели за да го симболизира проповедањето на Своето евангелие за последните денови. Бог симболички користи ангели за да нè потсети дека објавата на овие пораки ќе биде пропратена со натприродна сила.

Последната Божја порака на надеж мора да му биде однесена на секој поединец на земјата.
Последната Божја порака на надеж мора да му биде однесена на секој поединец на земјата.

3. Кои две важни точки ни ги открива Откровение 14:6 во врска со Божјата порака за последното време?

"Видов и друг ангел како лета среде небото, кој имаше вечно Евангелие, за да им го проповеда на жителите на земјата, на секој народ, племе, јазик и род." Откровение 14:6.

Одговор:   Двете важни точки се: (1) дека станува збор за “вечното Евангелие” и (2) дека треба да им биде проповедано на сите жители на земјата. Тро-ангелската порака јасно покажува дека луѓето се спасуваат само со вера и прифаќање на Исуса (Дела 4:12 Марко 10:26,27). Бидејќи не постои друг начин на спасение, злобно е да се тврди дека сепак постои.

Сатански фалсификати
Покрај многуте сатански фалсификати, едни од најуспешните се: (1) спасение со дела, и (2) спасение во гревот. Овие два фалсификата се откриени во тројната ангелска порака. Мнозина несвесно, ги прифатиле овие погрешни учења и се обидуваат да го изградат своето спасение врз нивна основа, што е едноставно невозможно. Мораме исто така да споменеме дека никој во суштина вистински не го проповеда Христовото евангелие за последното време без да ја вклучи тројната ангелска вест.

Оние кои го почитуваат Бога ќе најдат вистинска радост во Неговата служба.
Оние кои го почитуваат Бога ќе најдат вистинска радост во Неговата служба.

4. Кои три јасно воочливи точки ги покрива првата ангелска вест?

"Тој изговори со силен глас: ‘Бојте се од Бога и подајте Му слава, зашто дојде часот на Неговиот суд, и поклонете Му се на Оној Кој ги создаде небото и земјата, морето и водните извори.’" Откровение 14:7.

Одговор:   A. Бој се од Бога. Ова значи дека треба да имаме почит кон Бога и да гледаме на Него со љубов, доверба, респект - желни да ги послушаме Неговите барања. Ваквиот став ќе нè штити од злото. "Со страв Господов зло се отстранува." Изреки 16:6. Мудриот Соломон исто така рекол: "Бој се од Бога и пази ги неговите заповеди, зашто тоа е сè за човекот." Проповедник 12:13.

Б. Подај му слава на Бога. Оваа заповед ја исполнуваме кога сме му послушни, го славиме и му благодариме на Бога за Неговата добрина кон нас. Еден од најголемите гревови на последното време е неблагодарноста (2. Тимотеј 3:1, 2).

В. Дојде часот на Неговиот суд. Ова значи дека секој е одговорен пред Господа и јасно вели дека судот се одвива сега (судот е веќе дојден).

Г. Поклонете му се на Создателот. Оваа заповед отфрла секакво идолопоклонство - вклучувајќи и служење на самиот себе - и целосно ја отфрла еволуцијата, којашто порекнува дека Бог е Создателот и Откупителот. (Многу современи книги и радио и ТВ емисии премногу внимание и даваат на самодостатноста, којашто води кон служење на самиот себеси. Самодостатноста на еден христијанин е во Христа, кој своите деца ги прави синови и ќерки на Небесното царство.)

Евангелието ги опфаќа создавањето и откупувањето на светот од страна на небесниот Бог. Служењето на Создателот значи да му се поклониме Нему на денот што Тој го поставил како потсетник на Неговото создавање (седмиот ден - сабота). Дека овој дел од стихот во Откровение 14:7 се однесува токму на саботата е јасно од фактот што зборовите ги создаде небото и земјата, морето и водните извори се земени токму од заповедта за саботата (Излез 20:11). Нашите вистински корени можат да се најдат само во Бога, Кој на почетокот нè создал во Негов лик. Оние кои не му служат на Бога како на Создател - без оглед на тоа на што друго му служат - нема да можат никогаш да ги откријат своите вистински корени.

Божјиот народ мора да излезе од Вавилон.
Божјиот народ мора да излезе од Вавилон.

5. Каква важна изјава дава втората ангелска вест во врска со Вавилон? Што му заповеда ангелот од Откровение 18 на Божјиот народ?

"Дојде и втор ангел по него, велејќи: Падна, падна големиот Вавилон." Откровение 14:8. "Потоа видов друг ангел како слегува од небото;... И извика со силен глас, велејќи: Падна, падна големиот Вавилон,...И чув друг глас од небото како вели: ‘Излези од неа, народе Мој.’" Откровение 18:1-4.

Одговор:   Вториот ангел со сета сериозност изјавува дека Вавилон падна, и дека гласот од небото бара Божјиот народ да излезе од Вавилон. Доколку не знаете што е Вавилон тогаш би можеле лесно да се најдете таму. Размислете за тоа. Дали е можно токму сега да се наоѓате во Вавилон?

Оние што ќе му се поклонат на ѕверот и ќе го примат неговиот жиг ќе бидат уништени од Бога.
Оние што ќе му се поклонат на ѕверот и ќе го примат неговиот жиг ќе бидат уништени од Бога.

6. Против што сериозно нè предупредува третата ангелска вест?

"И трет ангел дојде по него, велејќи со силен глас: "Ако некој му се поклони на ѕверот и на неговата икона, и прими белег на своето чело или на својата рака, и самиот ќе пие од виното на Божјиот гнев, што е неразредено во чашата на Неговата јарост, и ќе биде мачен со оган и сулфур пред светите ангели и пред Јагнето." Откровение 14:9,10.

Одговор:   Третата ангелска вест ги предупредува луѓето против поклонувањето на ѕверот и неговата икона и против примање на жигот на ѕверот на нивните чела или раце. Првиот ангел заповеда витинско поклонение, додека пак третиот ангел укажува на сериозните последици кои произлегуваат од лажното поклонение. Дали сте сигурни кој го претставува ѕверот? Што е неговиот знак? Доколку не сте сигурни кој е ѕверот и што е неговиот знак, тогаш би можеле несвесно да му служите нему.

Божјите светии од последните денови својата најголема радост ќе ја наоѓаат во творењето на Неговата волја.
Божјите светии од последните денови својата најголема радост ќе ја наоѓаат во творењето на Неговата волја.

7. Бог во Откровение 14:12 дава опис на Својот народ кој ќе ја прими и ќе ја следи тро-ангелската вест во четири точки. Кои се тие точки?

"Тука е трпението на светиите, тука се оние кои ги пазат Божјите заповеди и верата во Исуса." Откровение 14:12.

Одговор:   A. Тие се трпеливи, истрајни и верни до крај - некако тешко остварливо за денешнава генерација. Божјиот народ го открива Бога преку своето трпение и љубовта во своето однесување.

Б. Тие се свети, бидејќи се целосно на Божја страна.

В. Тие ги држат Божјите заповеди. Овој народ со задоволство ги држи Божјите Десет заповеди и сите други повелби дадени од Бога. Ним им е најважно да ја творат Неговата волја, затоа што го љубат (1. Јованово 3:22).

Г. Тие ја имаат Исусовата вера. Ова може исто така да биде преведено и како "вера во Исуса". И во двата случаја, Божјиот народ целосно го следи Исуса и целосно има доверба во Него.

Откако сите ќе ја слушнат Исусовата последна вест, Тој ќе се врати на земјата да си ги земе своите со Себе на небо.
Откако сите ќе ја слушнат Исусовата последна вест, Тој ќе се врати на земјата да си ги земе своите со Себе на небо.

8. Што следи веднаш по проповедањето на тројната ангелска вест до сите народи?

"Потоа погледнав и видов бел облак, а на облакот седеше Еден, сличен на Синот Човечки, со златна круна на главата и со остар срп во раката." Откровение 14:14.

Одговор:   Веднаш откако тројната ангелска вест ќе биде проповедана на секое човечко суштество, Исус ќе се врати на облаците (тоа е Неговото второ доаѓање) да си ги земе Своите и да ги однесе со Себе во нивниот небесен дом. Со Неговото доаѓање ќе започне големиот период од илјада години запишан во Откровение 20 глава.


9. Во 2. Петрово 1:12, апостолот зборува за некаква "сегашна вистина". Што значи тоа?

Посебен нагласок на Ноевата "сегашна вистина" било доаѓањето на потопот.
Посебен нагласок на Ноевата "сегашна вистина" било доаѓањето на потопот.
Одговор:   Сегашна вистина е еден аспект од евангелската вистина што има посебно значење и итност за одредено време. Еве неколку примери:

A. Ноевата порака за потопот (Битие 6 и 7 2. Петрово 2:5). Ное бил проповедник на праведноста. Тој проповедал за Божјата љубов предупредувајќи го тогашниот свет за потопот кој ќе ја уништи Земјата. Таа порака за потопот била "сегашна вистина" за тоа време. Итноста на пораката гласела: влезете во ковчегот. Веста била толку важна што би било вистинско зло доколку не би се проповедала.

Б. Пораката на Јона до Ниневија (Jonah 3:4). (Јона 3:4). "Сегашната вистина" за Јона била дека Ниневија ќе биде уништена за четириесет дена. Јона исто така го воздигнал Спасителот, и градот се покајал. Би било неверие и непростливо во тоа време да се пропушти објавата на веста за уништувањето на Ниневија. Таа порака претставувала сегашна вистина, бидејќи се вклопувала на посебен начин во тогашното време.

В. Пораката на Јован Крстител (Матеј 3:1-3 Лука 1:17). "Сегашна вистина" за Јован била таа дека наскоро ќе се појави Исус, Месијата. Неговата задача била да го проповеда евангелието и да го подготви народот за Исусовото прво доаѓање. Би било незамисливо да се испушти тој елемент од евангелието во тоа време.

Г. Тројната ангелска вест (Откровение 14:6-14). Божјата сегашна вистина за наше време е содржана во тројната ангелска вест. Се разбира дека централна тема на оваа вест е спасението преку Исуса Христа. Како и да е оваа вест е дадена и со цел да се подготви народот за второто Христово доаѓање и да им се отворат очите за сатанските брилијантни и мошне убедливи измами. Доколку луѓето не ја разберат оваа вест, тие со сигурност ќе станат жртви на сатаната. Исус знаел дека ќе ни биде потребна една ваква порака, токму затоа во својата милост ни ја дал. Оваа вест не смее да биде испуштена. Молете се искрено додека детално ја проучуваме оваа тројна порака во наредните осум лекции(Откровение 14:6-14). Божјата сегашна вистина за наше време е содржана во тројната ангелска вест. Се разбира дека централна тема на оваа вест е спасението преку Исуса Христа. Како и да е оваа вест е дадена и со цел да се подготви народот за второто Христово доаѓање и да им се отворат очите за сатанските брилијантни и мошне убедливи измами. Доколку луѓето не ја разберат оваа вест, тие со сигурност ќе станат жртви на сатаната. Исус знаел дека ќе ни биде потребна една ваква порака, токму затоа во својата милост ни ја дал. Оваа вест не смее да биде испуштена. Молете се искрено додека детално ја проучуваме оваа тројна порака во наредните осум лекции.

Некои наши откритија можеби ќе ни изгледаат премногу шокантни, но сите ќе бидат задоволни. Вашите срца ќе бидат длабоко погодени, ќе почувствувате како ви зборува Исус! На крајот на краиштата оваа тројна вест е лично Негова вест.


10. За кого вели Библијата дека ќе дојде да ја проповеда "сегашната вистина" пред да настапи големиот Господов ден?

"Ете, Јас ќе го пратам при вас пророкот Илија, пред да настапи денот Господен - големиот и страшниот." Малахија 4:5

Одговор:   Пророк Илија. Има нешто многу суштествено во пораката на пророкот Илија, кое ќе биде разгледано во наредниве неколку прашања.

Последната Божја тро-ангелска порака  исто така е наречена Илиевата порака. Таа исто така повикува на одлука
Последната Божја тро-ангелска порака исто така е наречена Илиевата порака. Таа исто така повикува на одлука

11. Што е тоа што го направил Илија што го навело Бога да се фокусира на него?

Забелешка: Пред да одговорите на ова прашање отворете ја својата Библии и прочитајте 1. Цареви 18:17-40.

Одговор:   Илија ги повикал луѓето да се одлучат кому ќе му служат (стих 21). Скоро целата нација западнала во идолопоклонство. Луѓето го отфрлиле вистинскиот Бог и Неговите заповеди. Еден Божји пророк, Илија, се соочил со 450 Ваалови пророци (стих 22). Илија предложил да се изградат олтари да се стават дрва и да се принесе жртва. Потоа им предложил да го повикаат вистинскиот Бог да се покаже со тоа што ќе симне оган од небото врз Својот олтар. Идолопоклоничкиот бог не одговорил, но вистинскиот Илиев Бог симнал оган од небото и ја запалил жртвата што ја принел Илија.

Пораката барала одлука
Илиевата порака дошла во време на длабока духовна криза и национален отпад. Таа дошла со таква сила што предизвикала пресвртница и сеопшто внимание. Тогаш Илија инсистирал луѓето да донесат конечна одлука кому ќе му служат, на Бога или на Ваал. Длабоко погодени и потполно осведочени луѓето го избрале Бога (стих 39).

Јован Крстител ја презентирал Илиевата порака за неговите денови. Оние кои што ја проповедаат пораката од Откровение 14:6-14 ја имаат Илиевата порака за денешните денови.
Јован Крстител ја презентирал Илиевата порака за неговите денови. Оние кои што ја проповедаат пораката од Откровение 14:6-14 ја имаат Илиевата порака за денешните денови.

12. Илиевата порака има двојна примена. Се однесува исто така и на пораката за "сегашната вистина" и има за цел да ги подготви луѓето за Исусовото второ доаѓање. За кого кажува Исус дека ја проповедал Илиевата порака за да ги подготви луѓето за Неговото прво доаѓање?

"Вистина ви велам, меѓу родените од жена не се издигнал поголем од Јован Крстителот." "И ако сакате да прифатите, тој е Илија кој требаше да дојде." Матеј 11:11,14.

Одговор:   Исус го споредува проповедањето на Јован Крстител со она на Илија, Илиевата порака. Пораката што ја објавил Јован, исто како и во времето на Илија, мошне јасно ја претставувала вистината пред луѓето и барала одлука. Библијата за Јован Крстител вели: "Тој ќе врви пред Него во духот и силата на Илија." Лука 1:17.


13. Како знаеме дека пророштвото има двојна примена и дека се однесува и за нашето време непосредно пред второто Христово доаѓање?

"Ете, Јас ќе го пратам при вас пророкот Илија, пред да настапи денот Господен - големиот и страшниот." Малахија 4:5. "Сонцето ќе се преобрати во темнина, а месечината - во крв, пред да настапи денот Господен, великиот и страшниот." Јоил 2:31.

Одговор:   Забележете дека "пред да настапи денот Господен" споменат во Јоил 2:31 се случуваат два настани. Едниот е доаѓањето на пророкот Илија, а вториот е појавата на неверојатни знаци на небото. Ова ни помага да ги лоцираме и обата настана. Мрачниот ден се случил на 19 мај 1780 година. Истата таа ноќ месечината поцрвенела како крв. Во Матеј 24:29 се споменува уште еден знак, паѓање на ѕвезди, кое се случило на 13 Ноември 1833 година. Од ова знаеме дека последната Илиева порака мора да започне некаде во времето или по 1833 година - пред да настапи големиот и страшен ден Господен.

Втората Илиева порака по знаците на небото
Очигледно е дека Илиевата порака што ја проповедал Јован не се однесува на второто проповедање на Илиевата порака бидејќи големите знаци на небото се појавуваат цели 1700 години по времето во кое Јован ја проповедал оваа порака. Илиевата порака опишана во Јоил 2:31 треба да започне да се проповеда по појавата на знаците на небото во 1833 и мора да го подготви народот за второто Христово доаѓање. Тројната вест на "сегашната вистина" од Откровение 14:6-14 совршено се вклопува во сето ова. Започнала да се проповеда некаде околу 1844 година и го подготвува народот ширум целиот свет за второто Христово доаѓање (стих 14), што ќе се случи откако оваа тро-ангелска вест ќе биде однесена до сите краеви на земјата.

Пораката бара одлука
Илија инсистирал директно спротивставување на злото и цврста одлука кој кому ќе му служи. Истото ова важи и за тро-ангелската вест за наше време. Мора да биде донесена одлука. Тро-ангелската вест го демаскира сатаната и неговите планови. Јасно ја открива Божјата љубов и Неговите барања. Бог денес повторно ги повикува луѓето да и се вратат на вистинската служба - да му служат само на вистинскиот Бог. Свесното служење на било што или на било кој друг во овие пресудни времиња значи непослушност која сигурно ќе резултира со вечна смрт. Бог на чудесен начин ги освојувал срцата на луѓето во времето на Илија (1 Цареви 18:37,39) како и во времето на Јован Крстител. Истото тоа ќе го направи и во последните денови доколку луѓето позитивно одговорат на тро-ангелската вест (Откровение 18:1).

Последната Илиева порака ќе ги зближи семејствата во заедничка радост, љубов и среќа.
Последната Илиева порака ќе ги зближи семејствата во заедничка радост, љубов и среќа.

14. Какви други прекрасни благослови ќе донесе проповедањето на тројната ангелска вест?

"Илија ... ќе ги обрне срцата на татковците - кон децата нивни, и срцата на децата кон татковците нивни." Малахија 4:5,6.

Одговор:   Слава на Бога! Илиевата порака или тројната ангелска вест, ќе ги зближи членовите на семејствата во едно тесно, радосно и небесно единство. Какво благословено ветување!

Во самиот фокус на тројната ангелска вест е Исус.
Во самиот фокус на тројната ангелска вест е Исус.

15. Зборот "евангелие" значи "радосна вест". Дали тројната ангелска вест од Откровение 14 е и радосна вест?

Одговор:   Да, секако! Ајде да направиме еден преглед на добрите вести во ова наше проучување на тројната ангелска вест:

A. Секој ќе има можност да ја слушне и да ја разбере последната евангелска вест. Ниту еден нема да биде испуштен.

Б. Брилијантните и моќни планови на ѓаволот за да ги фати во стапица и да ги уништи луѓето ќе ни бидат откриени, така што нема потреба да бидеме заведени.

В. Проповедањето на веста за последното време ќе биде придружено со небесна натприродна моќ.

Г. Божјиот народ ќе негува трпение. Тој ги нарекува светии

Д. Божјиот народ ќе ја има Исусовата вера.

Ѓ. Божјиот народ со љубов ќе ги држи Божјите заповеди.

Е. Бог толку многу нè сака што ни испраќа посебна порака за да нè подготви за второто Христово доаѓање.

Ж. Божјата вест за ова последно време ќе ги доведе членовите на семејствата во единство и цврсти врски на љубовта.

З. Главната поента на тројната ангелска вест е тоа дека само преку Исуса Христа е обезбедено спасение за секого. Тој ни ја нуди Својата праведност за да ги покрие нашите минати гревови и на чудесен начин секојдневно ни ја доделува Својата праведност за да можеме да растеме во благодатта и да станеме како Него. Со Него не е можен неуспех, а без Него неуспехот е сигурен.

Додаток
Точките кои ќе бидат објаснети во наредните неколку лекции се следниве:

A. Пристигнат е Божјиот час на судот!

Б. Излезете од паднатиот Вавилон.

В. Не го примајте жигот на ѕверот.

Многу повеќе добри вести ќе ви бидат откриени со проучувањето на наредните осум лекции. Ќе бидете изненадени и израдувани од некои работи, а шокирани и натажени од други. Некои точки можеби ќе бидат тешки за прифаќање. Но бидејќи Исус ни праќа посебна порака од небото за да ни помогне и нè води секого поединечно во последните денови, сигурно ништо не е толку поважно од слушањето на пораката, нејзиното целосно сфаќање и прифаќање.


16. Благодарен сум му на Исуса за посебната тројна ангелска вест која има за цел да го води Неговиот народ и да му помага во последните денови од историјата на земјата.

Одговор:   


Твоите Прашања Одговорени


1. Дали секоја личност на земјата ќе слушне за тројната ангелска вест пред второто Христово доаѓање? Со големата пренаселеност на земјата во денешно време, како воопшто е можно такво нешто?


Да, тоа ќе се случи затоа што Бог така ветил (Марко 16:15). Павле вели дека во негово време Евангелието "му беше проповедано на секое создание под небото" (Колосјаните 1:23). Јона, со помош на Божјата благодат, успеал својата вест да му ја објави на целиот град Ниневија во рок од 40 дена (Јона 3:4-10). Библијата вели дека Бог ќе го заврши делото и тоа брзо (Римјаните 9:28). Верувајте дека ова ќе се исполни многу брзо, најверојатно уште во наши денови.

2. Дали Мојсеј и Илија се појавиле со Исуса на гората на преобразувањето (Матеј 17:3) или пак тоа било само визија?


Овој настан бил вистинит. Грчкиот збор "хорама", преведен како видение во 9 стих, буквално значи "она што беше видено". Мојсеј воскреснал и бил земен на небо (Јуда 1:9), а Илија подоцна бил жив вознесен на небото без да ја вкуси смртта (2. Цареви 2:1,11,12). Овие двајца луѓе, кои живееле на земјата и поминале низ многу неволји и напади на сатаната, како и од бунтовниот Божји народ, разбирале низ што сè поминувал Исус. Тие дошле да го охрабрат и да го потсетат за сите оние кои ќе бидат вознесени во Неговото царство без да вкусат смрт (како Илија) и оние кои ќе воскреснат и ќе бидат земени во Неговото царство (како Мојсеј) заради Неговата жртва за гревовите на сите нас.

3. Зошто Јован изјавил дека не е Илија (Јован 1:19-21) кога Исус го изјавува токму спротивното (Матеј 11:10-14)?


Одговорот се наоѓа во Лука 1:3-17. Ангелот што го најавил раѓањето на Јован рекол: "Жена ти, Елисавета, ќе роди син, кому треба да му го дадеш името Јован...и тој ќе биде велик пред Господа... Тој ќе врви пред Него во духот и силата на Илија, за да ги обрати срцата на татковците кон децата, а непокорните кон мудроста на праведниците, и да му спреми за Господа, подготвен народ." Стихови 13-17. Кога Исус, Јована го споредува со Илија, Тој посочува кон неговиот живот, дух, сила и работа според кои тој бил ист како и Илија. Истото се однесува и на Илиевата порака за нашево време. Важна е пораката, а не човекот. Значи Јован не бил Илија во личноста, но тој ја проповедал Илиевата порака.

4. Дали е можно некој целосно да ја проповеда сегашната вистина за денешното време без да ја вклучи тројната ангелска вест?


Не! Тројната ангелска вест мора да биде вклучена. Во книгата на Откровение, Исус самиот ја открива Својата порака за последното време (Откровение 1:1) и јасно објавил дека Неговиот народ мора да продолжи да го следи она што е објавено во книгата (Откровение 1:3 22:7). Затоа верното свештенство мора да ја проповеда Исусовата порака од книгата на Откровението. Ова, се разбира ја вклучува и Неговата посебна тројна порака од Откровение 14:6-14. Забележете дека во 6 стих Исус овие пораки ги нарекува "вечното Евангелие". Тој исто така вели дека тие треба да му бидат презентирани на секого на оваа земја пред да се случи второто Христово доаѓање. Овде ќе споменеме три важни мисли:

A. Никој не го проповеда целосно вечното Христово Евангелие освен ако не ја вклучи тројната ангелска вест.

Б. Никој нема право својата порака да ја ословува како вечното Евангелие доколку испушта да ја вклучи тројната ангелска вест.

В. Тројната ангелска вест го подготвува народот за второто Христово доаѓање (Откровение 14:12-14). Доколку не ја слушнете, разберете, и прифатите Исусовата тројна вест за ова последно време, вие нема да бидете подготвени за Неговото доаѓање.

Посебни пораки за последното време
Исус, кој знае што сè ни е потребно, ни дал три посебни пораки за последното време. Ние мораме да ги сфатиме и да ги послушаме тие пораки. Овие пораки ќе ви бидат разјаснети преку следните неколку лекции.

5. Во Лука 1:17 се вели дека Илиевата порака била за да ги обрати срцата "на непокорните спрема мудроста на праведниците". Што значи ова?


"Праведникот ќе живее преку вера." Римјаните 1:17. Праведните ја имаат таа мудрост своето спасение со вера да му го препуштат на Спасителот. "Нема спасение во никој друг, ниту има друго име под небото дадено на луѓето, преку кое може да бидеме спасени." Дела 4:12. Јовановата порака била дадена за да им го разјасни ова на сите. Верата која се базира на било што друго или на било кој друг, освен на Исуса Христа, никогаш не може да спаси никого од грев или да му го промени животот. Луѓето мораат да ја слушнат и разберат оваа мошне важна вистина. Оваа вистина е срцевината на тројната ангелска вест за ова последно време.

Квиз прашања



1. Трите ангели од Откровение 14 (1)

_____   Се буквални и мораат силно да викаат за да бидат слушнати.
_____   Ја претставуваат Божјата порака за последното време која се шири со брзина и силна моќ.
_____   Се измислица на нечија фантазија.

2. Кој од следниве изјави се вистинити во врска со книгата на Откровение? (3)

_____   Книгата е запечатена.
_____   Името значи "откривање" или "покажување".
_____   Кажува која вест ќе ја проповеда Божјиот народ во последното време.
_____   Содржи опис за Исуса.
_____   Бог искажал проклетство за оние што ќе ја читаат оваа книга.

3. Тро-ангелската вест треба да стигне до секое човечко суштество пред второто Христово доаѓање. (1)

_____   Да.
_____   Не.

4. Првата ангелска вест го истакнува следново: (3)

_____   Проповедањето на вечното евангелие.
_____   Не може да биде разбрана.
_____   Еволуцијата е добра христијанска теорија.
_____   Судот започнал.
_____   Треба да му укажеме почит и вистинска доверба на Бога.
_____   Секој може да служи онака како што сака и кому сака.

5. Втората ангелска вест изјавува дека Вавилон е паднат, а ангелот од Откровение 18 глава го повикува Божјиот народ да излезе од Вавилон. (1)

_____   Да.
_____   Не.

6. Третата ангелска вест ги повикува сите кои се дел од Божјиот народ да го примат жигот на ѕверот. (1)

_____   Да.
_____   Не.

7. Што кажува Откровение 14:12 за Божјиот народ? (2)

_____   Тие се трпеливи.
_____   Тие се свети.
_____   Тие не веруваат во Десетте заповеди.
_____   Тие имаат многу мала вера.

8. Што се случува веднаш откако Евангелието ќе продре до секого? (1)

_____   Сите се обраќаат.
_____   Бог ги обновува Њујорк и Лондон.
_____   Исус доаѓа по втор пат.

9. Која од следниве пораки содржи "сегашна вистина" за денешно време? (1)

_____   Пораката на Јона до Ниневија.
_____   Пораката на Ное пред потопот.
_____   Тројната ангелска вест од Откровение 14:6-14.

10. Кои изјави се вистинити за тројната ангелска вест? (6)

_____   Оваа вест се проповеда сега.
_____   Оваа вест истакнува дека спасението доаѓа само преку Христа.
_____   Оваа вест може да се нарече и "Илиевата вест".
_____   Илија лично ќе се појави за да помогне во нејзината објава.
_____   Таа ги истакнува христијанските вредности на еволуцијата.
_____   Мнозинството нема никогаш да слушне за оваа вест.
_____   Веста ќе ги доведе во единство членовите на семејствата.
_____   Нејзината објава ќе биде проследена со манифестација на натприродна сила.
_____   Веста ќе го подготви народот за второто Христово доаѓање.

11. Јован Крстител бил познат како пророк Илија во негово време затоа што (1)

_____   Тој сакал да повикува оган од небото.
_____   Првосвештеникот го сакал тоа име.
_____   Неговото проповедање, во духот и силата на Илија, го подготвувале народот за првото Хри�

12. Зборот "евангелие" значи "радосна вест" (1)

_____   Да.
_____   Не.